ТВ етер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Jun 2019 08:25:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ТВ етер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тие се раритет во македонскиот ТВ етер: Александра и Елена – две сестри на различни телевизии (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tie-se-raritet-vo-makedonskiot-tv-eter-aleksandra-i-elena-dve-sestri-na-razlichni-televizii-foto/ Wed, 05 Jun 2019 08:19:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91274

Не  е непознато во македонските медиуми, особено на телевизиите да работат роднини. Најчесто родители и деца, кои некако природно ја наследуваат професијата, потоа брачни сопружници, од кои  некои дури и таму се запознале, вљубиле и земале, па во ретки случаи и цели семејства како во случајот на Славица Цаци Арсова (Сител), која нејзиниот сопруг, новинарот Александар Спасовски и ја побара јавно преку медиумот за сопруга, а во исто време нејзината мајка Розета Арсова е позната ТВ спикерка и новинар во Образовната програма на МТВ, додека нејзиниот татко Владо со години еден од главните инженери во јавниот сервис.
Овие две дами пак, однеодамна се во телевизискиот бизнис, ако во Македонија воопшто новинарство е бизнис. Нејсе, тие во моментов се раритет во македонскиот ТВ етер. Александра и Елена - две сестри кои се појавуваат на различни национални телевизии.
Обете згодни, стројни, шармантни... на прв поглед слични, а сепак различни. Едната русокоса, другата црнка.
Александра е дел од екипата која ја работи магазинската програма на ТВ Алфа, наречена Алфа Скоп.
Гости во живо и снимени содржини во вид на прилози од различни области: културата, модата, спортот, музиката, естрадата, животот... кој со полни гради и го живее, дружејќи се и со колегите и со пријателите и другар(к)ите, но и со својата сестра Елена со која се особено блиски.
Елена пак, е ептен тазе на ТВ екраните. Доколку сакате да дознете какво ќе биде утре времето или пак во текот на следните неколку дена, погледнете ја нејзината временска прогноза. Таа е презентер на истата на националната ТВ Телма.
Само кога ја гледате, погледнете ја внимателно... прогнозата, секако, за да ја запаметите. Зашто, како изгледа атрактивната презентерка, лесно може да се загледате во неа и да заборавите утре да понесете чадор оти ќе врне!  До душа, вас секако ќе ве огрее сонце!
Покрај тоа што е ТВ лице, Елена е комплетно реализирана жена, сопруга и мајка. Патем и спортски тип. Фитнесот, пилатесот, рекреацијата и прошетките во природа и се исто така неизоставен дел од животот.
Освен што работат (речиси) иста работа, сестрите се и исклучително блиски меѓу себе , па затоа и често се заедно и се дужат! Последната спортска еуфорија и радост за европската ракометна титула на РК Вардар беше само уште еден повод за нивната заедничка дружба!
За среќа, работат на различни телевизии, а и термините им се различни, така што... можете да ја гледате едната, без да ја испуштите другата... И нивната програма или прогноза, секако!  ]]>