турбуленции – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Nov 2018 12:29:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png турбуленции – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вистината за турбуленциите: Што ги предизвикува и дали треба да се плашите? https://arhiva.vistina.com.mk/vistinata-za-turbulenciite-shto-gi-predizvikuva-i-dali-treba-da-se-plashite/ Thu, 29 Nov 2018 13:30:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60332

Авионските турбуленции се најголемата причина поради кои многумина се плашат од летање, но тие знаат да ги вознемират и искусните патници. Вистинското прашање е дали тие се навистина страшни како што изгледаат? Стив Олрајт, пилот во авиокомпанијата British Airways и Патрик Смит, американски пилот и автор на книгата „Cockpit Confidential“ ќе ви дадат одговор на ова прашање. Турбуленциите можат да настанат од неколку различни причини, но секоја од нив им е позната и веќе видена на овие двајца пилоти. При секое летање се очекуваат мали турбуленции, како што постојат и лоши делови и дупки на автопатот додека возите автомобил. Иако се непријатни, турбуленциите не се опасни и нема потреба да се плашите од нив – пилотите се обучени да се справат со нив. Во кој дел од авионот најмалку се чувствуваат турбуленции? Иако нема некоја значајна разлика, седиштата кои се наоѓаат во средината од авионот, поточно во центарот на тежина на леталото, чувствуваат турбуленции со најмал интензитет. Спротивно од тоа, седиштата на крајот од авионот, односно оние кои се наоѓаат најблизу до опашката, чувствуваат најсилни турбуленции. Дали авионот паѓа за време на турбуленции? Не мора да значи дека паѓа, авионот може да се искачи доколку го погоди горна воздушна струја. Во случаи на просечни турбуленции висината на авионот оди од еден до десет метри нагоре или надолу, а кај посилните турбуленции и до 40 метри.]]>