ТВ серија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 12 Nov 2022 08:28:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ТВ серија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската актерка Камка Тоциновски во жешка акција: Страсни сцени и одлична глума во втората сезона од хит серијата „Беса 2“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-akterka-kamka-tocinovski-vo-zeshka-akcija-strasni-sceni-i-odlichna-gluma-vo-vtorata-sezona-od-hit-serijata-besa-2-foto-video/ Sat, 12 Nov 2022 08:25:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230662

Македонската публика веќе има можност на една од домашните национални телевизии да ја проследи  втората сезона од серијата „Беса“, која го допира криминалното миље, подземјето и неговата поврзаност со полициските и високите политички структури ширум Балканот. Првата сезона која направи тотален „бум“ и начисто ја распамети публиката започна да се емитува на 16 декември 2018 година. Во неа се појавија околу 200 актери од цела поранешна Југославија, како и странски актери од Албанија, Велика Британија и Франција, и се снимала околу 120 дена, на атрактивни локации низ Балканот. Ако во првата сезона покрај останатата актерска екипа имаше и еден нам добро познат лик, актерот Адриан Азири кого ТВ гледачите го препознаваат како Наим од ТВ серијалот за пансионот „Преспав“, во новите епизоди од „Беса 2“ се појавува и една македонска актерка. Камка Тоциновски, на театарската публкика позната од претставите во „Македонскиот народен театар“, на филмската пак од една од главните улоги во филмот на Милчо Манчевски,  “Врба“, како и улогата во најновиот - „Кајмак“. Сцените од жестоката секс акција на српскиот пејач Реља Поповиќ со македонската актерка Камка Тоциновски од хит серијата „Беса 2“,  уше веднаш по премиерното емитување крена голема прашина и внимание кај публиката, за што пишуваа и српските медиуми. Актерот и пејач Реља го игра телохранителот Лука Јовановиќ, криминалец и дилер на дрога Лука Домац, кого, пак, го игра Милан Мариќ. Една од сцените што дефинитивно ќе ја одбележи оваа сезона и која особено ќе им се допадне на фановите на Реља е онаа во која тој може да се види гол во креветот. Негова партнерка во оваа експлицитна сцена е токму македонската актерка, Камка, која ја игра Ана, сестрата на главниот негативец во серијата. Како што можеше да се види уште во кратката најава, Ана, која од првиот момент ќе му фрли око на телохранителот на Лука, конечно успева да го заведе помладото момче, со кој покрај секс акцијата, ќе има и сериозен разговор. Како реагирала невенчаната сопруга на Реља на овие сцени, пејачката и ќерка на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ, се уште не разбравме, додека Поповиќ  за медиумите изјави дека е воодушевен од серијата и неговата улога во неа. Оние што се добро упатени велат дека нашата актерка покрај еротскиот набој и сиот свој сексапил во сцените со жестоката акција, во серијата маестрално ја одглумила својата улога,  што на Камка Тоциновски може да и го отвори патот за нови остварувања, нови улоги и во некои следни серии од регионот, а и пошироко. ]]>

Ќе се снима филм или ТВ серија за „Ѕвездите на Гранд“? https://arhiva.vistina.com.mk/kje-se-snima-film-ili-tv-serija-za-dzvezdite-na-grand/ Fri, 29 Oct 2021 12:21:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225261

>Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ важат за еден од најскладните брачни двојки на естрадата.Тие се голема поддршка и инспирација еден на друг, а пејачката не крие дека често му дава идеи на партнерот кога е работата во прашање. Иако Поповиќ е „вистински волшебник“ во својата работа, секогаш добро му доаѓаат предлогзите на неговата понежна половина. Со оглед на тоа што жирито на „Ѕвездите на Гранд“ прави вистинско шоу од музичкиот  натпревар на таленти, Сузана му предложи на Саша да сними филм за тој жири состав, каде главни актери всушност ќе бидат пејачите, а не актери. „Му дадов идеја да направи филм или серија за жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и за случувањата на и зад сцената, пред и зад камерите.Но, актери да бидат пејачите, а не актерите да се мешаат во улогите. Му кажав дека кога ќе има време да се посвети, да размисли да напише навистина добро сценарио или да најми добар сценарист.Верувајте, тоа би било најгледаното нешто во земјава“ – изјавила Сузана Јовановиќ за „Гранд онлајн“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Фото: Инстаграм принтскрин/suzana__jovanovic__fp/zvezdegranda
]]>

