Travel + Leisure – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Apr 2023 11:19:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Travel + Leisure – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Американскиот магазин „Travel + Leisure“ го прогласи ова село за најубаво на светот https://arhiva.vistina.com.mk/amerikanskiot-magazin-travel-leisure-go-proglasi-ova-selo-za-najubavo-na-svetot/ Mon, 03 Apr 2023 11:19:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296363

Американскиот туристички магазин „Travel + Leisure“ го прогласи малото живописно село Горд во Франција за најубаво на светот. Малото место со помалку од 2000 жители, кое е сместено на врв на карпа, на надморска височина од 340 метри, секоја година привлекува голем број посетители од целиот свет.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by kimberley (@bjr_kpic)

Средновековното село се истакнува со својата безвременска убавина и културното богатство. Поради својата убавина, Горд е честа локација за снимање филмови и ТВ емисии. Историјата на Горд датира уште од римското доба, но во текот на средниот век го попримил својот денешен изглед – тесни улици и премини, средновековен замок од кој се пружа поглед кон долината и камени куќи. Замокот бил изграден во 11-от век, а со текот на годините бил проширен и обновен. Изгледа импресивно, а од неговите кули и бедеми се пружа неверојатен поглед.
Во Горд се наоѓаат и неколку музеи, од кои најпознати се „Moulin des Bouillons“ кој ја следи историјата на руралниот живот во Прованс, и „Pol Mara“ кој е посветен на уметникот кој живеел токму во ова село. Љубителите на уметноста можат да посетат и уметнички галерии и занаетчиски работилници, како галеријата на уметницата Јохана Спинела. Во Горд често се одржуваат фестивали и разни настани во текот на годината, а најпознат е Фестивалот на тартуфите во февруари.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by B E N (@ben.lamotte)

Селото со текот на времето напредувало поради земјоделството. Секој турист треба да го посети пазарот кој се одржува секој вторник наутро. Таму можат да се пробаат и купат локални производи, ракотворби и сувенири. Горд е особено познат по производството на керамика.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @mylene_mai_artiste

View this post on Instagram
 
A post shared by Putni Kofer🧳 (@putni_kofer)

Извор: Точка]]>