турнир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Jul 2023 10:45:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png турнир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стартува меморијалниот турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“: Глуво(вуд) подготвен за 45-дневниот фудбалско-естраден спектакл https://arhiva.vistina.com.mk/startuva-memorijalniot-turnir-lubomir-rajchevski-rajche-gluvo-vud-podgotven-za-45-dnevniot-fudbalsko-estraden-spektakl/ Fri, 14 Jul 2023 10:45:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310317

Во село Глуво, општина Чучер Сандево ќе се одржува еден од најголемите турнири во мал-фудбал. Во чест на легендарниот вардаров фудбалер „Љубомир Рајчевски – Рајче“, по 17-ти пат во ова скопско село, се организира меморијалниот турнир. Љубителите на фудбалската игра ќе може да уживаат и богатата забавно-естрадна програма која ќе биде дел од 45-дневното дружење. На турнирот ќе учествуваат 24 екипи поделени во 4 групи, а ќе бидат одиграни без малку 150 натпревари. Почнувајќи од вечерва (петок – 14 јули) од 20 часот, ќе се играат четири натпревари во ден. Само двете последно пласирани нема да обезбедат пласман во разигрувањето односно осминафиналето. Организациониот одбор, се погрижи да обезбеди и одличен награден фонд за трите првопласирани екипи во вкупна вредност од 300.000 денари. Како што самите мештани велат GLUVO-WOOD“  е подготвен, дојдете да се забавувавме. ]]>

Снаата му забележа на свекорот: Јелена Ѓоковиќ лута на таткото на Ноле https://arhiva.vistina.com.mk/snaata-mu-zabelezha-na-svekorot-jelena-gokovik-luta-na-tatkoto-na-nole/ Fri, 27 Jan 2023 12:20:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286193

Таткото на Новак Ѓоковиќ повторно се најде во центарот на вниманието откако организаторите на Австралија опен му го фукосираа вниманието на политиката на престижниот турнир „несоодветни знамиња и симболи“. Во оваа прилика Срѓан се огласи и официјално. „Тука сум само за да го поддржам мојот син, немав намера да предизвикувам такви наслови и немири. Бев надвор со навивачите на Новак, како и по сите натпревари на мојот син, за да ја прославам победата и да се сликам со нив. Немав намера да се мешам во сето ова. Моето семејство го преживеа ужасот на војната и сакаме само мир. За да нема мешање во полуфиналето за мојот син или некој друг играч, избрав да го гледам натпреварот од дома. Сакам одличен натпревар и ќе навивам за мојот син, како и секогаш“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Srdjan Djoković (@srdjandjokovic_)

Гестот на Срѓан не му се допадна на Тенискиот сојуз на Австралија, а ако се вратиме во не така далечното минато, на една непромислена изјава бурно реагираше и неговата снаа Јелена. Како што пренесува Story.hr, таткото на Новак Ѓоковиќ за време на телевизиско гостување изјавил дека таа и нејзиниот сопруг и нивното семејство наскоро планираат да се преселат во Србија, што на Јелена не и се допаднало. - Новак ужива во Белград и едвај чека да дојде. Овде поминува малку време, но за уште една година или две ќе биде жител на својот град и на својата земја - изјави Срѓан во емисијата „Српски свет“. После тоа можеше да се слушне како Јелена му се жали на таа изјава на Новак, кој наводно се согласил со неа. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Момент преполн емоции: Фотографијата кога Тара Ѓоковиќ истрча на терен кај својот татко го обиколи светот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/moment-prepoln-emocii-fotografijata-koga-tara-gjokovikj-istrcha-na-teren-kaj-svojot-tatko-go-obikoli-svetot-foto/ Thu, 17 Nov 2022 10:47:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276252

