трудници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Dec 2022 10:54:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трудници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трудниците несериозно го сфаќаат овој совет, а истиот може да им спаси живот https://arhiva.vistina.com.mk/trudnicite-neseriozno-go-sfakjaat-ovoj-sovet-a-istiot-moze-da-im-spasi-zivot/ Thu, 29 Dec 2022 12:35:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282157

Кога станува збор за породувањето, едно од важните правила е дека не смеете да пристигнувате со лакирани нокти. Многу луѓе не разбираат зошто се применува ова правило и додека некои мислат дека тоа е сосема во ред, други се на мислење дека лакот за нокти не може да наштети на трудницата или на бебето. Сепак, се поставува прашањето, која е вистинската причина за ова правило и зошто е забрането да се доаѓа на породување со фарбани нокти? Вистинската причина лежи исклучиво во здравјето и безбедноста на трудницата. Лакот за време на породувањето е забранет поради една исклучително важна причина – преку бојата на ноктите се гледаат многу работи, од разни промени во телото на мајката, па се до компликации по породувањето, а за лекарите тоа е првиот знак дека со состојбата на жената, всушност, нешто не е во ред. Промените во ноктите кои може да се забележат при породувањето се важни за лекарите за навреме да ги откријат можните компликации. Кога ноктите на мајката се безбојни и природно розови, се е во ред. Но, ако има промена во бојата, па тие стануваат бели, жолти или сини – ова укажува на недостаток на кислород во телото, што е многу опасно за време на породувањето. Токму затоа е важно да не се мачкаат ноктите на родилката за да може навреме да се открие таков проблем кој може да биде пресуден за здравјето на трудницата. извор:курир.мк]]>

Вест која нема да им се допадне на трудниците: Не смеете да пиете кафе https://arhiva.vistina.com.mk/vest-koja-nema-da-im-se-dopadne-na-trudnicite-ne-smeete-da-piete-kafe/ Wed, 09 Nov 2022 13:45:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275137

Истражувачите од Националниот институт за детско здравје и човечки развој во Мериленд ги објавија своите препораки. Бремените жени не треба да пијат кафе бидејќи кофеинот го прави нивното бебе да изгледа помало, покажа новото истражување на Националниот институт за детско здравје и човечки развој во Мериленд, САД. Работата на научниците беше објавена во JAMA Network Open. Студијата опфатила 1116 парови мајка-дете. Децата на возраст од 4 до 8 години биле тестирани за висина и тежина, а концентрациите на кофеинот во плазмата на нивните мајки биле мерени од истражувачите за време на бременоста. Децата чии мајки консумирале дури и мали количества кофеин за време на бременоста, 50 милиграми или половина шолја кафе дневно, во просек биле пониски од децата чии мајки не консумирале кофеин за време на бременоста. Се покажало дека разликата во висината кај децата се зголемувала секоја година до 8-годишна возраст. Немаше разлика во тежината и индексот на телесна маса. Во идните студии, научниците планираат да откријат како точно кофеинот влијае на растот на нероденото дете.]]>

Нова понуда: Хамбургер за трудници, комбинации кои многумина никогаш не би ги пробале https://arhiva.vistina.com.mk/nova-ponuda-hamburger-za-trudnici-kombinacii-koi-mnogumina-nikogash-ne-bi-gi-probale/ Wed, 18 May 2022 12:00:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251000

Германски „Бургер кинг“ воведе нова понуда на хамбургер – за трудници, а тоа стана интернет-хит поради комбинациите што содржат, покрај плескавица, секако – и банани, сладолед од ванила, јајца, маслинки, палачинки, свежи малини, шлаг… Изборот околу тоа што сѐ ќе содржи сендвичот, сепак, е на купувачката… „Изгледа дека сте побарале од шестгодишно дете да ги комбинира сите негови омилени јадења“, гласи еден коментар на Твитер. Сепак, иако на многумина им изгледа и им звучи прилично „бизарно“ и неспоиво, новата понуда има објаснување, а е наменето за сите идни мајки во Германија. Според „Бургер кинг“, тие се таму за „да ви ја остварат трудничка желба за хамбургер“. „Преку репрезентативно истражување кај идните мајки, „Бургер кинг“ го откри митот за необичните силни желби за храна во бременоста. Резултатот е: Таа силна желба за време на бременоста е најнормалната работа на светот и отпорот е речиси бесмислен“, се вели во соопштението. Според испитувањњата на „Бургер кинг“ во Германија, 58 отсто од жените чувствуваат необично силна желба за храна во бременоста. Трите најпопуларни чудни комбинации на храна кај идните мајки во оваа држава се – мармалад и кисели краставички, потоа – рибни стапчиња и сос од јаболка и, колбаси „Каривурст“ и маринирана харинга.]]>

За трудниците, оние кои дојат или сакаат во иднина да останат бремени: Марија Јаневска за вакцините и стравот од неплодноста https://arhiva.vistina.com.mk/za-trudnicite-onie-koi-dojat-ili-sakaat-vo-idnina-da-ostanat-bremeni-marija-janevska-za-vakcinite-i-stravot-od-neplodnosta/ Fri, 13 Aug 2021 09:25:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215191