По Шведска и Норвешка, ТВ серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува и на националните телевизии во Данска и Финска https://arhiva.vistina.com.mk/po-shvedska-i-norveshka-tv-serijata-zoki-poki-kje-se-emituva-i-na-nacionalnite-televizii-vo-danska-i-finska/ Thu, 25 Mar 2021 13:53:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196054

Телевизиската серија „Зоки Поки“ ќе се емитува на националните телевизии „ДР“ во Данска и „ЈЛЕ“ во Финска, соопшти продуцентката куќа „Кино Око“. Претходно, од „Кино Око“ соопштија дека постигнале договор и серијата ќе биде прикажана на националните телевизии „СВТ“ во Шведска и „НРК“ во Норвешка. „Емитувањето на овие четири национални телевизии значи потенцијал за огромна гледаност на „Зоки Поки“. За македонската кинематографија, пак, ова е успех од историско значење. „Зоки Поки“ е единствената македонска серија и воопшто програма од овие простори што се емитувала на јавните сервиси во овие четири земји“ - велат од „Кино Око“. Од дистрибутерот „Видеоплагер“ од Лондон силно веруваат во светскиот потенцијал на серијата, нејзината моќ да го збогати детскиот свет и да ја развие детската имагинација, особено во време кога нивните активности се значително намалени. „Кога Роберт Насков ни ја покажа оваа убава серија, веднаш знаевме дека треба да ја споделиме со светот. Квалитетот на фотографијата, глумата и приказните ѝ даваат филмски квалитет на серијата, што е реткост во детските програми снимани за телевизија. ʻЗоки Покиʼ ќе продолжи да ги поминува меѓународните граници“ - вели Емануеле Галони, извршен директор на „Видеоплагер“. И покрај големиот интернационален успех на серијата, втората сезона на „Зоки Поки“ е во неизвесност, зашто државата се' уште не пројавува интерес за финансирање..]]>

„Клан“: Почнa со емитување на ТВ серијата за убиството на Аркан и растот на „Земунскиот клан“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/klan-pochna-so-emituvanje-na-tv-serijata-za-ubistvoto-na-arkan-i-rastot-na-zemunskiot-klan-video/ Wed, 30 Dec 2020 12:41:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183161

Од перото на прославениот режисер Слободан Скерлиќ и од продуцентската куќа „Светулка“ на крајот на годината пристигна новата серија „Клан“. Главни ликови во серијата се Шок и Паша, кои ги играат младите актери Александар Димитријевиќ и Недим Незировиќ во насловните улоги. Суштината на заговорот носи трагикомични ситуации што ги следат двајцата ситни крадци од белградските предградија, кои по игра на случајноста, ќе се најдат во срцето на високиот криминал, поради бизарни настани. Покрај Димитријевиќ и Незировиќ, во „Клан“ ќе ги гледаме Владимир Ковачевиќ, Ненад Ј.Поповиќ, Младен Совиj, Иван Зариќ, Урош Јовчиќ, Милош Танасковиќ, Милош Петровиќ Тројпец и други.Креатор, режисер и сценарист на серијата „Клан“ е Слободан Скерлиќ, кој е познат по режијата на филмовите „До коске“ и „Топ је био врео“. Директорка на фотографија е Маја Радошевиќ, сценограф е Кирил Спасески, костимограф е Тања Радишиќ, а шминката ја потпишува Дубравка Бушатлија. „Клан“ инспирирана од животот на подземјето во Србија во деведесеттите и почетокот на овој век. Првата епизода почнува со убиството на „Тигар“ во еден хотел во Белград , односно на Жељко Ражнатовиќ - Аркан во хотелот „Интерконтинентал“ во 2000 година. Тоа ќе ги размрда мафијашките кругови во Србија во ситуацијата кога го нема „најголемиот“. Парлалелно ќе го следиме патот на двајцата на почеток ситни криминалци Шок и Паша, кои во вистинскиот живот беа „Шиптар“ и „Кум, водачите на „Земунскиот клан“. Погледнете го трејлерот за серијата: https://www.youtube.com/watch?v=v9PLnr09uAk&feature=emb_logo]]>

