турбофолк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Nov 2021 13:48:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png турбофолк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова само Игор Џамбазов „под рака“ со „Жаклина“ го може: Македонска турбофолк класика во џез – блуз варијанта (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-samo-igor-dzambazov-pod-raka-so-zaklina-go-moze-makedonska-turbofolk-klasika-vo-dzez-bluz-varijanta-video/ Thu, 11 Nov 2021 10:13:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226841

Помладите и денес го пејат, а повозрасните се сеќаваат и кога се појави големиот македонски фолк хит „Жаклина“, некаде во 1990/91 година, испеан од некогашниот рокер („Мадригали“, „Трн во око“), подоцна познат битолски фолкер Цане Николовски како главен вокал на тогашната фолк група „Елита“. Песната беше прогласена за фолк хит на годината, а нејзината популарност и денес не стивнува, па „Жаклина“ ја пејат и старо и младо, на свадби, семејни веселби, прослави... Или само онака, на вообичаен провод по различни локали и кафеани. Од 2004 Цане Николовски се исели од Македонија и живее во туристичкото место Аликанте во Шпанија. Во 2016 година, продукцијата „Лотус“ од Битола, дури и снимила документарен филм за Цане Николовски со наслов „Патот за Аликанте“. Цане замина, ама „Жаклина“ остана... да се пее до ден денес, белким и довека. Токму еден од највпечатливите македонски мултимедијални ликови, Игор Џамбазов деновиве влезе во студио да снима. И тоа не сам, туку токму „под рака“ со споменатата „Жаклина“, како македонска турбофолк класика. И сега на рокерите, блузерите, џезерите... на сите што го знаат и познаваат Џамбаз веројатно ќе им се исправи косата, како тоа токму тој да се прешалта во ним „омразената“ музика? Од блузер - турбофолкер? Не ќе да е можно!? И не е! Ама е изводливо! Имено, Игор влезе во студиот „Алшар“ кај Ивица Јанкуловски за да и направи најпрвин музички ривајвал на  старата добра „Жаклина“, ама во сосема поинаква изведба. Така,   македонска турбофолк класика доби и своја  џез - блуз варијанта. Засега само музичка, наскоро и визуелна! „Жаклина ривајвал“... Што ли само ќе рече стариот рокер Цане на сето ова? А како ли ќе реагираат и фолкерите? Ќе се појави ли „Жаклина“ освежена, подмладена, во ново руво, со нов лик или ќе се случи она: „Од секоја зурла не бидува саксофон“? Како и да е новата „Жаклина“ е тука и наскоро ќе биде промовирана. Џамбазов веројатно знае што прави, а дали вие знаете како новата „Жаклина“ би можела да звучи? Еве само едно мало парче, еден сегмент од новата верзија на „старата турбофолк дама“, како „нова џез-блуз мома“:
Фото: Википедија принтскрин/Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

Новата заедничка песна на бугарската пејачка Гери Никол и нашиот Слаткаристика претрпе тотално фијаско: Бугарите ја прогласија за евтин турбо фолк! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/novata-zaednichka-pesna-na-bugarskata-pejachka-geri-nikol-i-nashiot-slatkaristika-pretrpe-totalno-fijasko-bugarite-ja-proglasija-za-evtin-turbo-folk-foto/ Thu, 22 Oct 2020 10:53:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172672

Долго очекуваната заедничка нова песна на бугарската поп ѕвезда Гери-Никол и нашиот Слаткаристика не и го донесе очекуваниот успех на пејачката, дури и го навлече гневот на нејзините обожаватели, кои ја категоризираа како евтин турбо фолк, а бугарските медиуми ја окаректеризираа како тотално фијаско. Фановите дури и ја опишаа како имитатор на еден од најзапазените изведувачи во фолк жанрот - Емануела. „Гледај ме“ има изразен турбофолк звук, што е забележливо уште од почетокот на песната. Текстовите исто така потсетуваат на поп-фолк-хитовите на Анелија и Емилија, со кои беше споредена и Гери-Никол. „Моќен народњак, батка“,  „Паметам колку потенцијал имаше до пред 5 години... А сега како да ја слушам Анелија“, „Очекував нешто многу повеќе! Текстот е типичен народњак , како да слушам нешто на Емануела“... - гласат само дел од коментарите на разочараните обожаватели, цитирани од веб-страницата show.bg. Што се однесува до видеото на Гери-Никол, таа долго време се потпира на она што го прават нејзините колешки  од турбофолкот. Имено, голи гради и задник, провокативни кадри и оскудна облека - пишува бугарскиот портал „HotNews.bg“,  карактеризирајќи го заедничката песна и видеото на Гери-Никол и Слаткаристика, (кого патем, не го ни споменуваат во написот), како целосно промашен проект!]]>

