убава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Feb 2024 12:30:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png убава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пејачката Барбара Бобак со шокантна изјава: „Би можела да бидам интимна со жена, само да е убава“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-barbara-bobak-so-shokantna-izjava-bi-mozhela-da-bidam-intimna-so-zhena-samo-da-e-ubava-foto/ Thu, 01 Feb 2024 12:30:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337157

Бившата партнерка на фолкерот Дарко Лазиќ, пејачката  Барбара Бобак вели дека никогаш не би ја покажала девојката во јавност бидејќи мисли дека така ќе и ја зачува среќата.Таа тврди дека не треба да се претерува со фактот дека познатите се сликаат со емотивните партнери, бидејќи тогаш јавноста го следи секој чекор. „Секако дека би можел да бидам интимна со жена, но досега не сум имала такви искуства.Не гледам проблем, само сакам да биде убава. Но, тоа се' уште не ми се случило“ – објаснила пејачката во една емисија.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Bobak S. Barbara (@barbara.bobak)

Барбара сега зборуваше подетално на оваа тема и рече дека луѓето треба само да се интересираат за нејзината музика.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Bobak S. Barbara (@barbara.bobak)

„Поучена од досегашното искуство, мислам дека не би покажал некој нов партнер на јавноста во каква било форма.Мислам дека нема потреба од тоа.Моите настапи и мојата музика кажуваат доволно за мене и дека луѓето ме сакаат поради тоа.ислам дека мојата публика не ја интересира мојот љубовен живот, јас не сум таблоидна во таа смисла, па би криела се' и сешто што е моја интима“ – објаснила фолкерката за Информер. Фото: Инстаграм/barbara.bobak


Повеќе на vistina.mk]]>

Бившата партнерка на фолкерот Дарко Лазиќ, пејачката  Барбара Бобак вели дека никогаш не би ја покажала девојката во јавност бидејќи мисли дека така ќе и ја зачува среќата.Таа тврди дека не треба да се претерува со фактот дека познатите се сликаат со емотивните партнери, бидејќи тогаш јавноста го следи секој чекор. „Секако дека би можел да бидам интимна со жена, но досега не сум имала такви искуства.Не гледам проблем, само сакам да биде убава. Но, тоа се' уште не ми се случило“ – објаснила пејачката во една емисија.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Bobak S. Barbara (@barbara.bobak)

Барбара сега зборуваше подетално на оваа тема и рече дека луѓето треба само да се интересираат за нејзината музика.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Bobak S. Barbara (@barbara.bobak)

„Поучена од досегашното искуство, мислам дека не би покажал некој нов партнер на јавноста во каква било форма.Мислам дека нема потреба од тоа.Моите настапи и мојата музика кажуваат доволно за мене и дека луѓето ме сакаат поради тоа.ислам дека мојата публика не ја интересира мојот љубовен живот, јас не сум таблоидна во таа смисла, па би криела се' и сешто што е моја интима“ – објаснила фолкерката за Информер. Фото: Инстаграм/barbara.bobak
]]>
Се појави фотографија од Нада Топчагиќ од младоста: Вака изгледала пејачката пред 40 години (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/se-pojavi-fotografija-od-nada-topchagik-od-mladosta-vaka-izgledala-pejachkata-pred-40-godini-foto/ Tue, 04 Jul 2023 11:15:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308853

Пејачката Нада Топчагиќ важеше за една од најубавите пејачки во Југославија, а неодамна се појави и фотографија од нејзината младост, стара 40-години. Нада беше најпопуларна изведувачка на народна музика, а својот прв хит сингл „На Дрини ќуприја“ го издаде во 1975 година.На социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија од Нада Топчагиќ, а многу корисници на споменатата социјална мрежа не можат да поверуваат колку била убава пејачката, па тврдат дека воопшто не се променила.   Таа важи за личност чиј изглед никого не го остава рамнодушен. Да потсетиме, пејачката во медиумите истакна дека кога е во прашање нејзиниот изглед, задолжена е само природата: - Направив малку боцкање, но не премногу. Некои велат дека е доцна за мене и дека требало да направам некои третмани пред 30 години. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Естраден Музички времеполов/Немања Николиќ

