трибјут – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Jul 2022 11:20:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трибјут – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трибјут за Џими Хендрикс во Биг Бенд формат на летната сцена Долни Сарај во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/tribjut-za-dzimi-hendriks-vo-big-bend-format-na-letnata-scena-dolni-saraj-vo-ohrid/ Tue, 26 Jul 2022 11:20:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260301

Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, пред себе постави нов предизвик, да и презентира на македонската публика уште еден несекојдневен настан.
Овој пат, ЗЏМ ја одбра музиката на еден музички великан кого „The Rock and Roll Hall of Fame“ ќе го опише како „веројатно најголемиот инструменталист во историјата на рок музиката“.
Станува збор за американски гитарист, пејач и текстописец, поточно еден од највлијателните гитаристи во историјата на популарната музика и еден од најпознатите музичари на 20 век, Џими Хендрикс. ЗЏМ Биг Бендот ќе изведе дел од музиката на оваа музичка легенда со биг бенд аранжмани, при што специјален гостин на концертот ќе биде италијанскиот саксофонист Франческо Беарцати, а со биг бендот ќе диригира Џијан Емин.
Концертот ќе се одржи на 6 август, со почеток од 22 часот (вратите се отворени од 21:30ч.) на локацијата на летната сцена Долни Сарај во Охрид. Билетите ќе се продаваат по цена од 500 денари на следните продажни места: https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations и online на https://www.kupikartizase.com/Events/zjm_ohrid.
Овој концерт е уште една причина да го посетите Охрид ова лето и да уживате во музиката на Џими Хендрикс, во волшебниот амбиент на Долни Сарај.
Бидете таму, не оставајте други да ви кажуваат како било!
]]>

Познати македонски музичари ја „воскреснаа“ легендарната група: Вака изгледа и звучи „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznati-makedonski-muzichari-ja-voskresnaa-legendarnata-grupa-vaka-izgleda-i-zvuchi-belo-kopche-tribute-bijelo-dugme-video/ Wed, 01 Jun 2022 08:02:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252625

Откако повеќе не постојат или стануваат се$ понедостижни да се видат собрани заедно во нивните  оригинални постави, стана пракса легендарните светски бендови, но и оние од некогашните ЈУ простори да добиваат свои „реплики“. Или што би рекол некој: „копии верни на оригиналот“. Сите насловени како „Tribute“ (почит) кон:  Queen, AC-DC, Led Zeppelin, Pink Floyd,  ZZ Top...   или некогаш „нашите“: ЕКВ, Азра,  Забрањено пушење... И уште дузина други легендарни бендови кои се дел од светската и балканската рок историја. Сеќавањето на нив го враќаат освежувајќи ни ги емоциите токму ваквите  Tribute  бендови кои буквално не само што во тон ја симнале музиката на оние, кои веројатно биле и нивни идоли, туку се трудат и физички што повеќе да личат на оригиналните членови на тие групи. И во изгледот со помош на мејкап, перики, разни маски, и во облекувањето, но секако и во однесувањето на сцената, симнувајќи го секое движење, секој гест, секој изговорен збор на „главните јунаци“ од нивната рок ен рол приказна кои тие ги „глумат“ на сцената. Вакви „трибјут бендови“ бендови однадвор доаѓале во неколку наврати и во Македонија, најмногу во Скопје (Queen,  David Bowie, Pink Floyd, ЕКВ, Азра...), но вистински македонски трибјут бенд на некоја група до сега не сме имале. Многумина пееле и свиреле песни од овој и оној, но никој не направил група која исто ќе свири, пее, изгледа, се облекува и се однесува како некоја од оние, големите, легендарните... Односно би била нивна „верна реплика“. Се' до сега, или поточно до пред две години, кога идејата да се направи македонска верзија на најголемиот рок ен рол бенд во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“,  ја преточија во стварност група наши музичари форммирајќи го проектот:  „Бело Копче - Tribute Bijelo Dugme“! Заради ковид пандемијата не беа во можност веднаш да го покажат на виделина, но сега по се изгледа доаѓа вистинското време „копчето да се откопча“ и да се покаже сиот музички и визуелен раскош, сета убавина на музиката со која растеа генерации, зашто „Бијело дугме“ несомнено беа и останаа балканските „The Rolling Stones“! Токму затоа гитаристот Стевче Грозданов (како Горан Бреговиќ), пејачот Зоран Рудан - Цеки ( како Жељко Бебек), басистот Горан Гешовски (како Зоран Реџиќ), тапанарот Сашо Стојановски (како Горан Ипе Ивандиќ), клавијатуристите Борислав Драганов-Боби (како Лаза Ристовски) , Давор Јордановски и Мирослав Милковски ( како Владо Правдиќ), како и придружните вокали Билјана Ѓошева и Боба Танева (како  Амила Сулејмановиќ и Зумрета Миџиќ-Зу)  станаа дел од македонскиот проект посветен на најголемата група на сите времиња на екс-ЈУ просторите,  насловен „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“. „Бело Копче е составен од врвни музички имиња, музички професионалци од македонската естрада. Поентата на постоењето на оваа трибјут група е свирењето на песните на 'Бијело Дугме' во оригинална верзија како што доликува на врвен трибјут бенд. Групата постои околу 2 години, но поради пандемијата немаше услови за јавен настап, па во тој период се обидовме да направиме 7 спотови со познати песни од 'Бијело Дугме': „Кад би био бијело дугме“, „Тако ти је мала моја кад љуби Босанац“, „Да сам пекар“, „Сањао сам ноќас да те немам“,  „Лажеш злато, лажеш душо“, „Ружица си била“ и  „Ево, заклет ќу се“ - напишаа членовите на својата новоотворена Фејсбук страница, претставувајќи го проекот и  биографијата на членовите на трибјут бендот. „Со гордост го претставувам новиот проект наречен 'Бело Копче - трибјут Бијело дугме'. Се надевам дека ќе ви фати око. На нашата ФБ страница ќе промовираме седум песни, снимени во живо, од најдобриот бенд на сите времиња на Балканот, 'Бијело дугме'. Како прво да ја претставам „Кад би био Бијело дугме“ - напишал еден од основачите на трибјут групата, гитаристот Стевче Грозданов. Кога и каде ќе можеме да присуствуваме на првиот перформанс во живо на „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“, останува да видиме? Она што може да се стекне како впечаток од најавното видео, звучи примамливо и се гледа дека екипата навистина се потрудила и музички и визуелно да заличат на бендот на Бреговиќ и компанија од нивните почетоци на славата. Вака изгледа и звучи македонското „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“: ]]>

