турист – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Nov 2023 08:50:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png турист – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Откако на „михајловистите“ им ја запали портата, Ламбе се фати и за пушката: Комита, партизан, санданист или само… обичен турист? https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-na-mihajlovistite-im-ja-zapali-portata-lambe-se-fati-i-za-pushkata-komita-partizan-sandanist-ili-samo-obichen-turist/ Thu, 09 Nov 2023 08:47:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326055

Македонскиот пејач Ламбе Алабакоски откако се врати од Америка не престанува да биде во фокусот на јавноста. Не само по песните и настапите, туку и по патриотското срце и душа и неизмерната љубов кон татковината, мајката земја Македонија, која на различни начини ја манифестира. И додека од душманите не престанува да добива смртни закани, неговиот патриотизам заврши дури и во песна, која Игор Џамбазов му ја посвети или поточно името му го вметна меѓу илинденските херои во неговата верзија на познатата италијанска, партизанска песна, „Бела чао“!
Не мина долго откако на „михајловистите“ им ја запали портата,  Ламбе се фати и за пушката... Така барем го личи на Инстаграм профилот, на кој Алабакоски осамна на една фотографија сликан со пушката в раце... И уште не стигна да објасни, веќе тргнаа нови приказни дали тоа Ламбе е комита, партизан, санданист или... нешто сосема петто? Арно ама, ако ја погледнете целата слика ќе видите дека со пушката на фотографијата оди и големиот шешир, мексиканското сомбреро и чинијата со локалниот специјалитет, а тоа што Ламбе се сликал како Панчо Вила, да ти била друга работа. Можеби револуционер во душа, ама позата никако не е од револуционерни побуди... Туку од чисто туристички! Овој пат Ламбе ни комита, ни партизан или санданист, туку само како... обичен турист! Спомен од ресторанот на една егзотична локација во Средна Америка.  Значајна туристичка дестинација во Мексико позната како Канкун, градот е на Карипското море, северно од одморалиштето на карипското крајбрежје, познато како Ривиера Маја. Божествен рај на земјата каде ви треба сосема друго „оружје“ за да се  „фатите во костец со искушенијата“ во кои ве стават сексапилните латино убавици кои ќе ве маѓепсаат со своите бујни облини... Та било тоа на некоја од бисерно-песочните плажи, базен-шанковите, езготичните ували или при случајна средба со нив на хотелските скали. Е тогаш „машкото херојство“  до израз доаѓа најмногу! Дали и колку “херојски“ Ламбе се покажа или остана само со пушката в раце за сликање, ќе мора самиот да ни одгатне... До душа, овој пат ако смее... да признае?! Оти ваквото „машко херојско  дело“, дома би му го сметале за „тешко кривично“, па  казната би била многу повеќе од само... условна?! Фото: Инстаграм/lambealabakovski/CANCUN        ]]>

Македонски сексапил со италијански шмек за длабок џеб: Љупка Митрова го вкуси, погледна и искуси најубавото од Италија, но сепак остана ненаситна (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonski-seksapil-so-italijanski-shmek-za-dlabok-dheb-lupka-mitrova-go-vkusi-pogledna-i-iskusi-najubavoto-od-italija-no-sepak-ostana-nenasitna-foto/ Fri, 03 Nov 2023 08:37:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325186

Откако повторно се активитраше на социјалните мрежи, атрактивната струмичанка, модел, инфлуенсерка и модна блогерка, Љупка Митрова, повторно е во фокус. Љупка иако извесен период беше во медиумска илегала, за нејзините следбеници и медиумите таа „не излезе од мода“. Секогаш во шема, периодов сакајќи да ги покаже и долови своите страсти и тековни афинитети. Јогата и готвењето се новина од она што го знаеме за неа, но дека е страствен љубител на модата и патувањата, отанува добро познато. Инстаграм профилот на Љупка деновиве си доби туристичко–модно дополнување со бројни фотографии и видеа од патувањето во Италија. Најпрвин се стационира во модната престолнина Милано каде беше сместена во ултра уникатен хотел со поглед кон најстарата активна шопинг галерија во Италија и главна знаменитост на Милано - Vittorio Emanuele II. Сместена во четирикатната двојна аркада во центарот на градот, Љупка секојдневно праќаше поздрав од терасата. А за такво место и таков поглед, треба и посебен стајлинг, елеганција во црно со акцент на ултра длабокото деколте кое падна во фокус, особено за припадниците на посилниот пол. Заводлива и секси, шармантна и предизвикувачка од секоја поза, секој потег, споен со италијанскиот шарм за оние со подлабок џеб. По Милано, следна на агенда беше Фиренца, па Тоскана. Од италијанската понуда од патувањето во неколку дена приложено беше доста, но главната алка која „недоставуваше“ во случајот беше љубовта, односно партнерот зад објективот. Но, тоа останува во приватноста, барем засега додека страствената модна вљубеничка не се реши да покаже кој ја инспирира и импресионира. фото: Instagram printskrin/Ljupka Mitova]]>