УЕФА – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Jun 2021 12:34:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png УЕФА – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 УЕФА ги одби барањата на Грција: Кратенката „МКД” е во согласност со Договорот од Преспа https://arhiva.vistina.com.mk/uefa-gi-odbi-baranjata-na-grcija-kratenkata-mkd-e-vo-soglasnost-so-dogovorot-od-prespa/ Tue, 15 Jun 2021 12:34:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207127

УЕФА ја одби жалбата на грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, кој пред почетокот на ЕП испрати протестно писмо за употребата на кратенката МКД , но и за користењето на логото ФФМ на дресовите на фудбалерите. „УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа“, велат од УЕФА]]>

УЕФА отвори постапка против однесувањето на Арнаутовиќ https://arhiva.vistina.com.mk/uefa-otvori-postapka-protiv-odnesuvanjeto-na-arnautovikj/ Tue, 15 Jun 2021 11:39:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207078

По вчерашниот допис од Фудбалската федерација на Македонија, Европската фудбалска централа (УЕФА) објави дека покрена истрага против Марко Арнаутовиќ за неговата претерана и некоректна реакција врз Езџан Алиоски по постигнувањето на голот за 2-1 на австриската селекција во неделата против Македонија. Арнаутовиќ се извини за однесувањето и изјави дека не станувало збор за расистичко однесување. Сепак, УЕФА целосно ќе го анализира случајот и покрена постапка. Напаѓачот ризикува парична казна или суспензија на барем еден натпревар. Одлуката се очекува во текот на денешниот или утрешниот ден.]]>

Формирана новата фудбалска „Суперлига“ на супербогатите: ФИФА и УЕФА во паника, со закана за драстични санкции за клубовите и играчите https://arhiva.vistina.com.mk/formirana-novata-fudbalska-superliga-na-superbogatite-fifa-i-uefa-vo-panika-so-zakana-za-drastichni-sankcii-za-klubovite-i-igrachite/ Mon, 19 Apr 2021 08:32:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199503

„Најдбрите клубови, најдобрите играчи, секоја недела“, гласи слоганот под кој е формирана новата Суперлига која во фудбалот ќе донесе големи промени. До сега учеството го потврдија 12 клубови, а се чекаат уште осум клуба да ги пополнат осумте празни места. Во Супер лигата ќе се натпреваруваат: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус. Уште осум клуба треба да им се придружат подоцна. За претседател на Супер лигата е избран првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, потпретседатели на турнирот се претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и сопственикот на Манчестер јунајтед Џоел Глејзер. Форматот е од две групи од по 10 екипи. Екипите ќе играат 18-23 натпревари во текот на сезоната. Натпреварите ќе се играат во средината на неделата. Новиот турнир се очекува да започне во август 2021 година. Секој клуб кога ќе се приклучи на Супер лигата ќе добие 350 милиони евра. ПСЖ, Баерн и Борусија Дортмунд имаат јасен став. Нема да играат во новата Суперлига и остануваат со УЕФА и ФИФА. ПСЖ и да сака во никој случај во овој момент не може да оди против УЕФА и ФИФА. Првобитнит план на основачите веројатно бил тука да се уште Баерн, ПСЖ и Борусија и така да имаат 15 фиксни учесници, а останатите 5 да се менуваат во зависност од резултатите во текот на годината. Меѓутоа таа идеја веќе не е во игра. Не е објаснето кои критериуми се потребни за повик. Се претпоставува дека местата ќе бидат пополнети со клубови од најсилните пет првенства, а не се исклучува можноста организаторите да се водат по коефициентот на УЕФА што би било парадокасално затоа што УЕФА не го признава ова натпреварување. Санкции од УЕФА веќе се најавени – нема Лига на шампиони и Лига Европа за учесниците во Суперлигата, а „жртви“ можат да бидат и фудбалерите на на клубовите на кои ФИФА која е заедно со УЕФА би им забранила настап за репрезентациите на Светско и Европско првенство.]]>

Шлаканица за УЕФА: Шпанија одбива да игра квалификации против, за нив лажната држава Косово, која не ја признаваат! https://arhiva.vistina.com.mk/shlakanica-za-uefa-shpanija-odbiva-da-igra-kvalifikacii-protiv-za-niv-laznata-drzava-kosovo-koja-ne-ja-priznavaat/ Wed, 09 Dec 2020 11:36:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180061

Фудбалската репрезентацијана Косово во квалификациите за Светското првенство во Катар ќе се натпреварува во групата Б, каде повеќето од противниците не ја признаваат. Шпанија, Грузија и Грција сметаат дека Косово не е држава. Единствената земја од оваа група што ја признава државата Косово е Шведска. Сериозни проблеми може да се појават ако Шпанија одбие да игра против  Косово. Медиумите во Шпанија потсетуваат дека нивната држава не го признава Косово како независна држава. Германскиот портал „Спорт1“ пренесува дека лесно може да се случи Шпанија да одбие да игра натпревар против т.н. Косово. „За разлика од властите во Грција и Грузија кои се уште не се изјасниле, Шпанците не дозволуваат нивната репрезентација да игра против Косово. Забраната е во сила поради бројните паралели со Каталонија и нејзините барања за независност. Шпанија веќе долго време е на страната на Србија, која војуваше за Косово“ , изјавуваат Германците. Ако ова навистина се случи, ќе се појави сериозен скандал, а официјалните организации на светскиот фудбал ќе бидат во сериозни проблеми!?]]>

Солзи, емоции, радост… УЕФА со прекрасни 30 секунди издвоени за Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/solzi-emocii-radost-uefa-so-prekrasni-30-sekundi-izdvoeni-za-makedonija-video/ Fri, 20 Nov 2020 08:43:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177257

Најавувајќи ги партиципиентите на Европското првенство следната година УЕФА посебно ја издвои Македонија и обезбеденото деби на собирот на најдобрите на Стариот континент. Солзите, силните емоции и радоста на селекторот Игор Ангеловски, капитенот Горан Пандев и сите македонски репрезентативци по крајот на натпреварот во Тбилиси, низ 30 секунди издвоени од УЕФА уште еднаш го претставуваат историскиот успех на македонскиот фудбал. Извор:Екипа.мк]]>

УЕФА пред важна одлука: Се поизвесно е дека Европското првенство 2020 ќе се одложи? https://arhiva.vistina.com.mk/uefa-pred-vazna-odluka-se-poizvesno-e-deka-evropskoto-prvenstvo-2020-kje-se-odlozi/ Mon, 16 Mar 2020 13:50:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139781

УЕФА за утре со сите национални членки закажа видео конференциски состанот на кој ќе се дискутира за одржувањето на ЕУРО 2020, разврската во Лигата на Нации. Националните фудбалски федерации, оние влијателните бараат ЕУРО 2020 да се одложи за следната година за да бидат спасени домашните фудбалски шампионати кои се во календарски хаос поради Ковид-19. Станува извесно дек ЕУРО 2020 ќе се одложи за следната година за да се остави време да се доиграат националните првенства кои во моментов се во прекин. Многу извесно е одложувањето и на средбата меѓу Македонија и Косово која засега ќе се игра според календарот, на 26 март пред празни трибини во Скопје. За нашиот натпревар со Косово и за ЕУРО 2020 денот „Д“ е утре, на видео состанокот ќе се донесе одлука дали и кога ќе се играат натпреварите.]]>