трио џентлмен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Mar 2023 13:17:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трио џентлмен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во организација на „Охридско лето“: Концерт на популарното „Трио Џентлмен“ по повод 8-ми Март https://arhiva.vistina.com.mk/vo-organizatsija-na-ohridsko-leto-kontsert-na-popularnoto-trio-dhentlmen-po-povod-8-mi-mart/ Tue, 07 Mar 2023 12:58:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291250

По повод 8-ми март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на популарното Трио „Џентлмен“,  музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски - баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко - сценска атракција. Концертот, кој ќе се одржи на 7-ми март во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 19 часот ќе биде посветен на припадничките на понежниот пол, велат организаторите. „Она што претходно го најавивме, дека „Охридско лето“ нема само да биде во рамките на 40 дена, сега го реализираме. По успешниот новогодишен концерт сега реализираме осмомартовски, како подарок за сите припаднички на понежниот пол.  Сакаме врвната култура да живее преку цела година со што од една страна го афирмираме Фестивалот, а од друга страна и Охрид како град и државата во целина. Нудиме квалитет, а тоа го препознава нашата верна публика“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ. По урнекот на светските поп-класични состави, Трио  „Џентлмен“ се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни и секако македонското творештво. Трио „Џентлмен“ има настапувано низ целата земја со свои целовечерни концерт, тие се дел и од големи манифестации во нашата држава, како и надвор од неа. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори. Тие се различни и по тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи.]]>

„Поп-класика“ – концерт на „Трио џентлмен” во Кавадарци https://arhiva.vistina.com.mk/pop-klasika-koncert-na-trio-dzentlmen-vo-kavadarci/ Tue, 21 Jul 2020 12:11:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159777

Во Кавадарци вечер од 20 часот ќе се одржи целовечерен концерт на „Трио џентлмен”, насловен „Поп-класика со Трио џентлмен“. Го организираат Општина Кавадарци и Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, со поддршка на Министерството за култура. „Трио џентлмен” е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пејачи: тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимаглоски и баритонот Кристијан Антовски. Од Домот на културата соопштија дека поп-класичното пеење е веќе познат жанр низ светот и дека „Трио џентлмен“ е создадено по примерот на веќе познати светски поп-класични состави, кои подолг период го изведуваат овој музички жанр. „Ова е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика и во нашата држава. На нивниот репертоар се најголеми светски поп-хитови, наполитански канцони, латино-композиции, руски романси, македонски евергрини, балкански поп-композиции и сето тоа изведено во поп-класичен манир“ - појаснуваат од Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.]]>

„Божиќна“ е новата песна на Трио Џентлмен (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/bozikjna-e-novata-pesna-na-trio-dzentlmen-video/ Tue, 07 Jan 2020 12:36:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127630

По  повод на новогодишните и божиќните празници, Трио Џентлмен ја издаде својата нова песна насловена како „Божиќна“, а изведувачи на истата се: Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев и Кристијан Антовски. Станува збор за авторско музичко дело на Марина Лотеска (текст), Миле Наумовски (музика) и Сашо Спасовски (аражман). За екранизација на видео записот на „Божиќна“ се погрижи продукцијата „Дел Рио Филмс“, на чело со режисерот Александар Николоски, Небојша Петрески (директор на фотографијата) и Александар Нешковски (снимател). Во изведбата учествува и детскиот хор составен од: Камелија Стоев, Стефанија Стоев, Даријан Симјановски, Дороте Симјановска, Деница Симјановска, Андреа Гроздановска, Теодор Божиков, Меланија Василева, Ина Димитровска, Илина Николовска и Јована Николовска и диригентот на хорот Весна Симјаноска. Во продолжение слушнете ја „Божиќна“. ]]>

„Изгреа“ видеото за макфестовската „Изгреј сонце“ на трио „Џентлмен“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/izgrea-videoto-za-makfestovskata-izgrej-sonce-na-trio-dzentlmen-video/ Thu, 25 Oct 2018 09:20:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54510

