труење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Aug 2023 08:04:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png труење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Светски признатата македонска пејачка Тања Царовска со шокантен Фејсбук статус откако се „отру од смрдеата“ од фабриката на браќата Заеви: „Го дишат ли Зоран и Вице истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа и Ресен“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/svetski-priznatata-makedonska-pejachka-tana-tsarovska-so-shokanten-fejsbuk-status-otkako-se-otru-od-smrdeata-od-fabrikata-na-brakata-zaevi-go-dishat-li-zoran-i-vitse-istiot-vozduh-shto-go-dishat-bebin/ Fri, 04 Aug 2023 07:54:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312617

Тања Царовска позната македонска пејачка која со години живее и работи надвор од Македонија, во Англија. Таму каде што е најтешко да се успее, особено ако не си „нивен“ туку дојден од таму некаде, долу од Балканот. Но за нејзиниот светски признат вокал и музички способности сведочат достигнувањата и делата. Царовска соработувала со голем број познати светски музичари и продуценти, како: Габриел Јаред, Џејмс Хорнер, Џон Дебни, Џоселин Пук, Дејвид Фостер, итн. Исто така, таа учествувала на албумот „Импресии“ на американскиот музичар Крис Боти што ја добил наградата „Греми“ во 2013 година. Таа ја пее песната „По друм одам мајче“ во филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, а соработувала и со Дуке Бојаџиев на неговиот проект „Сон, верба, љубов“. Царовска пее со Џош Гробан во песната „Сети се на мене“ (Remember Me), која е дел од филмскиот мегахит „Троја“ со Бред Пит и Орландо Блум во главните улоги.  За оваа песна, Царовска била номинирана во категоријата: „Најдобра оригинална песна напишана за филм“ во 2004 година (World Soundtrack Awards), заедно со Џејмс Хорнер (музика), Синтија Вејл (стихови) и Џош Гробан (изведувач). Исто така, таа е главниот вокал во музиката за филмот „Христовото страдање“ на Мел Гибсон, со Моника Белучи, кој заработил дури 622 милиони долари и е комерцијално најуспешниот филм со тематика за христијанството и еден од филмовите со најголема заработка во историјата, воопшто. Летово  Тања Царовска која е по потекло од битолско-преспанскиот крај престојува дома, во Македонија. Сакајќи да побегне од летните жештини кои се уште поизразени на асфалтно-бетонската џунгла во македонската престолнина, пејачката заминала на село... Во родната Преспа, близу Отешево, планинско место на надморска височина од 900 метри каде воздухот (треба да) е толку чист, што своевремено била изградена болница за лечење пациенти од белодробни заболувања. Ама тоа било некогаш, денес, природната воздушна бања е претворена во гасна комора, во која смрди до неможење да дишеш. Шокирана и револтирана од она што таму се случува и го затекнала, Тања Царовска споделила статус на својот Фејсбук профил посочувајќи ја состојбата, ама и причините и виновниците заради кои природата е  доведена до состојба на отровно умирање. „Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив ме запече грло и очи. Не драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум. Во село на 8 километри од Ресен, на надморска височина од скоро 900м, а близу Отешево, местото каде што се лекуваат пациенти во специјализираната болница за белодробни заболувања заради чистиот воздух. Кога бев мала овде мирисаше на трева, сено и лепешки, со воздух кој беше толку чист што просто го чувствуваш на лицето како те лади и “бања”. Рај за сетилата! Но, од пред неколку години, славните браќа Заеви ја купија фабриката за глина “Слога” во Ресен. Од тогаш градот труе, а еве, и околните села. Кога нема силен ветер, а најчесто нема – смрди до неможење да дишеш! И тоа баш навечер, после почнувањето на третата работничка смена во Слога. Со ова би сакала да отворам неколку големи прашања – на што гориво работи фабриката? Или поточно – што се гори во неа? Ресенчани и Преспанци – зошто молчите? Не ви пречи ли да дишете отров? Или ако има некаков отпор а не знам – ве молам упатете ме, да се придружиме сите! Има ли новинари кои би сакале ова да го истражат??? И последно прашање – браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа? Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!!! (А ко се пакував во Скопје за навака – го гледам прочистувачот за воздух и си викам: Е, барем ова за таму не ми треба!“  - напишала и споделила пејачката. Затоа пак газдите Заеви или поточно, бившиот премиер и екс-СДС лидер Зоран, „мува не го лази“, зашто ужива некаде таму надвор со своето семејство, дишејќи свеж, морски, медитарнски воздух  на Јадранот. Од Истра во Хрватска до Италија, од каде неговата ќерка Александра споделуваше фотографии на социјалните мрежи. Преспа секако не им е интересна за летување, зашто таму квалитетот на воздухот знаат каков е оти тие „го контролираат“ со својот „отровен бизнис“ на сметка на здравјето на локалното население и еко катастрофата на природата. Фото: Фејсбук/Tanja Xena Tzarovska /  ]]>

