црвенеат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Feb 2023 13:15:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png црвенеат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто образите црвенеат по пиење алкохол? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-obrazite-tsrveneat-po-piene-alkohol/ Tue, 14 Feb 2023 10:46:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288882

Ново научно откритие ги објаснува можните биолошки причини зошто кај луѓето се појавува црвенило на лицето и зошто кај некои тоа е поизразено. Имено, геномот којшто предизвикува црвенило на образите, на пр. по пиење алкохол, исто така влијае на воспаленијата во телото, но и на циркулацијата. Последиците од алкохолот, од друга страна, за голем дел од луѓето, значително се ублажуваат преку ензимот наречен митохондријална алдехид дехидрогеназа (АЛДХ2). Таа го разложува алкохолот на помалку штетни компоненти во процес од повеќе чекори – прво, етанолот се претвора во соединението ацеталдехид, а потоа се разградува до ацетат. Така, овој ензим претставува своевидна заштита од штетните последици од алкохолот. Меѓутоа, за луѓето со варијантата наречена АЛДХ2*2, тој процес не е толку едноставен. Нивниот ензим има значително намалена функција и како резултат на тоа, токсичниот ацеталдехид може да остане во нивните тела многу подолго, предизвикувајќи посеризни последици од прекумерното пиење (и полош мамурлак). Оваа варијанта е речиси отсутна кај луѓето во поголем дел на светот, освен во Источна Азија, каде што варијантата на ензимот е присутна кај околу една третина од луѓето. Луѓето кои пијат и покрај тоа што го имаат овој генотип се изложени на зголемена опасност од рак, а исто така имаат и до 48 отсто поголема можност од срцеви заболувања, предупредуваат лекарите. Истражувањето, чии резултати се објавени во списанието „Сајенс транслејшнал медисин“ (Science Translational Medicine), комбинира две различни истражувања спроведени на глувци со анализа на геномски податоци на „Биобанк“ за примероци од Јапонија и Велика Британија. Останува не докрај разјаснето како сѐ ова е поврзана со АЛДХ2. За да ја открие оваа врска, истражувачите предводени од Џозеф Ц. Ву, лекар и директор на Кардиоваскуларниот институт во Стенфорд, спроведе анализа на геномот на 29.319 случаи на луѓе со срцеви заболувања. Откако се потврди поврзаноста меѓу варијантата АЛДХ2*2 и срцевите заболувања, научниците се задржаа кај примероци од девет засегнати лица. По еден стандарден пијалак, се забележало дека испитаниците имаат намалена функција на ендотелијалните клетки, што игра клучна улога во одредувањето на опасноста од заедничкиот тип срцева болест – коронарна артериска болест. извор:(МИА)]]>