Повеќе на vistina.mk]]>

Пејачката Нада Топчагиќ важеше за една од најубавите пејачки во Југославија, а неодамна се појави и фотографија од нејзината младост, стара 40-години. Нада беше најпопуларна изведувачка на народна музика, а својот прв хит сингл „На Дрини ќуприја“ го издаде во 1975 година.На социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија од Нада Топчагиќ, а многу корисници на споменатата социјална мрежа не можат да поверуваат колку била убава пејачката, па тврдат дека воопшто не се променила.   Таа важи за личност чиј изглед никого не го остава рамнодушен. Да потсетиме, пејачката во медиумите истакна дека кога е во прашање нејзиниот изглед, задолжена е само природата: - Направив малку боцкање, но не премногу. Некои велат дека е доцна за мене и дека требало да направам некои третмани пред 30 години. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Естраден Музички времеполов/Немања Николиќ]]>
Катарина Ивановска е „кучка“… или само B.I.T.C.H.? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/katarina-ivanovska-e-kuchka-ili-samo-b-i-t-c-h-foto/ Sat, 25 Feb 2023 08:58:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205578

Катарина Ивановска сите ја знаеме како македонски топ модел, манекенка со светска слава... Или барем една од ретките наши убавици што донекаде успеала надвор. Убава, згодна, атрактивна, онаква, какви што врвните модели и треба да бидат. Македонско девојчe кое и откако по вторпат стана мајка, ја задржа својата фигура и продолжи да се занимава со професијата која оддамна е нејзина примарна определба. Сепак, за манекенките и моделиоте понекогаш владее мислењето дека убавината им е врвна, ама затоа пак интилигенцијата не им е посилна страна. Дека на убавиците од модната писта и рекламите физикусот им е толку силно оружје, што останатите „потенцијали“  не мораат, аи не ги употребуваат, зашто најчесто им се... „закржлавени“? Се разбира во секое правило, ако воопшто и е, постојат и исклучоци... Некои велат за да го потврдат правилото, други пак, за да го демантираат кажаното!   Како и да е, сигурно е дека убавите жени и не мора баш нешто многу да се трудат, зашто веќе на прва освојуваат, маѓепсувајќи со својата убавина, изглед, атрактивност, сексапил...  држејќи се до златното правило дека: „Нема втора шанса, за прв впечаток“! Но животот не е еден миг, иако само еден миг може животот и да ти го смени, па кога првиот бран на опчинетост ќе помине,  „по блиц крикот“ на фасцинација останува ли простор за понатамошна доминација? Што е тоа што една толку убава жена треба да го поседува, кои се' карактерни компоненти,  за да не остане само на првичните комплименти? Епа, токму Катарина Ивановска по се' изгледа дека го има одговорот:  Убавицата на мажите за да „им ја падне вилицата“, не е доволно да е само убава, туку треба да биде и... „кучка“! Или што би рекла наша Кики -   B.I.T.C.H. !!!  Beautiful (Убава), Intelligent (интелигентна), Talented (талентирана), Charming (шармантна) & Hot (жешка). Само оние што одблизу ја познаваат Катарина, знаат дали нашата убавица поседува голем дел од овие особини, ако не и сите?  Real  B.I.T.C.H. - што би рекла самата таа или... Вистинска „кучка“, што би рекле ние: К - културна, У-никатна, Ч - увствителна, К - кокетна, А - атрактивна... Ако знаете уште некоја - посочете ја! Фото: Инстаграм принтскрин/katarina_ivanovska

