трева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Feb 2023 10:06:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Дијана Оу-Џи и водата „трева“ и содржи, а „лимончето“ си го чува во стаклено пакување за попатно „освежување“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-dijana-ou-dhi-i-vodata-treva-i-sodrzhi-a-limoncheto-si-go-chuva-vo-stakleno-pakuvane-za-popatno-osvezhuvane-foto/ Fri, 24 Feb 2023 10:04:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290359

Откако  заврши со учеството во популарното регионално ријалити „Задруга“, македонската  (т)раперка  Дијана  Оу-Џи    ( Diana OG)  реши   српското искуство кое за неа како да беше добродојдено, да го искористи за да се обиде да гради кариера во Белград. Гостувањето на колегата Фокс во неговата нова песна и видеото насловени „Недостајеш“, која постигна прилично забалежителен успех, како да и даде „крилја“, па  сега Дијана подготвува нешто сосема свое и ново работејќи во своето новоотворено домашно студио, кое би требало да го промовира наскоро. Во меѓувреме реши одново да ја разработи својата „Онли фанс“ страница за возрасни, па деновиве постојано ја збогатува со нови „скокотливи“ содржини. Колку и да тврди дека личноста е таа што те прави секси, тешко дека некој вистински маж, па и жена со „поинаква определба“ се возбудува само на нечии карактер. Токму затоа Дијана Оу Џи реши карактерот да го надополни со значителна доза голотија, која нејзините следбеници на страницата за возрасни не само што дополнително ќе ги возбуди, туку за оние што се сексуално настроени за хард-кор, раперката ги изненади со специјален „underwear“ избор. Во црна долна облека од памучен сатен како „садо-мазо“ домина за еротска дразба и визуелно уживање во нејзината секси убавина. До душа со по некој (кило)грам вишок, ама ако... На Балканот велат: „Подобро да (те) лула, отколку да (те) жуља“! Кога нее ангажирана со својот „Онли фанс“ пејачката има планови за поинаков перформанс... Оној музичкиот и нејзината кариера која решила да ја тера и надвор од Македонија. Патот на релација Скопје-Белград и обратно има добри 4-5 часа возење, а ако ти се брза, нема паузи за пушење. Затоа може да се пуши и во автомобилот без оглед на тоа каков ти е изборот... на она што го пушиш! А Дијана Оу- Џи  уште отпорано откри дека е мераклика на специфични нешта... Со смирувачки ефект. Така и овој пат задоволството за уживање си го понесе во специјално пакување. „Lemon Haze“ во тегличка за попатна употреба. Ем практично, ем ароматично, а и 100% лесно и легално. Така барем на капачето е наведено. А дали ефектите се токму такви, прашајте ја Дијана ОУ Џи? После добро вовлекување за време на напорното патување, душата треба со уште нешто да се освежи. А Дијана како и секоја  „напушена душичка“ знае дека „лимончето“ бара да се залее со понекоја голтка свежа водичка... Само што на Дијана Оу-Џи и водата трева и содржи! И тоа сосе лимонче! Фото: Инстаграм принтскрин/iamdijana.og
         ]]>

Дијана Оу-Џи дефинитивно влегува во најгледаното ријалити: Македонската (т)раперка призна дека во „Задруга“ најмногу ќе и недостасува мобилен, интернет и… „еден лек“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dijana-ou-dzi-definitivno-vleguva-vo-najgledanoto-rijaliti-makedonskata-t-raperka-prizna-deka-vo-zadruga-najmnogu-kje-i-nedostasuva-mobilen-internet-i-eden-lek-video/ Wed, 07 Sep 2022 08:54:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265855

