трчање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Feb 2023 11:11:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трчање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Докторите предупредуваат дека можете да станете зависни од трчање – посебно ако спортувате за да побегнете од проблемите https://arhiva.vistina.com.mk/doktorite-predupreduvaat-deka-mozhete-da-stanete-zavisni-od-trchane-posebno-ako-sportuvate-za-da-pobegnete-od-problemite/ Wed, 01 Feb 2023 14:00:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286887

Џогерите кои рекреативно трчаат по улиците за да ги избегнат своите проблеми би можеле да бидат изложени на ризик да развијат зависност од вежбање. Како што стојат работите, околу секој четврти „тркач“ покажува знаци на зависност и избира да не поминува време со своите сакани за наместо тоа да трча. Една нова студија покажува кои типови на луѓе се најмногу изложени на ризик. Студијата, која опфатила 227 рекреативни тркачи, открила најсилна врска со зависноста од вежбање кај оние кои користеле трчање за да ги блокираат негативните мисли. Луѓето кои користеле трчање за да си го подобрат животот имале помали шанси да станат зависни. И двата типа на луѓе трчањето го гледаат како бегство, но истражувачите нагласуваат дека ставот е важен. – Луѓето кои не можат а да не го користат трчањето за да избегаат од своите проблеми, имаат помала контрола врз своето трчање и можат да станат зависни, па дури и да се чувствуваат засрамени и депресивни по трчањето – објасни д-р Фроди Стенсенг, кој ја водел студијата на норвешкиот универзитет во Наука и технологија. Студијата, објавена од Дејли Мејл, ги анкетирала тркачите за нивната благосостојба, симптомите на зависност од вежбање и нивните ставови за трчањето. Откриено е дека учесниците кои трчале од два до 15 часа неделно биле помалку задоволни од својот живот доколку користат трчање за да избегаат од своите проблеми. Прашалникот даден на учесниците ги процени нивните ставови кон трчањето врз основа на тоа колку силно се согласуваат со 11 изјави за тоа како се чувствуваат кога трчаат. Оние кои повеќе се согласуваа со изјавите како „Сакам да побегнам од себе“ и „Ги исклучувам тешките работи за кои не сакам да размислувам“, го искористиле трчањето како негативно бегство. Оние кои го користеле трчањето за позитивен ескапизам имале поголема веројатност да се согласат со изјавите како „Јас сум исполнет со позитивна енергија што се пренесува во други делови од мојот живот“. И двата става се донекаде поврзани со зависност од вежбање, но луѓето кои го користеле трчањето како „негативно бегство“ покажале посилни знаци на нездрава опсесија со трчање. Ова беше оценето врз основа на согласност со изјавите како „Не можам да намалам колку долго вежбам“ и „Попрво би вежбал отколку да поминувам време со семејството или пријателите“. – Овие наоди можат да ги просветлат луѓето во разбирањето на сопствените мотивации кога трчаат – заклучува д-р Стенсенг. Извор: Курир.мк]]>

Само 10 минути трчање на ден го продолжува животот https://arhiva.vistina.com.mk/samo-10-minuti-trchane-na-den-go-prodolzhuva-zhivotot/ Tue, 10 Jan 2023 13:25:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283526

Трчањето е еден од најпопуларните облици на вежбање во светот. Има многу придобивки од тоа, а според познавачите, потребни се само 10 минути дневно. Основниот мотив на повеќето луѓе е да ја подобрат својата состојба, а истражувањата покажуваат дека речиси 80 отсто од оние кои трчаат, го прават тоа за да останат во форма или да го одржат своето здравје. Испитување објавено во медицинското списание „JAMA“ открива дека само 10 минути трчање дневно може да го продолжи животот. Според тренерот Мајк Бол, тоа е одлична вежба којашто нуди многу придобивки, а најдобриот дел е тоа што може да се трча речиси секаде, без посебна опрема, освен добар чифт патики за трчање. – Иако има луѓе кои ги поместуваат границите на трчањето, како оние кои учествуваат на маратони, на пр., има предности и од покусите трчања, како што се оние од 10 минути дневно, објаснува Бол. Само 10 минути трчање дневно се одлични за согорување калории и за губење на тежината за секој што има за цел да намали некој вишок килограми. – Трчањето е одлична кардиовежба и неверојатен начин да ги постигнете вашите цели на слабеење. Во зависност од вашата брзина и тежина, може да очекувате да согорите околу 150 калории трчајќи само 10 минути, додава Бол. Покрај тоа, кусото секојдневно трчање помага да се зајакнат мускулите на нозете, густината на коските, како и подобрување на здравјето на срцето и крвоточниот систем, а на крајот и на психичкото здравје. извор:курир.мк]]>

