турнеја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Feb 2024 10:21:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png турнеја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со бебе на турнеја: Австралија ги пречека „Браќата Нуне“, Мими Јовановска и Дарко Билбиловски https://arhiva.vistina.com.mk/so-bebe-na-turneja-avstralija-gi-precheka-brakata-nune-mimi-jovanovska-i-darko-bilbilovski/ Thu, 22 Feb 2024 06:00:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339731

„Бендот на браќата Нуне“  и Мими Јовановска за прв пат заминаа на турнеја низ Австралија, а со нив замина и Дарко Билбиловски. Но, тие не се единствените патници, бидејќи со нив тргна и Никола, синчето на Мими и Филип, кое се' уште нема наполнето ниту една година. Ова е прво патување во Австралија на Мими и Филип и секако и Никола тргнаа на своето прво патување иако нема една година. Тие веќе стапнаа на австралиско тло, а Никола вистински уживал во долгиот пат,  а сега ужива во убавото време и благодетите на базенот крај брегот на океанската шир. -Кога ја добивме поканата за турнеја низ Австралија, не ни помилувавме да тргнеме без Никола. Во Австралија ќе престојуваме месец и половина и не сакавме толку многу време да се оделиме од него. Никола е навикнат да функционира со музика и со прошетки, затоа и ова патување е долго, но нема да има никаков проблем, велат Мими и Филип.   Ова патување не само што е прво  искуство и за нив, туку и за нашинците кои ќе ја имаат привилегијата да ги слушнат во живо.  А според најавите и според она што досега го имаат сработено има и што да се слушне. „Македонци, подгответе се за една поинаква забава, за нешто што многу ќе ви се допадне и што ќе го барате повторно“, се ветувањата на музичките ѕвезди,кои досега многу пати ја покажале нивната големина. „Бендот на браќата Нуне“, Мими и Дарко заминаа на покана на друштвото „Никола Карев“ од Мелбурн, друштво кое има традиција од половина век.  На турнејата, која ќе трае месец и половна планирани се  девет концерти. Првиот концерт е закажан за утре, на  23 фебруари во Волонгог, следниот ден се во Сиднеј, на први март се во Квинбиен, за осми март во Мелбурн и на девети март во Џилонг. Во Мебурн, како град во кој им најмногу Македонци планирани се уште два концерти и тоа на 15 и 16 март, а последниот концерт ќе се случи во Перт на 23 март. Тие имаат сосема поразличен концепт на концерти, нивните настапи се во боја и подготвуваат музичко шоу кое ќе се памети. Ќе се пее и свири исклучиво македонски песни и ора, секако забавни и народни. Песни од нашата богата ризница што одамна не ги слушнале. -Ова е прва средба мегу нас и нашинците во Австралија. Затоа ќе биде забава за публика од 7 до 77. Од од танго до чочеци.  Сите жанрови на едно место, стари хитови, евергрини, но и модерна македонска музика. Затоа  обединете се Македонци, дојдете во што поголем број на забава каква што немаат видено до сега, порачуваат музичарите. На настапот секако ќе има нивни авторски песни, инструментали,  песни Васка до Есма. Мими нејзiната најнова песна „Мајко“ за прв пат на жив настап ќе ја промовира токму пред австралиската публика. „Мајко“ е песна посветена за сите нашинци кои се далеку од дома, за сите кои морале да ги напуштат родителите и да заминат во светот, што е приказна во која ќе се пронајдат тие, кои ја доживеале истата судбина. Фото: Архива/Инстаграм/mimijovanovskaa

     ]]>

Александар Јосифовски има нова песна, ама сите останаа подзинати од изгледот на оваа убавица покрај него: Не знаеш дали му е другарка, девојка, сестра или мајка? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-josifovski-ima-nova-pesna-ama-site-ostanaa-podzinati-od-izgledot-na-ovaa-ubavitsa-pokraj-nego-ne-znaesh-dali-mu-e-drugarka-devojka-sestra-ili-majka-foto/ Thu, 08 Feb 2024 10:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338037

