трансплантација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Jun 2022 11:00:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трансплантација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пејачот не личи на себе: Тони Цетински легна „под нож“, а еве и зошто? https://arhiva.vistina.com.mk/pejachot-ne-lichi-na-sebe-toni-cetinski-legna-pod-noz-a-eve-i-zoshto/ Thu, 02 Jun 2022 11:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252854

Популарниот пејач Тони Цетински во вторникот на 31 мај го прослави својот 53 роденден и по тој повод покажа како изгледа по најновиот хируршки зафат. Тони за својот роденден снимил песна во студио во Загреб, а соработниците го изненадиле со торта и свеќички со број „53“. Прославата не заврши тука, туку подоцна пејачот го прослави роденденот со сопругата Дубравка во ресторан. Пејачот на социјалните мрежи објави снимки од студиото, но и од излегувањето со сопругата и во таа прилика го покажа својот нов изглед, по хируршката интервенција. На објавената снимка јасно се гледа драстичната разлика по трансплантацијата на коса, која Цетински неодамна ја направи. Тони повеќе не е ќелав на темето и со големи залистоци, туку сега има коса каква што сакаше.   Во декември минатата година Тони откри дека направил трансплантација на коса на скалпот за да си го реши проблемот и да си ја оствари големата желба, повторно да изгледа приближно како во младоста. „Оддамна имам желба да одам на трансплантација на коса и среќен сум што поради тоа не морав да патувам надвор од границите на Хрватска, бидејќи лекарта и експерт за коса - Ана Малетиќ, убедливо е најдобра во таа област. Искрено ги очекувам резултатите“ – напиша Тони претходно на Инстаграм. А резулттите денес се повеќе од видливи... До душа не баш како оние од младоста, но сепак... Подобро да се има нешто коса на овие години, ова време,  отколку мазно теме!   Фото: Инстаграм принтскрин/tonicetinski]]>

Овој учесник во „Никогаш не е доцна“ го расплака Жика Јакшиќ, а кога ќе слушнете зошто и вам ќе ви потечет солзи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-uchesnik-vo-nikogash-ne-e-docna-go-rasplaka-zika-jakshikj-a-koga-kje-slushnete-zoshto-i-vam-kje-vi-potechet-solzi-video/ Mon, 16 Nov 2020 12:03:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176318

Еден од учесниците на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“, Горан Филиќ - Гогац, кој има 53 години, ја раскажа својата животна приказна, која ги потресе сите во студиото. Имено, тој имал тешка операција, кога во март минатата година му е извршена трансплантација на срце. „Благодарение на семејството на момчето кое ми го подари своето срце, јас сум вечерва овде, со ново срце“ - рече тој. Водителот на ова натпреварување, Жика Јакшиќ, беше љубопитен,  Гогац да му објасни како дошло до трансплантацијата. „Момчето беше 15 години помладо од мене, и почина во Ургентниот центар, па неговите родители ми го донираа неговото срце. Не се знаеме, можеби преку оваа емисија ќе дознаат за мене и ќе ги сретнам и запознаам. Сакам да знаат дека срцето на нивниот син чука во мене и дека ова е наша заедничка борба, на нивниот син и на мене“ - рече натпреварувачот, а Жика Јакшиќ видно возбуден и понесен од емоциите не можеше да ги задржи солзите. „Кога еден разумен гест може да спаси нечиј живот, тоа е голаема и прекрасна работа“ - рече Јакшиќ. „Ти си  доказ дека хуман гест направен од луѓе значи дека тоа е добро завршена работа. Вашата енергија е прекрасна. Денес ја слушаме песната на мојот омилен бенд 'Генерација 5'  -  'Доаѓам за 5 минути' - рече Маре. „Ти ја победи смртта, ти си победник во секоја смисла“ -додаде  гостинката Тања Савиќ. Погледнете како изгледаше овој емотивен момент во „Никогаш не е доцна“: https://www.youtube.com/watch?v=Hs_LqUA2dUs]]>

Донирање органи како начин за спасување животи https://arhiva.vistina.com.mk/doniranje-organi-kako-nachin-za-spasuvanje-zivoti/ Tue, 19 May 2020 20:19:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150473