Додека целиот свет е поделен на ЗА и ПРОТИВ ставови за вакцинирање против ковид-19, како особено засегнати по ова прашање се истакнуваат бремените жени, доилките и оние кои планираат бременост. Лажните вести, недоволната информираност или напливот на информации доведоа до премногу теории и страв од вакцините кај оваа категорија граѓани. Марија Јаневска- писателка и дипломиран фармацевт, која во моментов студира молекуларна вирусологија на престижен меѓународен универзитет и неодамна се пресели да живее и работи во Белгија, со детален статус објасни за полемиките околу неплодноста и вакцините. Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост: „ЗА ВАКЦИНИТЕ И НЕПЛОДНОСТА“ Во последно време се воздржувам да навлагам во полемики за ковид и вакцините, меѓутоа бидејќи гледам дека никој не е доволно информиран, би сакала да објаснам неколку работи со цел да помогнам на многу од девојките кои се реално исплашени. 1. Нема научни докази за неплодност кај жените. Единствена теорија која антиваксерите ја имаа беше дека Ѕ протеинот на површината на коронавирусот е сличен по структура на протеинот Синцитин-1 (протеин во нашата матка кој е одговорен за задржување и вгнездување на плодот). Теоријата вели дека антителата создадени по вакцинација ќе се збунат и по грешка ќе го нападнат синцитинот мислејќи дека е Ѕ протеинот од коронавирусот и ќе го уништат, правејќи не нас жените неплодни односно неспособни да го задржиме плодот. Велат дека генетскиот код за Синцитинот е премногу сличен на Ѕ протеинот и дека поради тоа антителата ќе се збунат и ќе се врзат за Синцитинот и ќе го уништат. За да видите колку не е сличен, погледнете ја сликичката која ќе Ви ја прикачам подолу. Сѐ што е обележано со ѕвездичка значи поклопување на кодот (сличност). BatRaTG13 e вирусот од кој потекнува коронавирусот. Wuhan е коронавирусот кој прв се појави. HERVW е кодот за протеинот синцитин-1. Единствената минимална сличност е поради тоа што кодот за самиот Синцитин во нашето тело е внесен милиони години наназад со помош на вирус во еволуциското минато. Така го имаме ние кодот за Синцитин-1 во нашиот генетски код. Ваквиот ген има посебен назив и се вика ендоген ретровирусен елемент и по дефиниција претставува ДНК секвенца која потекнува од вирус, а постои во герминативна линија кај не-вирусен организам или во овој случај кај цицач/луѓето. “The gene encoding this protein is an endogenous retroviral element that is the remnant of an ancient retroviral infection integrated into the primate germ line. In the case of syncytin-1 (which is found in humans, apes, and Old World but not New World monkeys), this integration likely occurred more than 25 million years ago. Syncytin-1 is one of two known syncytin proteins expressed in catarrhini primates (the other being syncytin-2) and one of many viral genomes incorporated on multiple occasions over evolutionary time in diverse mammalian species.” Значи синцитинот самиот по себе има вирусно потекло и затоа е до некаде минимално сличен со Ѕ протеинот на коронавирусот. Дополнително, ако ова беше вистина, по таа логика сите жени што прележале ковид и сега имаат антитела треба да се неплодни, не? Тотална глупост. 2. Така гледано, кодот за колаген е далеку посличен со Ѕ протеинот отколку кодот на Синцитинот. Колагенот е протеин кој го има насекаде во нашето тело, тоа не значи дека сите што прележале ковид или се вакцинирани, сега имаат алергии или се исфрлани насекаде по телото/кожата. 3. Дополнително на сите овие факти, во биологијата не е сѐ така лесно, баш напротив организмот има толку многу начини на контрола и ништо не се одвива случајно и по грешка. Прво, за да едно антитело делува крос-реактивно нештото треба да е слично 99%. Ова е случај кај два вируси од исто потекло, на пример два соја на коронавирусот. Доколку имате антитела кон британскиот коронавирус, а Ве зарази јужно-африканскиот или индискиот сој, најверојатно вашите антитела ќе делуваат крос-реактивно и 90% ќе ве заштитат од овие два слични вируси. Зошто? Бидејќи нивниот код е речиси идентичен, односно тие се разликуваат во една или две мутации (една или две букви). Затоа се вели дека вакцините делуваат и покрај тоа што има нови соеви на коронавирусот, зошто новите соеви се разликуваат за “една или две букви”, односно тие се 99% слични со оној вирус за кој сте примиле вакцина. Во биологијата сѐ функционира по принцип на клуч и брава и нашите тела се многу паметни. Не може антителата туку така да одат и да напаѓаат што и да им текне. Ништо не е оставено на случајност. 4. Исто така, дури и да кодовите беа исти, поврзувањето на антителото и рецепторот се случува на протеинско ниво, а не на ниво на ДНК секвенца. Ова значи дека неправилно здиплување на протеинот може лесно да доведе до НЕврзување на антителото со синцитинот. 5. За крај, сѐ ова што ви го набројав се теоретски факти, но постојат и практични докази. Кога почнаа клиничките студии за вакцините многу од волонтерите жени случајно останаа бремени. Овие бремености никогаш не беа прекинати, туку напротив беа земени како шанса за да се истражи ефектот на вакцините врз бременоста и плодот. На кратко, ќе ви набројам процент на спонтани абортуси кај вакцинирани и кај невакцинирани со различните вакцини, и ќе ви оставам линкови од студиите подолу за да прочитате доколку сакате повеќе. линк: https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33169234/ Ова не значи дека сега сите трудници треба да се вакцинираат. Напротив, сѐ уште се вели да почекаат до породувањето зошто и овие докази не се доволни за едно бебе кое сѐ уште не е родено. Но, девојки кои дојат или сакаат во иднина да останат бремени нема потреба да се плашат од вакцинација. So, believe in science and get vaccinated!“ - заклучи за крај Јаневска. ]]>