Македонските музичари на чело со Ѓоко Танески со концерт во чест на „Пинк флојд“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-muzichari-na-chelo-so-gjoko-taneski-so-koncert-vo-chest-na-pink-flojd/ Mon, 16 Jul 2018 10:51:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38309

Ѓоко Танески e дел од екипата што го подготвува концертот во чест на култната група „Пинк Флојд“, што ќе се одржи на 26 јули во родниот град на Танески, Охрид, на сцената на Долни Сарај. „ Концертот е премиера на проектот ’НАМБ-трибјут’, со неповторливата музика на еден од најголемите и највлијателни рок-бендови во музичката историја. Заедно со уште неколку мои драги колеги, ќе испееме 16 безвремени хитови на ’Пинк флојд’ и со овој настан ќе го доближиме Охрид до светот. Во сите поголеми градови и туристички места, одлично поминуваат концерти посветени на легендарните музичари“ - ќе изјави Ѓоко Танески на Нова Македонија, кој токму со овој настап по подолго време се враќа на музичката сцена.
Во единаесетчлената екипа, која ќе настапува на концертот, освен Ѓоко Танески се и: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (синтисајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како придружни вокали. Ќе се изведат некои од најпознатите песни на култните „Пинк флојд“ како: „Shine On Your Crazy Diamond“, „Learning To Fly“, „Hey You“, „Another Brick In The Wall“ и уште 12 безвремени песни. Билетите можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“ и во сите маркети на „Тамаро“ во Охрид и во Струга.]]>

Концерт: Mr. Ziggy And The Glass Spiders со трибјут за Дејвид Боуви https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-mr-ziggy-and-the-glass-spiders-so-tribjut-za-dejvid-bouvi/ Tue, 27 Mar 2018 13:56:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18003

Концертот на Mr. Ziggy And The Glass Spiders, трибјут бендот за легендарниот (David Bowie),  ќе се одржи на 31 март, сабота, во малата сала на ВИП Арената - Борис Трајковски. Вратите ќе бидат отворени уште во 20 часот кога ќе се проектира документарниот филм за Дејвид Боуви, а концертот ќе почне во 21 часот. Бендот постои од 1991 г. и досега реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 г. се наградени како „Најдобар трибјут бенд во Рим“. Mr. Ziggy And The Glass Spiders изведуваат песни од различни периоди од богатиот опус на Дејвид Боуви и за 2 и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ќе ги свират најголемите хитови на господинот на популарната музика како што го ословуваат тие, големиот Дејвид Боуви На концертот ќе има и дуети на кои ќе настапат, наши - домашни музички артисти кои заедно со Mr. Ziggy And The GlassSpiders ќе ги отпејат безвременските дуети на Дејвид Боуви кои ги отпеја заедно со, Queen, Tina Turner и Mick Jagger. Нумерите: Under Pressure, Tonight и Dancing in the Street. Влезниците во претпродажба за концертот ќе бидат пуштени во вторник 6 март во 14:00 ч. по цена од 350 денари. Од 19 март, понеделник, цената на влезниците ќе чини 400 денри, а на самиот ден на концертот на вратата на малата сала на ВИП Арената влезниците ќе чинат 500 денари. Влезниците може да се најдат во Југотон, во (ГТЦ) и продажната мрежа на Тикет плус, како и онлајн на: ticketplus.mk и jugoton.mk. Концертот ќе биде поставен по сите светски стандарди што се однесува до изгледот и дизајнот на сцената, осветлувањето, звукот и визуелните ефекти.]]>