Повеќе на vistina.mk]]>

Катарина Ивановска сите ја знаеме како македонски топ модел, манекенка со светска слава... Или барем една од ретките наши убавици што донекаде успеала надвор. Убава, згодна, атрактивна, онаква, какви што врвните модели и треба да бидат. Македонско девојчe кое и откако по вторпат стана мајка, ја задржа својата фигура и продолжи да се занимава со професијата која оддамна е нејзина примарна определба. Сепак, за манекенките и моделиоте понекогаш владее мислењето дека убавината им е врвна, ама затоа пак интилигенцијата не им е посилна страна. Дека на убавиците од модната писта и рекламите физикусот им е толку силно оружје, што останатите „потенцијали“  не мораат, аи не ги употребуваат, зашто најчесто им се... „закржлавени“? Се разбира во секое правило, ако воопшто и е, постојат и исклучоци... Некои велат за да го потврдат правилото, други пак, за да го демантираат кажаното!   Како и да е, сигурно е дека убавите жени и не мора баш нешто многу да се трудат, зашто веќе на прва освојуваат, маѓепсувајќи со својата убавина, изглед, атрактивност, сексапил...  држејќи се до златното правило дека: „Нема втора шанса, за прв впечаток“! Но животот не е еден миг, иако само еден миг може животот и да ти го смени, па кога првиот бран на опчинетост ќе помине,  „по блиц крикот“ на фасцинација останува ли простор за понатамошна доминација? Што е тоа што една толку убава жена треба да го поседува, кои се' карактерни компоненти,  за да не остане само на првичните комплименти? Епа, токму Катарина Ивановска по се' изгледа дека го има одговорот:  Убавицата на мажите за да „им ја падне вилицата“, не е доволно да е само убава, туку треба да биде и... „кучка“! Или што би рекла наша Кики -   B.I.T.C.H. !!!  Beautiful (Убава), Intelligent (интелигентна), Talented (талентирана), Charming (шармантна) & Hot (жешка). Само оние што одблизу ја познаваат Катарина, знаат дали нашата убавица поседува голем дел од овие особини, ако не и сите?  Real  B.I.T.C.H. - што би рекла самата таа или... Вистинска „кучка“, што би рекле ние: К - културна, У-никатна, Ч - увствителна, К - кокетна, А - атрактивна... Ако знаете уште некоја - посочете ја! Фото: Инстаграм принтскрин/katarina_ivanovska]]>
Елена Стојановска е една од најубавите водителки, а ништо покуса со убавина не е ниту сестра и https://arhiva.vistina.com.mk/elena-stojanovska-e-edna-od-najubavite-voditelki-a-nishto-pokusa-so-ubavina-ne-e-nitu-sestra-i/ Sat, 08 Jan 2022 08:45:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200385

Професионална, шармантна, позитивна и секогаш со најубавиот детаљ на себе – насмевката. Вака накусо можеме да ја опишеме појавата на убавата ТВ и радио водителка Елена Стојановска која секојдневно ја гледаме на утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на телевизија Сител..
Елена е се почест корисник на социјалните мрежи каде не ретко споделува како професионални, така и детали од приватноста и секојдневието. Викендов Елена на својот профил објави роденденска честитка посветена на нејзината помлада сестра Катерина Стојановска, која ја претстави пред своите следбеници на социјалните мрежи.
-Денес точно во 17.25, пред многу години на свет дојде Катерина. Беше слатко бебе и моја омилена играчка, навечер кога ми беше страв ме примасе да спијам во нејзиниот кревет, имам лузна на коленото кога ме погоди со лажица. Ми кажува најтајни тајни, секогаш е најпаметна и мора да е по нејзино! Би патувала со неа и на крај на светот, нема полуда тетка за Илина и мојот свет без неа,ќе беше празно место. Срекен роденден! Од приложеното на профилот кај Елена, Кате освен роденденските честитки доби и грст комплименти на своја сметка, а ние само може да потврдиме дека мајката природа и секако гените биле дарежливи кон двете.

Повеќе на vistina.mk]]>

Професионална, шармантна, позитивна и секогаш со најубавиот детаљ на себе – насмевката. Вака накусо можеме да ја опишеме појавата на убавата ТВ и радио водителка Елена Стојановска која секојдневно ја гледаме на утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на телевизија Сител..
Елена е се почест корисник на социјалните мрежи каде не ретко споделува како професионални, така и детали од приватноста и секојдневието. Викендов Елена на својот профил објави роденденска честитка посветена на нејзината помлада сестра Катерина Стојановска, која ја претстави пред своите следбеници на социјалните мрежи.
-Денес точно во 17.25, пред многу години на свет дојде Катерина. Беше слатко бебе и моја омилена играчка, навечер кога ми беше страв ме примасе да спијам во нејзиниот кревет, имам лузна на коленото кога ме погоди со лажица. Ми кажува најтајни тајни, секогаш е најпаметна и мора да е по нејзино! Би патувала со неа и на крај на светот, нема полуда тетка за Илина и мојот свет без неа,ќе беше празно место. Срекен роденден! Од приложеното на профилот кај Елена, Кате освен роденденските честитки доби и грст комплименти на своја сметка, а ние само може да потврдиме дека мајката природа и секако гените биле дарежливи кон двете.]]>
Првата сопруга на Кнез е мајка на Ксенија од „Хурикејн“, а велат дека пејачката ја наследила убавината од неа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prvata-sopruga-na-knez-e-majka-na-ksenija-od-hurikejn-a-velat-deka-pejachkata-ja-nasledila-ubavinata-od-nea-foto/ Thu, 01 Apr 2021 07:39:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197007

Пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез (53) има две ќерки, а една од нив е Ксенија Кнежевиќ, член на групата „Хурикејн“, која привлекува големо внимание со својот талент, кој очигледно го наследи од нејзиниот татко, но и со привлечениот изглед. Кнез се разведе од поранешната сопруга Нина во 2013 година, со која доби наследничка. Како што велат многумина, Ксенија многу личи на Нина. Иако својот талент за музика го наследила од нејзиниот татко, се чини дека убавината ја наследила од нејзината мајка, за што сведочат и фотографиите на Нина што ги објавува на социјалните мрежи. Пејачот еднаш рече дека разводот е резултат на долгогодишно несогласување. - Сакам однапред да спречам какви било шпекулации и произволно толкување. Исто така, со жалење морам да кажам дека разводот е резултат на долгогодишно несогласување, како и нешто што можам симболично да го преточам во фраза - двајцата почнавме да размислуваме за истите работи непоправливо поинаку, односно за различноста на нашите концепти за понатамошниот, идниот заеднички живот и променетиот систем на вредности стана кочница и нарушувачки фактор во денешниот живот - еднаш рече Кнез на тема развод за „Стори“.

Повеќе на vistina.mk]]>

Пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез (53) има две ќерки, а една од нив е Ксенија Кнежевиќ, член на групата „Хурикејн“, која привлекува големо внимание со својот талент, кој очигледно го наследи од нејзиниот татко, но и со привлечениот изглед. Кнез се разведе од поранешната сопруга Нина во 2013 година, со која доби наследничка. Како што велат многумина, Ксенија многу личи на Нина. Иако својот талент за музика го наследила од нејзиниот татко, се чини дека убавината ја наследила од нејзината мајка, за што сведочат и фотографиите на Нина што ги објавува на социјалните мрежи. Пејачот еднаш рече дека разводот е резултат на долгогодишно несогласување. - Сакам однапред да спречам какви било шпекулации и произволно толкување. Исто така, со жалење морам да кажам дека разводот е резултат на долгогодишно несогласување, како и нешто што можам симболично да го преточам во фраза - двајцата почнавме да размислуваме за истите работи непоправливо поинаку, односно за различноста на нашите концепти за понатамошниот, идниот заеднички живот и променетиот систем на вредности стана кочница и нарушувачки фактор во денешниот живот - еднаш рече Кнез на тема развод за „Стори“.]]>
Младата сопруга на др. Вело Марковски – Евгенија е вистинска убавица: Од мисица до магистер (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladata-sopruga-na-dr-velo-markovski-evgenija-e-vistinska-ubavica-od-misica-do-magister-foto-video/ Tue, 23 Jun 2020 08:59:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155045

Иако долги години важи за еден од врвните стручњаци во својата област уште од времето на некогашна Југославија, инфектологот Вело Марковски  на македонската јавност и стана познат по своите забележителни и настапи во медиумите, особено на ТВ, со своите излагања, видувања,  стручни анализи, препораки... околу корона епидемијата. Така, тој за кратко време ги собра симпатиите и стана еден од омилените стручни ликови во Република Македонија, кој се обидува со своето искуство и знаење несебично да помогне во борбата со невидливиот непријател. Секогаш кога си за кусо време толку многу медиумски експониран, како по правило стануваш интересен лик не само професионално, туку и приватно како за народот, така и за медиумумите, кои набргу се заинтересираа за сето она што пошироката јавност не го знае за доктор Марковски, а  е врзано за неговиот приватен живот. Јавноста до душа  знаеше дека познатиот епидемиолог е бивш сопруг нанекогашната пратеничка Ѓулистана Марковска со која беше во брак и од која се разведе. Но, истражувајќи ја неговата приватност, брзо се обзнани она што е сегашност во неговиот приватен живот, па така Марковски на социјалните мрежи беше компариран со доскорешниот поглавар на Исламската верска заедница во Македонија, заради една работа: И тој како и реисот имаат многу помлади сопруги! Имено, вело Марковски сега е во брак со многу помладата Евгенија Николовска - Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната од порано. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата. Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина. Убавата Евгенија е позната и како модел, а особено популарна стана пред 7 години, кога во етерот се појави контроверзното видео на групата „Пука козметика“ за темата „Си го бара“ кое изобилува со прилично провокативни сцени, какви што се и стиховите на песната, кои обработуваат токму и таква, скокотлива тематика. https://www.youtube.com/watch?v=U5MBlo0EJGw&feature=emb_logo Евгенија истата година се појави и во некои фолк спотови како оној за песната ”Пајтон Лено да ти купам” испеана од Иван Радески, нашинец кој живее и работи во Австралија. https://www.youtube.com/watch?v=vo3ISGKuAPY&feature=emb_logo Потоа таа се повлекува од манекенството, моделството и медиумите па, освен блиското опкружување, откако ќе стапи во брак со доктор Маркоски,  за неа пошироката јавноста нема многу да слушне, се' до сега. Откако младата убавица и професороот нивната љубов ја крунисаа со брак, набргу го добиваат и нивното синче, а Евгенија покрај дипломирањето се стекнала и со титулата магистер. Нашиот познат инфектолог професор-доктор Вело Маркоски и неговата млада, убава, згодна и атрактивна сопруга Евгенија се вистински доказ дека љубовта не познава ниту граници, ниту брои години. Фото: Фејсбук принтскрин