Новак Ѓоковиќ настапува на завршниот Мастерс турнир во Торино, но - не е сам. Друштво му прави целото семејство. Видовме како неговата сопруга Јелена будно го следи секој натпревар, а во италијанскиот град деновиве се и нивните деца Стефан и Тара. Всушност, тие двајца постојано се покрај тато. Не го пуштаат да мирува ниту на тренинзите, каде на паузите игра со ќерката, додека Стефан ја користи приликата да стави неколку топки преку мрежата. И додека Ноле се подготвува за дуелите, Јелена и децата шетаат низ градот и се сликаат покрај неговите постери. Гардеробата е прилагодена на временските услови, а за долги прошетки најдобра опција се патиките. фото:Getty Images/Twitter/Instagram]]>

Спортско радио 90.3 ФМ го носи Новак Ѓоковиќ во Скопје? https://arhiva.vistina.com.mk/sportsko-radio-90-3-fm-go-nosi-novak-gjokovikj-doagja-vo-skopje/ Sun, 02 Oct 2022 07:27:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269613

Спортско радио 90.3 фм следниот викенд (7-9 октомври) во Скопје ќе ја собере балканската фудбалска елита како дел од големиот ЈУБИЛЕЈ – 30 години „Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија“. Турнирот и оваа година ќе биде несекојдневен спортско-забавен настан со учество на некогашните ведети на фудбалската сцена во поранешна Југославија меѓу кои и репрезентациите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Во секоја од селекциите ќе бидат дел од некогашните големи имиња на екс-ју фудбалот, „засилени“ со по некоја естрадна ѕвезда од регионот. Деновиве траат завршните подготовки и во репрезентацијата на Србија, каде покрај Клинчарски, Саво Милошевиќ и останатите легенди на српскиот фудбал, меѓу ѕвездите на тимот е најавена и големата тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ. Некогашниот светски рекет бр. 1 најавил дека сака да биде дел од тимот на Србија во Скопје, но, сепак, прво треба да ги усогласи своите обврски со настапите на тениските турнири. Во текот на следната недела останува да се почека неговата дефинитивна одлука дали за првпат ќе пристигне во Македонија и ќе биде дел од настанот со кој Спортското радио 90.3 фм ќе го одбележи овој јубилеј – 30 години „Турнир на медиумите во мал фудбал“.]]>

Емотивен крај на големата краиера: Федерер во солзи се прости од тенисот, Мирка и децата истрчаа на теренот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/emotiven-kraj-na-golemata-kraiera-federer-vo-solzi-se-prosti-od-tenisot-mirka-i-decata-istrchaa-na-terenot-foto/ Tue, 27 Sep 2022 10:25:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268835

Роџер Федерер го одигра својот последен натпревар. И тоа во високото друштво. На збогувањето присуствуваа сите кои владееја со светот на тенисот во последните децении, а кога еден од најголемите играчи во историјата ќе се збогува со рекетот, тогаш солзите и цел огномет од емоции се во ред. Аплаузите наизменично се менуваа со смеа на натпреварот во лондонската сала, но бодовите беа во втор план. Впрочем, Лејвер Купот е егзибициски турнир. Сепак, овогодинешното издание е посебно и за него и долго ќе се зборува. Неколку секунди по постигнувањето на последниот поен во својата повеќе од успешна кариера, Роџер Федерер се расплака. Плачеа сите присутни, и луѓето од публиката и колегите на Федерер. Во тој момент на терен слезе и неговата сопруга Мирка да го утеши. Додека славниот Швајцарец седеше до Рафаел Надал и плачеше со него, емоциите го обзедоа и Новак Ѓоковиќ потпрен на столот на Роџер. Потоа следеа прегратките... Тројцата господа, тројцата најголеми ривали, покажаа колку се почитуваат, но и зошто тенисот се нарекува бел спорт. фото:Getty Images]]>

Тијана Милентијевиќ во Скопска Црна Гора дочекана како вистинска „жена од султана“, а пејачката покажа дека има и глас и стас, ама и душа широка (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-milentijevikj-vo-skopska-crna-gora-dochekana-kako-vistinska-zena-od-sultana-a-pejachkata-pokaza-deka-ima-i-glas-i-stas-ama-i-dusha-shiroka-video/ Mon, 15 Aug 2022 11:55:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262652

