три фази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Dec 2023 12:59:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png три фази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Постојат три фази на заљубување: Вака започнува https://arhiva.vistina.com.mk/postojat-tri-fazi-na-zalubuvane-vaka-zapochnuva/ Fri, 15 Dec 2023 12:59:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331324

Заљубувањето влијае паралелно и на мозокот и на телото. Нашата симпатија нѐ привлекува и ако работите продолжат по тој пат, може да почувствуваме еуфорија, копнеж, страст и возбуда. Мислиме дека сме ја нашле таа посебна и вистинска личност во нашиот живот. Нашата сродна душа. Неколку години подоцна таа возбуда ќе се намали и ќе се замени со топлина, удобност и нежност. Ќе се чувствуваме физички, психички и духовно поврзани со нашиот партнер. Ќе ги делиме соништата и целите и ќе се обидуваме заеднички да ги оствариме. Според професорот по антропологија, Хелен Фишер, постојат 3 фази на заљубување: Страст, привлечност и поврзување. Секоја фаза може да се објасни со нашата мозочна хемија – невротрансмитерите кои нѐ инспирираат и нè поттикнуваат, како и хормоните кои го пренесуваат чувството низ нашето тело.  
  1. Страст
Кога сме во фазата на страста, ние сме физички привлечени кон субјектот на нашите симпатии. Сакаме да ги заведеме или сакаме да нѐ заведат. Постои еден елемент на мистерија и интензивност која ги прави работите возбудливи. Страста е поттикната од тестостеронот кај мажите и естрогенот кај жените и таа е поразлична од љубовта. И двата хормони можат да нѐ натераат повеќе да го посакуваме потенцијалниот партнер, но не и да се заљубиме во него на потраен начин.  
  1. Привлекување
Во втората фаза започнуваме да копнееме по присуството на нашиот партнер. Нашите срцеви отчукувања се зголемуваат и не сакаме ниту да јадеме ниту да спиеме. Чувствуваме дополнителна енергија и возбуда како што фантазираме за различни заеднички сценарија. Сите чувства се предизвикани од допаминот, норадреналинот и серотонинот.   Допамин: Се поврзува со мотивацијата, наградувањето и однесувањето кое го покажуваме кога сакаме да стигнеме или исполниме некоја цел, што го објаснува и поттикот да се обидеме да ги освоиме нашите симпатии или да фантазираме за нив.   Норадреналин: Одговорен е за дополнителниот прилив на енергија и забрзаниот пулс, како и за губењето на апетитот и желбата за спиење.   Серотонин: Предизвикува опсесивно размислување. Во едно италијанско истражување спроведено врз 60 испитаници се заклучило дека оние кои неодамна биле заљубени и оние кои пателе од опсесивно компулсивни нарушувања имале помалку серотонин во нивната крв отколку оние испитаници кои не биле заљубени.  
  1. Поврзување
Поврзувањето ја претставува желбата да направиме потрајна врска со нашите љубени. Ова е периодот во кој љубовните парови можат да се вселат заедно, да стапат во брак и/или да имаат деца. По некое време, допаминот се намалува и се заменува со хормоните окситоцин и вазопресин, кои ја создаваат желбата да се поврземе и да го негуваме нашиот партнер.   Окситоцин: Хормон кој се ослободува за време на сексуалниот однос, раѓањето на децата и доењето. Се претпоставува дека окситоцинот е причината поради која интимните односи ги зближуваат паровите. Но, тој има и темна страна бидејќи се поврзува и со љубомората, потребата од внимание и зависноста од партнерот.   Вазопресин: Научниците откриле дека вазопресинот игра голема улога во поврзувањето со тоа што го проучувале еден вид глодари, познати по латинското име „Microtus ochrogaster“. Станува збор за мало животинче кое наликува на глушец и формира моногамни врски како луѓето. Кога на машкиот род им била администрирана дрога која го запира вазопресинот, тие започнале да ги занемаруваат своите женски партнери и престанале да ги бранат од другите потенцијални машки партнери.   Разбирањето на науката за страста, атракцијата и поврзувањето може да ни помогне да развиеме пореалистични очекувања од нашите врски. Во продолжение следуваат неколку совети како поуспешно да поминете низ сите фази на заљубувањето:  
  1. Не ги изедначувајте страста и љубовта – дајте ѝ време врската да се развие пред да започнете да сонувате за заедничка иднина.
 