Повеќе на vistina.mk]]>

Иако долги години важи за еден од врвните стручњаци во својата област уште од времето на некогашна Југославија, инфектологот Вело Марковски  на македонската јавност и стана познат по своите забележителни и настапи во медиумите, особено на ТВ, со своите излагања, видувања,  стручни анализи, препораки... околу корона епидемијата. Така, тој за кратко време ги собра симпатиите и стана еден од омилените стручни ликови во Република Македонија, кој се обидува со своето искуство и знаење несебично да помогне во борбата со невидливиот непријател. Секогаш кога си за кусо време толку многу медиумски експониран, како по правило стануваш интересен лик не само професионално, туку и приватно како за народот, така и за медиумумите, кои набргу се заинтересираа за сето она што пошироката јавност не го знае за доктор Марковски, а  е врзано за неговиот приватен живот. Јавноста до душа  знаеше дека познатиот епидемиолог е бивш сопруг нанекогашната пратеничка Ѓулистана Марковска со која беше во брак и од која се разведе. Но, истражувајќи ја неговата приватност, брзо се обзнани она што е сегашност во неговиот приватен живот, па така Марковски на социјалните мрежи беше компариран со доскорешниот поглавар на Исламската верска заедница во Македонија, заради една работа: И тој како и реисот имаат многу помлади сопруги! Имено, вело Марковски сега е во брак со многу помладата Евгенија Николовска - Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната од порано. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата. Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина. Убавата Евгенија е позната и како модел, а особено популарна стана пред 7 години, кога во етерот се појави контроверзното видео на групата „Пука козметика“ за темата „Си го бара“ кое изобилува со прилично провокативни сцени, какви што се и стиховите на песната, кои обработуваат токму и таква, скокотлива тематика. https://www.youtube.com/watch?v=U5MBlo0EJGw&feature=emb_logo Евгенија истата година се појави и во некои фолк спотови како оној за песната ”Пајтон Лено да ти купам” испеана од Иван Радески, нашинец кој живее и работи во Австралија. https://www.youtube.com/watch?v=vo3ISGKuAPY&feature=emb_logo Потоа таа се повлекува од манекенството, моделството и медиумите па, освен блиското опкружување, откако ќе стапи во брак со доктор Маркоски,  за неа пошироката јавноста нема многу да слушне, се' до сега. Откако младата убавица и професороот нивната љубов ја крунисаа со брак, набргу го добиваат и нивното синче, а Евгенија покрај дипломирањето се стекнала и со титулата магистер. Нашиот познат инфектолог професор-доктор Вело Маркоски и неговата млада, убава, згодна и атрактивна сопруга Евгенија се вистински доказ дека љубовта не познава ниту граници, ниту брои години. Фото: Фејсбук принтскрин]]>
Отсега, кога ќе ти кажат дека имаш глава како лубеница е комплимент… Значи убава си како Лила! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otsega-koga-kje-ti-kazat-deka-imash-glava-kako-lubenica-e-kompliment-znachi-ubava-si-kako-lila-foto/ Fri, 12 Jul 2019 07:04:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97292

