Центар за интердисциплинарни активности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Jun 2023 12:37:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Центар за интердисциплинарни активности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Второ издание на Центар за интердисциплинарни активности https://arhiva.vistina.com.mk/vtoro-izdanie-na-tsentar-za-interdistsiplinarni-aktivnosti/ Fri, 23 Jun 2023 06:30:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307548

Изминатиов викенд од 15 до 18 јуни 2023 година во селото Растојца, Демир Хисар, се одржа второто издание на Центарот за Интердисциплинарни Активности. ЦИА е номадска резиденција односно центар која секоја година истражува нови простори, места и природа, каде учесниците престојуваат, работат, творат, истражуваат, разговараат, споделуваат, се запознаваат и остваруваат меѓусебни соработки. За време на нивниот престој, учесниците заеднички беа дел од снимање на краток експериментален филм, сликање, фотографирање и планинарење. Се одржа работилница за современ танц, се креираше музика за експерименталниот филм, се дискутираше за креативна продукција... Учесниците имаа можност да практикуваат комбинирана техника на јога и чи гонг. Настанот се заокружи со музички настапи на Зарина Првасевда и на Елена Христовска - Баклава. Второто издание понуди прекрасни и инспиративни прошетки во природа опкружена со водопади, реки, планини и полиња, сето тоа искуство беше надополнето со прекрасна slow food храна подготвена за време на самиот настан од страна на готвач со помош на сите учесници. Дополнително учесниците имаа можност да проследат работилница за реставрација и дигитализација на филм како и да учествуваат во изработка на стоп анимација. За следниот период можеме да ви ги најавиме настаните со проекции на филмовите како и изложби од фотографиите и сликарските техники. Првата изложба и проекција ќе може да се проследи на Бич Филм Фестивал во Охрид од 19 до 23 јули. Настанот е организиран од ОПИУМ Филм, поддржано од Министерство за култура и Витаминка, а во соработка со Кинотека на Македонија, Кино Балкан, Бич Филм Фестивал, Фестивал за алтернативна фотографија Зрно, ПЕГ Турниме да кинисам и Персона Филм Продукција.]]>