Travel The World – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Oct 2017 09:30:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Travel The World – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Travel The World“ е новото видео на Четкар https://arhiva.vistina.com.mk/travel-the-world-e-novoto-video-na-chetkar/ Mon, 30 Oct 2017 09:29:18 +0000 http://vistina.mk/?p=1978

После подолга пауза од неговото последно видео, популарниот македонски џез музичар Владимир Василевски  - Четкар ја претстави екранизацијата за новиот сингл насловен „Travel The World“.
Станува збор за уште една одлична тема од познатиот охриѓанец, кој се потпишува како комплетен автор на композицијата, аранжманот, стиховите, оркестрациите и продукцијата, а освен што ги пее водечките и придружните вокали, свири и на гитара.
Песната е снимена во „Моцарт студио рекординг“ во Њу Џерси и „Катинг рум рекординг студиос“ во Њујорк, а копродуцентка е Маја Чоуз. Во снимањето учествуваа и Одри Хејс и Делејни Стокли на виолина, Кристина Кис на виола, Морин Кели на виолончело, Арон Хенри на тенор саксофон, Коди Роландс на труба, Сет Уивер на тромбон, Владан Мијатовиќ на клавијатури, Џејмс Квинлан на бас и Нолан Брд на тапани.
Видеото, пак, е снимано во родниот крај на Четкар и ги прикажува убавините на Охрид и охидскиот регион,  а е во режија на Борче Димоски од продукцијата „Дигитал бокс“. Промоција на новото видео се случи  во рамките на бесплатниот концерт во Охрид, кој  се одржа на 22 октомври, во ресторанот „Билјанини извори“. https://www.youtube.com/watch?v=ap5j9UuFPjc]]>