Лила е чудо на природата... Ја има секаде... И кај што треба да биде и каде што најмалку ја очекуваш. Нема продаван производ без Лила да го рекламира... Едноставно не си бренд, ако Лила не ти е маркетинг френд!
И тоа не е некој проблем за онаа стока што е брендирана, што има име, препознатлив изглед, амбалажа... Да бидеме веднаш појасни: Под „стока“ не мислевме на овци и крави,  ниту пак на „комплимент“ упатен на одредени личности, туку на одреден бренд на „роба“ или производ кој е препознатлив, а во рацете на Лила, дополнително станува ултрапопуларен.
И се' е во ред ако тој има свое пакување, име назив, амбалажа... Арно ама производи има разни, па и земјоделски, како овошје и зеленчук, на пример. И како сега ти да рекламираш лубеница да речеме, сакајќи да ти се зголеми продажбата на годинешната реколта, кога сите исто или речиси исто изгледаат?  Многу лесно. Ја викаш Лила и работата е завршена!
Ама како Лила? - ќе праша некој, кога бостан си е бостан, нема разлика меѓу лубениците... Епа не е така. Има разлика! Разликата е во... Лила!
Ако се' уште не ви е јасно, Лила дури од далечното крајбрежје на Турција, каде летува во едно од монденските летувалишта, ќе ви ја открие тајната. Едноставно е... Само треба да имаш малку уметничка дарба и рекламата е родена: лубеница ала Лила!
Најубавиот бостан со ликот на најдобрата водителка! И бизнисот оди како подмачкан, а продажбата како алва!
Башка, отсега кога некој ќе ти каже дека имаш глава ко лубеница, е комплимент... Значи дека убав(а) си како Лила!  

Повеќе на vistina.mk]]>

Лила е чудо на природата... Ја има секаде... И кај што треба да биде и каде што најмалку ја очекуваш. Нема продаван производ без Лила да го рекламира... Едноставно не си бренд, ако Лила не ти е маркетинг френд!
И тоа не е некој проблем за онаа стока што е брендирана, што има име, препознатлив изглед, амбалажа... Да бидеме веднаш појасни: Под „стока“ не мислевме на овци и крави,  ниту пак на „комплимент“ упатен на одредени личности, туку на одреден бренд на „роба“ или производ кој е препознатлив, а во рацете на Лила, дополнително станува ултрапопуларен.
И се' е во ред ако тој има свое пакување, име назив, амбалажа... Арно ама производи има разни, па и земјоделски, како овошје и зеленчук, на пример. И како сега ти да рекламираш лубеница да речеме, сакајќи да ти се зголеми продажбата на годинешната реколта, кога сите исто или речиси исто изгледаат?  Многу лесно. Ја викаш Лила и работата е завршена!
Ама како Лила? - ќе праша некој, кога бостан си е бостан, нема разлика меѓу лубениците... Епа не е така. Има разлика! Разликата е во... Лила!
Ако се' уште не ви е јасно, Лила дури од далечното крајбрежје на Турција, каде летува во едно од монденските летувалишта, ќе ви ја открие тајната. Едноставно е... Само треба да имаш малку уметничка дарба и рекламата е родена: лубеница ала Лила!
Најубавиот бостан со ликот на најдобрата водителка! И бизнисот оди како подмачкан, а продажбата како алва!
Башка, отсега кога некој ќе ти каже дека имаш глава ко лубеница, е комплимент... Значи дека убав(а) си како Лила!  ]]>
Десет особини на убавите жени https://arhiva.vistina.com.mk/deset-osobini-na-ubavite-zeni/ Tue, 25 Dec 2018 14:15:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64757

Жените често запаѓаат во очај поради убавината, држат строги диети и се подложуваат на пластична хирургија. Но, кога станува збор за убавината не е се во физичкиот изглед. Луѓето кои на прв поглед изледаат убаво можат да ви станат сосема грди кога малку подобро ќе ги запознаете, додека некои личности за кои би кажале дека имаат просечен изглед ни се најубави на цел свет. Тоа е доказ дека убавината не е само фасада и дека во прашање е нешто што не може да се сведе само на генетиката. Начинот на кој жената се движи, разговара, држи до себе, начинот на кој зрачи одвантре, искрата што ја поседува. Тоа е убавината на жената. Таквите жени мажите можеби не ги забележуваат на прв поглед, но полека им се „пикаат под кожа“ со секој поглед со секој разговор. Следните десет особини секоја жена ја прават неодолива: Нејзината страст ја дефинира повеќе отколку физичкиот изглед Нема ништо поубаво од страсна жена. Жената која живее со полна пареа и која работи со голема страст вреди да ја запознаете. Го покажува своето вистинско лице Шминкањето е избор и тука нема ништо лошо. Меѓутоа убавата жена не чувствува потреба да се крие поради своите недостатоци со помош на шминка. Таа ќе се нашминка поради себе, а не поради другите. Не сака да биде центарот на светот Таа не сака по секоја цена да биде во центарот на вниманието. Го прави тоа несвесно, бидејќи поседува самодоверба и скромност, а тие особини го привлекуваат вниманието на другите, повеќе од исфорсираните гестови. Знае да се изрази Нема ништо полошо од девојка, која не е елоквентна и не знае да каже што мисли. Дамата која има свое мислење може да биде неверојатно привлечна и е доказ дека мозокот е најсилен афродизијак. Самостојна е Жената на која не и е неопходен маж за да го живее својот живот е жена, која е сигурна во себе. Самодовербата е вистинскиот клуч за убавината. На таквата жена не и треба одобрување од другите за своите постапки. Мистериозна е  Таа не отвара уста без причина и не ги открива своите тајни. Не е од оне кои зборуваат само за да го слушне својот глас. Нема ништо поинтригантно од жена обвиена со велот на мистеријата. Таа е полна со изненадувања и што повеќе ја запознавате, станува се поубава и поубава. Сочувствителна е  Таа не мисли само на себе. Сочувствителна е и грижлива. Ќе се жртвува поради другите луѓе. Не крши срца, туку ги исцелува. Тоа е вистинска убавина. Отворена е за нови предизвици Убавата жена не знае за ограниченост. Отворена е за нови идеи, луѓе и места. Нејзината храброст и отворен ум се неверојатно привлечни. Има душа Сите знаеме што значи кога некој поседува внатрешна убавина. Постојат личности кои едноставно сјаат и во чија близина секогаш сакаме да се наоѓаме. Го има „она нешто“ Оваа особина не може да се изрази со зборови. Таа поседува нешто, но тоа не може да се дефинира. Таа го има тој специјален квалитет, кој не можете да го објасните поради тоа што тоа никогаш во животот не сте го доживеале.

