ТВ 24 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 13:05:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ТВ 24 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Патот до успехот“ на Мишко Иванов заврши со негово заминување… или „изнуден отказ“ од ТВ 24?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/patot-do-uspehot-na-mishko-ivanov-zavrshi-so-negovo-zaminuvane-ili-iznuden-otkaz-od-tv-24-foto/ Mon, 11 Mar 2024 10:25:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341863

Мишко Иванов беше долгогодишен новинар и една од ударните перјаници во „ТВ 24“! Еден од главните ликови на вестите но и  автор и водител на серијалот на “Патот до успехот”, каде правеше интервјуа за животните приказни на познатите фаци и јавни личности  не само од Македонијам туку и  од целиот регион! И кога по речиси 12 години верност се очекуваше напредок, можеби повеќе од она што беше, Иванов одненадеж како „гром од ведро небо“ ја информираше и шокираше јавноста  дека се повлекува од телевизијата. Роден штипјанец, како и основачот на ТВ 24 и кабловскиот оператор Телекабел, Роберт Димитров, па многумина уште со  првото појавување на Мишко Иванов на телевизијата, прокомнтираа дека е во прашање „штипска врска“. По 12-ина години  Иванов ја напушта ТВ 24. Самиот по своја волја си заминува или е во прашање „изнуден отказ“, е друго прашање?! Како и да е, очигледно се работи за  некакво недоразбирање помеѓу сопственичката структура и новинарот,  па  „патот до успехот“ на Мишко Иванов заврши со заминување од ТВ 24! За потсетување кон крајот на јануари годинава, дојде до промена на сопственичката структура на 24 Вести, откако скопјанецот Зоран Киш, инаку поранешен директор на кабелскиот оператор „Телекабел“ преку фирма регистрирана во Србија е новиот сопственик на телевизијата. Тој, лани во септември ја основал фирмата „Комнет 328“ во Белград, со дејност „производство и емитување телевизиска програма“. Телевизијата неодамна доби и нов главен и одговорен уредник, па така на местото на Анета Додевска, беше назначена Мирјана Трпчевска. Одлуката за ваков радикален чекор Мишко Иванов ја обзнанил и на својот Фејсбук профил каде срамежливо ги наговестил причините... Финансиски, политички или обете, знае само тој самиот кога ги споменува „новите ветришта“ и самиот тој на таа „ветрометина“! Како и тоа каде ќе ја продолжи својата новинарско-водителска кариера. Она што е сигурно дека повеќе не е дел од ТВ 24, но и дека од професијата, во која пред многу години почна како музички новинар во штипското радио со национална фреквенција Канал 77  - не се откажува. Еве што споделил Иванов на својот Фејсбук:
КРАЈ НА ЕДНА ЕПОХА ОД МОЈОТ ПРОФЕСИОНАЛЕН ЖИВОТ!
Драги мои пријатели
Сакам да ве информирам дека мојата приказна со ТВ 24 заврши денеска, и официјално. Се разделивме спогодбено.
Прво, сакам да ја искористам приликата да се заблагодарам на менаџментот на ТВ 24 за дадената можност да бидам дел од тим со кој изминативе скоро 12 години (од септември 2012) успеавме да ја етаблираме телевизијата во вистински бренд и да ја направиме вистинска граѓанска телевизија.
Сакам да им се заблагодарам на сите колеги од уредници, репортери, момтажери, сниматели, камермани, организатори, реализатори, на оние кои беа и кои се во ТВ 24 за се што поминавме заедно и во добро и во лошо.
Благодарам.
Овие 12 години горд сум на Патот до успехот, на Студио 10, на дневниците кои ги уредував, за тоа впрочем говорат и наградите.
Но, сепак најголемата и најдрага награда ми е подршката од вас почитувани мои гледачи.
Е сега, тргнувајќи од пораката - Во Македонија се ќе ти простат, но успех никако, веројатно тука некаде ќе треба да бараме некакви причини.
Почнаа да дуваат некои нови чудни ветришта, во кои едноставно не се разбравме, дополнително што влегуваме во предизборен период. И како велат, време е да се прекине нешто, кога е најубаво.
Драги мои
Време е за нови предизвици. За многу скоро повторно ќе се дружиме. Одиме уште посилно.
… До успехот со Мишко Иванов, не смее да прекине. Едноставно тоа е најдоброто нешто кое ми се има случено мене, на вас, на сите во ова време невреме. И затоа мора да продолжи.
Бидете живи и здрави. Се гледаме наскоро.
Со почит Мишко Иванов.
 Фото: Фејсбук/Инстаграм/patotdouspehot_miskoivanov
]]>

Ќе решава судски спор со… „медитација“: Кој „и го смести“ на новинарката на вестите на „ТВ 24“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kje-reshava-sudski-spor-so-meditacija-koj-i-go-smesti-na-novinarkata-na-vestite-na-tv-24-video/ Mon, 28 Oct 2019 08:28:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114741

