турчин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 21 Jul 2023 09:46:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png турчин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Дојде тивко на прсти!“ – Северина на Миконос со познат Турчин (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/dojde-tivko-na-prsti-severina-na-mikonos-so-poznat-turchin-foto/ Fri, 21 Jul 2023 09:46:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311122

Пејачката Северина Вучковиќ оваа година ги полни батериите во едно од најлуксузните одморалишта во Грција. Судејќи по нејзините фотографии на социјалните мрежи, Северина моментално одмара на Миконос, едно од попознатите и поелитни места во Грција. Наместо фотографија од плажа, пејачката ги изненади сите со објава, на која можеме да видиме дека запознала еден од најпознатите Турци на Миконос. Северина објави фотографија со познатиот турски готвач Нусрет Гокче, попознат како Солт Бае.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Severina (@severina)

-Тивко дојде на прсти - напиша Северина под фотографијата која за кратко време воодушеви многумина.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Severina (@severina)

Инаку, турскиот готвач има синџир ресторани ширум светот, а познат е и по високите цени кои многумина ги сметаат за неосновани, а веќе извесно време е еден од најомразените луѓе во светот на познатите. Тој на минатогодишното Светско првенство направи скандал кога излезе на теренот, се сликаше со аргентинските фудбалери и им го грабна пехарот од раце.]]>

Македонската модна дизајнерка кажа ДА среде градот на љубовта: Ива Спасовска запросена пред Ајфеловата кула во Париз (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-modna-dizajnerka-kazha-da-srede-gradot-na-lubovta-iva-spasovska-zaprosena-pred-ajfelovata-kula-vo-pariz-video/ Tue, 30 May 2023 08:11:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304180

Македонската модна дизајнерка е една од оние чии креации покрај обичните луѓе ги носат и познатите Македонки од естрадниот и јавниот живот... Фолкерката Сања Сани Гроздановска сега Урдаревиќ или ријалити ѕвездата и позната инфлуенсерка и модел Елеонора Миљковиќ на пример, беа или се уште се едни од нејзините редовни клиенти. Но, за младата модна креаторка важи и оноа: Колку креативна, толку убава, згодна, атрактивна  и сексапилна, па затоа неретко и самата знаеше да ги рекламира своите модели... Од свечени фустани или венчаници, до костими за капење излезени од нејзиното дизајнерско-креативно ателје. Токму затоа она што се случи ја заскокотка љубопитноста на чаршијата, каква ли венчаница ќе облече дизајнерката кога ќе дојде денот на свадбата на Ива? А тој ден воопшто не е далеку зашто Ива Спасовска кажа ДА и тоа среде градот на светлината и љубовта - Париз.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by BURAK BİRKAN (@brknbrk_)

Имено дизајнерката се вери во Париз, а веста самата ја сподели со своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи, откако нејзиниот партнер, Турчинот Бурак Биркан  по двегодишната љубовна романса ја побара нејзината рака пред Ајфелова кула. „Париз е дефинитивно најромантичното место на светот“ - споделила идната невеста покрај видеото на кое  двајцата младенци се облечени во бела комбинација. Најпрвин Бурак и го става големиот, веројатно дијамнтски прстен на раката, па потоа следува судбоносниот бакнеж в уста на двете вљубени гулапчиња... Потоа додека вереникот го отвора шишето со шампањко, Ива уште еднаш го покажува прекрасниот прстен од бело злато со скапоцен камен на него.
Датумот на свадбата се уште не е обзнанет... Не барем јавно, а за венчаницата...? Веројатно ќе мораме да почекаме невестата самата да ја искреира и сите да ги изненади... Или можеби сепак ќе се одлучи за некој од светските брендови, иако многу поинтересно би било доколку македонската модна креаторка за „големиот ден“  кога ќе биде невеста, самата на себе да си биде и дизајнерка и шнајдерка. Фото:Инстаграм принтскрин/ivaspasovska_]]>

„Шокирани сме“: Семејството на покојниот Шаулиќ револтирани од судската казна за причинителот на сообраќајката во која почина Шабан https://arhiva.vistina.com.mk/shokirani-sme-semejstvoto-na-pokojniot-shaulikj-revoltirani-od-sudskata-kazna-za-prichinitelot-na-soobrakjajkata-vo-koja-pochina-shaban/ Fri, 21 Oct 2022 10:36:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272424

