трајче толевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Dec 2023 12:42:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трајче толевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трајче Толевски и Душко Георгивски со донации и песна дојдоа да ги израдуваат згрижените во домот за стари лица во Злокуќани, но како: „Има ли некој што денес може да запшее и заигра?“ https://arhiva.vistina.com.mk/trajche-tolevski-i-dushko-georgivski-so-donatsii-i-pesna-dojdoa-da-gi-izraduvaat-zgrizhenite-vo-domot-za-stari-litsa-vo-zlokukani-no-kako-ima-li-nekoj-shto-denes-mozhe-da-zapshee-i-zaigra/ Tue, 05 Dec 2023 09:47:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329978

Трајче Толевски со прекар Мајка, познат македонски музичар, фолк изведувач и скопски угостител, е познат и како главниот „човек за штимунг“ во „Мерак меана“.  Во истто шоу еден од естрадните фолк уметници кои неодамна гостуваа беше и пејачот Душко Георгиевски. Токму овие двајца естрадни уметници решиле да ги израдуваат  згрижените во домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, како претставници на ним омилената забавно-музичка фолк емисија. Мајка и Душко посетата ја закажале токму за понеделник, 04. декември, кога  како двајца распеани и разиграни дедомразовци сакаа да ги израдуваат старите лица со своето присуство. Арно ама... Она што се случи, страшната тарорна вест за убиството на малата Вања и велешкиот фризер која пристигна претходната вечер не остави простор за радост, која беше заменета со тага на секој нормален граѓанин на оваа земја. Естрадните уметници посетата не сакаа да ја откажат, но радоста и дружбата со згрижените лица во домот не можеа да ја споделат на оној начин, на кој замислуваа и посакуваа. „Новогодишниот базар“ полн со сувенири и украси подготвен од вредните  раце на пензионерите не изостана, како ни дружбата со нивните омилени изведувачи, но не и песната и забавата... А како? Тој ден, а и деновиве потоа имаше ли душа некој воопшто да се радува, а камо ли да пее, игра, да се весели... Токму затоа Трајче - Мајка сподели само неколку фотографии од  рачно изработените ескпонати за „Новогодишниот базар“ на старите лица од домот „Мајка Тереза“ во Злокуќани, па заедно со својот статус ги објави на личниот Фејсбук профил со едно големо ветување. „Фотографиите се од вредните раце на пензионерите од установата 'Мајка Тереза' - Злокуќани, каде денес како дел од програмата 'Новогодишен базар' како гости од нивната најгледана емисија 'Мерак меана' на Сител ТВ, да бидеме јас и Душко георгиевски, да го опфатиме музичкиот дел.  Но, како? Има ли некој што денес може да го отвори срцето и да запее, заигра...? ветивме дека ќе дојдеме наредна прилика“ - споделил музичарот. А згрижените во домот за стари лица во Злокуќани го држат за збор! Фото: Фејсбук/Trajce Tolevski/Dusko Georgievski      