Дали Даниел Кајмакоски навистина беше „отруен“ од бившата сопруга Кристина или тоа беше само „невешта глума“, никогаш не дознавме… Сега пејачот „Глуми дека сака“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-daniel-kajmakoski-navistina-beshe-otruen-od-bivshata-sopruga-kristina-ili-toa-beshe-samo-neveshta-gluma-nikogash-ne-doznavme-sega-pejachot-glumi-deka-saka-video/ Sat, 30 Apr 2022 07:45:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208933

Случката со наводното труење и поттурање нешто во кафето кое го претходно го пиел со екс сопругата и мајка на нивното заедничко дете, мисицата Кристина Димитриевска , по која Даниел Кајмакоски заврши во една од клиниките на Клиничкиот центар во Скопје, никогаш не доби свој епилог... Не барем во јавноста. Тој по информацијата дека наводно е „отруен“ повеќе не се јави ниту да потврди, ниту да демантира, мисицата се повика на својот адвокат, а МВР „курнаски“ ја премолче целата случка, односно нејзината разрешница! Сите „(не)среќни и (не)задоволни“, ама и сите молчат како залиени! Она што „неофицијално“ се дозна подоцна е дека пејачот навистина завршил во болница од каде и самиот се јави со порака на социјалните мрежи, но не само заради наводното труење, туку и заради здравствени прегледи и на некои други клиники! Очигледно дека со здравјето на Кајмакоски сега е се' во ред или барем не е витално загрозено, зашто подоцна тој, како и екс сопругата тивко си се вратија секој на својот живот и своите обврски, оставајќи ја неразјаснета дилемата: Дали  Даниел Кајмакоски  навистина беше „отруен“ од бившата сопруга Кристина или тоа беше само „невешта глума“ на пејачот...? Кривично дело или само постбрачен „циркуз“ - никогаш не дознавме?! По сомнежите дека бил отруен од бившата сопруга, мисицата Кристина Димитриевска, пејачот Даниел Кајмакоски потврди дека е во болница: „Трет ден сум овде…“ – Вистина.мк (vistina.com.mk) А кога сме веќе кај глумата, токму со неа Даниел е повторно актуелен... Само што сега пејачот „Глуми дека сака“!  Или поточно, така пее! „Зошто ме предаде ти, кажи ми, можеш ли барем на крајот да не ме лажеш, можеш ли...? Овој ѕид го дели мојот свет на два, во еден дел, ти, во другиот јас... Јас глумам дека сакам после тебе, зашто се плашам во срцето да го стопам мразот, јас лажам дека сакам, се лажам себе, кога друга со допир ќе ме разбуди од сонот, јас секогаш бегам“...  Вака некако отприлика одат стиховите кога Даниел Кајмакоски пее за тоа дека „Глуми дека сака“, во најновата песна која набргу по враќањето во Белград ја сними во студиото на „Скај мјузик“ за потребите на ТВ шоуто „Студио“, продуцирано од истата продукциска куќа, кое оди секоја сабота на првиот канал на националната РТС 1. Музиката ја напишал самиот, во текстот „како создаден за него“ преточен во стихови од маестралниот македонски лиричар Огнен Неделковски и извесна Данијела Илиќ, многумина на прва го препознаа она што Даниел Кајмаковски го доживува во себе по разводот со екс сопругата Кристина Димитриевска? Дали стиховите се „чиста случајност“ која се поклопила со реалноста, или наменски пишувани по негови кажувања како парче од неговата животна биографија, останува или авторот или самиот изведувач да се произјаснат. Судејќи по тоа дека Даниел Кајмакоски „тешко и ретко отвора душа“, останува една друга дилема: Дали пејачот е навистина толку многу погоден од разводот или „секое зло за добро е“,  па „вешто ја користи“ таа ситуација за „ревитализација“ на својата кариера!? Одговорот во првата следна прилика за интервју со Кајмакоски, кој „Глуми дека сака“... ама засега, само во песна, која звучи вака: Фото: Инстаграм принтскрин/daniel_kajmakoski]]>