Алтернативата изгледа дека е во мода. Сме слушнале за алтернативна уметност, за алтернативна музичка сцена, алтернативна медицина... а деновиве на вестите на „ТВ24“ не потсети дека имало и алтернативно судство. Или поточно алтернатитивен пристап во решавањето на судските спорови. Новинарката и водител на вестите на „ТВ 24“, Анита Додевска егзактно им објасни на гледачите како се решава судски спор со „медитација“!!! Ако имаш судски спор, само ќе си седнеш со прекрстени нозе, се опушташ, кулираш, паѓаш у екстаза, физичкото и духовното ги доведуваш во хармонија и проблемот сам исчезнува. Или што би рекле додека си во „состојба во која не мислиш на ништо, како што ја нарекуваат медитацијата, спорот сам се решил!? Кој не би сакал да е така, ама не е... А не е, зашто решавање на судски спор  со „МЕДИТАЦИЈА“ , како што тврди новинарката - не постои! Постои МЕДИЈАЦИЈА или посредување, ама тоа е нешто сосема друго! А новинарката на вестите на „ТВ 24“ упорно, неколку пати во прилогот „медијацијата“ ја замени со „медитација“... Грешки се случуваат, ама кај „24“-творка некако зачестија. Само да ве потесетиме на она, кога неодамна презентерката Сања Почивалец, најавената лидерска средба ја нарече „педе*ска“ средба на истите вести!? Ниту тогаш ниту сега не дознавме дали се работи за личен „лапсус“ на презентерско-новинарската двојка или некој намерно „и го смести“ тогаш на презентерката, а сега на новинарката од вестите на „ТВ 24“? ]]>

„Флексија“ со Јулија Цветковска: Затоа што само промената е константна… https://arhiva.vistina.com.mk/fleksija-so-julija-cvetkovska-zatoa-shto-samo-promenata-e-konstantna/ Tue, 08 Oct 2019 10:36:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111465

Во недела на 13 октомври, во 20 часот и 45 минути на програмата на телевизија 24 стартува нов телевизиски проект Флексија. Станува збор за социјална, општествена, информативна, забавна емисија која има за цел да инспирира и да мотивира. Низ приказните на познати и непознати ликови од македонското општество, Јулија Цветковска како автор и водител и Ивана Дамовска во улогата на новинар, ќе се обидат на публиката да им ги доближат промените кои што секому може да му се случат. Крајната цел на емисијата е низ споделување на тага, среќа, болка, радост...научиме дека сите сме исти, без оглед на позицијата, функцијата, положбата во општеството, финансиската положба. Да покажеме дека кога е болест во прашање, сите семејства поминуваат низ исти болнички лавиринти, кога умира партнерот болката е иста за оној кој што останува. Кога се раѓа дете сите исто се радуваме. Но ако одлучиме погласно, поотворено, поискрено да споделуваме низ што поминуваме, тогаш за сите нас ќе биде полесно. Во најмала рака ќе знаеме дека не сме сами. "Флексија е проект во кој нема ништо ексклузивно, шокантно, скандалозно, за првпат... Флексија е проект во кој што приказните се вистински. Луѓето се такви какви што се. Не разубавуваме приказни само раскажуваме. Споделуваме моменти кои што секој еден од нас во некој дел од животот ги доживеал или допрва ќе ги доживее. Во Флексија приказни раскажуваат актери, новинари, пејачи, но и самохрани мајки, жртви на семејно насилство, монаси. Флексија е простор за сечија промена која што може на момент да ве растажи но веќе во следниот да ве мотивира затоа секогаш доаѓа нов ден"  - велат од тимот на Флексија. "Ќе имате можност и сами да видите во некои од нашите епизоди, ќе слушнете од нашите соговорници дека сите се сложуваме околу едно нешто. Живееме во општество затапено од политика, општество во кое политичарите се ѕвезди, општество во кое покрај многу други нешта како ред, чист воздух, инфраструктура, економија, најмногу од се недостига малку повеќе општа култура. Општество во кое сите се грижиме за тоа што јадеме но не и за тоа што дишеме, гледаме и слушаме. Одлучивме заедно со промените на ликовите кои што ќе бидат дел од овој проект, најдеме начин да мотивираме. Да најдеме начин повторно да ги гледаме и слушаме работите кои што години наназад ги пропуштаме. Да ги слушаме луѓето и нивните приказни. Приказните кои што во Флексија им се случуваат на дизајнери и актери но во секојдневното живеење им се случува на нашите пријатели, соседи, фамилијата" - изјава Јулија Цветковска автор и водител на Флексија. Дел од соговорноците на Флексија се луѓе кои што се соочиле со карцином, ин витро процедури, губење на работно место, промена на место на живеење, смрт на партнер, развод, сообраќајна несреќа...и многу други промени кои можеби им го промениле животот од корен, но продолжиле да го живеат. Од друга страна, соговорници се и ликови кои што сами покренале акции и иницијативи кои што менуваат гледишта и кои што директно посочуваат на колку нивоа не функционира системот. Но тие функционираат. Јована Филиповиќ и нејзината борба со карцином на матка е првата промена која што ќе ве натера да размислите: Живеете ли онака како што навистина сакате? Се смеете ли доволно? Зборувате ли гласно? Треба ли да ви се случи болест за да сфатите дека животот е убав и е еден? Одговорите на овие прашања, во недела во 20 часот и 45 минути на ТВ 24.  ]]>

„Улица Македонија“ се сели на ТВ 24 – прв гостин Даниел Кајмакоски https://arhiva.vistina.com.mk/ulica-makedonija-se-seli-na-tv-24-prv-gostin-daniel-kajmakoski/ Thu, 01 Mar 2018 18:08:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14515

Официјално, емисијата „Улица Македонија“  се сели на ТВ 24, во нов термин, сабота во 14:35 часот , и како што е редот продолжуваме во ист стил, со одбрани гости. Оваа недела низ „Улица Македонија“ ќе се прошета  Даниел Кајмакоски, момчето со Х - фактор во себе, кое го освои целиот Балкан... Едноставен, скромен, искрен, а толку талентиран!
Не пропуштајте да уживате во неговата приватна и професионална животна приказна низ која по „Улица Македонија“ ќе ве води Вашата ТВ домаќинка, Бојана Скендеровски!
Сабота, 03 март, 2018, во 14:35 минути премиерно на ТВ 24... „Улица Македонија“. https://www.youtube.com/watch?v=yS8oTC6qtKQ&feature=share]]>