трајче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 20 Feb 2021 08:47:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трајче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кавадаречката фолкерка го живее својот американски сон: Се сеќавате ли на Јасмина Мукаетова? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kavadarechkata-folkerka-go-zivee-svojot-amerikanski-son-se-sekjavate-li-na-jasmina-mukaetova-foto-video/ Sat, 20 Feb 2021 08:40:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103913

Своевремено важеше за една од најубавите и најатрактивни пејачки во златните денови на македонската фголк естрада иако се проба и во забавните води. Русокоса, згодна, со впечатлива природно виткана коса, упадливо нашминкана, Јасмина Мукаетова беше препознатлива и визуелно и по својот глас.
И кога сите очекуваа дека ќе направи голема кариера, кавадаречката убавица преку ноќ исчезна од естрадата, ама и од земјата. Имено, Мукаетова ја погодија ам,оровите стрели, па љубовта и донесе „понуда што не може да се одбие“ и замина за Америка.
Оттогаш мина повеќе од една деценија, а за Мукаетова малку се слуша и знае дома. Таа се омажи за  својот сакан Трајче, по потекло кавадарчанец од Њу Џерси во 2008 година.
Основаа семејство, Јасмина роди две машки деца, синовите Диме и Зуко и со својот Тале имаат семеен бизнис.
Јасмина очигледно исполнета и среќна, преку океанот го живее својот американски сон, а песната ја остави настрана, за ретки прилики, како што беше онаа минатото лето, кога Јасмина и сопругот на годишницата од бракот, по десет години од американската свадба во Лас Вегас, решија да направат и македонска.
За сите роднини, другари, соседи, пријатели, колеги... кои тогаш ги собраа во ресторанот во винаријата во Градско, па се пееше и славеше до зори, со колегите - ѕвезди од македонската, но и од српската фолк естрада, а за микрофонот се фати и невестата!
Мукаетова, впрочем речиси секое лето редовно се враќа на кус престој во родната Македонија, а МТВ неодамна не ја пропушти можноста како јавен и национален сервис, да ја повика во една од своите магазински емисии.
Во меѓувреме иако можеби активно и професионално не се занимава со музика, Мукаетова не ја заборавила македонската песна, па последното што го направи е преработката на македонскиот фолк бисер, „Дејгиди, луди млади години“, која во нејзина изведба можете да ја проследите подолу, како и визуелизацијата на истата во прекрасното видео.
Иако Мукаетова како да „скарана со годините“, па изгледа речиси исто, како воопшто да не се променила и остарела, изборот на песната веројатно кажува нешто друго... Како чувствува душата!
Ама, како и да е, едно е сигурно: И со гласот и со стасот им русокосата кавадарчанка гордо им пркоси на времето и годините! https://www.youtube.com/watch?v=5E9mfn-4Eqg]]>

Кате и Трајче од „Соната“ јавно ја покажаа ќеркичката: Семејството по прошетката – на пауза… за некого за пиење, за некого за спиење! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kate-i-trajche-od-sonata-javno-ja-pokazaa-kjerkichkata-semejstvoto-po-proshetkata-na-pauza-za-nekogo-za-pienje-za-nekogo-za-spienje-foto/ Tue, 22 Oct 2019 08:16:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113850

Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков можеби го држеа македонскиот рекорд меѓу естрадните личности со љубовна врска која, замислете, траеше  цели 18 година! Откако беа љубовници речиси две децении, годинава во мај решија да станат и сопружници, па ја направија својата венчавка и семејна веселба, откако невестата беше влезена во осмиот месец на бременоста. Еден месец подоцна откако го го кажаа судбоносното „ДА“, на 24 јуни 2019 да ја добијата својата прва принова. Младите за неполн месец од бракот станаа родители, откако Кате на свет ја донесе малата принцеза, ќеркичката Ана. И како што долго и умешно ја криеја бременоста на пејачката се' до венчавката, така Кате и Трајче од  очите јавноста ја криеја и малечката убавица. Некои велат заради суеверие, с' краја да е,  некој да не ја урочи, други пак, заради тоа што музичката двојка е скромна и не сака многу приватноста јавно да ја експонира...   Како и да е и покрај зголемениот број обврски летово, Кате и Трајче најдоа малку време за себе и своето проширено семејство и секако најновиот член во него, па излегоа на прошетка. Убавото време и продолженото лето се како создадени да се излезе надвор од домот, па брачната двојка и нивната ќеркичка го искористија моментот да се прошетаат и уживаат на убавото време. А, после прошетката време за мала пауза. За некого за спиење, за некого за пиење. Мама - топло кафенце, тато - ладно пивце, а малечката убавица, слатки сништа на отворено во своето креветче на тркалца!  Семејна хармонија во која се' штима како по ноти, а сите тројца - среќни и задоволни!    ]]>