На 31 март во Скопје: Трибјут концерт за Дејвид Боуви https://arhiva.vistina.com.mk/na-31-mart-vo-skopje-tribjut-koncert-za-dejvid-bouvi/ Tue, 06 Mar 2018 14:06:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15144

На 31 март во малата сала на ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт насловен „Мистер Зиги енд д глас-спајдерс“ (Mr. Ziggy And The GlassSpiders), трибјут-бендот за легендарниот Дејвид Боуви (David Bowie). Вратите ќе бидат отворени уште во 20 часот кога ќе се проектира документарниот филм за познатиот музичар, а концертот ќе почне во 21 часот. Бендот постои од 1991 година и досега реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 година се наградени како „Најдобар трибјут-бенд во Рим“. Групата изведува песни од различни периоди од богатиот опус на Боуви и за 2 и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ќе ги свират најголемите хитови на господинот на популарната музика, како што го нарекуваат тие, големиот Дејвид Боуви.
На концертот ќе има и дуети на кои ќе настапат, наши – домашни музички артисти кои заедно со „Мистер Зиги енд д глас-спајдерс“ ќе ги отпеат безвременските дуети на Боуви кои ги отпеја заедно со „Квин“, Тина Тарнер и Мик Џегер.
Влезниците во претпродажба за концертот се пуштени денеска, 6 март, во 14 часот по цена од 350 денари. Од 19 март, понеделник, цената на влезниците ќе чини 400 денари, а на самиот ден на концертот на вратата на малата сала на ВИП арената влезниците ќе чинат 500 денари. Влезниците може да се најдат во „Југотон“, во (ГТЦ) и продажната мрежа на „Тикет плус“, како и онлајн на: ticketplus.mk и jugoton.mk. Концертот ќе биде поставен по сите светски стандарди што се однесува до изгледот и дизајнот на сцената, осветлувањето, звукот и визуелните ефекти.   https://www.youtube.com/watch?time_continue=128&v=mjtI4d-UCZ4

Италијански трибјут-бенд на „Депеш мод“ доаѓа во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/italijanski-tribjut-bend-na-depesh-mod-doagja-vo-skopje/ Sat, 03 Feb 2018 10:09:51 +0000 http://vistina.mk/?p=11617

Италијанската група „Сникерс“ (Sneakers), која е официјален трибјут-бенд на познатиот британски состав „Депеш мод“ (Depeche Mode), на 16 февруари доаѓа во Скопје. Групата ќе одржи концерт во малата сала на ВИП-арената „Борис Трајковски“. Картите веќе се пуштени во продажба. Влезниците може да се набават во „Југотон“, во градскиот трговски центар во Скопје, како и преку продажната мрежа на „Тикет плус“. Групата „Сникерс“ е оформена во 1995 година и за кратко време го надраснува стереотипот на трибјут-бенд, станувајќи сериозна атракција на италијанската музичка њувејв-сцена. Бендот се фокусира на својата окупираност во чест на веројатно најрепрезентативниот бенд на целата електро-поп и њувејв-сцена „Депеш мод“.
Како изведувач, „Сникерс“ е единствен и по своите настапи, кои вклучуваат видео, светлосни ефекти и многу оригиналност. Момците се сметаат за најдобриот трибјут-бенд на „Депеш мод“, а во својата досегашна кариера тие имаат настапувано на голем број фестивали и клубови во Италија, Белгија, Франција, Швајцарија, Турција, Романија, Австрија, Бугарија…
Низ годините членовите на „Сникерс“ имаа неколку можности да ги сретнат своите идоли. Во октомври 2004 година тие конечно ги сретнаа „Депеш мод“, кои ги почестија со титулата „еден од најдобрите трибјут-бендови што воопшто се видени“. https://www.youtube.com/watch?v=CA5QrBIa8Rg]]>