Повеќе на vistina.mk]]>

Трајче Толевски со прекар Мајка, познат македонски музичар, фолк изведувач и скопски угостител, е познат и како главниот „човек за штимунг“ во „Мерак меана“.  Во истто шоу еден од естрадните фолк уметници кои неодамна гостуваа беше и пејачот Душко Георгиевски. Токму овие двајца естрадни уметници решиле да ги израдуваат  згрижените во домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, како претставници на ним омилената забавно-музичка фолк емисија. Мајка и Душко посетата ја закажале токму за понеделник, 04. декември, кога  како двајца распеани и разиграни дедомразовци сакаа да ги израдуваат старите лица со своето присуство. Арно ама... Она што се случи, страшната тарорна вест за убиството на малата Вања и велешкиот фризер која пристигна претходната вечер не остави простор за радост, која беше заменета со тага на секој нормален граѓанин на оваа земја. Естрадните уметници посетата не сакаа да ја откажат, но радоста и дружбата со згрижените лица во домот не можеа да ја споделат на оној начин, на кој замислуваа и посакуваа. „Новогодишниот базар“ полн со сувенири и украси подготвен од вредните  раце на пензионерите не изостана, како ни дружбата со нивните омилени изведувачи, но не и песната и забавата... А како? Тој ден, а и деновиве потоа имаше ли душа некој воопшто да се радува, а камо ли да пее, игра, да се весели... Токму затоа Трајче - Мајка сподели само неколку фотографии од  рачно изработените ескпонати за „Новогодишниот базар“ на старите лица од домот „Мајка Тереза“ во Злокуќани, па заедно со својот статус ги објави на личниот Фејсбук профил со едно големо ветување. „Фотографиите се од вредните раце на пензионерите од установата 'Мајка Тереза' - Злокуќани, каде денес како дел од програмата 'Новогодишен базар' како гости од нивната најгледана емисија 'Мерак меана' на Сител ТВ, да бидеме јас и Душко георгиевски, да го опфатиме музичкиот дел.  Но, како? Има ли некој што денес може да го отвори срцето и да запее, заигра...? ветивме дека ќе дојдеме наредна прилика“ - споделил музичарот. А згрижените во домот за стари лица во Злокуќани го држат за збор! Фото: Фејсбук/Trajce Tolevski/Dusko Georgievski      ]]>
Сани ли е или Анџелина Џоли? Доволен е еден поглед за да видиш што ти прават добра фризура и шминка или потребна е рентген снимка? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-li-e-ili-andzelina-dzoli-dovolen-e-eden-pogled-za-da-vidish-shto-ti-pravat-dobra-frizura-i-shminka-ili-potrebna-e-rentgen-snimka-foto/ Fri, 28 Jan 2022 08:55:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236614

Македонската пејачка Сања Сани Гроздановска „не е жива“ ако не изненади со некоја своја постапка, слушка, изјава, коментар... Или како овој пат, само со својата „нова“ појава! Имено, фолкерката сподели фотографија на социјалните мрежи на која како да не е таа... Полни усни долга испеглана коса, беспрекорнна шминка и поглед на кој би паднале дури и оние што... „не се по жените“! Едноставно заводливо, или поточно кажано - совршено! Многумина прокоментираа дека Сани која ионака е вистинска убавица , сепак волку перфектно никогаш не изгледала. Едни се прашуваа дали е во прашање фотошоп или соврешен мејкап, други тврдеа дека ова не е Сани, туку само некоја што личи на неа, додека трети ја опсипаа со комплименти и коментари: „Сани ли е или Анџелина Џоли, зашто на моменти на фотографијата македонската фолкерка навистина потсетува на славната светска актерка! Мислењата на другите се важни, ама на оние најблиските, на кои најмногу им веруваш веројатно се најбитни! Зашто тие отворено можат да ти кажат без да те излажат, без да се стегаат, воздржуваат и срамуваат, зашто белким ти го мислат и посакуваат најдоброто. Освен во еден случај - доколку најдоброто немаат намера да ти „плеснат в лице“ - онака, шеговито, за твое добро! А кога е  музичарот, познатиот скопски боем и меанџија Трајче Толевски во парашање се' е за очекување! Еден од најдобрите пријатели на пејачката, ама и познат како голем мајтапџија, кој со неа постојано има некакви „пријателски препукувања, закачки и јадачки“, беше прашан од еден од пријателите од естрадниот еснаф, Ване Петковски од ИНТВ продукција, за стручно мислење за новиот имиџ и стајлинг на Сани Гроздановска: „Трајче Толевски, ваше стручно мислење околу шминката, фризурата и стајлингот?“ На тоа Трајче пред да даде конечен суд и  мислење, одговори со барање за поопсежна, субспецијалистичка анализа: На вакавата констатација Сани засега молчи. Ништо не одговорила... Не барем конкретно на Трајче... Или можеби сепак не е баш така, зашто она што последно го споделила во своите Инстаграм приказни можеби токму се однесува на него, како своевиден одговор на пејачката по принципот на онаа народната: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“  или во превод, повиканиот сам ќе си се препознае во нејзината констатција наместо одговор: „Некои само со поглед ќе ви покажат колку сте посебни... Некои не знаат ни со зборови“!  А можеби ни со рентген снимка? Фото; Инстаграм и Фејсбук принтскрин/sani.grozdanovskasanja/

