ТВ пазач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Nov 2023 23:37:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ТВ пазач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Водителката на утринската програма се соочи со сексуален ТВ воајер: Вера Мештеровиќ доби непристоен предлог среде жива програма (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-na-utrinskata-programa-se-soochi-so-seksualen-tv-voajer-vera-meshterovik-dobi-nepristoen-predlog-srede-zhiva-programa-video/ Sat, 11 Nov 2023 08:15:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320513

Водителската професија навидум колку да изгледа лесна и забавна, бројни примери покажуваат дека не е баш така. Пред камерите не може и не умее баш секој, а оние што се од другата страна на ТВ екраните пак, нивното величество ТВ гледачите најдобро знаат да изберат кому ќе му го посветат своето време и внимание додека се пред телевизорот. Но дека меѓу сите нас се кријат различни типови со чудни желби, барања и фетиши, најдобро говори последниот случај, кој не е ниту единствен, ниту осамен, туку е само последен во низата „непристојни предлози“ кои им се случиле на познатите ТВ водителки. Особено ако сте убава, атрактивна и привлечна како водителката на утринската програма на Канал 5, некогашната македонска мисица Вера Мештеровиќ. „Здраво Македонијо“ е програма во живо, а вклучувањето на гледачите во разговор  со водителот или коментар на одредена тема е вообичаена работа... Се' додека не ви се случи невообичаена ситуација како на долгоногата водителка. Имено при едно неодамнешно вклучување на гледачите во едно навидум вообичаено утро водителката се соочи со сексуален ТВ воајер... Откако најкултурно и најпристојно го вклучи во живо во програма, „напалениот гледач“ добил наплив на возбуда, па „ни срам, ни перде“, побара од водителката да му исполни чудна желба... Или поточно, Вера Мештеровиќ од него доби непристоен предлог среде жива програма! Од режијата не ја процениле ситиуацијата со кого си имаат работа од другата страна на линијата и не изреагирале на време, па водителката ја ставија „во небрано“, самата да се брани од „сексуалните апетити“ на ТВ воајерот. За среќа Вера иако не е долги години пред камерите, сепак исто како да е, како прекален професионалец најкултурно изреагира и се снајде во крајно непријатната ситуација за неа. Како сето тоа изгледаше, односно „возбудениот ТВ пазач“ каква „срамна желба“  посака  да му исполни водителката, погледнете од видеото  кое Шило магазин го сподели на социјалните мрежи. Фото: Инстаграм/veramesterovic]]>