Цветанка Атанасова. – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Jan 2024 12:14:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Цветанка Атанасова. – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мартин Костадинов во своето музичко првенче нуди – „Надеж“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/martin-kostadinov-vo-svoeto-muzichko-prvenche-nudi-nadezh-video/ Thu, 11 Jan 2024 12:14:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334603

Дваесетгодишниот талентиран Мартин Костадинов од Гевгелија го објави своето првенче „Надеж“, песна исполнета со многу емоции кои лесно можат да допрат до слушателите. Младиот пејач освен што го збогати музичкото парче со својот милозвучен глас, се погрижи за текстот на песната како и музиката заедно со Борис Кјаев. Битот е дело на Немања Кипиќ, пратечки вокали се Јасмина Атанасова и Александар Комненовиќ, а зад сценариото за музичкото видео стои познатиот инфлуенсер Александар Динев. Спотот е снимен и едитиран од страна на Александар Комненовиќ, а за кореографијата се погрижи Цветанка Атанасова.
Мартин истакна дека ова дело има посебно значење за него бидејќи отсликува дел од неговиот живот: „Песна која што за мене има огромно значење, неколку минути кои опишуваат една прекрасна, но, и болна етапа во мојот живот. Се надевам дека ќе ви се допадне и ќе уживате во мојот првенец.“ За потсетување, младиот Мартин минатата година се натпреваруваше на музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ под менторство на познатата пејачка Ана Бекута, и дефинитивно остави одличен впечаток. Но, ова е само почеток, Мартин во моментов работи и на втора песна со побрз и весел ритам, а дотогаш слушајте ја „Надеж“. ]]>