три модни комбинации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Jul 2022 10:04:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png три модни комбинации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Меган Маркл во дури три модни комбинации за важен ден – која е најдобра? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/megan-markl-vo-duri-tri-modni-kombinacii-za-vazen-den-koja-e-najdobra-foto/ Wed, 20 Jul 2022 09:46:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259378

Меган Маркл и принцот Хари пристигнаа во Њујорк и учествуваа на прославата за одбележување на „Денот на Нелсон Мандела“. Хари одржа и специјален говор пред Генералното собрание на ОН, па  се присети и на фотографијата на Мандела и неговата мајка принцезата Дијана, направена во 1997 година, која му ја подари бискупот Дезмонд Туту, а особено ја истакна љубовта кон Африка, каде првпат ја посетил како 13-годишник. Неговата сродна душа гордо го гледаше и аплаудираше на крајот на говорот. Во согласност со сериозната прилика, Меган пристигна во ОН во многу елегантна, пристојна и неутрална облека. Таа носеше класичен црн миди фустан со кратки ракави без никакви дополнителни детали кои би го привлекле вниманието на нејзината модна издание. Фустанот го искомбинирала со црни мокасини и голема чанта во иста боја. Но, тоа не е единствената комбинација во истиот ден. Пред посетата на ОН, таа имаше ручек со Глорија Стајнем, позната американска феминистка, новинарка, писателка и активистка во хотелот „Крозби“ во Њујорк. За таа прилика облекла темно сини бермуди и бела кошула, а изгледот го комплетирала со кафен ремен и салонки во речиси идентична нијанса. На крајот од денот, Хари и Меган отидоа на вечера со пријателите во италијански ресторан, а Меган ја смени облеката и за вечерата. Таа беше облечена во црн комбинезон со бело деколте со разголени раменици и грб. Фото:ПринтскринИнстаграм/meghanmarkle_official/Профимедиа]]>