Најголемата југословенска ѕвезда во шок издание среде парк: Здравко Чолиќ остана по гаќи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/najgolemata-jugoslovenska-dzvezda-vo-shok-izdanie-srede-park-zdravko-cholikj-ostana-po-gakji-video/ Thu, 07 Apr 2022 09:34:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245607

Пејачот Здравко Чолиќ е фатен како со автомобил оди на вежбање на „Ада Циганлија“ во Белград. Во оваа прилика познатиот Чола „покажа премногу“ бидејќи јавно ја соблече долната облека, па објективот на камерата на екипата на „Папарцо лов“ забележа што забележа! Имено, пејачот најпрвин убаво се истрча, потоа се истегна, а на крај пред да се спакува и змине,  почна да  си ја мести тренерката. За да го направи тоа, Чолиќ морал да го спушти надолу долниот дел од тренерките, па сите имаа можност ѕвездата да ја видат... по гаќи! Инаку, Чолиќ во мај ќе наполни 71 година, а многумина коментираат дека изгледа фантастично за возраста. Инаку, камерата на „Папарацо лов“ ја фати и неговата сопруга Александра пред нивната куќа, која ги извршуваше секојдневните активности. Како изгледаше утринската гимнастика на Чола, погледнете од видеото во продолжение: ]]>

Слабеење со трчање: 12 совети како да почнете да слабеете веднаш https://arhiva.vistina.com.mk/slabeenje-so-trchanje-12-soveti-kako-da-pochnete-da-slabeete-vednash/ Tue, 10 Mar 2020 13:00:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138631

Трчањето е еден од најдобрите методи за слабеење и докажано се трошат најмногу калории со трчање во споредба со другите кардио вежби. Трчањето може да помогне во напорите за слабеење, но треба да се запомне дека како поминува времето треба да се менува темпото, времето или дистанцата, бидејќи телото се навикнува на физичката активност и почнува да троши помалку калории во споредба со претходно. Ако трчате за да симнете килограми, јасно е дека колку повеќе трчате, толку повеќе трошите калории, но тоа не е единствената предност. Трчањето и физичката активност воопшто помагаат да се ослободите од стресот, ги зајакнуваат мускулите и ве прават побрзи и поагилни, исполнети со енергија и свежина. Како да почнете со слабеење со трчање уште денес? Погледнете го ова видео со 12 совети и посветете се на остварување на вашата фитнес цел. ]]>

4 причини зошто не треба да слушате музика додека трчате https://arhiva.vistina.com.mk/4-prichini-zoshto-ne-treba-da-slushate-muzika-dodeka-trchate/ Wed, 13 Dec 2017 13:09:02 +0000 http://vistina.mk/?p=6566

Слушањето музика за време на трчање е светски тренд. Многу спортисти практикуваат да трчаат слушајќи ја омилената песна.

Но, колку и да е тренд, постојат и многу причини зошто не треба да слушате музика додека трчате.

Свесни сте за се

Кога трчате без слушалки на уши, можете полесно да го слушате сопственото тело и лесно да забележите дека треба да го промените ритамот. Кога трчате со слушалки на уши, потешко е да го следите ритамот на телото, затоа што го следите ритамот на музиката.

Подобро се концентрирате на дишењето

Најдобар начин да се исполни целта е правилното движење и дишење. Но, кога трчањето станува поинтензивно, на телото му е потребно повеќе кислород, поради што ние стануваме изморени. А кога стануваме изморени, престануваме да дишеме правилно, поради што телото уште повеќе се умара.

Ќе ја зајакнете металната издржливост

Често пати музиката ве води напред, поради што многумина стануваат зависни од неа и во неа бараат мотивиација. А тоа значи, дека менталната и свесна издржливост не е доволно јака колку што треба да биде.

Ќе бидете посилни

Во прилог на менталната издржливост, трчањето без музика ќе ве направи посилни, што значи дека трчањето без музика ќе ви помогне го следите ритамот на вашето тело. И откако ќе ги препознаете вистинските можности на вашето тело и мускули, ќе можете полесно да се придвижите кон поинтензивна работа. извор:среќа.мк]]>