Почина уште еден познат српски глумец: Неговиот колега и најдобар пријател со драматични зборови се прости од него (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-ushte-eden-poznat-srpski-glumec-negoviot-kolega-i-najdobar-prijatel-so-dramatichni-zborovi-se-prosti-od-nego-video/ Thu, 12 Nov 2020 12:40:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175860

Српскиот актер Мирко Бабиќ почина на 72-годишна возраст, а тажната вест ја објави неговиот колега, актерот и режисер Радош Бајиќ. „Осамна тежок, тажен и многу мрачен ден. Србија остана без уште еден голем човек. Мојот брат, одличен актер и верен пријател, шампион во драмата на Националниот театар „Јоаким Вујиќ“ во Крагуевац, шампион на добрина, благородност и убавина... Нашиот драг Мирко... Не знам дали беше поголем и подобар уметник или човек? Јас би рекол - тој беше обете... Уникатен, грандиозен и неповторлив... Не лути се... и почивај во мир, драг мој Драгојло...“ - беа зборовите со кои актерот се прости од својот колегата и неразделен пријател.  Она по што Мирко Бабиќ беше познат кај широките народни маси е секако улогата во серијата „Село гори, а баба се чешла“, во која Мирко ја толкуваше улогата на Драгојло. Покрај таа улога, Мирко Бабиќ има забележителни улоги во бројни телевизиски серии и филмови од почетокот на својата кариера. Некои од филмовите и сериите во кои играше се: „Пристигнување пред зори“, „Жежок ветер“ (улога на извршител),  „Д-р“ од 1984 година (улога на д-р Милорад Цвијовиќ), „Крајот на династијата Обреновиќ“ (улогата на мајорот Милосав Живановиќ), „Мојот братучед од селото“ (улогата на Марко), „Равна гора“ (улогата на Обрад) и многу други. https://www.youtube.com/watch?v=UyczelbGuAc&feature=emb_logo]]>

„(Не)пријател“ е новата ТВ серија во продукција на „Солза и смеа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-prijatel-e-novata-tv-serija-vo-produkcija-na-solza-i-smea-video/ Sat, 19 Sep 2020 12:38:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167248

Објавен е официјалниот трејлер како најава за новата телевизиска серија на „Солза и Смеа“, насловена „Непријател“. Серијата е снимена во Битола и битолско, а се состои од 11 епизодни изданија. Во приказната се раскажува за еден крадец, кој влегува во куќа на познат политичар, каде од неговиот дом ќе укради експлицитни снимки. Во „Непријател“ покрај стандардната екипа на театарот „Солза и Смеа“ се појавуваат и некои од постарите членови, голем број на актери од Народниот театар во Битола, како и неколку јавни фаци од битолската сцена. Серијата е во завршна фаза и се очекува да почне со емитување наредниот месец на национална телевизија. Режијата е на Александар Димитровски, директор на фотографија е Александар Котевски, сценаристи се Никола Трагачевски и Александар Котевски а за музика и тон беше задолжен Мими Марковски. Дотогаш, погледнете дел од сцените кои се објавени во трејлерот. ]]>

