триангл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Oct 2017 09:17:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png триангл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Петар Ренџов ја преработи „Глинено око“ на Триангл (ФОТО ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/petar-rendzov-ja-preraboti-glineno-oko-foto-video/ Thu, 26 Oct 2017 09:05:48 +0000 http://vistina.mk/?p=1485

Македонскиот џез и латино артист, гитаристот Петар Ренџов направи уште една феноманална преработка. Овој пат во својот себесвојствен и препознатлив стил, тој ја исфрли кавер верзијата на големиот македонски хит  на нашата култна рок група „Триангл“, песната „Глинено око“, која во почетокот на 80-ите беше ставена и на една од воопшто првите снимени сингл плочи на една македонска рок група во историјата на македонската дискографија.
Ренџов и екипата засилени со Кирил Кузманов - саксафон и Сенад Усеин на труба, го задржале основниот реге драјв мотив, надградувајќи го со џезирани тонови и аранжман, кои прават песната да не ја изгуби својата препознатливост, а сепак стилски да звучи поинаку, музички позрело, а сепак едноставно и лесно прифатливо.
Инаку „Глинено око“ е компонирана од Александар Стефановскаи - Јаблан, некогашниот гитарист и вокал на „Триангл“, а подоцна и на групата „Меморија“.
Со оваа реаранжирана вокална џез верзија на „Глинено око“ како пилот сингл, Петар Ренџов го најавува својот нов албум насловен  „Jazzilka“.
Како сето тоа звучи слушнете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=os02vfBPmB0&feature=youtu.be]]>