трио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Jul 2021 12:13:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 5-ти август: Влатко Стефановски трио со концерт во „Антички театар“ во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/na-5-ti-avgust-vlatko-stefanovski-trio-so-koncert-vo-antichki-teatar-vo-ohrid/ Tue, 27 Jul 2021 09:09:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211657

По успешната мини турнеја на Триото на Влатко Стефановски во Хрватска и Словенија, и македонската публика ќе ја има можноста да ужива во звуците на нашиот најголем гитарски виртуоз. На 5 август, на Антички Театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот, Влатко Стефановски заедно со извонредниот басист Иван Кукиќ и младиот талентиран тапанар Јан Стефановски ќе одржат целовечерен концерт. Покрај добро познатите композиции на Стефановски публиката ќе има ексклузивна можност да го слушне материјалот од најновиот албум „Тафталиџе Шафл“ кој Влатко го издаде минатата година. Инаку албумот „Тафталиџе Шафл“, издаден за Кроација Рекордс на ЦД и винил, се најде на врвот на официјалната листа на продажба на албуми во Хрватска. „Наместо да гледам ТВ и да паѓам во депресија, се одлучив да правам музика и многу сум задоволен од резултатот. Се радувам дека повторно ќе се дружиме со македонската публика. Време е да се вратиме на старите задоволства и да уживаме!„ – вели Влатко Стефановски во пресрет на охридскиот концерт. Концертот е во организација на Баги Комуникации и од таму најавуваат дека истиот ќе биде организиран според важечките протоколи за заштита од Ковид 19 и целосно безбеден за публиката. Билетите се во ограничен број и може да се набават онлајн преку www.bileti.mk.]]>

Познатата светска глумица со шокантно признание: „Редовно имав се*с со една брачна двојка“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatata-svetska-glumica-so-shokantno-priznanie-redovnio-imav-se-s-so-edna-brachna-dvojka-foto-video/ Tue, 01 Jun 2021 09:30:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205007

Познатата светска актерка Емили Атак, позната по улогата на Шарлот во серијалот „The Inbetweeners“, им откри на гледачите во новата епизода од нејзиното ток-шоу дека била интимна, поточно во во сексуална врска со една брачна двојка и дека редовно имала секс со нив. „Го запознав момчето во еден паб.Флертувавме, а потоа во еден момент тој ми рече дека е оженет, но дека не е проблем бидејќи тој имал отворена врска со неговата сопруга и дека и таа сака да се сретне со мене и одблизу да се запознаеме.Повеќето жени алармантно би збегале во тој момент, но јас реагирав како бик на црвено парче крпа во на корида. Мен по се изгледа алармите ме возбудуваат “, рече таа. Што понатаму се случило и како се одвивала приказната, погледнете во видеото во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=YBI4rXBeTe4&t=77s]]>

Ресенската „Екстраваганца“ посакува – „Да сме среќни денес“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/resenskata-ekstravaganca-posakuva-da-sme-srekjni-denes-lirik-video/ Wed, 22 Apr 2020 12:55:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146066

Ресенската група  „Екстраваганца“  по „Казна моја си ти“, преработката  „Приспивна“ и макфестовската „Како странец“, ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Да сме среќни денес“. По соработката со нивниот сограѓанин, композиторот  Хари Котларовски, со кого момчињата соработуваа и на претходните две песни, вокалот Јовче Воденичаровски и Крсте Калевски – гитара, најпрвин од дуо станаа трио, придодавајќи го како член на групата Наум Секуловски (кахон/тапани), а сега за прв пат соработуваат и со познатата македонска пејачка Наташа Мијатовиќ - Мијата, на која ова и е авторско првенче. Таа се јавува како коавтор на музиката новата песна на групата  заедно со Тања Рибарска , но и како коавтор на стиховите - Мијата/Јовче Воденичаровски и аранжманот - Ѓорги Вацев/Мијата. За песната „Да сме среќни денес“ е направено и лирик видео чиј видео едитинг го потпишува Наум Секуловски. Као сето тоа спакувано изгледа и звучи, проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=WAsSYZyz_hg&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0St5FUKn9lX7ywBRzFBBWXsIk3a9HORrRj3Go-3oLBQS3RtbmdljJV4ts]]>

Ленче и Горан Кукиќ имаат наследник со педигре: Знаете ли дека нивниот син свири на иста сцена со светски ѕвезди? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lenche-i-goran-kukikj-imaat-naslednik-so-pedigre-znaete-li-deka-nivniot-sin-sviri-na-ista-scena-so-svetski-dzvezdi-foto/ Fri, 05 Jul 2019 08:29:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96228

