Треска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 06 Oct 2023 10:20:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Треска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шанса за Центар ја помеша математиката, ДУП-от Буњаковец не предвидува 33.000 жители https://arhiva.vistina.com.mk/shansa-za-tsentar-ja-pomesha-matematikata-dup-ot-bunakovets-ne-predviduva-33-000-zhiteli/ Fri, 06 Oct 2023 10:20:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321426

Шанса за Центар сериозно ја помеша математиката со жителите кои ќе се вселат во ДУП-от Буњаковец каде спаѓа и комплексот на поранешната фабрика Треска. Вчера излезе со сериозни лаги и невистини во кои тврдат дека во ДУП-от Буњаковец ќе има 33.000 жители, наспроти планираните 12.500, бројка која побуди сериозна паника кај граѓаните. Шанса за Центар алудира на пренаселеност во комплексот Треска очигледно поради тоа што чувствува силен револт откога Уставниот суд им ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец во кој спаѓа и просторот на „Треска“, недозволиво е да се манипулира со бројки во вакви размери кои создаваат паника кај граѓаните поради што манипулираат со граѓаните. Имено, според сите податоци кои досега излегоа од Општина Центар на парцелата на поранешната фабрика Треска треба да се изгради комплекс од вкупно 6 блока, при што најмалиот е со вкупна површина од околу 3900 м2, додека најголемиот 8920 м2. На целиот комплекс предвидено е да има околу 20 станбени објекти во кои влегуваат повеќе градежни парцели, што е за над 30% помалку од бројот на објекти што го дозволува актуелниот ДУП кој во јавноста се нарекува наполитанки. Според досега објавеното максималната катност на овие 20 згради е П+5 или максимална висина од 16 метри, што пак е далеку помалку од околните објекти во тој реон, како и од поголемиот дел згради на централно подрачје. Во рамки на комплексот, предвидени се 1350 станови, наспроти обвинувањата дека во овој комплекс се предвидуваат и повеќе од 2500 станови. За овие 1350 станови според регулативите потребно е да се испроектираат 1400 паркинг места, меѓутоа според информациите од општината инвеститорите предвидуваат 20% повеќе од пропишаната бројка и целосно сообраќајно решение со паркирање во рамки на парцелата. И најважното комплексот предвидува домување за најмногу 4000 жители, односно околу 16.500 жители за целиот ДУП Буњаковец, а не 33.000 како што тврди Шанса за Центар. Шанса за Центар ги дуплира бројките за да создаде паника кај жителите. Шанса за Центар да престане да си игра, да седне и убаво да ги пресмета бројките и конечно да пласира вистини, а не лаги.]]>