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонската пејачка Сања Сани Гроздановска „не е жива“ ако не изненади со некоја своја постапка, слушка, изјава, коментар... Или како овој пат, само со својата „нова“ појава! Имено, фолкерката сподели фотографија на социјалните мрежи на која како да не е таа... Полни усни долга испеглана коса, беспрекорнна шминка и поглед на кој би паднале дури и оние што... „не се по жените“! Едноставно заводливо, или поточно кажано - совршено! Многумина прокоментираа дека Сани која ионака е вистинска убавица , сепак волку перфектно никогаш не изгледала. Едни се прашуваа дали е во прашање фотошоп или соврешен мејкап, други тврдеа дека ова не е Сани, туку само некоја што личи на неа, додека трети ја опсипаа со комплименти и коментари: „Сани ли е или Анџелина Џоли, зашто на моменти на фотографијата македонската фолкерка навистина потсетува на славната светска актерка! Мислењата на другите се важни, ама на оние најблиските, на кои најмногу им веруваш веројатно се најбитни! Зашто тие отворено можат да ти кажат без да те излажат, без да се стегаат, воздржуваат и срамуваат, зашто белким ти го мислат и посакуваат најдоброто. Освен во еден случај - доколку најдоброто немаат намера да ти „плеснат в лице“ - онака, шеговито, за твое добро! А кога е  музичарот, познатиот скопски боем и меанџија Трајче Толевски во парашање се' е за очекување! Еден од најдобрите пријатели на пејачката, ама и познат како голем мајтапџија, кој со неа постојано има некакви „пријателски препукувања, закачки и јадачки“, беше прашан од еден од пријателите од естрадниот еснаф, Ване Петковски од ИНТВ продукција, за стручно мислење за новиот имиџ и стајлинг на Сани Гроздановска: „Трајче Толевски, ваше стручно мислење околу шминката, фризурата и стајлингот?“ На тоа Трајче пред да даде конечен суд и  мислење, одговори со барање за поопсежна, субспецијалистичка анализа: На вакавата констатација Сани засега молчи. Ништо не одговорила... Не барем конкретно на Трајче... Или можеби сепак не е баш така, зашто она што последно го споделила во своите Инстаграм приказни можеби токму се однесува на него, како своевиден одговор на пејачката по принципот на онаа народната: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“  или во превод, повиканиот сам ќе си се препознае во нејзината констатција наместо одговор: „Некои само со поглед ќе ви покажат колку сте посебни... Некои не знаат ни со зборови“!  А можеби ни со рентген снимка? Фото; Инстаграм и Фејсбук принтскрин/sani.grozdanovskasanja/]]>
Кога Сани Гроздановска вози, совозачот од нервози и стравови се „препотува“, а можеби и… „нешто друго“ од „уплав“ му се случува? (ВИДЕО) (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-sani-grozdanovska-vozi-sovozachot-od-nervozi-i-stravovi-se-prepotuva-a-mozebi-i-neshto-drugo-od-uplav-mu-se-sluchuva-video-foto/ Fri, 01 Oct 2021 08:59:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221360

Македонските фолкери, пејачката Сања Сани Гроздановска и клавијатуристот и член на групата„Скопски боеми“, патем и приватен угостител Трајче Толевски, се дефинитивно „тандем од соништата“. Соработници на музички план секогаш кога можат, приватно блиски пријатели приватно во секое време, обајцата мајстори за туѓо расположение, но и големи шегобијци. И на своја и на туѓа сметка... Најчесто таа на негова, тој на нејзина... За нивна душа, но и општа забава на сите околу нив! И покрај строгите ковид протоколи, кафеаните и локалите се' уште некако работат, а музиката е неизоставен дел од атмосферата и расположението во угостителските објекти. Кафеана без пороци, жени и музика евентуално можеш да ја наречеш „библиотека“! Неделава Сани и Трајче тргнаа на заедно на тезга. И тоа надвор од Скопје или поточно во познат ресторан во една општина во скопската околина. Естрадната двојка логично на настап тргна со сопствен превоз. Тие двајца во автомобилот, Трајче зад воланот, а Сани на совозачкото седиште. Пејачката мора да биде средена, дотерена, да не биде истуткана кога ќе се појави пред гостите, па логично е некој друг да ја вози. А кога Трајче вози, Сани раположена и насмеана,  опуштено си пее во кола. По некое време имате ситуација број 2. Веројатно на враќање од „тезга“ или на нов настап некаде, на кој  пак заедно одат Трајче и Сани. Само што овој пат ситуацијата е обратна. Зад воланот е пејачката, а на совозачкото седиште е музичарот. Само што тој е далеку од опуштен, насмеан и распеан! Имено, додека „енергичната“ кумановка вози, „скопскиот боем“ смрзнат од страв да не излета од лежиште,  собран како полжев во куќичка во своето совозачко седиште, ја молеше и преколнуваше пејачката, помалку да стиска на гаста, а повеќе на сопирачката: „Кочииии... Страв ми е... Кочи жити мајка, се плашам...“ - вика музичарот, додека пејачката низ насмевка му одговара: „Не се секирај, ако умреш, со мене ќе умреш“, а Трајче повторно и  возвраќа: „Ама не е така...Ако умирам, сакам да умрам од природна смрт, а не вака“, додека Сани пак стискајќи уште поивеќе на гаста „умира“ од смеење! „Ќе се симнам... Закочииии... Камиоооон... Види ја се залепи до него. Тесно беше“ - коментира преплашениот музичар додека неговата колешка „со полн гас и хормони до плафон“, турбо го возеше автомобилот небаре е млазен авион!
  Se isplaši....😂😂😂😂😒🙈🙈😒 Posted by Sanja Sany Grozdanovska on Thursday, September 30, 2021
  Кога Сани Гроздановска вози, совозачот од нервози и стравови се „препотува“... Дали да поднамали или да прикочи, пејачката сама  одлучува, додека на совозачот можеби и „нешто друго“, од уплав му се случува? Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja

