учебници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 08 Jun 2021 08:20:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png учебници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Србија по лекцијата за здравство, ни држи и лекција по школство: По Балашевиќ, песни и на Бајага и „Бијело дугме“ влегуваат во училишните учебници https://arhiva.vistina.com.mk/srbija-po-lekcijata-za-zdravstvo-ni-drzi-i-lekcija-po-shkolstvo-po-balashevikj-pesni-i-na-bajaga-i-bijelo-dugme-vleguvaat-vo-uchilishnite-uchebnici/ Mon, 07 Jun 2021 12:31:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205944

Како што е веќе познато, три песни од Ѓорѓе Балашевиќ ќе се најдат во српските учебници за основно училиште. Според најновите информации после Балашевиќ во српските учебнци влегуваат песните на Бајага и „Бијело дугме“. Така како композиции препорачани за свирење и пеење се додадени „Буѓење раног пролљеќа“ од „Бајага и инструктори“ и „Липе цвату“ од „Бијело Дугме“. „Пред пет-шест месеци ми се јавија за да им дадам дозвола да ја испечатат мојата песна „Буѓење раног пролеќа“ и ноти за неа во музички учебник за осмо одделение од основно училиште. Тоа не е мојата најдобра песна во кариерата, но е погодна за свирење пијано. Во песната се споменуваат скоро сите инструменти од оркестарот, тапани, виолончело, женски и машки гласови. Има врска со класичната музика, па претпоставувам дека тоа е причината. Патем, ова не е првпат некои од моите композиции да се најдат во учебниците, песната „Моји другови“ беше отпечатена минатата учебна година“, изјави Бајага. Покрај споменатите, во српските учебници се наоѓаат и песни на: Радмила Караклајиќ, Шабан Бајрамовиќ, Звонко Богдан, бендовите „Вампири“, „Земља грува“ но и странски изведувачи како Алиша Кис и Били Ајлиш. „Ставот на авторите на учебникот е дека училиштето треба да се приближи до децата и постојано да поттикнува дијалог и размислување за различни жанрови на музика. Сакаме децата ги запознаеме со великаните на нашата музичка сцена за кои не чуле, бидејќи не се слушаат во нивните семејства. Голем дел од песните на овие великани беа избрани во согласност со инструментите и бидејќи дрвените инструменти, како што се фагот и обоа, се изучуваат во осмо одделение, баравме адекватен пример и поради тоа се наоѓаат во учебниците“, објаснува Маја Соколовиќ – Игњашевиќ, една од четирите автори на учебниците. Фото: ATA Images/ telegraf.rs/Инстаграм принтскрин/]]>

Мила, ако не те бива, молчи, гледај и учи: Три песни од Ѓорѓе Балашевиќ влегуваат во читанките и учебниците за основно образование во Србија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mila-ako-ne-te-biva-gledaj-i-uchi-tri-pesni-od-gjorgje-balashevikj-vleguvaat-vo-chitankite-i-uchebnicite-za-osnovno-obrazovanie-vo-srbija-foto/ Wed, 26 May 2021 08:43:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204083

Додека кај нас во Mакедонија, научната, универзитетската, академската, медиумската... јавност, наставниците и родителите битка бијат со „дигиталните импровизации“ на министерката Мила Царовска и нејзините „трагикомични, погубни и штетни образовни реформи“, во соседна Србија се случува еден сосема поинаков образовен процес. Процес кој знае и умее да ги  препознае, согледа и имплементира вистинските вредности во образованието за најмладите. Имено, три музички дела на еден од најголемите кантавтори и текстописци од областа на поп музиката, неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ, ќе завршат во учебниците за основно училиште. Честа на „некои нови клинци“ кои ги учеа и анализираа делата на „Панонскиот морнар“ им припадна  ја добијат неговата „Дрвена песна“ наменети за осмоодделенците, додека за во пониските одделенија се наменети  „Д-мол“ и „Девојката со чардаш нозе“. Проф. Ивана Лучиќ од новосадското основно училиште „Коста Трифковиќ“ вели дека изборот мошне е интересен: „Важен е затоа што е разновиден и токму тоа го одликува нашиот драг Ѓоле Балашевиќ. Така ја имаме „Девојката со чарадаш нозе“, весела, полетна песна, потоа „Д-мол“ - тажна љубовна песна и  за осмоодделенците „Дрвена песна“, која говори за соништата на едно дете“ - вели таа. Професорката смета дека изборот на песни е адекватен: „Тие не се многу лесни за разбирање и не се едноставни, затоа се убава задача за наставниците да ја анализираат песната заедно со учениците, да ги најдат стилските фигури,  скриениот смисол и нивното преносно значење“ - заклучила таа.    ]]>