Вчеравечер,  14. август 2022 година (недела)  се одржа завршната вечер на која  се одигра големото финале, на кое беа прогласени победниците и доделени наградите на најдобрите на шестнаесетиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ во с. Глуво, на падините на Скопска Црна Гора. Настанот кој е е под генерално покровителство на општината Чучер Сандево, како и на граѓаните на село Глуво и овој пат беше настан за локалното население, но и за многумина кои дојдоа да уживаат во фудбалските мајстории и естрадно-музичкиот  дел на програмата, па не само трибините на фудбалското игралиште, туку и целиот околен простор беше преполн со публика. Имено, покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактар, така што секој турнир завршува со естрадно-музички настан, односно концертен настап на познати естрадни ѕвезди од регионот. Така, годинава  по завршувањето на спортскиот дел на финалната вечер, специјална гостинка беше уште една мегапопуларна српска и регионална фолк ѕвезда, атактивната пејачка Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“, која  го увеличи големото финале и повеќе од два часа ја забавува публиката со својот  концертен настап. Организаторот и мештаните и овој пат се покажаа како повеќе од добри домаќини, а и атрактивната гостинка не само што им возврати со одличен настап, туку со полно срце  покажа дека  има и глас и стас, ама и широка душа! Имено, во часовите додека се одвиваше финалниот натпревар на турнирот, надалеку прочуениот етно-ресторан „Рибилимус“ ја угости пејачката и нејзиниот музичко-менаџерски тим. Тијана Милентијевиќ во Скопска Црна Гора беше дочекана како вистинска „жена од султана“. Специјално подготвената софра од разновидни домашни специјалитети зачинета со името на пејачката направено од букви од тазе месено домашно лепче во фурна. Гест и глетка што никаде ги нема ја воодушевија пејачката која не можеше да ги сокрие изненадувањето и задоволството од несокојдневното и необично топло гостопримство. Додека Тијана М. и нејзината екипа се гостеа со специјалитетите на куќата, сопственикот на ресторанот ја раскажа приказната за настанокот и декорот од разни семејни етно реликвии во локалот, кои потекнуваат од неговите предци и секоја од нив има свое значење, свое потекло, своја приказна... Во меѓувреме музиката ја следеше со соодветни песни атмосферата, а пејачката во еден момент погодена од песната, но и од целокупниот амбиент покажа дека има не само глас и стас, туку и широко срце и душа. Имено, Тијана стана, од паричникот извади евро-банкнота и пријде до колегата музичар кој таа вечер свиреше и пееше во локалот, па го почести со богат бакшиш. Гест кој на ретко која музичка ѕвезда и се случува, зашто тие се оние кои го собираат бакшишот, а Тијана е една од ретките која знае и да го подели... Очигледно Тијана М. знае како и колку тешко естрадниот леб  се заработува, па не жалеше да одвои од себе за колегата. Подоцна уште еднаш истото го стори и еден од музичарите од нејзината придружба, а позитивната атмосфера од  дружбата пред настапот, се пренесе и на самиот настап на пејачката. Тијана М.  и нејзината музичка придружба дадоа се' од себе финалето на меморијалниот фудбалски турнир да го увеличаат со одлична забава до доцна во ноќта, а домаќините уште еднаш покажаа колку е нивното гостопримство срдечно и големо. Фото и видео: Вистина.ком.мк/Приватна архива  ]]>

Даниел Кајмакоски и Новак Ѓоковиќ во паника: Белградската дружба на тениските асови и естрадата на „забавата за која светот зборува“, заврши со Ковид 19 (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-kajmakoski-i-novak-gjokovikj-vo-panika-belgradskata-druzba-na-teniskite-asovi-i-estradata-na-zabavata-za-koja-svetot-zboruva-zavrshi-so-kovid-19-foto/ Mon, 22 Jun 2020 09:10:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154901