 

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонските фолкери, пејачката Сања Сани Гроздановска и клавијатуристот и член на групата„Скопски боеми“, патем и приватен угостител Трајче Толевски, се дефинитивно „тандем од соништата“. Соработници на музички план секогаш кога можат, приватно блиски пријатели приватно во секое време, обајцата мајстори за туѓо расположение, но и големи шегобијци. И на своја и на туѓа сметка... Најчесто таа на негова, тој на нејзина... За нивна душа, но и општа забава на сите околу нив! И покрај строгите ковид протоколи, кафеаните и локалите се' уште некако работат, а музиката е неизоставен дел од атмосферата и расположението во угостителските објекти. Кафеана без пороци, жени и музика евентуално можеш да ја наречеш „библиотека“! Неделава Сани и Трајче тргнаа на заедно на тезга. И тоа надвор од Скопје или поточно во познат ресторан во една општина во скопската околина. Естрадната двојка логично на настап тргна со сопствен превоз. Тие двајца во автомобилот, Трајче зад воланот, а Сани на совозачкото седиште. Пејачката мора да биде средена, дотерена, да не биде истуткана кога ќе се појави пред гостите, па логично е некој друг да ја вози. А кога Трајче вози, Сани раположена и насмеана,  опуштено си пее во кола. По некое време имате ситуација број 2. Веројатно на враќање од „тезга“ или на нов настап некаде, на кој  пак заедно одат Трајче и Сани. Само што овој пат ситуацијата е обратна. Зад воланот е пејачката, а на совозачкото седиште е музичарот. Само што тој е далеку од опуштен, насмеан и распеан! Имено, додека „енергичната“ кумановка вози, „скопскиот боем“ смрзнат од страв да не излета од лежиште,  собран како полжев во куќичка во своето совозачко седиште, ја молеше и преколнуваше пејачката, помалку да стиска на гаста, а повеќе на сопирачката: „Кочииии... Страв ми е... Кочи жити мајка, се плашам...“ - вика музичарот, додека пејачката низ насмевка му одговара: „Не се секирај, ако умреш, со мене ќе умреш“, а Трајче повторно и  возвраќа: „Ама не е така...Ако умирам, сакам да умрам од природна смрт, а не вака“, додека Сани пак стискајќи уште поивеќе на гаста „умира“ од смеење! „Ќе се симнам... Закочииии... Камиоооон... Види ја се залепи до него. Тесно беше“ - коментира преплашениот музичар додека неговата колешка „со полн гас и хормони до плафон“, турбо го возеше автомобилот небаре е млазен авион!
  Se isplaši....😂😂😂😂😒🙈🙈😒 Posted by Sanja Sany Grozdanovska on Thursday, September 30, 2021
  Кога Сани Гроздановска вози, совозачот од нервози и стравови се „препотува“... Дали да поднамали или да прикочи, пејачката сама  одлучува, додека на совозачот можеби и „нешто друго“, од уплав му се случува? Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja

