училишен детски хор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Feb 2020 13:38:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png училишен детски хор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гуру Харе со мандолински оркестар и детски училишен хор од Свети Николе ја преработи својата – „Мајко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-so-mandolinski-orkestar-i-detski-uchilishen-hor-od-sveti-nikole-ja-preraboti-svojata-majko-video/ Wed, 19 Feb 2020 13:38:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135065

Кон средината на минатата година македонскиот гитар- блуз мајстор Игор Атанасовски во јавноста повеќе познат под уметничкиот прекар Гуру Харе сними заедничка песна „Мајко“ со легендата на екс ЈУ и регионалната рок сцена, нашиот Аки Рахимовски – вокалистот на култните „Парни Ваљак“. Нешто подоцна истата ја визуелизираше и со спот во режија на Огнен Шапковски. Повеќе од половина година подоцна, Игор Атанасоски - Харе направи преработка на истата тема, преточувајќи ја во интересна мандолинско - хорско верзија заедно  со Г.М.Д - Свети Николај од Свети Николе. Аранжманот овој пат го направил диригентот Баже Стефановски, а Гуру Харе својата „Мајко“ ја изведува заедно со  мандолинскиот оркестар - Свети Николај и детскиот хор од основните училишта: Гоце Делчев и Кирил и Методиј од Свети Николе и Горјан Димовски. За аудио снимањето и продукцијата задолжен бил Мите Димовски (Тралала студио), а изведбата ја  визуелизирала екипата на фото Кис. Режија и фотографија: Maxxxo, Камера: Дуле Јанев, Александар Гелевски, Александар Јанев, фотограф на сет: Дорина Јанева, монтажа: Дуле Јанев. Како сето тоа звучи проследете во видото во продолжение: ]]>