училишта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 Mar 2020 14:03:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png училишта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Учениците од основните училишта во Центар ќе имаат онлајн настава? https://arhiva.vistina.com.mk/uchenicite-od-osnovnite-uchilishta-vo-centar-kje-imaat-onlajn-nastava/ Mon, 16 Mar 2020 13:58:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139788

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и директорките на основните училишта во оваа скопска општина денеска на работна средба ги договорија начинот и моделите за продолжување на наставниот процес по електронски пат. За настава од далечина општинските основни училишта ќе ги користат платформите Edmodo и Google classroom, како и веб-страниците на училиштата, мејлинг-листите и групите на Вибер и Фејсбук. „Она што е многу важно е што учениците, покрај материјалите, ќе добиваат и задачи со точно утврдени рокови за изработка и доставување до наставникот по електронски пат. Обработки на лектири, тематски проекти, математички и логички задачи и проблеми, есеи се дел од обврските на нашите ученици во овој период на домашен престој. Целта е да не се изгуби континуитетот на наставата и учењето, а во исто време да се пополни слободното време на децата со активности соодветни на возраста“ - соопшти Општина Центар. Секој одделенски раководител ќе ги известува своите ученици за обврските што ги имаат и начинот на кој ќе работат. На овој начин квалитетно ќе се исполни дел од слободното време на децата. На денешниот состанок формиран е и тим од наставници од општинските основни училишта, кои ќе се вклучат во образовната програма на МОН и МРТВ и ќе одржуваат часови на телевизија во живо.]]>