Повеќе на vistina.mk]]>

Жените често запаѓаат во очај поради убавината, држат строги диети и се подложуваат на пластична хирургија. Но, кога станува збор за убавината не е се во физичкиот изглед. Луѓето кои на прв поглед изледаат убаво можат да ви станат сосема грди кога малку подобро ќе ги запознаете, додека некои личности за кои би кажале дека имаат просечен изглед ни се најубави на цел свет. Тоа е доказ дека убавината не е само фасада и дека во прашање е нешто што не може да се сведе само на генетиката. Начинот на кој жената се движи, разговара, држи до себе, начинот на кој зрачи одвантре, искрата што ја поседува. Тоа е убавината на жената. Таквите жени мажите можеби не ги забележуваат на прв поглед, но полека им се „пикаат под кожа“ со секој поглед со секој разговор. Следните десет особини секоја жена ја прават неодолива: Нејзината страст ја дефинира повеќе отколку физичкиот изглед Нема ништо поубаво од страсна жена. Жената која живее со полна пареа и која работи со голема страст вреди да ја запознаете. Го покажува своето вистинско лице Шминкањето е избор и тука нема ништо лошо. Меѓутоа убавата жена не чувствува потреба да се крие поради своите недостатоци со помош на шминка. Таа ќе се нашминка поради себе, а не поради другите. Не сака да биде центарот на светот Таа не сака по секоја цена да биде во центарот на вниманието. Го прави тоа несвесно, бидејќи поседува самодоверба и скромност, а тие особини го привлекуваат вниманието на другите, повеќе од исфорсираните гестови. Знае да се изрази Нема ништо полошо од девојка, која не е елоквентна и не знае да каже што мисли. Дамата која има свое мислење може да биде неверојатно привлечна и е доказ дека мозокот е најсилен афродизијак. Самостојна е Жената на која не и е неопходен маж за да го живее својот живот е жена, која е сигурна во себе. Самодовербата е вистинскиот клуч за убавината. На таквата жена не и треба одобрување од другите за своите постапки. Мистериозна е  Таа не отвара уста без причина и не ги открива своите тајни. Не е од оне кои зборуваат само за да го слушне својот глас. Нема ништо поинтригантно од жена обвиена со велот на мистеријата. Таа е полна со изненадувања и што повеќе ја запознавате, станува се поубава и поубава. Сочувствителна е  Таа не мисли само на себе. Сочувствителна е и грижлива. Ќе се жртвува поради другите луѓе. Не крши срца, туку ги исцелува. Тоа е вистинска убавина. Отворена е за нови предизвици Убавата жена не знае за ограниченост. Отворена е за нови идеи, луѓе и места. Нејзината храброст и отворен ум се неверојатно привлечни. Има душа Сите знаеме што значи кога некој поседува внатрешна убавина. Постојат личности кои едноставно сјаат и во чија близина секогаш сакаме да се наоѓаме. Го има „она нешто“ Оваа особина не може да се изрази со зборови. Таа поседува нешто, но тоа не може да се дефинира. Таа го има тој специјален квалитет, кој не можете да го објасните поради тоа што тоа никогаш во животот не сте го доживеале.]]>
Оливера Ѓорговска е вљубена до уши: Пејачката го покажа својот латино љубовник! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/olivera-gjorgovska-e-vljubena-do-ushi-pejachkata-go-pokaza-svojot-latino-ljubovnik-foto/ Tue, 16 Oct 2018 07:19:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53041