Емилија Розман даруваше крв за 26 јули, па побара соседите да ја „поздрават и почестат“ со „Литар крв“… во песна! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emilija-rozman-daruvashe-krv-za-26-juli-pa-pobara-sosedite-da-ja-pozdravat-i-pochestat-so-litar-krv-vo-pesna-foto/ Fri, 27 Jul 2018 07:15:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40255

Македонската манекенка, мисица и топ модел Емилија Розман покажа на дело не само дека е убава туку и хумана. Имено, таа постапките на својот покоен татко Дамир, кој беше долгогодишен крводарител, на 26 јули, при одблежувањето на 55 годишнината и сеќавањето на скопската катастрофа, на традиционалната крводарителска акција во организација на Црвениот крст на Македонија, доброволно даруваше крв!
За Скопје со ЉУБОВ! Скопје се сеќава! 1963 Скопје град на светската солидарност . Мило ми е да кажам дека ова е мојата 10-та донација и воедно да Ве замолам да го направите Вие истото! Донирајте крв, спасете нечиј живот“! - напиша хуманата убавица на социјалните мрежи, постирајќи ја фотографијата од тој донаторски чин.
Арно ама, откако убавата Емили се прибра дома, вечерта никако да заспие. Нееее... не заради крводарувањето, туку заради турбофолк галамата што ја правеа момчињата од соседството. Журката на подолните катови со гласна музика од репертоарот на Цеца, ќерка и Анастасија, Аца Лукас, Ацо Пејовиќ...
„Совршен пар“ до себе немаше за да и раскажува приказни за пред спиење, облачно и врнежливо - беше, ама без „Лепи громе мој“, за среќа, а таа не беше облечена за спиење „Во неговата маичка“, иако се' и се „Манта“ -ше в глава... И Розманка веќе тоа не можеше да го поднесе, па им се обрати на комшиите. И тоа писмено... На Инстаграм, со статус кој содржи молба за исполнување желба!
Дали молбата беше услишена, а желбата исполнета и дали Розман набргу заспа...? Останува да дознаеме најбргу што можеме, а за пивото и „Литрото крв“?  Цеца и Ацо Пејовиќ ионака наскоро ќе доаѓаат на концерт кај нас, а пивото најдобро оди секако со неговата „Литар крви“  или нејзината „Кад би био рањен - крви би ти дала“... Се разбира,  во малку поинаков амбиент од оној домашниот, за пред спиење!
]]>

Бугарската пејачка Есил Дуран – од џезерка до турбофолкерка и повторно назад! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskata-pejachka-esil-duran-od-dzezerka-do-turbofolkerka-i-povtorno-nazad-foto-video/ Mon, 28 May 2018 10:08:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29107

Бугарската турбофолк пејачка со турско потекло Есил Дуран, чија музичка кариера сериозно се „топи“ во изминатите неколку години, размислува да му се врати во џезот, стилот што претходно го негувала во музиката, пишува бугарска HotArena.
Неодамна таа снимаше класични џез песни и доби многу комплименти за нејзините изведби. Затоа таа не ја отфрли можноста да продолжи  го вади лебот на овој начин.
Пејачката е една од ретките во бугарската музичка индустрија која може да се пофали со високото музичко образование. Дипломирала „поп и џез пеење“, а на почетокот на кариерата таа го работеше токму тоа.
Но, откако виде дека има повеќе пари во турбофолкот, се префрли на него. Сега џезот одново влегува во мода, а фолкот е помалку погоден за одмионатата возраст на Есил Дуран. Затоа пејачката смета дека ќе му се врати на „американскиот“ стил. Извор: Новини.бг https://www.youtube.com/watch?v=cDVa34EuO9I]]>