три прста – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Oct 2022 10:50:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png три прста – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пејачка, проститутка, патриот… Еве што има истетовирано на својот грб трансродовата Електра Елит (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachka-prostituka-patriot-eve-shto-ima-istetovirano-na-svojot-grb-transrodovata-elektra-elit-foto/ Wed, 05 Oct 2022 10:48:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270142

Електра Елит е српска трансродова пејачка која  неодамна објави две нови песни, дует со старлетата Мина Врбашки и пејачката Анџелина, а беше и еден од главните изведувачи на EuroPride. Таа сега крена голема прашина со својата тетоважа, а луѓето не престануваат да го коментираат нејзиниот потег. Имено, Електра на својот грб истетовирала рака која покажува три прста. Ноктите се во боите на српското знаме, а околу зглобот има бројаница со крстче. Да потсетиме, таа за настапот на Парадата на гордоста носеше фустан во боите на српското знаме, а претходно се пофали дека истетовирала три прста на грбот. „Јас сум патриот и ја обожавам Србија. Истетовирав три прста на грбот затоа што се гордеам со своето потекло, со тоа од каде сум. Фустанот е во боите на нашето знаме затоа што ми е многу важно да ги почитувам луѓето кои дојдоа вечерва да ме поддржат, како и да и се заблагодарам на нашата земја за се“ - изјави Електра за српски Еспресо. Инаку, Електра отворено зборува за нејзината примарна работа во Швајцарија.   „Не познавам ниту еден пејач кој работи и настапува 365 дена во годината, а јас професионално се занимавам со проституција веќе 15 години. Ја сакам мојата работа и кога одам во Швајцарија буквално ја бакнувам улицата каде што работам. Таму е тоа легализирано, јас плаќам паушален данок, имам здравствено осигурување и никој не може да не малтретира и експлоатира. Доколку има и најмал проблем со клиентот, полицијата реагира во рок од неколку минути. Имам мои редовни клиенти кои секогаш ми се враќаат. Кај мене доаѓаат само хетеросексуални мажи за кои транс жената е фантазија. Повеќето мажи  од Балканот ми доаѓаат затоа што имаат голема желба да имаат секс со пејачка. Најмногу ми се допаѓаат оженети мажи, дрвосечачи, крупни, силни, мажествени во „крими-џими стил“ - објаснила таа. Фото: Инстаграм принтскрин/elektraelit
 ]]>

Мирко Шијан гордо се пофали со синчето: Малечкиот е уште отсега патриот, „Србенда“ од мали нозе! https://arhiva.vistina.com.mk/mirko-shijan-gordo-se-pofali-so-sincheto-malechkiot-e-ushte-otsega-patriot-srbenda-od-mali-noze/ Wed, 10 Nov 2021 11:24:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226717

Синот на српската пејачка Гоца Божиновска, Мирко Шијан е горд татко, а тоа го докажува преку честите фотографии кои ги објавува од синот на својот Инстаграм профил. Овој пат Шијан беше воодушевен од тоа што го направи неговиот син Зоран, па веднаш се пофали со следбениците за да видат за што станува збор. Имено тримесечното бебе покажа три прста, асоцијација со која Србите алудираат на Србија заедно со Косово и Република Српска. Шијан на фотографијата сподели и песна „Пеј Србијо“ од Баја Мали Книнџа, а го додаде и српското знаме. Да потсетиме, Мирко Шијан и Бојана Родиќ го добија синот на 9 август годинава! Фото: Инстаграм принтскрин/ miresijan]]>

Бајката и се претвори во пекол: Српската мисица Валентина Петровиќ која покажа двоглав орел исклучена од изборот за мис, се враќа дома (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bajkata-i-se-pretvori-vo-pekol-srpskata-misica-valentina-petrovikj-koja-pokaza-dvoglav-orel-iskluchena-od-izborot-za-mis-se-vrakja-doma-foto/ Thu, 28 Oct 2021 11:19:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225038

Сопственичката на компанијата Мис Ју, Весна де Винча, истакна дека српската мисица Валентина Петровиќ по скандалот со несреќното покажување двоглав орел, на крајот ќе биде вратена дома од натпреварот, бидејќи е во лоша состојба. „Јас сум во многу неблагодарна ситуација, бидејќи како претседател на компанијата треба да одлучам. Но, сепак, веројатно ќе ја повлечеме, бидејќи таа мораше да се концентрира на такви прашања. Плус, таа е неспособна да го продолжи натпреварувањето, во тешка ситуација е. Добивала разни закани преку телефон, а на крајот нејзиниот Инстаграм да биде исклучен. Тоа го направиле луѓе од Албанија и косовските Албанци, бидејќи нејзиниот профил бил избришан откако споделила слика на која крева три прста со девојките од Албанија и Косово, со кои претходно покажуваше двоглав орел“ - изјави Весна на телевизијата К1, а ја коментираше изјавата на Мис Албанија, Фронтина Гаши, која рече дека Валентина ја молела да крене три прста и затоа се сликале: „Тоа што една мисица од Албанија изјавила дека Валентина плачела и молела за да се фотографираат заедно со кренати три прста, откако претходно покажале двоглав орел, воопшто не е вистина. Затоа што има повеќе слики во различни ситуации каде што држат различни симболи, па сето тоа паѓа во вода“ - рече Весна и продолжи: „Свесна сум дека Валентина не знаела што прави, дека е измамена, но искрено не сум толку сигурна за девојките од Албанија и Косово. Затоа што ова не е прв пат да има провокација на вакви значајни натпревари, кои се многу популарни во светот и имаат одлична медиумска покриеност. Дури сум сигурна дека тоа е нивното лоби, за кое се добро платени, како Рита Ора и Дуа Липа. Мисицата Валентина Петровиќ за прв пат официјално и се обрати на јавноста, со снимена видео порака, во која тврди дека жртва на стапицата на мисиците од Албанија и Косово. „На овој начин сакам уште еднаш јавно да му се извинам на народот и на државата за непромислените постапки, каде што паднав во стапица. Кога дојдовме овде на натпреварот, девојките од Косово и Албанија имаа погледи кон мене кои не беа баш пријатни. После тоа наеднаш се' се смени, па сакаа да бидат во мое друштво и да се сликаат со мене, да се дружиме нон-стоп. Јас сум воспитана како некој кој не мрази други религии и нации и го прифатив нивното друштво. Иако имав насоки од блиски луѓе, пред да дојдам на натпреварот, да внимавам што правам, сепак се вклучив во нивната игра и т.н. прекрасна енергија. Мислев дека немаат лоша намера и заборавив на што ме предупредуваа. Сега сум сигурна дека се' е наместено, бидејќи само што ги споделив сликите каде држиме три прсти заедно, ме блокираа и ми го избришаа профилот, за да не можам повеќе да ги споделувам тие фотографии. Додека тие во меѓувреме продолжија да ги пласираат своите слики кои се на моја штета и тоа онака, дозирано, една по една. Овде поминувам низ вистински пекол. Целиот натпревар и бајката за него сега се претвори во катастрофа и кошмар“ – изјави Валентина во „Уранок“ на телевизијата К1. Фото:  Инстаграм принтскрин/bunt.svesrbija/vesnadevinca]]>