Ленче (Дедејска) Кукиуќ и Горан Кукиќ, се една од најпознатите струмички и воопшто македонски музички брачни двојки. Иако со децении опстојуваат на сцената, настапувајќи соло, во дует или најчесто заедно со својата група „Јупитер“, сепак на пошироката јавност во регионот и станаа познати по победите, секој одделно, во регионалното музичко талент шоу за возрасни, „Никогаш не е доцна“.
Таму со своите маестрални настапи обајцата жирито го оставија со подзината уста, а публиката без здив.
Но знаете ли дека во едно од најмузичките семејства во Македонија има наследник кој ја продолжува традицијата, а веќе во млади години свири на иста сцена со светските музички ѕвезди?
Нивниот син Иван природно, од мали нозе е со музиката, но на пошироката јавност и стана познат откако македонската гитарска легенда Влатко Стефановски го повика да свири со него и неговиот син Јан во триото на Влатко. Се реда настапи, од Нови Сад до Скопје, но секако најзначајниот беше оној кога Иван заедно со Стефановски сениор и јуниор, настапи пред големиот Стинг на истата сцена, на концертот на националната арена во Скопје.
„Јас пораснав со музика и искрено никогаш не размислував со што друго би се занимавал во животот. Никогаш не сум имал притисок од мојата фамилија дека мора да бидам музичар и сум среќен за тоа бидејќи на сила нема убавина, но верувам дека и моите родители се среќни што по своја волја ги следам нивните постапки“ - ќе изјави Иван во едно свое неодамнешно интервју за порталот „Фешанел“.
Иако e сестран музичар и свири повеќе инструменти, бас гитарата е неговиот базичен инструмент, кој најмногу научил како да го владее од неговиот професор, маестро Благој Маротов.
Иван во моментов е студент на Музичка продукција и дизајн на звук во Белград, градот на потеклото на семејството Кукиќ и продолжува со настапите како стандарден член во ритам секцијата на триото на македонската музичка легенда Влатко Стефановски, која ја сочинуваат Иван на бас и синот на Влатко - Јан зад тапаните. Фото: Фејсбук  
]]>

Тромбонистот на Џејмс Браун, Фред Весли со своето трио во „Станица 26“ https://arhiva.vistina.com.mk/trombonistot-na-dzejms-braun-fred-vesli-so-svoeto-trio-vo-stanica-26/ Tue, 05 Mar 2019 12:01:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75986

Funky Fresh и „Три гонга“ ви го најавуваат легендарниот член на Џејмс Брауновите J.B.’s и Funkadelic – тромбонистот Fred Wesley со неговото трио! Шанса да се слушне репертоарот на Џејмс Браун директно од еден од фронтмените на J.B.’s! Концертот е на 26.03.2019, додека ден претходно, на 25.03.2019 ќе биде организирана музичка работилница со прес конференција и дружење со Fred Wesley и неговите музичари. Инфо за карти следете на kupikartizase.com и karti.com.mk. Во продажба веќе се пуштени првите 100 билети. Загревање и забава по концерт ќе приредат македонските ДЈ-и Гоце САФ и Чваре.]]>

„Дупер“ имаат „Тело за на ТВ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duper-imaat-telo-za-na-tv-video/ Fri, 28 Sep 2018 10:19:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50537

По појавата на македонската поп-рок сцена со деби-синглот „Не сум твој тип“ кој беше оценет како вистинско освежување, триото „Дупер“ деновиве ја објави и втората песна насловена „Тело за на ТВ“. Станува збор за уште една необична тема на бендот, кој колективно стои зад музиката, текстот и аранжманот, додека  снимањето, миксот и мастерингот  ги сработел Дејан Момироски во сопственото студио „Икс-ел“, кој можеби звучи парадоксално, но е многу попознат и позафатен во работата со фолк естрадата.
Режисерот Томи Акимовски го потпшува едноставниот видеоспот за „Тело за на ТВ“ во кој има многу повеќе документарен отколку уметнички пристап.
Инаку,  Мартина, Илчо и Борис веќе имаат материјал за албум, од кој песните јавноста ќе има можност премиерно да ги слушне во живо на славеничкиот „ПМГ рекордингс фестивал“ на 6 октомври 2018 во МКЦ. Како звучи и изгледа „Тело за на ТВ“ на триото „Дупер“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=5&v=TfzGsgj5eRc]]>

ДНК од дуо станува трио: Берберот на Панчо шиша, бричи, масира… и пее како билбил! https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-od-duo-stanuva-trio-berberot-na-pancho-shisha-brichi-masira-i-pee-kako-bilbil/ Fri, 02 Feb 2018 10:28:03 +0000 http://vistina.mk/?p=11512

Владимир Блажев, алијас ДЈ Шорти или Панчо-ДНК, ако сакате е на „тешки“ маки! Раперот е пред дилема: Дали ДНК од дуо да стане трио?
Популарниот ДЈ Шорти оддамна оди на разџубавување кај еден ист бербер... извесен, мајстор „Кобра“! И човекот со право си го носи прекарот. Брз, ефикасен, точен, прецизен, уреден... потсрижува, бричи, фазонира, масира... Ама при тоа „Кобра“ не е обичен, туку е вистински, „севиљски берберин“.
Ај што ја има работата во „мал прст“- ја има, туку „Кобра“ иако има змиски прекар, има и „птичји глас“. Берберот на Панчо, пее како билбил! Скриениот талент на мајсторот, Панчо го откри при еден од последните третмани!
Па потоа се стави на тешки маки: да го прават ли со Андреј дуото трио или... да останат со „Кобра“ на потсрижување и бричење? И додека берберот го масираше раперот, тој со нетрпение го чекаше одговорот: Што ќе каже Андреј на идејата?
А, Андреј никако да се јави, па... „севиљскиот берберин“ од мака запеа: „А тебе неееема, а тебе неееееемаааааа...“!  Ех „Кобра“ бре... пејачиште!!!]]>