Наташа, Трајче, Сара и Раде од старата „Дајте музика“ дојдоа со своите деца кај новата постава (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-trajche-sara-i-rade-od-starata-dajte-muzika-dojdoa-so-svoite-deca-kaj-novata-postava-foto/ Mon, 16 Sep 2019 06:25:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106925

Наскоро на првиот канал на Македонската телевизија ќе започне емитувањето на новите епизоди на сега култната детска серија „Дајте музика“ која после точно 27 години доби ново продолжение. Денешните деца ќе можат да го гледаат она што нивните родители го гледале и растеле со едно од најпопуларните и најуспешните детски серијали од деведесеттите години. Многумина се сеќаваат и со пиетет сè уште зборуваат за случките на Трајче, Сара, Наташа, Раде и Оливер кои освен што важеа за идоли на една генерација, беа главните протагонисти во детско шоу од 1992 година. Овој своевремено мултимедијален проект, еден од најуспешните програмски остварувања на 90-тите, кај десетици генерации остави трајни сеќавања за едно безгрижно време, кое многумина и денес го идентификуваат со среќни детски денови претворени во дружење на улица, забава, детска игра и квалитетна музика. Старото маало сега е свртилиште на една нова генерација, старо-ново место за забава, игри, први симпатии, малку разочарување, по некоја играчка-плачка и многу детска среќа! Детето не исчезнува во никого од нас, па затоа сите се радуваме на ова продолжение, а сега веќе возрасните некогашни мали глумци, Сара, Раде, Наташа, Трајче, дојдоа во старото маало да евоцираат спомени, да се запонаат со своите наследници пред камерите, но и да ги досесат своите дечиња, некои бебенца, други потпораснати. Овој момент го овековечија со една фотографија на познатите скали, а истата се најде на Инстаграм страницата на серијалот. Инаку, најголем дел од протагонистите во серијалот се од актерската школа на Весна Петрушевска, која воедно е инструктор по актерска игра во проектот. Серијалот е во режија на Лазар Паковски и Владимир Митревски. Емисијата повторно ќе изобилува со многу музика, а новите детски хитови ги потпишуваат: Николче Мицески, Никола Перевски-Пере, Роберт Билбилов, Ристо Самарџиев, Игор Џамбазов и други. Во серијалот ќе се појават и познати македонски групи и пејачи како Каролина, Тамара, Влатко Стефановски, Владо Јаневски, Влатко Лозаноски, Елена Ристеска, Бени Шаќири, Некст Тајм, Слаткаристика, Дарио, Дани, Нокаут и други. Улогата на ‘мајстор’ ќе ја толкува доајенот на македонското актерство, Ѓокица Лукаревски, ‘полицаец’ ќе биде Нино Леви, Игор Џамбазов ќе има епизодна улога, а ќе гостуваат и други млади актери и познати македонски спортисти.]]>

Музичарот „ја откачи“ пејачката: Трајче си најде замена за Сани! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/muzicharot-ja-otkachi-pejachkata-trajche-si-najde-zamena-za-sani-foto/ Wed, 29 Nov 2017 10:04:18 +0000 http://vistina.mk/?p=5131

Македонската фолк пејачка Сања Сани Гроздановска и „скопскиот боем“, клавијатуристот Трајче Толевски, беа најраспеаниот и највеселиот  тандем на македонската фолк естрада! Нивните заеднички свирки останаа долго да се паметат, зашто Сани и Трајче знаат да направат невидена забава, весела музичка журка на која не можеш, а да не се расположиш, запееш и напиеш... Така барем велат сите оние кои ги посетиле нивните настапи по многуте познати и реномирани скопски и не само скопски локали.
Арно ама, по неодамнешното раѓање на ќеркичката Ева, фолкерката мораше целосно да му се посвети на мајчинството и обврските кое ги носи новороденото чедо, па затоа „жртва“ мораше да биде музиката и ноќните настапи. Така „скопскиот боем“ се најде во небрано, па беше приморан да бара разни алтернации за згодната и квалитетна колешка!
Ама, една е Сани, па на секоја друга Трајче и наоѓаше маани и ниту една не му се погоди со него „да гази“ на долги стази. Пробуваше колешката да ја замени и со колега...
Горјан Стојановски - Гокса... Не дека не е добар - напротив! Топ музичар е, ама... ни гласот ни виолината ни брадата... Ништо на естрадата, ма ништо на светот не може да ги замени деколтето и долгите нозе на Сани, каква што ја знаат по скопските меани!
И таман Трајче  помисли дека е безнадежно, па креваше рамена дека на Сани и нема замена... Замената сама дојде! Се појави одникаде и ни пет-ни шест, без да праша се фати за микрофонот па на Трајче, во јаве му го претвори сонот... И вистината сива дека за Сани нема алтернатива, наеднаш стана розова: Еве ти ја таа... од Топаана е, ама ко од Тунис да е! Ем да пее ем да игра знае! Епа сега, нека му ја мисли Сани... Што беше, беше до лани! Сега Трајче има нова пејачка - премија... Дами и господа, запознајте ја Џеврија!
 
]]>