Цветанка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Dec 2023 12:16:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Цветанка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонката Јованка Јо „растури“ на сцената во „Никогаш не е доцна“, а кулминација од овации доби настапот во дует со нејзината 71-годишна мајка (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonkata-jovanka-jo-rasturi-na-stsenata-vo-nikogash-ne-e-dotsna-a-kulminatsija-od-ovatsii-dobi-nastapot-vo-duet-so-nejzinata-71-godishna-majka-video/ Wed, 13 Dec 2023 08:08:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330926

Во првата емисија од вториот круг на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“ прва настапи македонската учесничка Јованка Јакимоски Митреска (47) , а по совршениот блуз кој претходно го изведе на големата сцена на Гранд, овојпат решила да отпее нешто сосема поинакво. „Секоја убава песна ми е драга“ - рече натпреварувачката и нагласи дека во Македонија веќе ја препознале уште по првата емисија, пред да ја изведе песната „Бибер“ од Лепа Брена. Жика реагираше воодушевено по пеењето на Јованка, а Драгана Катиќ сето тоа го сублимира во неколку зборови. „Јованка, прва изведувачка, па што да кажам прво па машко“ - рече Драгана и му даде збор на Стефан Бужуровиќ, кој беше во жирито. „Навистина мислам дека Македонците треба да бидат надвор од конкуренција кога станува збор за вакви песни и дека воопшто не треба да се натпреваруваат затоа што е бесмислено да се зборува за квалитет. А кога некој вака пее, сосема ми е јасно зошто не ги полага надежи на очекувањата, бидејќи така пее и знае што прави“ – изјави Стефан. Натпреварувачката објасни дека ова е исклучително “захтевна“ песна за неа и се заблагодари за убавите зборови, а уште една членка на жирито, Вања Мијатовиќ, ја истакна енергијата на натпреварувачката. „Оваа песна е толку емотивна и толку убаво ја обои со својата енергија.Се гледа дека уживаш во секоја нота на сцената, во секој момент, а мене ова вечерва многу ми се допадна“ - изјави Вања. Претседателот на жирито Саша Милошевиќ - Маре ги разреши сите можни дилеми околу квалитетот на натпреварувачката. „Ако некој се сомневаше по првиот настап кога изведовте песна која не е толку позната на овие простори, сега и последниот сомнеж дефинитивно исчезна. Можете да пеете што сакате, а изборот на оваа песна беше полн погодок“ - нагласи Маре. Жика уште еднаш ја поздрави натпреварувачката, а потоа и ја претстави мајка си Цветанка Јакимоска која со неа дојде од Крушево. „Ова е прекрасно шоу и сиот свет е среќен“ - рече мајката на пејачката и раскажа за што разговарала со своите пријателки. „Признавам дека сум малку горда додека зборуваат за настапот на ќерка ми“ - рече Цветанка, а натпреварувачката објасни.   „Мајка ми како дете доби стипедија за да учи пеење, но не го направи тоа бидејќи такви беа времињата.Но, таа пееше по дома, на работа, а сега ми е многу мило за неа што ќе се појави и на сцената“ - додаде Јованка и ја изведе песната „Кирјана вино продава“ заедно со нејзината мајка, која на сцената дебитираше на 71 годишна возраст, добивајќи овации за ревијалниот настап. „Браво мајко, браво!“ - извика Жика, а настапите на Јованка Јо сама и заедно со нејзината мајка погледнете ги  на самиот почеток од видеото во продолжение. <]]>