трета сезона – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Jul 2023 12:53:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трета сезона – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трета сезона: „Нихао – Истражи ја Кина“ на ТВ Телма во недела во 12.20 часот https://arhiva.vistina.com.mk/treta-sezona-nihao-istrazhi-ja-kina-na-tv-telma-vo-nedela-vo-12-20-chasot/ Mon, 03 Jul 2023 12:52:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308710

Трета година по ред, македонската публика ќе има можност да ужива во емисија посветена на Кина и нејзините зачудувачки пејзажи, богата традиција и заводлива историја. Нихао ќе Ве однесе на незаборавно патување низ срцето и душата на една од најстарите цивилизации на светот. „НИХАО- Истражи ја Кина“ е визуелно впечатлива и културно-образовна емисија која нуди уникатно истражување на различните региони, од вревата на метрополите Пекинг и Шангај до мирниот град Дали, секоја епизода открива скриени и непознати приказни што ја прават Кина вистински извонредна. Нихао ќе ја престави кинеската поезија, кинеската опера но и извонредната кинеска архитектура. И сето ова, ќе се обидеме да ви го доловиме низ приказните на врвни македонски професионалци, кои што имале неповторлива можност, својот талент, знаење и умешност да ги усовршуваат на кинеска територија. „Полека но сигурно „Нихао“ преминува во телевизиски проект кој што обезбедува но и заслужува редовен термин во програмската шема на македонските телевизии. Нашите гледачи навистина заслужуваат можност да видат што е она што го нуди една цивилизација и земја како што е Кина. Кина е мистична, егзотична но и традиционална и неприкосновено иновативна и технолошки напредна. Нашиот тим се обидува низ исклучително квалитетни видео материјали, единствени интервјуа, сведоштва и фотографии, да го долови тоа. Но и да не пропушти да раскаже дека Кина е земја на можности за сите професии. Без разлика дали станува збор за поет, готвач, композитор, професор, уметник… Кина наоѓа начин да ти покаже дека си на вистинскиот пат“ – вели Јулија Цветковска, која трета година по ред ја води оваа емисија. Без разлика дали сте љубител на патувања, историски ентузијаст или просто сте заинтересирани за светот, оваа емисија ветува дека ќе биде пријатно искуство во недела во 12.20 часот и репризно во сабота во 10.30 часот на телевизија Телма.]]>