 ]]>
Пејачката Сани Гроздановска доби секси роденденски подарок, го покажа, ама не го проба… или го проба, а неговата моќ ја почувствуваа и машки раце? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-sani-grozdanovska-dobi-seksi-rodendenski-podarok-go-pokaza-ama-ne-go-proba-ili-go-proba-a-negovata-mokj-ja-pochuvstvuvaa-i-mashki-race-foto/ Wed, 26 May 2021 07:24:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204013

Роденден е денот што го чекаме, цела година... Та биле деца мали или возрасни, сеедно, денот мора да се прослави, во зависност од условите, околностите и можностите. Коронапанедемијата полека како да стивнува, но масовните дружби се' уште не се дозволени, па затоа македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска роденденската прослава ја организираше поскромно, но сепак славје имаше. И тоа каде, ако не кај нејзиниот најдобар пријател, колега и соработник, Трајче Толевски во неговата кафеана, која и се погоди како измислена за роденденската прослава на пејачката. А стариот „скопски боем“ знае како тоа да го направи, особено кога се во прашање драги колеги и колешки, па на Сани и приреди роденденска организација за фасцинација: И амбиентот и храната, а Бога ми и газдата - топ, како што славеничката и сама ги пофали Трајче и неговата кафеана, „Камин кама“. Но, за топ прослава, потребна е и топ гардероба, па роденденскиот стајлинг Сани и го препушти на нејзината исто така пријателка и сограѓанка, проверената модна дизајнерка Ива Спасовска и нејзиното модно атеље „Ива“.  Двете кумановки оддамна се познаваат и соработуваат, па затоа дизајнерката најдобро знае на фолкерката да и ја земе  мерката, па што се вели и без проба да и стокми совршена гардероба. Онаква, каква што најдобро на Сани ќе и прилега за славеничка прилика. Затоа пејачката ја посети својата сограѓанка во нејзиното модно катче, па проба неколку варијанти, чисто онака, за илустрација, за да види во која комбинација изгледа како вистинска роденденска грација?! На вито тело  му прилега и посмело парче, можеби ултра кусо со шлиц од страна и отворен грб што ја покажа големата тетоважа на Сани, која сепак се одлучи за малку поинаква, исто толку смела, но поелегантна комбинација. Патем, не изостана ниту роденденскиот подарок од „кројачката“ за пејачката: Комплет секси долна облека од тантела, со роденденска посвета од креаторката за интерпретаторката: „Среќен роденден душо“, на картичка за посвети со нејзиното мото:  „Моќта е во твои раце“! Сани во модното атеље на Ива трпеливо ги пробуваше модните комбинации за роденденското славје, а ја отвори и кутијата со секси подарокот. Го покажа, ама него не го проба... не барем пред камерата на мобилниот. Дали и колку подарокот има моќ, можеби таа роденденска вечер дозна некој друг, „за лека ноќ“? Судејќи по фотографиите од роденденската прослава на Сани, веројатно истата имала и „after party“. А моќта на подарокот од креаторката, многу или малце, ја почувствуваа и машки раце? На обострано „роденденско задоволство“, се надеваме?! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/sani.grozdanovskasanja    