Само што семејството Шаулиќ го ожени Михајло, стигна и не баш пријатната вест. Имено, причинителот на сообраќајката во која загина кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, Турчинот Алсин Левент, судот во Германија ја намали казната за три месеци поради тоа што судскиот процес траеше долго. Алсин прво беше осуден на три години и три месеци затвор, а таа казна, според многумина, не била задоволителна. Семејството Шаулиќ сега првпат се огласи по скандалозната одлука на Окружниот суд во Гитерслох, пишува „Република“. - Шокирани сме од информацијата. Не затоа што Шабан беше голема ѕвезда, туку затоа што беше сопруг, татко, дедо... Поднесовме жалба и не сакавме да одиме на судење затоа што не ни се допаѓа. Не можеме да разбереме дека германскиот правосуден систем не го почитува човечкиот живот - се вели во соопштението на семејството Шаулиќ. Гордана Шаулиќ после се’ е присебна. - Видов, што да ти кажам? Толку е мизерно, но самиот суд е мизерен. Под секаква чест, хуманост и достоинство е за два животи и еден инвалид, страшно! И ова сега... На стартот ни ја одбија жалбата, затоа што баравме повеќе, се жалеа, па го очекувавме овој исход - истакнува Гоца за „Пинк“. - Знаете како, знаев дека најверојатно ќе го сретнат, тој сепак е нивни граѓанин, на тоа се сведува се’. Сепак, единствено што можам да кажам е одредено задоволство е тоа што еден германски весник на најчесен и најправилен начин напиша дека ова е срам и срам за германското правосудство. Ќе морам да разговарам со адвокат, но мислам дека немаме дополнителни жалби. Колку и да очекуваш некои работи, пак те удираат. Што значи тоа, влегуваш во кола издрогиран, пијан, без возачка дозвола, со два-три пати поголема брзина и убиваш две лица и едно осакатуваш, тоа покажува дека системот дозволува секој да убие некого, а не да го држат одговорни за тоа. Една голема трагедија што ги снајде три семејства, можев се да кажам, но еве, не сакам да кажам нешто сега што не треба. Кобната сообраќајна несреќа се случи на 17 февруари 2019 година на автопатот кај градот Гитерслох. Пијан возач удрил одзади автомобил во кој биле Шабан Шаулиќ, Мирсад Кериќ и Слободан Стојадиновиќ. фото:Лука Шарац/АТА Images]]>

Скандалозна пресуда: Убиецот на Шабан Шаулиќ осуден едвај на три години и три месеци затвор! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/skandalozna-presuda-ubiecot-na-shaban-shaulikj-osuden-edvaj-na-tri-godini-i-tri-meseci-zatvor/ Thu, 20 Jan 2022 08:55:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235544

Три години по сообраќајната несреќа во Германија во која недалеку од градот Билефелд загинаа фолк легендата Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист, музичарот Мирсад Кериќ, а со тешки повреди се здоби Слободан Стојадиновиќ, во Гитерсло се одржа судењето на Турчинот Алсин Левент кој беше виновникот што ја предизвика оваа трагедија. Во судот и во Гетерслоу беше донесена експресна, но скандалозна пресуда, а Алсин беше осуден на едвај три години и 3 месеци затвор. На судењето присуствуваше целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, но и синот на починатиот Мирсад Кериќ. Да потсетиме, бранителот на обвинетиот Левент А. истакна дека неговиот штитеник знаел дека нема оправдување или олеснување за овој чин. Обвинетиот ја прифатил одговорноста и признал се'. Во еден момент, како што пренесува Дојче Веле, синот на жртвата Мирсад Кериќ вербално го нападнал обвинетиот, но и неговиот адвокат. Според ДВ, се слушале пцовки и недолични зборови. После тоа, обвинетиот накратко им се обратил на семејствата на жртвите со зборовите: „Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“. Фото: Драгана Удовичиќ, Принтскрин/DW]]>