Еве каде се наоѓа Даниел Кајмакоски по немилиот настан и сомнежите дека бил отруен од бившата сопруга: „Се враќам назад каде што сè започна“ https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kade-se-naogja-daniel-kajmakoski-po-nemiliot-nastan-i-somnezite-deka-bil-otruen-od-bivshata-sopruga-se-vrakjam-nazad-kade-shto-se-zapochna/ Mon, 17 May 2021 06:54:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202570

Неодамна во домашните медиуми како бомба одекна веста дека македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски наводно бил „отруен“ од неговата поранешна сопруга, мисицата Кристина Димитриевска. Имено, како што пренесоа некои од медиумите, пејачот бил примен во болница откако се чувствувал лошо и се посомневал дека му се слошило од кафето кое му го дала поранешната сопруга. По средбата на поранешниот пар, на Кајмакоски му се слошило. Тогаш пејачот се огласи на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека веќе трет ден е во болница и дека ќе остави на надлежните органи да работат на расчитување на случајот. По сомнежите дека бил отруен од бившата сопруга, мисицата Кристина Димитриевска, пејачот Даниел Кајмакоски потврди дека е во болница: „Трет ден сум овде…“ – Вистина.мк (vistina.com.mk) По ова негово огласување, Даниел не беше активен на социјалните мрежи и не се знаеше каде се наоѓа, се до пред некој ден кога повторно се огласи. Изгледа бурниот период е зад пејачот, па тој се враќа на неговите активности. Тој во кусите приказни на Инстаграм објави фотографија од Скадарлија, а во описот напиша: „Се враќаме таму каде што започна сè“, напиша кратко, а потоа објави фотографија од студио, а во описот стави: „Да паднеш надолу е несреќа, да останеш долу е избор“, па останува да видиме дали победникот на Х фактор подготвува ново музичко дело. Потсетуваме, Даниел Кајамакоски и Кристина Димитриевска се разведоа во 2019 година, а од бракот го имаат четиригодишниот син Давид. Инаку, Димтриевска во една прилика во интервју за „Бекстејџ“ истакна дека е таа е татко и мајка на нивниот син, а дека многумина ќе разберат што сака да каже со тоа. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kristina-dimitrievska-odgovori-na-prashanjeto-zoshto-daniel-kajmakoski-ne-prisustvuval-na-rodendenot-od-naslednikot-jas-sum-majka-i-tatko-na-mojot-sin/  ]]>

Младата „Ѕвезда на Гранд“ итно префрлена во болница на реанимација: Пејачот добил труење и алергиски шок откако јадел храна на која е алергичен https://arhiva.vistina.com.mk/mladata-dzvezda-na-grand-itno-prefrlen-vo-bolnica-na-reanimacija-pejachot-dobil-truenje-i-alergiski-shok-otkako-jadel-hrana-na-koja-e-alergichen/ Mon, 01 Jun 2020 09:23:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152006

