тврдења – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Oct 2019 09:55:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тврдења – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елтон Џон со шокантни тврдења: „Мајкл Џексон беше тешко пореметен“ https://arhiva.vistina.com.mk/elton-dzon-so-shokantni-tvrdenja-majkl-dzekson-beshe-teshko-poremeten/ Tue, 15 Oct 2019 09:55:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112628

Познатиот Елтон Џон отсекогаш бил еден од најконтраверзните музичари на светската сцена. Периодов големо внимание привлече со мемоарите во кој Елтон изнесува шокантни тврдења  од минатото на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон. Иако мемоарите се уште не се објавена, одредени британски медиуми објавија делови од книгата. „Го познавам Мајкл кога имаше 13 или 14 години. Беше најслаткото дете кое може да го замислите. Меѓутоа, подоцна почна да бара бегство од реалноста и стана окупиран со својот имагинарен свет. Само Господ знае што му се случуваше во неговата глава, само Господ знаеше какви лекови пиеше, но секогаш кога ќе го сретнев мислев дека го изгубил компасот“ напиша Елтон. „Џексон навистина беше пореметен,тешко ментален човек. Вознимирувачка личност со која нема да сакате да бидете во друштво“ со овие зборови Елтон го опиша својот пријател. Елтон исто така се потсети на тендцијата на Мајкл да се дружи со децата.  Како што тврди не можел да најде заеднички јазик со возрасните и дека не се снаоѓал во негово друштво, така да бегство барала во дружење со децата. Иако не го обвини за педофилија, музичарот стави до знаење дека Џексон со децата се дружел на непримерен начин. Инаку, мемоарите под наслов „Јас“, требаше денес (15.10.2019) да почнат да се продаваат низ Велика Британија, но поради овие шокантни тврдења нивното продавање е одложено.]]>

7 тврдања за забременувањето што треба да ги игнорирате https://arhiva.vistina.com.mk/7-tvrdanje-za-zabremenuvanjeto-shto-treba-da-gi-ignorirate/ Thu, 09 Aug 2018 14:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42080

Кога се обидувате да зачнете, секој има совет за вас. „Многу си напната, треба малку да се опуштиш и веднаш ќе забремениш“, „Биди трпелива, што е твое ќе си дојде“, „Млада си за да зборуваш за неплодност“... Ако сте дел од паровите кои со месеци или години водат битка за да добијат свое дете, сигурно повеќепати сте ги слушнале овие тврдења. Темите „плодност“ и „неплодност“ се обвиени со многубројни митови кои често водат до заблуди кај паровите кои се трудат да си го исполнат сонот за свое потомство. Еве ги најчестите од нив, кои дефинитивно треба да ги игнорирате ако ги слушнете: Жена

„НЕПЛОДНОСТА Е САМО ЖЕНСКИ ПРОБЛЕМ.“

Многу парови кога ќе се соочат со проблеми при зачнувањето на бебе, веднаш започнуваат да слушаат дека дефинитивно причината е жената. Но, тоа може потполно да биде погрешно, бидејќи фактите говорат дека околу 40% од случаите на стерилитет се последица на проблем кај жената, но исто толку случаи се поврзани со проблем кај машката страна. Кај околу 20% од случаите, причината за неплодноста се и двајцата партнери. Доколку имате проблеми при обидите за зачнување, потребно е и вие и вашиот партнер да направите испитувања, без да дозволувате да ве посочуваат за „кривец“.

„ВЕЌЕ РОДИ ЕДНО ДЕТЕ. ЗНАЧИ НЕ СИ НЕПЛОДНА.“

Немојте да мислите дека ако сте родиле едно или неколку деца сте имуни на неплодност. Таа може да нападне во секое време, на секоја возраст, независно од бројот на деца кои сте ги родиле. Секундарната неплодност или неможност за забременување откако сте родиле едно или повеќе деца е сè почеста појава.

„МЛАДА СИ. СИГУРНО ВЕДНАШ ЌЕ ЗАБРЕМЕНИШ, НЕПЛОДНОСТА СЕ ЈАВУВА КАЈ ПОСТАРИТЕ ПАРОВИ.“

Годините се можеби најважниот фактор кој влијае врз плодноста, но таа зависи и од други здравствени состојби кои можат да се појават на секоја возраст. Синдромот на полицистични јајници и ендометриозата не прашуваат дали жената има 18, 20 или 30 години пред да ја нарушат работата на репродуктивните органи. Никој не може да гарантира дека забременувањето во 20-тите години од животот ќе оди како подмачкано. Неплодноста може да се случи на секоја возраст.

„ОСТАВИ ГИ ДОКТОРИТЕ. ОПУШТИ СЕ. ЌЕ ВИДИШ ДЕКА ВЕДНАШ ЌЕ ЗАБРЕМЕНИШ.“

На жените кои долго време се обидуваат да забременат добро им е познат советот „Опушти се. Најважно е да размислуваш позитивно“ или „Напната си затоа не можеш да забремениш“. За жал, колку и да е добронамерен или утешувачки овој совет, тој не „држи вода“. Неплодноста не е ментален проблем, туку проблем со репродуктивните органи за кој е потребна медицинска помош, а не одмор во Грција или релаксација на планина. Иако стресот може да влијае на нормалната овулација на жената или да го намали бројот на сперматозоиди кај мажите, тој не може да доведе до неплодност.

„НЕМА НИШТО КОМПЛИЦИРАНО ВО ЗАБРЕМЕНУВАЊЕТО. ЛЕСНО Е!“

Да, точно е дека најголем дел од жените зачнуваат без никакви проблеми, но бидете уверени дека не се ретки оние кои се соочуваат со неплодност. На светско ниво се смета дека инциденцата на инфертилитет е од 10 до 16%, а во Р. Македонија се смета дека секој ШЕСТИ пар има проблеми со неплодноста.

„ТРПЕНИЕ-СПАСЕНИЕ!“

Убаво е кога луѓето ве тешат дека нема место за паника и по повеќе од една година помината во неуспешни обиди за забременување и дека сè што треба да направите е да бидете трпеливи, па дека „Што е ваше, ќе си дојде“. Но, секогаш треба да земете предвид дека можеби причината за тоа е во вашиот репродуктивен систем, а не во вашето трпение. Доколку неуспешно се обидувате да забремените повеќе од една година, можеби е време да се консултирате со специјалист. Инфертилитетот е проблем кој најчесто бара соодветна медицинска помош, а не време. Жена и докторка

„ШТОМ ЗАЛУДНО СЕ ОБИДУВАТЕ СО МЕСЕЦИ, МОРА ДА ИМА НЕКАКОВ ПРОБЛЕМ СО ПЛОДНОСТА.“

Вистинскиот одговор е „Не мора да значи“. Неколкумесечните неуспешни обиди за зачнување не се сигнал дека треба да го вклучите алармот за паника. Всушност и најздравите парови имаат само 20% шанса да зачнат во текот на првиот месец. Процентот се зголемува на 70 во периодот од 6 месеци, па до 85% во текот на една година.]]>