тв телма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Jul 2023 12:53:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тв телма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трета сезона: „Нихао – Истражи ја Кина“ на ТВ Телма во недела во 12.20 часот https://arhiva.vistina.com.mk/treta-sezona-nihao-istrazhi-ja-kina-na-tv-telma-vo-nedela-vo-12-20-chasot/ Mon, 03 Jul 2023 12:52:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308710

Трета година по ред, македонската публика ќе има можност да ужива во емисија посветена на Кина и нејзините зачудувачки пејзажи, богата традиција и заводлива историја. Нихао ќе Ве однесе на незаборавно патување низ срцето и душата на една од најстарите цивилизации на светот. „НИХАО- Истражи ја Кина“ е визуелно впечатлива и културно-образовна емисија која нуди уникатно истражување на различните региони, од вревата на метрополите Пекинг и Шангај до мирниот град Дали, секоја епизода открива скриени и непознати приказни што ја прават Кина вистински извонредна. Нихао ќе ја престави кинеската поезија, кинеската опера но и извонредната кинеска архитектура. И сето ова, ќе се обидеме да ви го доловиме низ приказните на врвни македонски професионалци, кои што имале неповторлива можност, својот талент, знаење и умешност да ги усовршуваат на кинеска територија. „Полека но сигурно „Нихао“ преминува во телевизиски проект кој што обезбедува но и заслужува редовен термин во програмската шема на македонските телевизии. Нашите гледачи навистина заслужуваат можност да видат што е она што го нуди една цивилизација и земја како што е Кина. Кина е мистична, егзотична но и традиционална и неприкосновено иновативна и технолошки напредна. Нашиот тим се обидува низ исклучително квалитетни видео материјали, единствени интервјуа, сведоштва и фотографии, да го долови тоа. Но и да не пропушти да раскаже дека Кина е земја на можности за сите професии. Без разлика дали станува збор за поет, готвач, композитор, професор, уметник… Кина наоѓа начин да ти покаже дека си на вистинскиот пат“ – вели Јулија Цветковска, која трета година по ред ја води оваа емисија. Без разлика дали сте љубител на патувања, историски ентузијаст или просто сте заинтересирани за светот, оваа емисија ветува дека ќе биде пријатно искуство во недела во 12.20 часот и репризно во сабота во 10.30 часот на телевизија Телма.]]>

Оваа сабота на Телма: Спектакуларен роденден на магазинот „Бекстејџ“ по повод 15 години (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-sabota-na-telma-spektakularen-rodenden-na-magazinot-bekstejdz-po-povod-15-godini-video/ Fri, 25 Nov 2022 07:28:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277491

Со голема забава за многу домашни и регионални гости и црвен килим, ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“, на ТВ Телма, го прослави 15. роденден во Скопје евент центар. По традиција, освен добра забава, гламур, муабет и дружење, беа доделени награди во повеќе категории. Еден од најемотивните моменти на вечерта беше кога ДНК, пеејќи ја  „Ако утре ме нема“, на видео бимот се менуваа слики од познати уметници, многу македонски легенди кои не напуштија. Меѓу нив и Влатко Илиевски, првиот водител на „Бекстејџ“, кој заедно со Марјана Станојковска и со поддршката од тимот ја започна приказната во 2008 година. На сцената, регионалните ѕвезди Халид Бешлиќ и Жељко Самарџиќ ги испочитуваа и гостите и екипата на „Бекстејџ“ со изведба на нивните хитови  „Миљацка“ и со „9.000“. Во чест на легендата Гоце Николовски, Наум Петрески, Елена Велевска, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски, ја испејаа песната „Бисер Балкански“, што произлезе од предлогот на „магазинот од зад сцената“ една улица во градот Скопје да добие име по починатата фолк легенда. Оваа оригинална идеја наиде на воодушевување и кај публиката. Што ве очекува во сабота во 19.15 на Телма погледнете во видеото (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Оскарите на 25. април на ТВ Телма https://arhiva.vistina.com.mk/oskarite-na-25-april-na-tv-telma/ Wed, 14 Apr 2021 11:55:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199045

Во недела, на 25.04. на ТВ Телма, македонските гледачи ќе можат да го проследат 93-то доделување на Оскарите со бројни ѕвезди како презентери, меѓу кои и: Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд, Рис Витерспун, Анџела Басет, Бонг Џун-хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Реџина Кинг, Марли Матлин, Рита Морено и Зендеја. Домаќин на Оскаровската вечер ќе биде Глен Вајс, познат експерт за ваков тип настани, а шоуто ќе биде изведено со помош на режисерот Стивен Содерберг, кој е одговорен за продукцијата. Академијата објави дека 93. церемонија традиционално ќе се одржи во салата Долби во Лос Анџелес, но ќе има вклучувања и од други места. Испратено е писмо до сите номинирани барајќи нивно физичко присуство на церемонијата. „Ќе се обидеме да обезбедиме пријатна и безбедна вечер за сите што ќе бидат физички присутни, како и за милиони љубители на филмот ширум светот“ – соопштија организаторите, додавајќи дека на самото место ќе има брзи тестови за корона вирус. Оваа година, филмот „Менк“ на Дејвид Финчер, во кој глуми Гери Олдман, е  фаворит за Оскар затоа што освои најмногу, односно 10 номинации за престижната филмска награда. https://www.youtube.com/watch?v=Q9IPCxxcsYA&t=10s]]>

Нов телевизиски проект: „Нихао” на ТВ Телма https://arhiva.vistina.com.mk/nov-televiziski-proekt-nihao-na-tv-telma/ Tue, 22 Dec 2020 14:02:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182123