По сите можни и неможни нагаѓања, претпоставки и шпекулации кои се' Македонци и Македонки влегуваат во новата, шеста сезона на „Задруга“ , сега едно е сигурно: Македонската (т)раперка Дијана Оу-Џи дефинитивно влегува во најгледаното регионално ријалити! Најавите за незиниот влез уште летово беа обзнанети во јавноста и некои медиуми, за тоа пишувавме и ние во неколку наврати, но сега е јасно дека една од ретките наши естрадни личности кои се и горди сопственички на „Онли фанс“ страница за возрасни, ќе биде дел од најгледаниот ријалити ТВ циркуз на просторите на некогашна Југа! Стартот на „Задруга 6“ е за неколку дена, па (т)раперката за оваа своја улога наголемо се подготвува, давајќи разни изјави, интервјуа, со разговори во различни медиуми, во кои отворено признава зошто решила да биде дел од една ваква реална приказна, што очекува, што би можела и сакала да направи во реалното шоу, а што никогаш и по никоја цена не би направила пред камери, што ќе и прија и годи и на какви се' незгоди е подготвена, без што може, а без што никако не може, што тоа најмногу ќе и недостасува за време на престојот во „Задруга“...? Дијана вели дека нема никакви очекувања, зашто кога човек нешто очекува може лесно да се разочара, дека во „Задруга“ можно е да влезе во љубовна врска, но не и во авантура со некого кој веќе имал некој однос со цимерките, а дека за секс пред камери е 100% сигурна дека нема да го има... Зашто тоа не би си го допуштила ниту себе си, ниту би им го приредила на нејзините најблиски! Она што е најскокотливо и најнеизвесно, е одговорот на прашањето, без што во познатото ријалити, Дијана Оу - Џи не ќе може да издржи? Што тоа најмногу на пејачката ќе и недостасува во „Задруга“? Одговорот на  Дијана на ова прашање, за многумина шокантен! До душа подоцна (т)раперката малку „го испегла“ откако кажа дека во „Задруга“ најмногу ќе и недостасува интернет и мобилен телефон, иако претходно Дијана јавно призна дека ќе биде „страдна“ за нешто сосема друго! Имено, на новинарското прашање: „Што ќе ти падне тешко овде?“, Дијана отворено одговори: „Па не знам... Да немам трева“! На тоа следеше новинарскиот коментар дали тоа значи дека отворено признава дека користи опијати, Дијана негираше со зборовите: „Опијати? Нееее... Тревата не е опијат, тоа е... Лек“  - потврдно одговори „тревоконзумната“ пејачка на констатацијата на новинарката.
@balkan.edisn5 srbijo… #fyp #zadruga #zadrugabalkan #zadruga6 #balkan #viral ♬ original sound - siu
Како и да е едно е сигурно. Во новата шеста сезона на најгледаното регинално реално шоу ќе биде мошне интересно... Особено, зашто овој пат ќе има повеќе македонски учесници, меѓу кои и познати личности како Дијан Оу -Џи. А што најмногу таму ќе и недостасува: Интернетот, мобилниот, сексот или „лекот“...? Ќе дознаете во текот на емитувањето на новата сезона на „Задруга“!   Фото: Инстагрм принтскрин/iamdijana.og Видео: ТикТок]]>

Џамбазов ужива во уметноста на живеењето: Игор има страв од змии или… во старт се знае кој е газда, кој коси, а кој вода носи?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzambazov-uziva-vo-umetnosta-na-ziveenjeto-igor-ima-strav-od-zmii-ili-vo-start-se-znae-koj-e-gazda-koj-kosi-a-koj-voda-nosi-video/ Mon, 06 Jul 2020 07:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157105

Се чини дека по долги години Игор Џамбазов во најновата љубовна идила одново ја откри уметноста во себе... Или се најде одново себе си во уметноста... Но, овој пат, во уметноста на живеењето. Џамбазов и планинарката Илина Арсова се заедно, заедно живеат, ги делат сите блаженстава што ги дава нивната љубовна романса, сите радости и убавини на животот, речиси се', освен... Освен некои мали, а големи нешта, од кои Игор бега како од змија...?! Жешко неделно утро во Сретеново, Стар Дојран, а шоуменот само што ги отвори очите, заклучи дека останал сам во постела, па утринската желба да се погали со саканата, реши да ја замени со некој напишан збор, од новонадојдената инспирација од неговата муза. И таман да се фати за лап-топот, кога на него ете ти ја неговата втора љубов - Ема... Седнала на тастатурата и не го дава компјутерот, па Игор наместо да пишува, реши да и му се врати на првиот утрински наплив по будењето - милувањето!
 
View this post on Instagram
 
Утринско грицкање носови...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Ема не е Илина, ама сепак знае и тоа како да се милува... И по малку да грицка... За нос!   Можеби љубоморна што Игор и мириса на друга!? Нејсе, човечко-мачешката љубов во затворено, Игор и Ема ја продоилжија на отворено, на столче пред прагот на куќата. Бакнежи и предење, малку нежно гребење во туѓите прегратки, за човечко-мачешка љубов што додека ја гледаш ти предизвикува милина. А, што вели на сето ова Илина? Додека Игор и Ема беа во утринска љубовна шема,  несудената снашка станала многу порано, па уште во неделните мугри се фатила за  машка работа, како вистинска селска домаќинка! Косата врзана во „репче“, на главата капче, а косата за косење в раце, па малку по малку, со секој нов замав, без многу врева и поговор ја искоси целата трева во куќниот двор. А Џамбазов додека така со мачката в рака уживаше во уметноста на живеењето, покажа во старт дека кај него се знае кој е газда, кој коси, а кој вода носи...?! „Мајсторе, змии...? Има ли змии?“ - и довикна човекот со мачката на косачката... Е сега, дали од змии или од работа се плаши како од змија...? Тоа е веќе теорија за друга сторија!
 