Минатата недела Новак Ѓоковиќ беше домаќин во Белград на неколку светски тениски асови, со кои покрај настапите на турнирот „Адрија тур“, имале и луд и незаборавен ноќен провод во српската престолнина. Во еден од најелитните белградски ноќни клубови во кој Ноле и колегите и негови пријатели, тениските ѕвезди Григор Димитров и Александер Зверев биле гости, свој музички персформанс имал и нашиот Даниел Кајмакоски, кој по завршувањето на вечерта се запознал со тениските асови по што сите заеднозасилени со женско друштво, продолжиле да се дружат, а Кајмакоски сподели и фотографија на својот Инстаграм покрај која напишал:  „Забавата за која светот зборува… Mи беше чест да настапам  за овие момчиња“ – осамна во пораката.   https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/daniel-kajmakoski-vo-drushtvo-na-novak-gjokovikj-svetska-teniska-elita-i-damata-od-reklamata-za-vibratori-foto-video/ Но, само неколку дена подоцна во светската спортска јавност одекна веста дека токму бугарскиот тениски ас Григор Димитров е заразен со коранавирусот, по што беа одложени неколку натпревари, меѓу кои и финалето на тенискиот турнир. Сега заразата со Ковид 19 се проширила и на уште тројца тенисери кои учествувале на Адрија тур, а еден од нив е Борна Ќориќ. Ќориќ во изминатите денови  интензивно се дружел со колегата, играле заедно и кошарка, а позитивен на коронавирус е и уште еден член од тимот на бугарскиот тенисер, кондициониот тренер на Димитров. Така, сега сите што биле во блиското опкружување и непосреден контакт со Димитров, меѓу кои секако и Новак Ѓоковиќ и Даниел Кајмакоски се во паника од заразата, па се очекуваат и нивните резултати од корона тестовите.
Останува само нејасно од каде почнал кластерот, дали Димитров го донел вирусот или и самиот се заразил при посетата на Белград и лудите ноќни журки или пак го добил од некој друг тенисер, учесник на тенискиот турнир „Адриа тур“? Како што може да се прочита во коментарите под фотографијата која ја споделил заразениот Димитров, поединци вината ја лоцраат кај домаќинот, па оправдано или не, прстот го впериле во Ѓоковиќ!    ]]>

„3х3“ баскет турнир и многу забава на едно место https://arhiva.vistina.com.mk/3h3-basket-turnir-i-mnogu-zabava-na-edno-mesto/ Mon, 28 May 2018 08:46:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29226

Настанот ќе започне со ревијален турнир и тридневен хепенинг во Скопје Сити Мол, на 5то ниво од катната гаража на трговскиот центар. Турнирот „3х3“ ќе се игра од 1ви до 3ти јуни, а натпреварите ќе започнуваат во попладневните часови и ќе траат до полноќ. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут-рунда. Покрај официјалнот дел со натпреварите, во рамки на тридневниот настан, посетителите ги очекуваат и многу други забавни активности, натпревар во забивање, натпревар во шутирање на тројки, хип хоп танцување, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна, итн. Присутните ќе ги забавуваат Диџејите на Скопски Грув (Диџеј Duble G) и Funky Fresh (Диџеј Гоце САФ, Диџеј Чваре и Диџеј Oky Doky), а настанот ќе го модерира Павле Паки (Ведермен).
„Ова лето ќе започне со голем спортски настан, премиерната 3х3 лига на РМ – вистинско освежување во нашата спортска култура. Лигашкото натпреварување ќе започне од 1ви јуни, а ние како совршена локација за старт на турнирот го одбравме Скопје Сити Мол кои нѐ поддржаа и станаа дел од овој настан, придонесувајќи со многу активности и забава за сите посетители во нивен препознатлив стил. Во лигата која ќе трае до септември ќе можат да се пријавуваат и професионални кошаркари и рекреативци. Екипите коишто ќе бидат најуспешни во текот на сезоната ќе се квалификуваат на завршниот турнир. “ – изјави Драган Караџовски од Здружението „3х3“. Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA која што е дел од календарот на светската куќа на кошарката, а оттука стартува и првата 3х3 лига на територијата на Република Македонија. Oвој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина кoja ќе биде промовирана во 2020-та година на Летните Олимписки Игри во Токио. Турнирот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Македонската Кошаркарска Федерација.]]>