Повеќе на vistina.mk]]>

Роденден е денот што го чекаме, цела година... Та биле деца мали или возрасни, сеедно, денот мора да се прослави, во зависност од условите, околностите и можностите. Коронапанедемијата полека како да стивнува, но масовните дружби се' уште не се дозволени, па затоа македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска роденденската прослава ја организираше поскромно, но сепак славје имаше. И тоа каде, ако не кај нејзиниот најдобар пријател, колега и соработник, Трајче Толевски во неговата кафеана, која и се погоди како измислена за роденденската прослава на пејачката. А стариот „скопски боем“ знае како тоа да го направи, особено кога се во прашање драги колеги и колешки, па на Сани и приреди роденденска организација за фасцинација: И амбиентот и храната, а Бога ми и газдата - топ, како што славеничката и сама ги пофали Трајче и неговата кафеана, „Камин кама“. Но, за топ прослава, потребна е и топ гардероба, па роденденскиот стајлинг Сани и го препушти на нејзината исто така пријателка и сограѓанка, проверената модна дизајнерка Ива Спасовска и нејзиното модно атеље „Ива“.  Двете кумановки оддамна се познаваат и соработуваат, па затоа дизајнерката најдобро знае на фолкерката да и ја земе  мерката, па што се вели и без проба да и стокми совршена гардероба. Онаква, каква што најдобро на Сани ќе и прилега за славеничка прилика. Затоа пејачката ја посети својата сограѓанка во нејзиното модно катче, па проба неколку варијанти, чисто онака, за илустрација, за да види во која комбинација изгледа како вистинска роденденска грација?! На вито тело  му прилега и посмело парче, можеби ултра кусо со шлиц од страна и отворен грб што ја покажа големата тетоважа на Сани, која сепак се одлучи за малку поинаква, исто толку смела, но поелегантна комбинација. Патем, не изостана ниту роденденскиот подарок од „кројачката“ за пејачката: Комплет секси долна облека од тантела, со роденденска посвета од креаторката за интерпретаторката: „Среќен роденден душо“, на картичка за посвети со нејзиното мото:  „Моќта е во твои раце“! Сани во модното атеље на Ива трпеливо ги пробуваше модните комбинации за роденденското славје, а ја отвори и кутијата со секси подарокот. Го покажа, ама него не го проба... не барем пред камерата на мобилниот. Дали и колку подарокот има моќ, можеби таа роденденска вечер дозна некој друг, „за лека ноќ“? Судејќи по фотографиите од роденденската прослава на Сани, веројатно истата имала и „after party“. А моќта на подарокот од креаторката, многу или малце, ја почувствуваа и машки раце? На обострано „роденденско задоволство“, се надеваме?! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/sani.grozdanovskasanja    ]]>
Сани Гроздановска си го бараше, па си го доби… своето второ јас: Копија со тапија, подобра и од оригиналот! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-grozdanovska-si-go-barashe-pa-si-go-dobi-svoeto-vtoro-jas-kopija-so-tapija-podobra-i-od-originalot-video/ Mon, 15 Jun 2020 07:22:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153618

Кога по сила на нештата си долго време затворен дома, кога со месеци ќе останеш без работа, ќе ги пробаш сите можни и неможни работи што никогаш претходно не си имал време да ги правиш, па за да ти мине времето на памет ти паѓаат невозмозможни нешта. Особено ако си естраден уметник, кого ем околностите, ем аматеризмот на властите безмалку од естраден, ќе го претворат во страден уметник! Така е со речиси целата естрада која со месеци живее „грицкајќи ја“ заштедата од минатиот труд или на туѓ грб на некој од останатите членови на семејството. Но, бидејќи духот не смее да клоне,  оптимизмот не смее да не напушти, а надежта последна умира, фолк пејачката Сања Сани Гроздановска и нејзиниот колега и постојан партнер за шеги, музичарот и скопски угостител Трајче Толевски, решија во овие тмурни времиња уште еднаш „да не умрат“ од смеење. Познати како меѓусебна мета за шеговити прпукувања на сметка на другиот, фолкерите одново најдоа начин како да ја разбијат сопствената монотонија, а при тоа да ги забавуваат и себе си и другите. Ако не од полна кафеана со гости, тогаш онлајн, преку социјалните мрежи со нова шега! Имено, Сани прва ја започна „закачката“ со нова „јадачка“ кон колегата, со тоа што на Трајче му постави нов предизвик: Да ја имитира пејачката, со „скромен“ изговор дека „не е прв што сака да биде како неа“!? Арно ама, бидејќи како него мајка веќе не раѓа, на „скопскиот боем“ не треба двапати да му се каже, па како проверен и искусен трагач по возбуди, не чекаше предизвикот сам да му дојде, туку тој му тргна во пресрет. Соодветна гардероба од проѕирна црна тантела, налик на онаа што Сани често ја носи, перика со долги коси, кармин на усните, сончеви очила и копијата за миг се преточила во оригиналот! Како засилување повикана екипата од неговата група „Скопски боеми“, за впечатокот да биде што посилен, а имитацијата да собере што повеќе поени, во очите на оние што ќе ја видат! Предизвикот прифатен, перформансот прекрасен, па музичарот за миг се преобрази во пејачката... Сани Гроздановска си го бараше, па си го доби... своето второ јас: Копија со тапија, подобра и од оригиналот! „Од малечок сум сакал да сум како тебе... Го прифатив предизвикот , но тоа не е се'...“ - напишал Трајче покрај споделеното шеговито видео. А Сани? Откако на фолкерката верно „и ја земаа мерката“, виде - невиде, мораше тоа и  самата јавно да го признае: „Не е прв што сака да биде како мене, ама најуспешен е!“ Чесно и поштено, зашто знаете како велат: „Кој признава, половина му се... додава“!!!