Турскиот заводник и италијанската водителка ги обзема страста, па „се јавнаа“ на јахта: На сексапилната Дилета Леота, згодниот Џан Jаман и е тамам! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/turskiot-zavodnik-i-italijanskata-voditelka-gi-obzema-strasta-pa-se-javnaa-na-jahta-na-seksapilnata-dileta-leota-zgodniot-dzan-jaman-i-e-tamam-foto/ Thu, 15 Jul 2021 06:37:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211196

Турскиот актер и миленик на жените, Џан Јаман и неговата девојка, италијанската водителката Дилета Леота беа „фатени“ заедно на одмор, штоне е и тешко зашто откако се запознаа, турскиот заводник не ги трга рацете од сексапилната русокоса. Џан и Дилета беа фотографирани на нивната јахта во Бодрум, иако сакале да бидат сами и да уживаат, далеку од очите на јавноста, папрацо фотографите ја „уловија“ вљубената двојка и тоа во „жешко“ издание. Актерот беше во гаќички за капење, а Дилета во бикини, што ја истакнуваат нејзината волшебна фигура, но и атрибутите по кои воздивнуваат многу мажи ширум светот. Обајцата прво уживаа во романтичниот ручек, а потоа легнаа на посланот душек на јахтата... Малку се сончаа и разговараа, а потоа популарниот заводник не можеше да и одолее на својата поубава половина... Или таа нему? Обземени од страста, Џан ја „повлече“ Дилета, па таа легна врз него. Се милуваа и  бакнуваа, а актерот не можеше да ги оддели рацете од облините на згодната водителка. Инаку, Џан е еден од најпопуларните турски актери и потекнува од Косово и Метохија, што тој самиот го изјави во едно интервју. „Дедо ми живеел во Приштина, каде што е роден. Никогаш не сум бил таму, не го знам јазикот. Моите родители се родени во Истанбул, исто како мене - изјави тогаш актерот. Фото: Profimedia/Инстаграм принтскрин/canyaman
]]>

Хрватската старлета Ава Карабатиќ заврши со турски манекен в кревет: „Ова момче е најдобриот што сум го имала досега“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/hrvatskata-starleta-ava-karabatikj-zavrshi-so-turski-maneken-v-krevet-ova-momche-e-najdobriot-shto-sum-go-imala-dosega-foto/ Sat, 25 Jan 2020 09:28:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130953

Откако не успеа да мине како независен претседателски кандидат на изборите, и не стана новата претседателка на Хрватска, старлетата Ава Карабатиќ си фати ново момче, а сега открива дека и дека имале интимни односи. Старлетата се впушти во романса со еден познат турски манекен, па веднаш ги извести следбениците на Инстаграм дека спиела со него. „Се чувствувам и тажна, а исто така и среќна... Зошто? Јас не сум светица, ниту сум оноа - другото... Јас и Калед не можевме да чекаме, затоа што се случи моментот, а кога се случи моментот ништо не е толку „тврдо“ за да те спречи... Освен... Ако чекавме да не го сториме тоа пред брак, можевме. Дали го заведов? Можеби! Но, тој ја прифати играта, и ете, се случи... Она што денес дефинитивно го сфатив е дека ова момче е најдобриот в кревет што сум го имал досега. Те сакам“ -  напишала Ава... Веројатно мислејќи: „Те посакувам“! ]]>

Поднесена тужба против Турчинот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која почина Шабан Шаулиќ https://arhiva.vistina.com.mk/podnesena-tuzba-protiv-turchinot-koj-ja-predizvika-soobrakjajnata-nesrekja-vo-koja-pochina-shaban-shaulikj/ Mon, 05 Aug 2019 08:31:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100424