Баладата „Изгреј сонце“, со која триото „Џентлмен“ се натпреваруваше на годинешниот „Макфест 2018“, сега е надополнета и со видеозапис. Автори на музиката и аранжманот се  самите членови на триото: Кристијан Антовски, Дарко Нешовски и Дејан Стоев,а стиховите ги напишал  Филип Цветков. 
Зад екранизицијата стои продукцијата „Дел Рио филмс“  на Оливер Ромевски  и „Прокам“ од Гостивар, а висдеото е снимено под режисерската палка на Александар Николоски.
Прекрасните пејзажи се дополнети со танцот на балерината Христина Ангеловска, додека за изгледот на членовите на триото се погрижил стилистот Раде Василев.
Освен на „Макфест“, поп-оперското трио со „Изгреј сонце“ настапи и на меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Петрич, соседна Бугарија, каде што ја освои втората награда од публиката.
Како изгледа видеото за макфестовската балада на тројцата џентлмени дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=122&v=RbftPEUL-g0]]>

Мартија, Мина, Драгана и Трио Џентлмен празнично порачуваат – „Ние сме сите Македонија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/martija-mina-dragana-i-trio-dzentlmen-praznichno-porachuvaat-nie-sme-site-makedonija-video/ Sat, 08 Sep 2018 08:30:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47235

Младите македонски пејачки имиња Мартија Станојковиќ, Мина Блажев и Драгана Јовановска, заедно со оперското Трио Џентлмен по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија ја издадоа својата заедничка композиција „Ние сме сите Македонија“.
Видеото е во продукција на „Дел Рио филмс“ на Оливер Ромевски, а режијата на истото на кое доминираат природните убавини од различни локации на Република Македонија ја потпишува режисерот Александар Николоски.
Автор на музиклата и аранжманот е нашата врвна пејачка и музички педагог Андријана Јаневска, додека стиховите ги потпишуваат Оливер Ромевски и Александар Николоски.
Уживајте во убавината на песната и спотот од нашата прекрасна татковина Македонија на која како издавач се потпишува Обединетата македоска дијаспора. https://www.youtube.com/watch?v=8lZmcmmR99A&feature=share]]>

Денот на жената во Бистро Скопје ќе трае два дена https://arhiva.vistina.com.mk/denot-na-zenata-vo-bistro-skopje-kje-trae-dva-dena/ Tue, 06 Mar 2018 09:36:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15011

Зошто славењето на она што значи да се биде жена да трае само еден ден. Зошто да не се два?! Забавата за Денот на жената во првиот вистински блуз и џез ресторан во Скопје, Бистро Скопје, започнува од 14 часот со Бојана Фабел Квартет. Комбинацијата на уникатниот глас на Бојана Фабел и извонредна храна по која Бистро Скопје е веќе познато, прават вистински почеток на празнувањето на 8 Март. Од 21 часот истиот ден, по барање на редовните гости на Бистро Скопје, започнува настапот на Trio Gentlemen, момците со силни гласови и нежни срца.
Резервирајте маса на време во Бистро Скопје на 071/352-265 или во Чув де Чув на 078/520-552 или поминете на Аперол на шанк! Влезот е слободен. Петокот, пак, е резервиран за концертниот настап на мајсторите на добриот звук - групата Фолтин. Уникатната звучна магија на Фолтин ќе Ве вовлече во вителот на љубовта и страста, надреалното и возвишената леснотија на постоењето во Бистро Скопје!
Бројот на места за концертот на Фолтин е ограничен, затоа резервирајте во Бистро Скопје на 071/352-265 или во Чув де Чув на 078/520-552. Нека почне славењето на нејзиното височество - Жената.]]>

„Немој веќе да ме чекаш“ е новата песна на „Трио Џентлмен“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nemoj-vekje-da-me-chekash-e-novata-pesna-na-trio-dzentlmen-video/ Sat, 03 Feb 2018 10:26:05 +0000 http://vistina.mk/?p=11624

„Трио Џентлмен“ е составено од професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор. По урнекот на светските поп-класични состави, тие се трудат овој жанр на пеење првпат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар, освен класичните композиции, се наоѓаат и најголемите светски поп-хитови изведени во класичен поп-манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и, секако, македонското творештво.
После одличната преработка на  „Молитва“, поп-оперското  „Трио Џентлмен“ го сними второто видео во својата кариера, овој пат за песната насловена „Немој веќе да ме чекаш“. Станува збор за авторско дело на реномираните музички творци Григор Копров (музика), Огнен Неделковски (текст) и Владимир Дојчиновски (аранжман), додека за визуализацијата се погрижи екипата на „Дел рио филмс“, на чело со режисерот и сценарист Александар Николоски.
Официјалната промоција се случи на 28 јануари во МНТ, а што сработила оваа одлична екипа можете да дознаете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=9f5mPyZtKmg]]>