Во меѓувреме, споделените видеа и фотографии ги видоа многумина, меѓу кои и некои од познатите, негови блиски пријателки, како сестрите Тодевски - Тијана и Тамара, или Весна Бејби Петрушевска, на пример. Пејачките имаа само кус коментар од типот: „Алал вера, снашке“ или „Види ја, бе!“, додека Бејби не се фокусираше на снашката, туку на зетот, со директна порака: Иди собери тревата, се отепа од работа снашкава, нема да може бидермаерот да го фрли“ - му порача Бејби на партнерот од  претставата „Брачна игра“, за да не игра многу „предбрачни игри“, туку да се фати за работа... Колку за да го надмине стравот!   ]]>

Александра Младеновиќ на комшиите им крена се’ живо… од температурата до адреналинот: Додека таа се сонча во дворот, тие се потат! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-mladenovikj-na-komshiite-im-krena-se-zivo-od-temperaturata-do-adrenalinot-dodeka-taa-se-soncha-vo-dvorot-tie-se-potat-foto/ Wed, 29 Apr 2020 08:26:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147118

Младата ѕвезда на Гранд, Александра Младеновиќ е позната по тоа што е голема мераклика да го покаже своите телесни адути. Од фустани со шлиц до препони, до длабоки деколтеа. Овој пат седејќи дома во 4 ѕида, пејачката очигледно уморна од карантинот, реши да најде компромис: Да биде умна и фина и да ги почитува правилата на изолација, а во исто време и да се соблече за да се сонча, па неизбежно и да ги покаже раскошните атрибути. Сопственичката на хитот “Љубов или лудило”, предизвика вистинско лудило, откако одлучи да се соблече во мини бикини во дворот, па така седната на меката зелена трева, крена врева, откако смело го покажа своето секси тело. Всушност сексапилната Александра на комшиите им крена се' живо... од температурата до адреналинот, зашто таа се сончаше во дворот, а тие се потеа!  Летната фотографија од „зелената плажа“ во својот двор, пејачката ја објави на Инстаграм, со што дополнително ја вжешти атмосферата и на социјалните мрежи. „Сончање во мојот двор“-  напиша Александра, по што многумина веднаш се понудија да се стават на располагање. Едни за да и го намачкаат грбот и телото да не изгори, други да ја послужат со нескафе, сладолед, свежо овошје или ладен пијалок, трети и понудија лежалка и сонцобран, а некои дури и својот двор со базен, уверувајќи ја пејачката, дека така ќе има и потемен тен и поубав ден. И таа и тие... ]]>

Зошто кучето јаде трева? Има повеќе причини кои можеби укажуваат на болест https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-kucheto-jade-treva-ima-povekje-prichini-koi-mozebi-ukazuvaat-na-bolest/ Mon, 09 Mar 2020 14:15:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138410

Сопствениците на кучиња честопати се прашуваат зошто нивните миленици јадат трева. Постојат неколку причини – прво, биолозите тврдат дека јадењето трева е нормална појава за кучињата, дури и за нивните диви „роднини“ (како волците) во природата. Честопати кучето знае што му недостасува во исхраната, па затоа внимателно, преку избор на билки, го компензира она што му недостасува, објаснуваат ветеринарите. Тревата може да биде добар извор на дигестивни ензими, калиум, хлорофил и растителни влакна. Затоа, не е неопходно да се крева паника секогаш кога кучето избра неколку вкусни стракчиња трева. Кучињата понекогаш јадат трева од забава, бидејќи си играат на тој начин. Тоа не е проблематично, потенцираат ветеринарите, доколку тревата не е третирана со штетни пестициди. Постојат ситуации кога јадењето трева може да укаже на посериозни проблеми и ќе биде потребна помош од ветеринар бидејќи постојат моменти кога кучето јаде поголема количина трева без да одбере специфичен вид и потоа повраќа. Во овој случај најверојатно станува збор за гастритис или гастроентеритис, состојба која кучето се обидува самото да ја реши преку гадење и предизвикување повраќање. Ако тоа го прави повремено, неколку пати годишно, не треба да се загрижувате. Кучето веројатно изело нешто што не му одговара и инстинктивно си помага, велат стручњаците. Но, ако забележите дека вашето домашно милениче редовно јаде трева и потоа повраќа, тоа сигурно има некаква форма на дигестивни проблеми и треба да се обидете да му ја промените исхраната, а доколку состојбата не се подобри, побарајте помош од ветеринар. извор:кафепауза.мк]]>