трубач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Dec 2021 10:43:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трубач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Александар Николовски, познат македонски музичар, џез трубач и професор по труба https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-aleksandar-nikolovski-poznat-makedonski-muzichar-dzez-trubach-i-profesor-po-truba/ Wed, 08 Dec 2021 10:43:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230419

По кратко боледување на 48 годишна возраст почина џез музичарот, трубач и професор по труба Александар Николовски. „Александар Николовски работеше како наставник по труба во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј, со голема љубов и посветеност кон инструментот и учениците, за да ги насочи и запознае со музиката и светот од другата страна на животот,поблескавата. Беше тивок и свој, без многу муабети, ишаретите ни ги кажуваше преку очите или гримаса и се беше јасно. Воглавно една добрица од човек,колегијален и секогаш спремен за убави нешта“ - се вели во дел од соопштението од колективот. Александар Николовски свиреше со голем број џез и латино бендови. Настапуваше на голем број музички џез фестивали со разни музичари и музички формации. Тој потекнува од музичко семејство, чии родители Благоја и Марија Николовски беа познати и признати македонски музички уметници, а неговата сестра Сузана долгогодишен музички соработник во програмите и емисиите на МРТВ. Еден од неговите последни настапи беше на минатогодишниот „Џез фестивал 2020“ во Куманово, од чиј извадок се простуваме од прерано згаснатиот живот на македонскиот музички уметник. Вистина.ком.мк  искажува длабоко жалење за загубата и изразува искрено сочувство кон семејството... Нека ти е светол патот кон вечноста Алек! ]]>

Трета среќа за Џамбо Агушев – доби наследничка и веднаш ја покажа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/treta-srekja-za-dzambo-agushev-dobi-naslednichka-i-vednash-ja-pokaza-foto/ Wed, 02 Sep 2020 06:35:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165366

Македонскиот трубач од светска класа, Џамбо Агушев доби трета среќа, стана татко на уште една ќерка. Тој гордо ја сподели оваа вест на својот профил на Фејсбук. „Фала му на Бога, мојата ќерка Мелинам се роди. Добредојте во нашето семејство, моја убава ќерко!“ – напиша Џамбо на неговиот фејсбук профил. Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак десет години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги и синот Мерт, и новородената ќерка која го доби името Мелинам. За потсетување, неодамна Џамбо Агушев, се пофали дека неговиот албум „Brasses for the masses“ е прогласен за најдобар албум според престижната “German Record Critics” за 2020 година.]]>