Ѕвездата на  Гранд,  македонскиот рокер Александар Јосифовски ги израдува сите со нова моќна рок балада наречена „Уште еден ден за нас“.   Охриѓанецот објави нова песна полна со емоции, за која музиката и текстот  ги напиша познатиот српски хитмејкер Бане Опачиќ, а аранжманот го направи самиот пејач со помош на гитаристот Бојан, кој го придружува на сите негови настапи. „Како ноќ во градите, го носам твоето збогум, со гладна уста  пусто поле косам. Каде си живеела во мене, срцето на сите им го скамени. Би сакал уште еднаш да бидам во твојата прегратка, нека ми биде последното отчукување“ - се стиховите од рефренот на рок баладата што на прва освојува. Бројните корисници на Јутјуб се воодушевени од песната што Јосифовски премиерно ја изведе во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, а позитивните коментари не престануваат да пристигнуваат. „Честитки за композиторот, изведувачот и гитаристот, оваа песна е толку моќна.., Секоја чест“, „Ангел се врати на Земјата!“Ти си, без зборови, небесен човек!Браво!“, „Ова е толку маестрално што станува нереално.Ја пуштам песната, затворам очи и патувам низ времето во друга галаксија... Се заљубив во оваа песна“, се дел од коментарите под видеото за оваа феноменална песна. И додека бројните фанови на Јосифовски се во старт воодушевени, на многумина боде очи им западна една нова фотографија направена на тукушто завршената турнеја низ Австралија, на која Александар ја загреваше публиката пред концертите на мегапопуларните „Бијело дугме“ во најголемите градови на најјужниот континент. На неа Јосифовски образ до образ со една фасцинантна убавица, која не знаеш дали му е другарка, девојка, сестра или мајка? И додека убавото женско лице до пејачот ги остави многумина со подзината уста, оние што паметат малку подолго, а и оние што се подобро упатени,  добро знаат за кого се работи! Убавицата на таа но и на други фотографии сликана со младиот пејач е неговта мајка Елизабета Неданоска Јосифовска и сама некогашна, а и сегашна македонска фолк пејачка, која со години живее во далечната Австралија. Велат охридскиот рокер од неа ги наследил музичките гени и талентот за пеењ, но и убавината која е несомнена и кај него и кај неговата атрактивна мајка Бети, која изгледа ногу помладо  за свои години. Елизабета правеше долга пауза во кариерат, па потоа пред неколку години се врати на фолк сцната со видео спот за една нејзина постара песна која своевремено беше голм хит, насловена: „Ем го мразам, ем посакувам“. Во меѓувреме, естрадата не и е можеби главен приоритет, но затоа на нејзиниот Александар таа му е главниот ослонец и најголема поддршка како што тоа знае да го направи една мајка.   А Елизабета верно го следеше својот син и на концертите низ Австралија на неговата турнеја со Брега, Ален и Тифа... Фото: Фејсбук/Elizabeta Nedanoska Josifovska & Инстаграм/alexandarjosifovski      ]]>

Аудиовизуелен концертен спектакл: Јелена Розга оваа сабота во Скопје доаѓа во рамките на турнејата „Минут срца мог“ https://arhiva.vistina.com.mk/audiovizuelen-kontserten-spektakl-jelena-rozga-ovaa-sabota-vo-skopje-doaga-vo-ramkite-na-turnejata-minut-srtsa-mog/ Thu, 08 Feb 2024 09:10:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338021