Македонската пејачка  Оливера Ѓоргоска очигледно, наголемо го живее својот американски сон. Замина во САД на музичко доусовршување, па стигна и до докторат… Ама очигледно убавата прилепчанка стигна и сонот да си го претвори во јаве и кога е љубовта во прашање.
Уште додека беше во Македонија за нејзиниот љубовен живот не се знаеше речиси ништо. Ја облетуваа многумина познати, меѓу кои и композитори и оние  кои и пишуваа и кои не и пишуваа песни, колеги пејачи...
Ама официјално, ниту еден не и стана момче. Не барем јавно. И со никого од нив згодната пејачка не влезе во врска.
Откако замина за САД, според она што се слушаше за неа, а  и од постираните фотографии на социјалните мрежи, околу неа повторно беа дузина згодни ергени и моми.
Постојано се фотографираше во убаво друштво, но на ниту една од фотографиите конкретно не покажа дека некој и е љубовен партнер. И тоа се до скоро...
Последните фотографии сепак кажуваат нешто друго, нешто што и самата македонска пејачка на привремен престој во Америка го кажува и покажува - момчето кое го освои нејзиното срце.
Белец, со латино изглед, висок, со густа црна коса, црни очи... вистински  латино заводник, а веројатно и љубовник... Барем според она што нашата убавица ја оддава на фотографиите. Вљубена до уши, го пие со поглед и впива секој негов здив... Тоа дефинитивно, мора да е љубов!
Така и самата малку потајно, малку јавно признава во постовите покрај фотографиите на кои Оливера ниту ја крие, ниту се срамува да покаже како изгледа кога усните ќе се спојат, а јазиците испреплетат во бакнеж од кој срцето трепери.
„Еј овде има странец! Не знам што правите на мојата Инстаграм страница, но ми се допаѓа“! - пишува пејачката, за веднаш потоа и самат да признае дека и се случува неочекувана љубовна романса!
Очигледно за Оливера... „Love is in the air“, заштоа таа е „Woman in love“! И тоа „до уши“!
 

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонската пејачка  Оливера Ѓоргоска очигледно, наголемо го живее својот американски сон. Замина во САД на музичко доусовршување, па стигна и до докторат… Ама очигледно убавата прилепчанка стигна и сонот да си го претвори во јаве и кога е љубовта во прашање.
Уште додека беше во Македонија за нејзиниот љубовен живот не се знаеше речиси ништо. Ја облетуваа многумина познати, меѓу кои и композитори и оние  кои и пишуваа и кои не и пишуваа песни, колеги пејачи...
Ама официјално, ниту еден не и стана момче. Не барем јавно. И со никого од нив згодната пејачка не влезе во врска.
Откако замина за САД, според она што се слушаше за неа, а  и од постираните фотографии на социјалните мрежи, околу неа повторно беа дузина згодни ергени и моми.
Постојано се фотографираше во убаво друштво, но на ниту една од фотографиите конкретно не покажа дека некој и е љубовен партнер. И тоа се до скоро...
Последните фотографии сепак кажуваат нешто друго, нешто што и самата македонска пејачка на привремен престој во Америка го кажува и покажува - момчето кое го освои нејзиното срце.
Белец, со латино изглед, висок, со густа црна коса, црни очи... вистински  латино заводник, а веројатно и љубовник... Барем според она што нашата убавица ја оддава на фотографиите. Вљубена до уши, го пие со поглед и впива секој негов здив... Тоа дефинитивно, мора да е љубов!
Така и самата малку потајно, малку јавно признава во постовите покрај фотографиите на кои Оливера ниту ја крие, ниту се срамува да покаже како изгледа кога усните ќе се спојат, а јазиците испреплетат во бакнеж од кој срцето трепери.
„Еј овде има странец! Не знам што правите на мојата Инстаграм страница, но ми се допаѓа“! - пишува пејачката, за веднаш потоа и самат да признае дека и се случува неочекувана љубовна романса!
Очигледно за Оливера... „Love is in the air“, заштоа таа е „Woman in love“! И тоа „до уши“!
 ]]>