Пејачот Шабан Шаулиќ почина во сообраќајна несреќа во февруари во  Германија кога во неговиот автомобил удри друг автомобил. По пет месеци од смртта на кралот на музиката, јавниот обвинител во Билфелд поднесе тужба против Турчинот Левент Алсин која ја предизвика сообраќајката, а тој наскоро ќе мора да одговара. Во тужбата стои дека Левент на денот на несреќата возел без возачка дозвола и бил во алкохолизирана состојба.
Во страшната сообраќајка единствено што успеал да се спаси е кумот на Шабан, Слободан Боби Стојадиновиќ кој се уште оздравува од несреќата. Алсин кој три месеци поминал во притвор, неговиот адвокат тврди дека сега живее во страв бидејќи неговиот клиент добива закани. „Мојот клиент доби закани преку интернет“ тврди изворот.
Кумот на Шабан не сакал многу да ја коментира тужбата против Турчинот. Тој за курир.рс изјавил дека се уште не започнал со рехабилитација бидејќи организмот не му е подготвен за потполно оздравување. По повод тужбата која била поднесена против Турчинот, се огласи и семејството Шаулиќ. „Имаме доверба во правниот систем на Германија и очекуваме дека човекот кој ја предизвика смртта на Шабан и Мирсада и нанесе тешки повреди на Бобан Стојадиновиќ ќе биде соодветно казнен. Нашиот татко и сопруг нема да биде вратен, но очекуваме дека правдата ќе биде задоволена“ порача ПР службата на семејството Шаулиќ.]]>

Илда Шаулиќ огорчена дојде на гробот на Шабан: „Не се грижи тато, твојот убиец ќе го стигне божја казна“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ilda-shaulikj-ogorchena-dojde-na-grobot-na-shaban-ne-se-grizi-tato-tvojot-ubiec-kje-go-stigne-bozja-kazna-foto/ Wed, 08 May 2019 09:27:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86608

Илда Шаулиќ, ќерката на покојниот крал на народната музика, е огорчена што Турчинот Алсин Левент  кој возејќи под дејство на дрога и алкохол во сообраќајна несреќа го уби нејзиниот татко, пред два дена е пуштен да се брани од слобода. Ќерката на легендарниот пејач веднаш по враќањето од Америка со сопругот Бојан Вучковиќ отиде на гробот на Шабан.
„Илда во вторникот во 10 часот стигна на Новите гробишта со голем букет цвеќе и го стави на Шабановиот гроб. Пејачката и нејзиниот сопруг го исчистиле споменикот и запалиле свеќи.
„Не грижи се ништо, татичко мој, ќе го стигне божјата казна оној кој те одвои од нас. Бог нема да му помогне да се одбрани од слобода, зашто тој го гледа  сето ова од горе. Сите во животот го добиваат заслуженото“ - говорела низ солзи ќерката на Шабан.
„Илда е очајна и разочарана, мислејќи дека  законите во Германија подобро функционираат, дека таму законот е строг, но се измамила.
„Знае дека татко и ништо нема да го врати, но е бесна и разочарана што оној кој е виновен за неговата смрт до конечната пресуда не е задржан во затвор, па затоа се потпира на Божјата правда“ - изјавил  извор близок на семејството Шаулиќ. Фото: Дејан Бриза/Ало/Инстаграм принтскрин]]>

Ѕидарот Бејхан од Битола растури во „Никогаш не е доцна“: „Имаш душа колку целово студио“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzidarot-bejhan-od-bitola-rasturi-vo-nikogash-ne-e-docna-imash-dusha-kolku-celovo-studio-video/ Fri, 26 Oct 2018 07:39:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54673

„Сакам да пеам за душа, а не за пари“ - изјави во интервјуто кое ги претставува натпреварувачите  45-годишниот ѕидар Бејхан Рамов од Битола, кој настапи во последната емисија од новата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“. Тој ги воодушеви и жирито и публиката со „Данима те чекам“ од, како што го нарече, „кралот“ Шабан Шаулиќ.
Гоца Тржан, која во ова издание седеше на масата на жирито беше фасцинирана од настапот Бејхан, па при коментирањето на неговата изведба по настапот, му се обрати со само една реченица: „Имаш душа колку целово студио... Браво“!
Иако гласовите на публиката не беа доволни за да продолжи во следниот круг, водителот на емисијата и еден од главните продуценти на „Гранд“ - Жика Јакшиќ реши да се вмеша во оваа одлука и дозволи сите натпреварувачи да продолжат понатаму. Српските медиуми пак, нашиот Бејхан го окарaктeризираа со зборовите: „Тој е чудо“!
Настапот на Бејхан можете да го видите во видеото во продолжение, а под него и целата емисија. https://www.youtube.com/watch?time_continue=72&v=ldc7CX-znQk https://www.youtube.com/watch?time_continue=5535&v=6rV7vAX8kMU]]>