труба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 28 Oct 2022 12:18:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png труба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сите го знаат како Џамбо, а ретко кој му се обраќа со вистинското име: Еве која позната личност му го даде прекарот на кралот на трубата… https://arhiva.vistina.com.mk/site-go-znaat-kako-dzambo-a-retko-koj-mu-se-obrakja-so-vistinskoto-ime-eve-koja-poznata-lichnost-mu-go-dade-prekarot-na-kralot-na-trubata/ Sat, 29 Oct 2022 08:00:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242477

Струмичкиот крал на трубата, Исеин Агушев, алијас Џамбо Агушев ретко која го знае по роденото име, а за тоа има еден виновник,неговиот колега и учител Ферус Мустафов. Џамбо беше гостин во пладневната емисија „Магазин“ на телевизија Сител каде зборуваше за својот живот, семејството, сопругата, децата, но и за своите почетоци. Тој откри дека на почетокот учел да свири на трубата која ја добил на подарок од својот татко, но бидејќи тој бил строг учител најмногу време и школа земал од својот чичко Кочо Агушев. Како семеен пријател тука бил и познатиот Ферус Мустафов кој всушност му го дал надимакот по кој денес сите го знаат- Џамбо.
Ферус беше кај нас на гости, како фамилија многу си живееме. Ја почнав нешто да свирам, а тој вика, ајј како свири и ме зема кај него сакајќи да ми направи албум. Тогаш имав 11 години, а со мене свиреа врвни музичари, многу бев среќен. Кога завршивме ми вика:„Како да ставиме надимак , ти си брз како џамбо џет авион, ќе ти ставам надимак Џамбо да ти биде“ и така остана.
Повеќе од она што Џамбо го кажа пред камери можете да погледнете од линкот во продолжение: фото: Фејсбук, Џамбо Агушев, Магазин Сител]]>

Брутална војна меѓу свекорот и снаата: Николина Пишек го изгуби сопругот, но неговиот татко не ја остава раат – решил да ја тужи! https://arhiva.vistina.com.mk/brutalna-vojna-megju-svekorot-i-snaata-nikolina-pishek-go-izgubi-soprugot-no-negoviot-tatko-ne-ja-ostava-raat-reshil-da-ja-tuzi/ Wed, 06 Jul 2022 09:30:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257310

Конфликтот меѓу Миша Гроф и неговата снаа,водителката Николина Пишек, вдовицата на покојниот Видоје Ристовиќ, сигурно ќе има судски епилог. Откако Николина Пишек најави дека ќе го тужи Гроф поради неговите остри изјави, на кои таа беше цел, ќе следи контратужба, дознава Република.рс
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

- Гроф е веќе кај адвокат. Ангажирал позната канцеларија, се консултирал за се’, ги добил сите потребни информации. Нема сомнеж дека се ќе заврши на суд, бидејќи тие секако ќе поднесат противтужба - вели изворот. Пишек најави и дека ќе го тужи Ристовиќ, велејќи дека „вистината на крајот ќе излезе на виделина“. - Моите адвокати ќе контактираат со сите наскоро, и со докази, за разлика од почесниот Гроф. Затворот би бил рај за мене и полесно ќе го поднесам во споредба со она што го доживувам од свекор ми последниве недели. Не можам ни да напишам што би направил Видоје кога би ги видел постапките на татко му. Но вистината на крајот ќе излезе на виделина и се ќе се знае – изјавила вдовицата на Видој. Да потсетиме, Гроф е за Ало.рс неодамна откри непознати детали од брачниот живот на Пишек и Ристовиќ, а потоа шокираше кога ја обвини снаата за смртта на синот, кој впрочем почина на стол за масажа.]]>

Почина Александар Николовски, познат македонски музичар, џез трубач и професор по труба https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-aleksandar-nikolovski-poznat-makedonski-muzichar-dzez-trubach-i-profesor-po-truba/ Wed, 08 Dec 2021 10:43:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230419

По кратко боледување на 48 годишна возраст почина џез музичарот, трубач и професор по труба Александар Николовски. „Александар Николовски работеше како наставник по труба во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј, со голема љубов и посветеност кон инструментот и учениците, за да ги насочи и запознае со музиката и светот од другата страна на животот,поблескавата. Беше тивок и свој, без многу муабети, ишаретите ни ги кажуваше преку очите или гримаса и се беше јасно. Воглавно една добрица од човек,колегијален и секогаш спремен за убави нешта“ - се вели во дел од соопштението од колективот. Александар Николовски свиреше со голем број џез и латино бендови. Настапуваше на голем број музички џез фестивали со разни музичари и музички формации. Тој потекнува од музичко семејство, чии родители Благоја и Марија Николовски беа познати и признати македонски музички уметници, а неговата сестра Сузана долгогодишен музички соработник во програмите и емисиите на МРТВ. Еден од неговите последни настапи беше на минатогодишниот „Џез фестивал 2020“ во Куманово, од чиј извадок се простуваме од прерано згаснатиот живот на македонскиот музички уметник. Вистина.ком.мк  искажува длабоко жалење за загубата и изразува искрено сочувство кон семејството... Нека ти е светол патот кон вечноста Алек! ]]>

„Бранч енд бас“ – пладневен концерт на унгарскиот мајстор на труба Роланд Сентпали во „Македонската филхармонија“ https://arhiva.vistina.com.mk/branch-end-bas-pladneven-koncert-na-ungarskiot-majstor-na-truba-roland-sentpali-vo-makedonskata-filharmonija/ Wed, 27 Nov 2019 13:07:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121040

Унгарскиот мајстор на туба Роланд Сентпали на 1-ви декември 2019 (недела), ќе настапи во  камерната сала на „Македонската филхармонија“. Ова е прв пладневен концерт во „Македонската филхармонија“ со поинаков концепт од стандарното концерно претставување. Концертот е насловен „Бранч енд брас“ и пред настапот на Сентпали кој почнува во 12 часот, публиката ќе има можност во опуштена атмосфера во фоајето на Филхармонија да ужива во мала закуска и кафе. Преку овој концерт институцијата се обидува да излезе од рамки на конвенционалниот концерт и на публиката да и’ понуди малку поинакво уживање во музиката – збогатено со храна и пијалок. Бранчот ќе почне еден час порано, во 11 часот. Роланд Сентпали е еден од најзначајните тубисти на светската музичка сцена во моментов. Роден е во Унгарија, а еуфониум почнал да свири на 12 години. Продолжил да изучува туба под менторство на Сандор Лукаш. Студирал на академијата „Бела Барток“, а потоа и на академијата „Франц Лист“. Сентпали е и композитор и арнжер, а негови композиции се дел од репертоарот на речиси секој тубист. Моментално е прв тубист во Унгарската филхармонија, а постојано одржува мастер класови во европа, САД и Јапонија. Со Сентапали заедно на сцена ќе настапат Младен Ѓорѓевиќ – труба (Србија), Драган Младеновски – труба, Јордан Колевски – труба, Горан Арменски – труба, Милан Роксандиќ – хорна (Србија), Благоја Василевски – хорна, Димче Белчовски – тромбон, Тибор Балинт-тромбон (Србија), Бранко Илиевски – тромбон, Никола Ристевски – тромбон, Александар Ниниќ – туба. Гостин на концертот е диригентката Дијана Имери-Илкоска. На програмата се дела Чајковски, Габриели, Хендл и Стевенс.]]>