Остана уште малку до најавениот најголем аудиовизуелен концертен спектакл месецов – концертот на хрватската поп пејачка Јелена Розга, која во Скопје доаѓа во рамки на турнејата „Минут срца мог“. Како што веќе и најавивме, организаторот Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, најавува вистински спектакл, а во Скопје веќе се пристигнати и подготвени повеќе од 400 квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела и повеќе од 500 илјaди вати звук, што ќе овозможат неверојатно уживање за сите музички сладокусци. Почетокот на саботниот концерт (на 10 февруари) е закажан во 20:00 часот, а вратите на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 18:00 часот. Она што треба да го знаат сите кои веќе имаат обезбедено место во салата, а со цел полесно доаѓање до локацијата за која е купена влезница, е дека соодветно ќе бидат означени и обележани сите позиции. Оние другите, пак, кои се уште не го набавиле својот билет, а сакаат да го сторат тоа да побрзаат бидејќи е останат уште ограничен број влезници. Истите може да се купат преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари. Постои уште една опција да се дојде до билет, а која важи за оние од другите градови ширум земјата, односно за фановите од Струмица, Радовиш и Штип. Благодарение на Евентум и ТА Нова травел, а поради големиот интерес, превозот од овие градови до Скопје и назад заедно со влезница за партерот чини 1700 денари. Дека Розга ќе ја видите во сосема поразлично издание и дека ќе уживате во вистински спектакл доволно зборува тоа што за речиси секоја нумера има посебна кореографија, а секоја песна има своја анимација и специјални ефекти, и тоа почнувајќи од ласери до пиротехника. Бината е уникатна и по обликот и по големината, а посебните писти што влегуваат во партерот нудат уникатна можност оние за оние кои ќе бидат во првите редови. Јелена Розга на сцената во „Борис Трајковски“, во сабота на 10 февруари, ќе ги отпее своите најголеми хитови, но и песните кои го одбележаа времето кога беше дел од групата Магазин, каде и ја започна кариерата. Затоа подгответе се за вистинско музичко цунами, многу емоции и еден несекојдневен настан што дефинитивно ќе ви разгали сетилата. Фото: liveproduction]]>

Од танго до чочек, од забавно до народно: Бендот на браќата Нуне и Мими Јовновска на турнеја низ Австралија https://arhiva.vistina.com.mk/od-tango-do-chochek-od-zabavno-do-narodno-bendot-na-brakata-nune-i-mimi-jovnovska-na-turneja-niz-avstralija/ Tue, 06 Feb 2024 12:06:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337691

„Бендот на браќата Нуне“ и Мими Јовановска за прв пат заминуваат на турнеја низ Австралија, а со нив заминува и Дарко Билбиловски. Прво искуство и за нив, но и за нашинците кои ќе ја имаат привилегијата да ги слушнат во живо.  А според најавите и според она што досега го имаат сработено, има и што да се слушне. „Македонци, подгответе се за една поинаква забава, за нешто што многу ќе ви се допадне и што ќе го барате повторно“, се ветувањата на музчките ѕвезди,кои досега многу пати ја покажале нивната големина. „Бендот на браќата Нуне“, Мими и Дарко заминуваат  на покана на друштвото „Никола Карев“ од Мелбурн, друштво кое има традиција од половина век.  Турнејата ќе трае месец и половна, а планирани се  девет концерти. Првиот концерт е закажан за 23 фебруари во Волонгог, следниот ден се во Сиднеј, на први март се во Квинбиен, за осми март во Мелбурн и на девети март во Џилонг. Во Мебурн, како град во кој им најмногу Македонци планирани се уште два концерти и тоа на 15 и 15 март, а последниот концерт ќе се случи во Перт на 23 март. Како за прво патување во Австралија и прва соработка со „Никола Карев“ нашинците во Австралија треба да очекуваат нешто сосема ново и поразлично од она што се навикнати да го гледаат од другите гостувања. Тие имаат сосема поразличен концепт на концерти, нивните настапи се во боја и подготвуваат музичко шоу кое ќе се памети. Ќе се пее и свири исклучиво македонски песни и ора, секако забавни и народни. Песни од нашата богата ризница што одамнане ги слушнале. -Ова е прва средба мегу нас и нашинците во Австралија. Затоа ќе биде забава за публика од 7 до 77. Од од танго до чочеци.  Сите жанрови на едно место, стари хитови, евергрини, но и модерна македонска музика. Затоа  обединете се Македонци, дојдете во што поголем број на забава каква што немаат видено до сега, порачуваат музичарите. На настапот секако ќе има нивни авторски песни, инструментали,  песни Васка до Есма. Дека по многу нешта публиката во Австралија им значи покажува и фактот што  Мими нејизната најнова песна „Мајко“ за прв пат на жив настап ќе ја промовира токму пред австралиската публика. „Мајко“ е песна посветена за сите нашинци кои се далеку од дома, за сите кои морале да ги напуштат родителите и да заминат во светот, што е приказна во која ќе се пронајдат тие, кои ја доживеале истата судбина. Фото: Фејбук/Bendot na brakata Nune/Dule Janev, Antonio Stankov, Nikola Kocev]]>