Членовите на Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето и нивните поддржувачи „Храбро Срце“ се револтирани поради тоа што релевантните институции (Министерство за здравство и ФЗОМ) досега не исполниле ниту едно од нивните барања, а за кои добиле ветувања. Имено, овие пациенти имаат вградено пумпи на срцето, некои една, некои две истовремено како мост до трансплантација на срце. Овие пациенти живеат приклучени на батерии или на струја, нивниот живот нималку не е лесен, па поради тоа на почетокот од годината биле на состаноци со двете погореспоменати институции. До денес, не добиле никаков одговор.
- Во изминатиов период додека Министерството за здравство е сконцентрирано само на состојбата со Ковид 19, ние за два месеца изгубивме двајца пациенти. Пред една недела почина нашиот Исмет, единствениот пациент со пластично срце за кого беше најитно да се изврши трансплантација. Според комплексноста на таа машина TAH што ја имаше тој, според сите научни истражувања преодниот период до трансплантација е многу краток, од 6 месеци до 1 година. Тој издржа 14 месеци чекајќи и надевајќи се за таа трансплантација која му беше ветувана од сите институции и установи. Во моментот не се извршени тие таканаречени HLA типизации кои служат за утврдување на компатибилноста на потенцијаниот орган доколку е достапен. Исклучок од сите пациенти беше токму тој, единствениот со TAH машина на кој му беа извршени типизациите, но во време на пандемијата не се најде срце за него. Битката ја изгубивме, но продолжуваме со борбата.“ – велат членовите на Здружението.
Тие остро ја осудуваат незаинтересираноста за нивните барања иако во јавност беше изјавено дека започнува трансплантација на срце, има одделено буџет за таа намена, има стручни кардиохирурзи, има услови, но се нема донори.
- Па како да имаме донори кога 90% од населението не ни знае како гласи Законот за трансплантација кај нас. Дека секој е потенцијален донор. Годишно толку луѓе гинат во сообраќајни незгоди кои за жал, неретко завршуваат со смртен исход, па така, органите под земја не служат за ништо, со нив може да се спасат дури 8 животи. Исто така, имаме листа на чекање на пациенти за срце, но не се сите на таа листа. Имаме член кој сè уште не е на таа листа. Подготовката за трансплантација кај нас трае многу години, но без ниедна реализација до ден-денес, а нам секој ден ни е важен. Ова е само преодна фаза до трансплантација, не трајно решение.“- велат од Здружението.
Повикуваат на итно започнување на реализирање на нивните барања и исполнување на ветувањата затоа што, како што велат, „ако во нашата земја се извршија успешни операции за вградување на овие комплесни машини, трансплантацијата во светот се третира како рутинска интервенција и чини двојно поевтино од цената на овие уреди.
- Каде е проблемот? Кога ќе направиме чекор напред од оваа мртва точка која трае со години наназад? Уште колку човечки животи треба да згаснат за надлежните да покажат интерес за нас? Да покажат и докажат на дело реализација на таа долгонајавувана трансплантација, но ниту еднаш нереализирана, се поставените прашања на членовите на Здружението.
]]>

На Дарко Лазиќ му откажа бубрегот: Потребна е трансплантација, а фолкерот тоа уште не го знае! https://arhiva.vistina.com.mk/na-darko-lazikj-mu-otkaza-bubregot-potrebna-e-transplantacija-a-folkerot-toa-ushte-ne-go-znae/ Fri, 04 Jan 2019 09:20:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66108

Дарко Лазиќ доживува нова агонија. Само што се среди ситуацијата со нозете и нервите кои беа прекинати, поради што не можеше да се движи, тој веќе има нови проблеми. Имено, ѕвездата на "Гранд", наводно, има потреба од трансплантација на едниот бубрег, а тоа се уште не му го соопштуваат.
„Дарко не знае дека тој има сериозен проблем со своите бубрези и дека најверојатно ќе треба трансплантација. Му рекоа дека едниот му откажал, но не и дека му треба нов орган.  Некое време ќе може да живее и да работи со моменталната здравствена состојба, но ќе има сериозен проблем ако здравиот бубрег не функционира целосно. Поради сериозната несреќа, неговите органи биле значително ослабени па мора да добива силни терапии кои значително влијаат врз работата на бубрезите, кои веќе се ослабени“, вели  за српски „Ало“ извор близок до пејачот.]]>