  1. Продолжете го дејството на допаминот во една подолготрајна врска со тоа што ќе имате средби, ќе одите на заеднички часови, патувања и ќе правите нови и возбудливи работи заедно со вашиот партнер.
 
  1. Продолжете го дејството на окситоцинот со тоа што ќе практикувате поголема интимност. Прегрнувајте се и бакнувајте се, мислете на вашиот партнер кога не е покрај вас, делете ги вашите надежи и соништа и поддржете ги своите најсакани.
 
    4. Ако сте љубоморни и сакате да ги контролирате луѓето околу себе, започнете да развивате разни активности и пријателства кои ќе направат да се чувствувате важни и сакани.
    Извор: Попара
]]>

Весна – „Бејби“ на „трофазно“ подмладување: Умна и здрвена, прво на боцкање, па на гушкање! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-na-trofazno-podmladuvanje-umna-i-zdrvena-prvo-na-bockanje-pa-na-gushkanje-foto/ Fri, 02 Oct 2020 07:19:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169549

Има една светска максима, која гласи: „Убавината ќе го спаси светот“... Како контра на неа, една стара скопска поговорка пак, вели: „Убавината е минлива, а глупоста останува“! И не дека не биле во право и едниот и другиот што ги измислиле и кажале, ама за аналогно на двете, излегува дека за глупоста да не преовладее, убавината постојано треба да доминира! И не само заради тоа. Што е убаво и на Бога му е драго, што би рекле браќа Срби, па затоа од убавина - никогаш доста! Годините си врват, па ако животното искуство по дифолт ти прави  „корекција на умот“,  ќе мораш или самиот, или со туѓа  помош да се погрижиш за корекција на ликот. Македонската актерка, водителка, писателка, драмски педагог... што ли уште не е, Весна „Бејби“ Петрушевска, која  неодамна ја раситни и „шестата банка“ од животот, поучена токму од туѓото искуство сублимирано во сето она што претходно го наведовме,  побара помош за разубавување. И тоа стручна и не било чија, туку, како што и самата таа, а и многумина други велат, од најдобрите. Бејби реши да се подмлади и разубави или барем да престане да старее однадвор, зашто одвнатре ионака е евергрин. „Форевер јанг“, што би рекле, па налетот на мајката природа на надворешната естетика, препушти естетските стручњаци  да ја „замрзнат и коригираат“! И тоа не во една или две, туку во три фази! Прва фаза - да те здрват! И ја здрвија... Тоа помалку  наликува како Бејби да е во сцена од некој „хорор-трилер“, ама само навидум. „Процедурално“, зашто таква е процедурата, оти за се си има себап! После па, коа ќе ти кажат: „Леле, шо убаво старееш“, а тебе ти иде една милина, саде мераци и ќефои си од напливот на комплименти, ти текнуе? Затоа седи, ќути, трај и зевај... во таванот, вообичаено! Втора фаза - боцкање! Со филери и ботокс! Бејби пет години ја убедувале, додека не ја кандисале... Зашто за некои работи Бејби има „срце како планина“, ама од боцкање- „прпа“! Плачка голема... Се' додека и самата не се убедила дека навистина не боли... Не барем, толку! Трета фаза - опсервација на резултатот. А резултатот - за гушкање! До душа со короната, не е баш време за прегратки, ама на некои нешта, Бејби едноставно не може да им одолее! Екипата естетски мајстори од најпознатата ординација врвна, Весна  „Бејби“ - умна и подмладена! И ајде сега да ве видам некој нека и фати кусур, дека „Бејби“ изгледа за 50 и кусур? Фото: Инстаграм принтскрин/vesnapetrushevska