ученици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 May 2023 07:41:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ученици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Започнува средношколскиот настан „Средноленд“ https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuva-srednoshkolskiot-nastan-srednolend/ Tue, 02 May 2023 07:41:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300104

Денес, вторник, 02 Мај 2023 година на Плоштад Македонија, Културно-информативниот центар (КИЦ), Младинскиот културен центар (МКЦ) и Градски парк – Школка во Скопје, ќе се одржи средношколскиот настан СРЕДНОЛЕНД.
Настанот кој оваа година се одржува од 02-06 Мај за првпат, има за цел да ги промовира талентираните средношколци и нивните училишта, да ги насочи кон вистинските вредности, и да го зголеми интересот кон уметноста и културата. „Средноленд“ е инициран од професори и ученици од средните училишта во Скопје, организиран од ЈУ “Универзална Сала” а финансиски поддржан од Град Скопје.
Во рамките на овој повеќедневен настан, учениците ќе имаат можност да го претстават својот талент преку музика, танц, ликовна уметност, драмска уметност, фотографија и филм.
СРЕДНОЛЕНД е настан во кој се вклучени ученици и наставници од 5 училишта во Скопје: СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.
Настанот е од отворен карактер, а целосната програма граѓаните можат да ја погледнат на профилите на социјалните медиуми на Универзална Сала.
]]>

„Младите доаѓаат“: Ученици од државните музички училишта ќе настапат на концерт во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/mladite-doagjaat-uchenici-od-drzavnite-muzichki-uchilishta-kje-nastapat-na-koncert-vo-makedonskata-filharmonija/ Tue, 01 Jun 2021 12:39:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205119

Овој четврток, 03 јуни 2021 год. во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат учениците од државните музички училишта. На програмата се дела од Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат: Софија  Михајловска – пијано (VIIодд., класа: проф.м-р Ана Трајановска), Огнен Златанов – контрабас (II година, класа: проф.м-р Благој Маротов), Јосипа Василевска – флејта (I година, класа: проф. Николина Ефтимова Тодоровска), Виктор Рафајловски – пијано (III година, класа: проф. Катерина Фидановска Ќетковиќ), Теодора Пејиќ – соло пеење (III година, класа: проф.Александра Коцевска), Магдалена Дрмач – виолончело (I година, класа: проф. Александра Јаневска) и Гоце Златев – пијано (I година, класа: проф. Славица Мицевска). Концертот „Младите доаѓаат“ ќе го води местро Сашо Татрчевски. Роден во Битола каде се здобива со основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје на катедрите за хорско и оркестарско диригирање, а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано. Настапувал со различни ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Симфонискиот оркестар на Ермитаж од Санкт Петербург, Битолскиот камерен оркестар, Битолската опера, Симфонискиот оркестар на Битолско културно лето, Солисти на ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и професионалниот мешан хор „Про Арс“.

Учениците од основните училишта во Центар ќе имаат онлајн настава? https://arhiva.vistina.com.mk/uchenicite-od-osnovnite-uchilishta-vo-centar-kje-imaat-onlajn-nastava/ Mon, 16 Mar 2020 13:58:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139788

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и директорките на основните училишта во оваа скопска општина денеска на работна средба ги договорија начинот и моделите за продолжување на наставниот процес по електронски пат. За настава од далечина општинските основни училишта ќе ги користат платформите Edmodo и Google classroom, како и веб-страниците на училиштата, мејлинг-листите и групите на Вибер и Фејсбук. „Она што е многу важно е што учениците, покрај материјалите, ќе добиваат и задачи со точно утврдени рокови за изработка и доставување до наставникот по електронски пат. Обработки на лектири, тематски проекти, математички и логички задачи и проблеми, есеи се дел од обврските на нашите ученици во овој период на домашен престој. Целта е да не се изгуби континуитетот на наставата и учењето, а во исто време да се пополни слободното време на децата со активности соодветни на возраста“ - соопшти Општина Центар. Секој одделенски раководител ќе ги известува своите ученици за обврските што ги имаат и начинот на кој ќе работат. На овој начин квалитетно ќе се исполни дел од слободното време на децата. На денешниот состанок формиран е и тим од наставници од општинските основни училишта, кои ќе се вклучат во образовната програма на МОН и МРТВ и ќе одржуваат часови на телевизија во живо.]]>