твит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 May 2019 10:08:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png твит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Чикашкиот камионџија го начека „на волеј“ и Павле Богоевски: Пециво во кокаинот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/chikashkiot-kamiondzija-go-nacheka-na-volej-i-pavle-bogoevski-pecivo-vo-kokainot-foto/ Thu, 16 May 2019 09:54:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88191

Уште една нова афера деновиве ја тресе власта. Овој пат нарко афера. Од неа лицето на „шарениот“ пратеник Павле Богоевски ги менуваше сите бои... Откако го фатија „со бело“. На истите тие „бомби од снимки“, со кои и тој и останатите од СДС, меѓудругото дојдоа на власт.
Не бил хероин, бил кокаин... Пардон, не кокаин, бил канабис... Масло од марихуана за медицински потреби! Можеби... ако уживањето е болест! Но, не ни беше тоа муабетот. Имено, покрај тоа што оваа „нарко бомба“  ја  објавија сите медиуми, ги запали социјалните мрежи, па не стивнуваат муабетите по фирми, установи, инстуции и канцеларии... таа е добра тема и за твитерџиите и за сеирџиите.
Така, познатитиот „чикашки камионџија“, Македонецот Дарко Јефремов наречен „Дарко-Влогс“ кој едвај чека да се случи некоја „глупост“ за да ги подбере јавните личности, овој пат го начека „на волеј“ шарениот пратеник,  па го „заплеска“ со избор од твитер коментари, фото „мајтап“ монтажи и муабети на тема: „Маслената канабис мисија на кокаинскиот револуционер Павле Ескобар“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Darko Jefremov (@darkovlogs) on

Најпрвин со мала монтажа на неговиот лик во ликот и делото на најголемиот нарко бос во историјата, според кој е и направена познатата ТВ серија „Наркос“...
Камионџијата од својата возачка кабина Павле го претвори не само телевизиска туку и филмска ѕвезда...  Од лице со две нацртани шарени лузни од времето на неговата шарена револуција...
...Во лице ала „Скарфејс“...  Од најавите на вестите на сите радија и телевизии...
...Или „Павле - Ла линеа“ - лице од насловните страници на весниците и порталите... Арно ама, бидејќи ниту твитерџиите не му останаа „должни“, нивните твитови не пропушти да ги истретира ниту популарниот камионџија. Одбирајќи го за свој фаворит твитот со „фото - компаративна компонента“ помеѓу Богоевски „револуционерот“ - тогаш и Богоевски пратеникот - сега!
Мислиш прашок за пециво? Среќа што не е квасец!
]]>

Весна – Бејби вака го „доживеа“ Богојавление: „За Водици ли правиме муабет?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-vaka-go-dozivea-bogojavlenie-za-vodici-li-pravime-muabet-foto/ Wed, 23 Jan 2019 09:13:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68750

За нашата црква, нејзините свештеници и  замавот во кој таа го зема во последно веме во нецрковни работи речиси на сите им е познато. Хотелиерство, градежништво, јахти, џипови... Веројатно нема некој кој не го знае вицот: Влегува  човек во салон за автомобили, застанува до скапа марка џип, го разгледува и се распрашува за неговите перформанси и цена... А продавачот пред било што да у одговори, го прашува: „Извинете, а од која епархија бевте Вие?“ неодамна православните христијани го славеаголемиот празник Христовото крштевање, кај народот познат како Богојавление или Водици! Фрлањето на крстот во водите на вардар, охридското езеро и сите помали или поголеми реки, потоци, па дури и базени и чешми од традиција прераснаа во фолклор, прости ни Боже, па дури и со нота на смеа и забава. Како во вицот со купувачот и продавачот на џипот, свештенството и поповите одново се на удар, па и за Водици почнаа да кружат различни (траги)комични видеа и хумористични постови на социјалните мрежи.
Еден од најсодржајните твитови има свој предлог и поента. Во него вклучена и македонската актерка, водителка и писателка Весна Бејби Петрушевска, кој со обете раце целосно го прифати, максимално се согласи, па го постираше твитот на својот Фејсбук профил.
Предлогот секако комичен, ама уникатен, а актерката воодушевена со порака:  „За Водици ли правиме муабет? Нема поточно“.
Прашање е само што марка ќе биде џипот, кој автосалон ќе го донира и на оној што прв ќе успее да седне во него уште додека е во водите на Вардар, подоцна дали сообраќајната ќе му ја врачи владиката или актерката?  ]]>

Секој што на сожалување гради име, не е добар човек: Карлеуша ја прозва Кија, без да и спомене име? https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-shto-na-sozaluvanje-gradi-ime-ne-e-dobar-chovek-dali-toa-karleusha-ja-prozva-kija-kockar-bez-da-i-spomene-po-ime/ Fri, 19 Oct 2018 11:11:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53794

Јелена Карлеуша  денес  со својата најнова објава на Твитер повторно привлече големо внимание и предизвика уште една лавина од коментари, ако се знае дека таа на оваа социјална мрежа постојано отворено го изразува своето мислење за различни личности и ситуации.
Секој кој на сожалување го гради своето место во општеството - не е добар човек. Лажење на жртвата за да се добијат поени кај луѓето ја крие најгрдата позадина. Знам луѓе кои доживеале големи трагедии, но тие не дозволија сожалување, напротив. А кој игра на оваа карта, е вистинско зло“ - напишала Карлеуша.
Да потсетиме, вчера во медиумите одекна веста дека Кристина Кија Коцкар наводно има рак на дојка. Исто така е  познато дека Јелена и Кија веќе неколку недели водат вистинска војна преку социјалните мрежи. Поради оваа причина, многумина овој твит на Карлеуша го позврзаа со Кија, тврдејќи дека потајно и е упатен токму неа, иако Јелена конкретно не посочи никого по име. Сепак изгледа дека поп-фолк дивата се послужи со онаа народната итроштина: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“!]]>