Предновогодишните денови се период на подарување - време, внимание, подароци, убави зборови. Aмбасадата на Народна Република Кина заедно со „Виар продукција” на 27 декември ќе им подари на гледачите минути уживање за една од најстарите, најбогатите и прекрасните култури во светот. Од недела на Телма телевизија во 12.30 часот, гледачите ќе имаат можност да се запознаат со богатата кинеска традиција, архитектура, технологија, вештини, хармонија, филозофија, кинеска кујна, спорт. Ќе имаат можност да ги видат сите бои на Кина, да ги почувствуваат нејзите мириси, звуци, да го почувствуваат вкусот на најубавиот чај на светот.   Eмисијата „Нихао” која на кинески јазик значи „Здраво” ќе има за цел да го покаже вистинското значење на Кина, она што таа му го дала на светот во секој контекст. Се работи за телевизиски проект кој ќе се емитува еднаш на четеринаесет дена со времетраење од половина час. Водител на емисијата е Јулија Цветковска - „Нихао” е проект кој што искрено сакав да ми се случи одамна. Неверојатен предизвик, на кој што целокупниот тим кој што работи, е подготвен да одговори. Пред да почнам да работам на Нихао, знаев многу малку за оваа култура. Сега веќе полека почнувам да се вљубувам во делови од нејзе. Го пробав најубавиот чај, сфатив дека многу полесно поминуваме низ образованието, слушав кинески џез на кој што немам никакви забелешки, веќе имам и омилени кинески рецепти...Но, сè ова сепак е само почеток. Плановите се многу поголеми и пошироки. Авторката на проектот Ивана Дамовска знае како треба да расте и да се развива Нихао, особено што оваа фасцинантна земја и се што таа поседува е голема непознаница за овој дел од светот. А запознавањето со неа е наш предизвик и отворање нова врата за ваши нови искуства. Ве носиме на едно неверојатно патување во сегашноста на Кина, каква што речиси и не ја знаеме. Патувањето го организиравме за Вас. Тимот на „Нихао” е сериозен и броен, во постојана релација и комуникација со новинари, музичари, уметници од Кина. Академијата за музичка уметност од Кина, специјално за емисијата направи музика - современа со компонирани кинески традиционални звуци. Она што може да го вети тимот на „Нихао” е дека во новата година ќе дадат се од себе да ја запознаете Кина – таква каква што е сега- земја на милион можности, земја чија историја ве одушевува, а сегашноста ве фасцинира.   Фотографии:Марина Трајковска]]>

„Бекстејџ“ се сели на „Телма“: Стартува 12-тата сезона, на најгледаниот естраден ТВ магазин (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bekstejdz-se-seli-na-telma-startuva12-tata-sezona-na-najgledaniot-estraden-tv-magazin-video/ Mon, 14 Sep 2020 13:12:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166932

Нова сезона, нови предизвици, нови дружби со познатите... „Бекстејџ“ и официјално ја стартува својата 12-ка на Телма телевизија, а во премиерното издание ќе гледате: Ексклузивно ве носиме на снимањето на вториот дел од филмот „Јужни ветар “ - Време е за „Забрзување“ и ново торнадо предизвикано од протагонистите на ова филмско остварување кое ги сруши сите рекорди на гледаност во регионот! „Бекстејџ“ пранк - Инфлуенсерите и не се толку пребирливи како што се претставуваат - За „ситни пари“ и добра компензација во состојба се да рекламираат се и сешто! Директно од Веспрем, вклучување на ракометарот Дејан Манасков - „На Инстаграм си фатив девојка за сериозно!“ Ви посакуваме добар ден во 16 часот и 15 минути и добра ноќ во 22 часот и 15 минути! „Бекстејџ“ на Телма! Не не пропуштајте! ]]>

Се омажи уште една македонска ТВ водителка: Цеце Трајковска од утринската на Телма го кажа судбоносното „ДА“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-ushte-edna-makedonska-tv-voditelka-cece-trajkovska-od-utrinskata-na-telma-go-kaza-sudbonosnoto-da-foto-video/ Sat, 22 Sep 2018 14:30:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49358

Уште една македонска ТВ водителка „стапна на лудиот камен“.  Половна од понежната половина на квартетот водители на утринската програма на ТВ Телма, атрактивната Цеце Трајковска вчера му го кажа судбоносното „ДА“ на својот доскорешен партнер, сега сопруг, Стојанче Тодосовски.
Свадбената забава необична и модерна, а на неа се разбира главни невестата и малдоженецот - среќни, весели, вљубени, насмеани и разиграни.
Жежок свадбен танц, наместо свадбен валцер. Цеце покажа облечена во едноставен но ултрамодерен свадбен фустан со висок шлиц, покажа дека танчарските квалитети ги има во секој свој чекор, водејќи го младоженецот низ свадбениот танц со сигурност и заводливост... веројатно, како и низ животот! Главни на свадбата покрај останатите гости, колегите на невестата од утринската на Телма: Елена Митева, Марко Марк и Гоце Андреевски.
Ова се првите фотографии кои осамнаа на социјалните мрежи, на кои колегите на младата невеста и посакаа најубави нешта.
Особено Елена која на невестата, а и оваа нејзе си ги шепнаа нештата кои само тие ги знаат и посакуваат, а истите останаа нивна мала тајна.
Безгрижните шепотења на двете колешки ќе се обидеме да ги дознаеме наскоро, а дотогаш...
Среќен брак на Цеце и нејзиниот животен сопатник Стојанче и од редакцијата на Вистина.мк!]]>