трошок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Jan 2022 09:20:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трошок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Симеон Атанасов: Ќе го платам долгот за лекување на мојата покојна мајка Есма, ако Реџепови се откажат од спорот и музејот и го предадат на Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simeon-atanasov-kje-go-platam-dolgot-za-lekuvanje-na-mojata-pokojna-majka-esma-ako-redzepovi-se-otkazat-od-sporot-i-muzejot-i-go-predadat-na-makedonija-video/ Wed, 19 Jan 2022 09:12:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235399

Откако правната застапничка на семејствата Реџепови и Теодосиевски, адвокатката Весна Тренкоска неодамна ја раскажа и својата приказна, своето видување на нештата кои се очигледно испреплетени во комплициран правен заплет, на чија правна разрешница и по пет години не и се ни гледа крајот, одново реагираше музичарот Симеон Атанасов, едно од посвоените деца на Есма и Стево кој до крајот на нивните животи беше со нив. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/prikaznata-za-nasledstvoto-na-esma-i-stevo-teodosievski-ima-i-druga-dimenzija-vesna-trenkoska-advokatkata-na-onie-shto-se-smetaat-za-naslednici-od-nivnite-semejstva-ima-svoe-viduvanje-na-neshtata-vide/[/embed] Сепак и по пет години од смртта на Есма Реџепова Теодосиевска, долгот за лекување  на кралицата на ромската песна пред таа да се упокои во болницата „Аџибадем Систина“ со износ од над 14.000 евра сè уште не е подмирен . Јавноста остана затечена по веста за неплатениот долг, кој остана неподмирен  откако Есма почина, зашто нејзините внуки од сестри и браќа, како и внуците на Стево до денес водат битка кој и што ќе наследи од нивната богата оставштина, вклучувајќи  ја и спомен куќата на скопско Кале. Симеон Атанасов, кој е едно од децата на Теодосиевски кои ги посвоија и кој беше менаџер на Есма до крајот на нејзиниот живот, во интервју за естрадниот ТВ магазин  „Бекстејџ“, потврди дека сметката не е платена и дека тој веднаш се понудил да ја плати целата сума, но неговите адвокати го посоветувале да не го прави тоа додека правно не се расчисти со наследството, зашто оној што ќе наследи, ги наследува имотот,  правата, но и обврските, а со тоа и долговите диоколку ги има. „Јас се понудив да ја платам сметката како што ги покрив сите погребални трошоци кои што требаше и имам за тоа и фактури. Сметкаата за лекување не е покриена бидејќи дента кога Есма почина веќе имаше индикации дека Реџепови и Теодосиевски, поточно семејството Цекиќ, кои се внуци од сестра на Стево, ќе ги оспорат двата тестаменти кои Есма ги остави. Тогаш во консултација со моите адвокати јас бев сопрен, затоа што по некое правило кога некој нешто наследува, тој го наследува и доброто и лошото и добивката и долгот. Поради тоа е стопирана целата постапка со „Систина“ да не се покрие овој трошок“ - вели Атанасов. Симеон додава дека ако Реџепови се откажат од овој спор и го предадат музејот на Министерство за култура, овој долг тој лично веднаш ќе го покрие. Што друго кажа (по)сино(к)т на големите Есма и Стево, проследете во видеото во продолжение од разговорот кој го направија нашите партнери и соработници,  екипата на ТВ магазинот „од зад сцената“: ]]>