тумбао салса бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 13 Apr 2023 06:03:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тумбао салса бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Тумбао салса бенд“ ја преработија во етно џез верзија македонската народна песна – „Ти ли се најде Лено мори?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tumbao-salsa-bend-ja-prerabotija-vo-etno-dhez-verzija-makedonskata-narodna-pesna-ti-li-se-najde-leno-mori-video/ Thu, 13 Apr 2023 06:05:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297971

Македонскиот латино-џез состав „Тумбао Салса Бенд“, предводен ов врвниот гитарист Петар Ренџов има нова песна. Овој пат тие промовираа уште една извонредна обработка во нивни стил, со тоа што етно-џез манир направија кавер на македонската народна песна „Ти ли се најде Лено мори“?  Се работи за традиционална изворна тема чија прва снимка ја направил оркестарот на МРТВ, а своевремено ја отпеала легендарната Вања Лазарова. Новата етно-џез верзија на „Тумбао салса бенд“ е во интерпретација на вокалистката Ивана Стојановска. Нејзиниот мек, нежен, елегичен и сугестиван вокал извонредно се вклопува во џезираната верзија на изворната тема, создавајќи една нова универзална музичка целина, поразлична од оригиналот, а сепак толку препознатлива и автентична за нашето музичко поднебје. „Ти ли се најде Лено мори“ е збогатена и визуелизирана со видеоспот, сниман на локација пред скопскиот ТЦ центар „Бисер“ во населбата Аеродром, каде бендот го изведува својот перформанс во манирот на уличните музичари. Видеото  го продуцираа и мастерираа Бранко Попчевски и Никола Китановски  -„SUN ART“ (аудио и визуелни уметности) и Горан и Борис Поп - Атанасовиќ - „BABA 3D - studio“, за што Ренџов и бендот јавно им изразија огромна благодарност. Како сето ова звучи и изгледа спакувано во аудио-визуелен запис, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Тумбао салса бенд“ со музичка разгледница од Охрид со „Triple Love for Kaneo“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tumbao-salsa-bend-so-muzichka-razglednica-od-ohrid-so-triple-love-for-kaneo-video/ Tue, 09 Aug 2022 11:41:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261970

Преку музичка реклама за нашиот туристички бисер Охрид, Петар Ренџов и неговите „Тумбао салса бенд“ ја промовираат новата песна „Triple love for Kaneo“. Ведрата, ритмична мелодија со латино ритам веќе се врти на радијата во земјава, а интересниот спот, што го реалзираше „ИнТек систем“ е вистинска разгледница за преубавиот Охрид. – Ова е новата песна на Тумбао Салса Бенд. Песната „Triple love for Kaneo“ содржи два македонски збора „црвено вино“ и „Канео“ во Охрид кои даваат значење за Македонија, порача Ренџов на неговиот профил на Фејсбук. Мартина Авросиевска, со својот глас, но и со флејтата, одлично ја долови ведрината на текстот, за што придонесоа сите членови на бендот. Ренџов вели дека песната е наменета за музичките платформи со стриминг сервис за Латинска Америка, а во себе ја носи разгледницата за Охрид. На видеото за песната работеше и охридска екипа, предводена од познатиот режисер Илија Пиперкоски. Погледнете: фото:Jutjub printskrin]]>

„Џез во лозјето“ за крај на гроздоберот https://arhiva.vistina.com.mk/dzez-vo-lozjeto-za-kraj-na-grozdoberot/ Tue, 08 Oct 2019 11:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111514

Оваа среда, на 9ти октомври од 17 до 23 часот, бидете дел од културниот настан „Џез во лозјето“. Со оваа несекојдневна манифестација за прв пат на ваков начин ќе се одбележи крајот на гроздоберот во живописниот пејсаж на винаријата Шато Сопот, во срцето на Велешкото виногорје. Гостите ќе можат да уживаат во некои од најквалитетните вина во рустичниот и уникатен стил кој го нуди винаријата. Сите вина ќе бидат по специјална цена за настанот, а вино на вечерта ќе биде Каберне Совињон Резерва 2014. Ова вино е направено од грозје од сортата Каберне Совињон од сопственото лозје на Шато Сопот. Комплексно, со полно тело, меки зрели танини и богати овошни вкусови. Гостите ќе уживаат во џез репертоарот на три џез состави: Традаванда Квартет во состав Трајче Илиевски на гитара, Давид Скерлевски на клавијатури, Андреа Мирческа на контрабас и Дамјан Грујо на тапани. Млади инструменталисти, студенти од катедрата за популарни жанрови при Факултетот за музичка уметност од Скопје кои пукаат од енергија и ентузијазам на сцена. Репертоарот вклучува џез стандарди од свинг и бибоп ерата, звуци од 30-тите и 40-тите години на минатиот век. Квартетот на извонредниот Оливер Јосифовски, популарниот музичар на контрабас и основач на групата Љубојна. Го придружуваат фантастичната Лина Авшар, позната по нејзиниот моќен глас, како и по нејзините интерпретации на фанк-соул-џез стандарди и современа популарна музика, клавијатуристот Филип Димишковски, најдобар млад џез музичар за 2018 година и Александар Џигер Ванчовски на тапани. Тумбао Салса Бенд со десетчлен состав (Петар Ренџов- гитара, Сенад Усеин – труба, Ставре Ставрев – тапани, Горан Гешовски – бас, Кирил Кузманов – саксофон, Анче Наумовска – вокал, Мартина Христовска – вокал, Дамир Имери – пијано, Сашко Николовски - тромбон, Арсо Јаневски – перкусии). Тумбао Салса Бенд е носител на стилот латинџез кој успешно го имплементира вo традиционалната македонска музика и фолклор. Временската прогноза за оваа среда предвидува сончево и стабилно време со температура до максимални 23 степени, а вечерта ќе се спушти до 14 степени. Веројатноста за дожд и посилен ветер е многу мала. Времето е добро за Џез во лозјето (во надворешни услови), сепак препорачуваме топла облека. Настанот е на отворено, но достапен е и затворен дел. Шато Сопот препорачува одговорно конзумирање на вино на настанот и користење на превоз. Велес – Шато Сопот – Велес Превозник: Маро турс Цена на повратен билет: 100 ден. Поаѓање: 17:00, 18:00 и 19:00 часот пред маркет Жито Ване (попатно застанува Трговски, Ерик и Нама) Враќање: 22:45, 23:30 и 00:15 Скопје – Шато Сопот – Скопје Цена на повратен билет: 300 ден. Поаѓање: 16:45 и 18:30 часот пред Цветен пазар (кај Нова Македонија) Враќање: 22:45 и 24:00 часот Резервација на превоз преку порака на https://www.facebook.com/chateausopotmacedonia/ Влезот на „Џез во лозјето“ е бесплатен. Се разбира, претходно навреме направете си резервација, зашто просторот е сепак ограничен, а интересот огромен! Резервации на телефон 078 66 33 00. Настанот е поддржан од Министерство за Култура „Нов културен бран“ 2019 и Винаријата Шато Сопот, а организатор е здружението Базилика. Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/926675597707874/]]>