Вики Миљковиќ тажна и нерасположена: „Чувствувам должност да ви го кажам ова“ https://arhiva.vistina.com.mk/viki-milkovik-tazhna-i-neraspolozhena-chuvstvuvam-dolzhnost-da-vi-go-kazham-ova/ Wed, 17 Jan 2024 11:23:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335255

Вики Миљковиќ е на сцената со децении. Нејзината кариера е исто така многу успешна, а за тоа освен талентот е виновна и нејзината професионалност. Публиката и е на прво место, а промената на плановите целосно ја потресе Вики Миљковиќ. Имено, таа и Нермин Ханџиќ требало да ја поминат втората половина на јануари на турнеја во Америка, но не можеле да отпатуваат. Вики јавно им се извини на сите фанови кои со нетрпение ги чекаа во неколку градови низ Америка, а потоа објасни што навистина се случило.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic)

-Им се обраќам на сите драги фанови во Америка, должна сум да ви дадам објаснување зошто јас и Нермин не дојдовме на нашата мини-турнеја, бев многу тажна и нерасположена. За среќа, се’ е однапред распродадено и полно, но ние, верувале или не, со одобрената виза што ја добивме на 19 декември, но не добивме термин визата да ни дополни во пасошот – откри Миљковиќ, која не ги изневери нејзините фанови. - Работната виза ни е одобрена и се чека, но не ни дозволија да одиме на пат без неа, се уште чекаме и се надеваме дека наскоро ќе го добиеме терминот. Турнејата ја поместуваме за крајот на октомври бидејќи првпат имаме слободно време, визата важи една година и во оваа прилика најавувам и дочек на Нова Година во Америка - изјави Вики. фото:Instagram printscreen/ viki_miljkovic]]>

Македонската фолкерка ја заврши австралиската турнеја со „сувенир“: Стојне Николова се регистрираше! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-folkerka-ja-zavrshi-avstraliskata-turneja-so-suvenir-stojne-nikolova-se-registrirashe-foto/ Fri, 08 Dec 2023 08:30:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324661

