три пати неделно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Aug 2019 11:53:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png три пати неделно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Консумирањето на риба три пати неделно го намалува ризикот од развој на рак на цревата https://arhiva.vistina.com.mk/konsumiranjeto-na-riba-tri-pati-nedelno-go-namaluva-rizikot-od-razvoj-na-rak-na-crevata/ Mon, 12 Aug 2019 11:53:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101718

Една порција риба три пати неделно или почесто го намалува ризикот од развој на рак на цревата, покажуваат резултатите од најновото истражување на британските научници кои сметаат дека таквиот тренд треба да се поттикнува во склоп на здравата исхрана. Научниците од универзитетот Оксфорд и од Меѓународната агенција за истражување на карцином (IARC) ги истражиле прехранбените навики на 476.160 лица кои пополниле прашалници за тоа колку често јадат одреден вид на храна, пишува “Independent”. Анкетата опфаќала и прашања за консумирањето риба, а резултатите покажале дека внесот на 360 гр. било каква риба, три пати неделно, ја намалува опасноста од развој на рак на цревата за 12 отсто во однос на консумирањето на 60 гр. дневно. Исто е и кај лицата кои неделно јадат околу 125 гр. масна риба како лосос – евидентиран е 10 отсто помал ризик од развој на рак на цревата.
Истражувачите напоменуваат дека резултатите од студијата, која е објавена во магазинот “Clinical Gastroenterology and Hepatology” не се однесуваат на школки. Лекарите кои го воделе ова истражување потврдиле дека консумирањето риба е многу здраво за организмот и дека придонесува за намалување на канцерогените клетки. Тие истакнуваат дека биолошките причини за ваквото делување на рибата не се целосно познати, но и дека според една теорија, специфичните масни киселини познати како омега-3 се заслужни за спречување на развој на рак на цревата. Едноставните промени во начинот на живот можат да бидат многу корисни. Многу е важно во исхраната да се вклучат интегрални житарици, храна богта со влакна и риба, да се води грижа за здравата телесна тежина, умерено да се вежба, да се избегнуваат преработените масни производи и да се ограничи внесот на црвеното месо во организмот. извор: точка.мк]]>