Детската ТВ-серија „Зоки Поки“ работена според најпознатата книга на Оливера Николова тргна на МРТ https://arhiva.vistina.com.mk/tv-serijata-zoki-poki-rabotena-spored-najpoznatata-kniga-na-olivera-nikolova-trgna-na-mrt/ Tue, 05 May 2020 12:21:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148060

Телевизиската серијата „Зоки Поки“ започна со емитување од понеделник, 4 мај, на Македонската радио-телевизија (МРТ). Серијата е работена според најпознатата лектира и книга на македонската писателка Оливера Николова. Вкупно ќе се емитуваат десет епизоди од ТВ-серијата, секој понеделник и четврток во 20: 15 часот, а по емитувањето на МРТ, наредниот ден епизодите ќе бидат достапни и на веб-страницата зокипоки.мк и на официјалниот Јутјуб канал. Главните ликови ги оживуваат: Матеј Настевски ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков го глуми Гоки. Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба. Модерната екранизација на култната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на „Кино око“, во копродукција со Македонската радио-телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Главен продуцент е Роберт Насков. Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска, а режисери на епизоди се и Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата ги пишуваа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска. Десетте епизоди од првата сезона обработуваат внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации. Серијата се снимаше лани во август и септември на повеќе локации во Скопје. Директор на фотографија е Кристијан Војдановски, сценограф е Иван Бартлинг, костимите се на Жаклина Крстевска, композитор на музиката е Александар Пејовски, а на песните Александар Митевски. Монтажата е на Атанас Георгиев, Благоја Неделковски, Драган Алексов и Софија Самоиловска.]]>

На 4. мај на МРТ: Стартува детската ТВ серија „Зоки – Поки“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-4-maj-na-mrt-startuva-detskata-tv-serija-zoki-poki/ Mon, 13 Apr 2020 12:57:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144738

ТВ серијата „Зоки Поки“ започнува со емитување во понеделник, 4 мај 2020 година на Македонската радио телевизија. Десетте епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, наредниот ден, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал. Пред официјалниот почеток на емитувањето, екипата на „Зоки Поки“ споделува симпатично видео за запознавање со децата-актери кои ги толкуваат главните улоги. Во видеото, Матеј Настевски, кој ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска, која ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков, кој го глуми Гоки, зборуваат за искуството со снимањето на серијата, кое го опишуваат како „фантастично“ и „возбудливо“. Исто така, откриваат дали планираат да продолжат да се занимаваат со глума, зборуваат за најсмешните и најтажните моменти на сет и споделуваат детали како кој најмногу ја сака Лидија, која им била омилената локација за снимање и која им е омилената приказна од книгата. Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба. Модерната екранизација на култната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=AH90LQdUfus&feature=emb_logo Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска, а режисери на епизоди се и Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата ги пишуваа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска, директор на фотографија е Кристијан Војдановски, сценограф Иван Бартлинг, шминка Жанета Димитриевска, дизајн на тон Ристо Алчинов, монтажери Атанас Георгиев, Благоја Неделковски, Софија Самоиловска и Драган Алексов, додека за костимите се погрижи Жаклина Крстевска. Музиката ја компонираше Александар Пејовски, песните Александар Митевски, а музиката за најавната шпица Игор Василев-Новоградска. Десетте епизоди од првата сезона обработуваат внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации. Екипата на серијата се одлучила за екранизација токму на „Зоки Поки“ поради неговата релевантност за многу различни генерации и со цел збогатување на домашната ТВ програма за деца. Со желба за враќање на вредностите кои полека исчезнуваат, екипата создаде ТВ проект кој ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното „брзо“ време, но и на родителите со кои се надеваме заеднички ќе поминат квалитетно време со своите деца пред ТВ екраните.
Денешниот Зоки Поки е соодветен на времето во кое живееме по форма и естетика, но вредностите и пораките од книгата проткаени низ неговите авантури ќе останат чисти и недопрени, со надеж дека ќе успеат да го пронајдат патот до срцата и на генерациите што доаѓаат, вели Насков.