убаво изненадување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Jul 2023 06:55:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png убаво изненадување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Милена Антовска не можеше да ја дочека поубаво изненадување за добро утро: „Бидејќи ме трпиш секој ден, сакав да направам нешто добро за тебе…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/milena-antovska-ne-mozheshe-da-ja-docheka-poubavo-iznenaduvane-za-dobro-utro-bidejki-me-trpish-sekoj-den-sakav-da-napravam-neshto-dobro-za-tebe-foto/ Wed, 19 Jul 2023 06:55:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310710

Водителката на утринската програма на Канал 5 , Милена Антовска е позната не само по својот изглед, стил на облекување и однос кон ТВ гледачите, туку и како вредна и добра домаќинка,  посветена сопруга и пред се' мајка. Семејството секогаш е на прво место, но новинарската професија, особено во овие „луди“ времиња  е таква, што во трката по информации често немаме време за себе. Особено ако станувате како неа, рано наутро - во „црни зори“ или „бели мугри“, во зависност од тоа дали е зима или лето и брзате да стигнете навреме да ја отворите утринската програма која е толку содржински шаренолика, што навистина бара максимална концентрација при работата. Така, често се случува дури и првото утринско кафе да немате време да го испиете на раат дома, туку тоа да мора да го направите во студиото, непосредно пред да почне програмата. За некакво време за подготвување појадок и да не зборуваме, освен  ако не го подготвите одвечер, а тоа не е тоа, зашто едно е јадењето да е свежо, а друго „замрзнато“ или подгреано. Како што е познатом Милена Антовска е мајка на две ќеркички - помалата Јоана и поголемата Лана Марија, која токму на својата „мајка во трчање“ едно рано утро деновиве и приреди толку убаво изненадување, што водителката не одолеа јавно да не го сподели. Имено, додека Милена се' уште спиела, Лана станала и (веројатно) со помош на нејзиниот татко, сопругот на Милена - Гордан, на мајака и и подготвила појадок за на работа. Маслинки, тазе сецкани свежи краставички и домати, малку бело сирење, малку кашкавал, две варени јајца и две парченца шунка... И сето тоа онака убаво „спакувано и подредено“ по прегради во една мала пластична кутија, за мама да си ја понесе на работа, па кога ќе најде време, вкусно да појадува. Но, она што ги „топи чувствата“ е пораката која малечката Лана Марија покрај појадокот и ја оставила на мама Милена. „Добро утро мама! Бидејќи си најдобрата мајка на светот, ме трпиш секој ден, сакав да направам шето добро за тебе! те молам погледни во фрижидер, ти спремив појадок! Те сакам, Лана“ -пишува во оставената порака, која заедно со прекрасниот појадок водителката ги споделила на своите Инстаграм приказни, па и самата додала: „Поубаво утро не сум имала“, откако претходно слатко се изнасмеала на оноа: „Ме трпиш“! И  после, ајде оди да те видам... како да не ја „трпиш“?! Фото:Инстаграм/milena_antovska]]>