Македонската фолк пејачка Стојне Николова заедно со нејзиниот музички компањон Бобан Мојсовски - Мојсо и останатата екипа македонски музичари имаа мошне успешна  турнеја по Австралија. Десеттина концерти во најголемите градови, во местата каде што живеат најмногу нашинци и насекаде полни сали, убаво расположение, фантастична атмосфера. Како и не би кога се ори убава македонска песна во туѓина, а неа ја пее уште уште поубава мома, каква што е сексапилната струмичка фолкерка. И самата прездоволна од приемот, настапите и целата атмосфера, убавото Стојне се огласи на својот Фејсбук профил на кој им се заблагодари на сите кои придонесоа австралиската турнеја да биде успешна. Најмногу на нашинците кои беа и бројна и верна, весела и распеана публика на настапите згодната струмичанка и нејзината музичка дружина. Споделувајќи инсерти од последниот астап во Перт, Стојне на Фејсбук напиша: „Епа драги мои пријатели,ви благодарам од срце за подршката, за несебичната љубов и за преубавите моменти, кои дефинитивно ќе се паметат. Интересни моменти од цела турнеа и тоа како ние си поминавме,ќе објавам за неколку дена, а до тогаш довидување нашинци и се надевам ќе се дружиме за брзо, на наш терен во Македонија, ако пак не, се гледаме 2025 година во Австралија. Ве сакам“. Арно ама еден друг детал, кој Стојнето него спомена, ама сепак го споделила,  на нејзините следбеници им западна во око. Ваква стројна мома нема кој не би ја посакал, па веројатно како и расте популарноста, така „фрчат“ и додворувачите со љубовни, па дури и брачни понуди, на кои Стојне досега успешно им одолева. Ама, дали е баш така, дали можеби  турнејата по Австралија Стојне Николова не ја заврши со „сувенир“ од туѓина? Одговорот овој пат е - ДА! Стојне Николова верувале или не,  се регистрираше! И пред некои да речат нека и е со среќа, нека е аирлија, мораме да ја појасниме целата ситуација! Струмичката фолкерка заврши со регистрација, ама само на табличка. Имено, Стојне доби на подарок сувенир налик на регистерска табличка во црвена боја на која е испишано нејзиното презиме покрај  кое наместо срамната ознака NMK,  гордо стои сонцето од Кутлеш! Сега Стојне Николова и навистина регистрирана... И тоа како горда Македонка со тапија, со табличка кај македонската дијаспора! Епа, нека е аирлија! Фото: Фејсбук и Инстаграм/stojne_official  ]]>

На турнејата низ Австралија: Теа Таировиќ наметната со македонско знаме со сонцето од Кутлеш вака ја пееше „Лихнида кајче веслаше“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-turnejata-niz-avstralija-tea-tairovik-nametnata-so-makedonsko-zname-so-sontseto-od-kutlesh-vaka-ja-peeshe-lihnida-kajche-veslashe-video/ Mon, 13 Nov 2023 12:15:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326670

Полека се ближи долгоочекуваната вечер, настанот за кој најмногу се зборува овој период, за концертот кој предновогодишно ќе го размрда Скопје. На 16-ти декември во салата „Јане Сандански” балканската ѕвезда Теа Таировиќ ќе приреди шоу со кое ќе ги помести сите граници. Организаторите со задоволство истакнуваат дека поголем дел од влезниците се веќе распродадени, а Теа со нетрпение чека да запее пред публиката која посебно ја обожува, па може и по некоја македонска песна. Нејзината љубов кон Македонија уште еднаш ја потврди со своите настапи на турнеата во Австралија каде од срце ја испеа „Лихнида кајче веслаше“, а за концертот во Скопје подготвува уште повпечатлив репертоар проследен со уникатен сценски настап кој ќе ве остави без здив, карактеристичен за српската дива. ]]>

Додека тој е далеку од дома, Бог го даруваше со највредното: Јордан Митев стана татко (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-toj-e-daleku-od-doma-bog-go-daruvashe-so-najvrednoto-jordan-mitev-stana-tatko-foto/ Thu, 19 Oct 2023 06:56:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322933

По шест години брак, за пејачот Јордан Митев и неговата сопруга Славица дојдоа најубавите денови за кои чезнееја - станаа родители за првпат. Јордан на својот Фејсбук профил објави дека станал татко на женско, а убавата вест ја добил додека е на голема турнеја низ Австралија. -20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко!, напиа тој, а честитките се редеа до недоглед. Сите следни настапи за Митев ќе бидат посебни, бидејќи срце се радува и трепери за она што го чека дома. Неговата „Денес ми е добро на душичката“ веруваме дека ќе биде задолжителна на репертоар за здравица. За потсетување, Јордан и Славица која е родена во Австралија се венчаа по врска која траеше нешто повеќе од една година, а големата свадба се случи во Македонија со сите обичаи кои ги носи нашата традиција. Честити, да е здрава и жива! фото:Фејсбук/Јордан Митев]]>