Пејачот Никола Мишовиќ, кого локалната публика го знае од натпреварот на „Ѕвездите на Гранд“, доживеа вистинска драма откако јадел храна на која е алергичен, јавуваат локалните медиуми. Тој бил итно пренесен во болница, каде лекарите му ја укажале потребната медицинска помош. Тој како што се наведува, се наоѓа во КБЦ „Бежаниска Коса“ по труењето со храна кое предизвикало алергиски шок од мешунките што ги јадел, по што добил воспаление на хранопроводот, кој од алергиската реакција му отекол, па што му се заканувало да не може да дише и да се задуши. Фото: Инстаграм принтскрин/ „Ѕвездите на Гранд“ -мЈутјуб принтскрин]]>

Наташа Беквалац итно примена во болница, а еве ја и причината https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-bekvalac-itno-primena-vo-bolnica-a-eve-ja-i-prichinata/ Fri, 24 Jan 2020 10:38:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130787

Наташа Беквалац мора на кратко да одмори од подготовките за својот концерт во Белградска Арена кој е закажан за 14 февруари, а причината за тоа е што и се слошило и итно била примена во болница, пишува ало.рс „Сите се исплашивме поради Наташа. Не знаевме што и е. Често чувствуваше мака, имаше нагони за повраќање и се виткаше од болки. Веднаш ја однесовме во болница. Никој не можеше да верува дека доби труење од храна. Беше задржана во болница, примаше неколку инфузии, па ја пуштија на домашно лекување. И тоа и се случи кога имаше еден слободен ден, кога немаше обврски. Бевме до град и купивме брза храна. Наташа не сакаше да јаде, но ние успеавме да ја убедиме барем еднаш да го прекраши својот начин на исхрана. Инаку, Наташа пази што јаде и редовно тренира, посебно сега пред концерт. Секако, понекогаш се случува и таа се опушти, па знае да ги прекрши правилата  и да јаде нешто слатко или брз храна“ тврди изворот. За потсетување, Беквалац моментално се подготвува за нејзиниот концерт, па често е со својот тим каде ги финализираат крајните пдготовките за концертот.]]>

Што смеете да јадете ако сте се отруле од храна https://arhiva.vistina.com.mk/shto-smeete-da-jadete-ako-ste-se-otrule-od-hrana/ Thu, 09 Jan 2020 14:13:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128123

Труењето со храната никогаш не би смеело да се игнорира! Ако сте се отруле со храната, губите многу течности, затоа е важно тоа да се надомести, а доколку симптомите се сериозни задолжително посетете лекар. За поблагите симптоми на труење со храна доволно е да се побара помош во некои природни препарати: Ѓумбир Ова е одличен лек за речиси сите проблеми со варењето. Чајот од ѓумбир можете да го испиете пред или по ручекот за да ги олесните проблемите, а другата опција е да изрендате мала лажичка ѓумбир, да ја измешате со мала лажичка мед, и таа комбинација да ја консумирате неколкупати на ден за да ги олесните симптомите. Јаболков оцет Освен што е речиси неизбежен додаток на некои јадења и одличен препарат за домаќинството, јаболковиот оцет ќе ви ги олесни симптомите на труењето со храната и тоа моментално. Измешајте две лажици оцет со топла вода и консумирајте ја напивката пред оброкот. Јогурт Јогуртот има антибактериски својства кои ќе ги смират симптомите предизвикани од труењето, покрај тоа ќе ги олеснат болките во стомакот. Лимон Антибактериските, антивирусните и противвоспалителните својства на овој производ сигурно ќе ви ја олеснат состојбата. Додадете неколку зрна шеќер на лажицата полна со лимонов сок три пати на ден за да ви помогне препаратот. Босилек Оваа билка е одлично средство за непријатностите кои ги предизвикува труењето со храната. Можете да си помогнете на неколку начини – ставете неколку капки масло од босилек во водата и консумирајте во текот на денот. Можете да ставите неколку иситнети ливчиња босилек во јогурт и да јадете три пати на ден додека болката на се смири. Пијте многу вода Возрасните треба да пијат од 8 до 16 чаши вода дневно, но во помали количини повеќепати за да се спречи дехидратација. Ќе знаете дека внесувате доволно вода кога ќе почнете да уринирате нормално, а бојата на урината од темна ќе премине во нормална. извор: Курир.мк]]>