Дали трудниците смеат да се капат во море или базен? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-trudnicite-smeat-da-se-kapat-vo-more-ili-bazen/ Mon, 03 Sep 2018 14:42:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=45876

Иако пливањето се препорачува како идеална активност за трудниците, честопати се поставува прашањето за потенцијалните опасности кои се закануваат од базенот и морската вода.
Штетноста на УВ зраците, можноста за изгореници и дехидратацијата се причина секоја идна мајка летото да го поминува во ладовина, особено во периодот од 10 до 17 часот. Пливањето во чисто море е дозволено доколку бременоста е уредна. Тоа е исклучително здрава и корисна активност која се препорачува независно од тоа во кој стадиум сте од бременоста. Меѓутоа, трудниците би требало да внимаваат на тоа морето да не биде преладно за да не доживеат температурен шок. Освен тоа, треба да внимаваат да носат удобна облека за случајно да не се лизнат на мократа подлога. Кога станува збор за базенот, треба да се биде многу внимателен бидејќи во него се капат голем број на луѓе, па затоа сомнителна е неговата чистота и би можело да дојде до инфекции. Идеални се оние во кои водата е беспрекорно чиста и не ја користат голем број на капачи.]]>

Модни совети за бремени жени https://arhiva.vistina.com.mk/modni-soveti-za-bremeni-zeni/ Tue, 03 Apr 2018 12:45:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19162

Многу жени кога ќе дознаат дека се бремени почнуваат да размислуваат за зголемување на килограмите, големиот стомак и големите гради. Најголем проблем на жените е што да облечат за да изгледаат убаво, женствено и секси, а тоа да не биде вулгарно или претерано. Најважното правило е да се чувствувате пријатно што и да одберете. Ова се најдобрите модни совети за бремените жени.
Прво тримесечје Во првите месеци од бременоста, всушност сеуште ништо не се гледа. Но, мачнините, заморот и раздразливоста поради дисбаланост на хормоните во голема мера придонесуваат да се чувстувате непријатно. Во првите месеци, најдобро е да се облекувате во она што се чувствувате удобно и она што го сакате. Сега сеуште имате можност да носите тесни кошули и фустани и да ги користите. Се чувствувате женствено и секси, поради хормони многу жени во бременоста изгледаат поубаво отколку порано. Косата и кожата блескаат, а ноктите растат побрзо. Искористете ги предностите од првите месеци од бременоста за да заблескате повеќе од кога било.
Второ тримесечје Од четвртиот месец на бременоста, стомакот почнува да се забележува. Не го притискајте со фармерки и тесни панталони. Носете еластична облека, туника и сè што е лесно за носење. Вашиот стомак почнува да расте и немојте да го криете. тесните маици убаво ќе го истакнат, а пожелно е да носите и фустанчиња. Сега сте секси бремена жена и вашите гради ви се адут, немојте да ги сокривате. Кратките јакни до половината, болерото и кошулките врзани над стомачето убаво ќе го истакнат топчестото стомаче, а Вие ќе изгледате секси.
Трето тримесечје Во последните три месеци, жените често се чувствуваат лошо, тешко, и колку се поблиску до нивниот пораѓај потешко е да се чувствуваат удобно во секоја облека. За овој период се препорачуваат фустани со различни модели и дезени. Не се срамете од вашата големина. Истакнете ги градите, а фустанот нека паѓа до подот. Без оглед на сезоната, било кој фустан е одличен избор. Се разбира, не заборавајте за топлината и удобноста. Фустаните комбинирајте ги со убави јакни, костими и слично. Ако е лето, долгите тенки фустани се совршени за вас. Бременоста не е време кога треба само да лежите пред телевизорот со сад со грицки и мрсна коса собрана во пунџа. Напротив, излезете и бидете на воздух колку што е можно повеќе. Шетајте и дружете се. Поради хормонскиот дисбаланс, честопати ќе го менувате расположението, а престојот на воздух и во природа ќе ги балансираат овие чувства и ќе се чувствувате подобро.
]]>