Караванот тргна: Штипјани први покажаа колку многу во срцето ја носат Македонија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/karavanot-trgna-shtipjani-pokazhaa-deka-vo-srtseto-ja-nosat-makedonija-foto/ Thu, 07 Sep 2023 06:11:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317111

Плоштадот „Слобода“ во Штип беше претесен за штипјани, кои дојдоа да го поздрават стартот на караванот „Македонијо во срце те носиме“. На сцената публиката ги виде и слушна Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе и Миле Кузмановски. Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни. Сите се спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел  - да им се продолжи векот на песните. Да се испрати порака особено до идните генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното. Затоа и вие во вашиот град или во билокој друг каде караванот ќе врви  бидете дел од  „Македонијо во срце те носиме“. Дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. По Штип караванот продолжува во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци, а ќе заврши во Скопје. Стартот на концертите од музичкиот караван во сите градови во Македонија е во 20 часот.    ]]>

„Послушајте патриоти“ – овој пат словото го кажуваат ДНК и Наум Петрески (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/poslushajte-patrioti-ovoj-pat-slovoto-go-kazhuvaat-dnk-i-naum-petreski-audio/ Thu, 31 Aug 2023 10:50:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316127

„Послушајте патриоти да ви кажам словото, на Ѓурѓовден бев затворен, в црни темни зандани. Во зандани бев предаден од проклети шпиони, од проклетите шпиони неразбрани трговци...“, токму вака почнува последната дванаесетта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, овој пат во изведба на Панчо и Андреј од ДНК и Наум Петрески. Со „Послушајте патриоти“ се затвора кругот - 12 песни, 12 изведувачи, но стартува новото поглавје – концертниот караван во чии рамки ќе се одржат концерти во осум македонски града. „Послушајте патриоти“ е песна испеана за македонскиот деец Александар Караѓуле-Охридски, инаку и самиот автор на стиховите – сведоштво за неговите измачувања во софискиот затвор во 1892 година. Прв пат е снимена од бардот на македонската народна музика Никола Бадев, и тоа за дискографската куќа Југотон во Белград. Во своите музички биографии ја имаат запишано и Јонче Христовски, Гоце Арнаудов... Оваа композиција во македонското музичко богатство зачувана како револуционерна, овој пат спакувана од маестро Николче Мицевски, сега ја снимија и ДНК и Наум. „’Послушајте патриоти’ за нас е една несекојдневна соработка со нашиот добар пријател Наум Петрески, кој според нас е најдобриот машки вокал. За аранжманот беше задолжен маестралниот Николче Мицевски, а поканата дојде од проектот „Македонијо во срце те носиме“ на што не можевме да останеме рамнодушни, особено кога станува збор за Македонија и нешто што треба да остане како наследство за идните генерации. Со оглед на летната турнеја и многубројните ангажмани не успеавме да ја визуализираме песната, но не значи дека тоа нема да се случи во блиска иднина“, велат Панчо и Андреј. „Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки во изминатиов период слушнавте 12 македонски родољубиви песни отпеани од исто толку изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика, а сите спакувани во ново руво од Николче Мицевски. Она што ќе следува во склоп на целиот проект е концертниот караван кој стартува на 6 септември од плоштадот „Слобода“ во Штип. Освен штипјани во сите дванаесет нумери ќе има можност да ужива и публиката во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје. Бидете дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“, дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. Распоред на концертите: Штип – 6 септември Битола – 13 септември Велес – 20 септември Прилеп – 27 септември Кочани – 1 октомври Тетово – 4 октомври Кавадарци – 8 октомври Скопје – 11 октомври Почетокот на концертите е во 20 часот! Уживајте во „Послушајте патриоти“ и изведбата на ДНК и Наум: ]]>