трио кладенец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Apr 2019 10:15:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трио кладенец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трио „Кладенец“ на сите паднати борци за Македонија им ја посветија “Мајко, земјо не плачи” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/trio-kladenec-na-site-padnati-borci-za-makedonija-im-ja-posvetija-majko-zemjo-ne-plachi-video/ Tue, 16 Apr 2019 10:06:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83265

Деновиве во Музејот на македонската борба, македонското изворно фолк трио “Кладенец” пред своите најблиски соработници, пријателите, поддржувачите, фановите и новинарите го промовираше најновиот видеоспот за песната насловена “Мајко земјо не плачи”. 
Оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на  КУД “Кирил Пејчиновиќ” Теарце, вокалното трио „Кладенец“ кое покрај Сашо уште го сочинуваат  Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, ги негува изворните македонски песни и со тоа придонесува во зачувување на традиционалните вредности на Македонија, а изворниот фолклор е секако една од нив.
По ланското деби со „Да си вечна земјо моја“ – тема со која вокалното трио „Кладенец“ се претстави на минатогодишниот „Лешочки фолк фест 2018“, “Мајко земјо не плачи” е нивното второ остварување кое како и првото, е визуелизирано со извонреден видеоспот.
„Ви го споделуваме новиот проект на триото „Кладенец“ насловен „Мајко земјо не плачи“ за кој триото „Кладенец“ и сите учесници во проектот ги оставија своите срца. Проектот „Мајко земјо не плачи“ започна како идejа на 5-ти Јануари 2019 година, а заврши како производ во втората половина на март 2019 година. За тој период триото „Кладенец“ и сите соработници дадоја се од себе вложувајќи ги и сопствените животи на -15 степени на ветер, дожд и снег целиот тој период. Како автор на музиката и аранжманот на „Мајко земјо не плачи“ се јавува добро познатиот Јован василевски, текстот е на Сашо Костадиновски, а изведувачи  се трио „Кладенец“.
Традиционални инструменти  - Горанчо Ангелов - Гајда, артисти група Сербез - Битола, комити: Благојче Киров Анчов, Новица Ѓогиев,  Иван Божиновски и најмалиот Лука Георгиев. Како арамии:  Суад Фазли и Зоран Стојчески.
Видеозаписот за песната е снимен и обработен од RED Central Production под раководство наЃорѓе Богдановски кој е воедно и продуцент, Ненад Велковски е режисер, а Милчо Силјановски сценарист. Благодарност до Градот Крушево, сите спонзори и поддржувачи на овој проект кој го посветуваме на СИТЕ ПАДНАТИ БОРЦИ ЗА НАШАТА ТАТКОВИНА!“ - порачуваат членовите на триото во својот објавен пост на Фејсбук. 
Во продолжение погледнете го она што пред само неколку дена беше промовирано пред македонската публика. https://www.youtube.com/watch?v=HzHw2nDPvjQ&feature=share]]>

Трио „Кладенец“ ќе допре до секој Македонец со – „Да си вечна земјо моја“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/trio-kladenec-kje-dopre-do-sekoj-makedonec-so-da-si-vechna-zemjo-moja-video/ Thu, 20 Dec 2018 09:27:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64159

„Да си вечна земјо моја“ - темата со која вокалното трио „Кладенец“ се претстави на годинешниот „Лешочки фолк фест 2018“, доби и свој автентичен видеозапис, а спотот деновиве беше промовиран и пуштен во македонскиот медиумски етер.
Инаку вокалното трио „Кладенец“ е оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на  КУД "Кирил Пејчиновиќ" Теарце. Преку вокалното трио „Кладенец“ тој и неговата вокална дружина која покрај него уште ја сочинуваат  Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, негувајќи ги изворните македонски песни, придонесуваат во зачувување на традиционалните вредности на Република Македонија, а изворниот фолклор е секако една од нив.
Музиката и аранжманот на песната се напишани од  Јован Василевски, тексот е на Мирослав Гавровски, а покрај вокалното трио „Кладенец“ во видеото се појавуват како артисти  Иван Божиновски и групата „Сербез“.
Традиционалните инструменти ги свири Горанчо Ангелов, додека како  продуцент се јавува Ѓорѓе Богдановски.
Спотот е снимен на неколку различни, но автентични локации низ Македонија, а како директор на фотографија се јавува  Ненад Велковски, додека видеото го потпишува „Ред централ продукција“.
Како звучи песната и изгледа видеото, за кои, како што велат самите изведувачи:  „...Ќе допре до секој Македонец“ - проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=XZSSc_8mAMU]]>