Повеќе на vistina.mk]]>

Кога по сила на нештата си долго време затворен дома, кога со месеци ќе останеш без работа, ќе ги пробаш сите можни и неможни работи што никогаш претходно не си имал време да ги правиш, па за да ти мине времето на памет ти паѓаат невозмозможни нешта. Особено ако си естраден уметник, кого ем околностите, ем аматеризмот на властите безмалку од естраден, ќе го претворат во страден уметник! Така е со речиси целата естрада која со месеци живее „грицкајќи ја“ заштедата од минатиот труд или на туѓ грб на некој од останатите членови на семејството. Но, бидејќи духот не смее да клоне,  оптимизмот не смее да не напушти, а надежта последна умира, фолк пејачката Сања Сани Гроздановска и нејзиниот колега и постојан партнер за шеги, музичарот и скопски угостител Трајче Толевски, решија во овие тмурни времиња уште еднаш „да не умрат“ од смеење. Познати како меѓусебна мета за шеговити прпукувања на сметка на другиот, фолкерите одново најдоа начин како да ја разбијат сопствената монотонија, а при тоа да ги забавуваат и себе си и другите. Ако не од полна кафеана со гости, тогаш онлајн, преку социјалните мрежи со нова шега! Имено, Сани прва ја започна „закачката“ со нова „јадачка“ кон колегата, со тоа што на Трајче му постави нов предизвик: Да ја имитира пејачката, со „скромен“ изговор дека „не е прв што сака да биде како неа“!? Арно ама, бидејќи како него мајка веќе не раѓа, на „скопскиот боем“ не треба двапати да му се каже, па како проверен и искусен трагач по возбуди, не чекаше предизвикот сам да му дојде, туку тој му тргна во пресрет. Соодветна гардероба од проѕирна црна тантела, налик на онаа што Сани често ја носи, перика со долги коси, кармин на усните, сончеви очила и копијата за миг се преточила во оригиналот! Како засилување повикана екипата од неговата група „Скопски боеми“, за впечатокот да биде што посилен, а имитацијата да собере што повеќе поени, во очите на оние што ќе ја видат! Предизвикот прифатен, перформансот прекрасен, па музичарот за миг се преобрази во пејачката... Сани Гроздановска си го бараше, па си го доби... своето второ јас: Копија со тапија, подобра и од оригиналот! „Од малечок сум сакал да сум како тебе... Го прифатив предизвикот , но тоа не е се'...“ - напишал Трајче покрај споделеното шеговито видео. А Сани? Откако на фолкерката верно „и ја земаа мерката“, виде - невиде, мораше тоа и  самата јавно да го признае: „Не е прв што сака да биде како мене, ама најуспешен е!“ Чесно и поштено, зашто знаете како велат: „Кој признава, половина му се... додава“!!! ]]>
Познатиот македонски музичар и скопски угостител покажа како се чува „егејско животинче“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-makedonski-muzichar-i-skopski-ugostitel-pokaza-kako-se-chuva-egejsko-zivotinche-foto/ Thu, 28 May 2020 08:25:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151613

Корона пандемијата кај нас не минува, амa власта и покрај тоа аминува да се олабават мерките, отворат кафеаните, пуштат слободнио да шетаат граѓаните... И додека сите сме во исчекување што ќе се случи откако по двоиполмесечниот принуден „куќен притвор“ ќе удриме на „колективна социјална дружба“, естрадните уметници загреваат прсти и грло, зашто конечно ќе почнат да имаат работа, бидејќи одново им ги отворија и работните места - кафеаните! Угостителите веќе ги подготвија своите локали за денешното отворање (28 мај 2020), па познатиот македонски музичар, воедно и скопски угостител Трајче Толевски од групата „Скопски боеми“ има причина за двојна радост! Дупла среќа - што би ртекле! Затоа и со песна тргна да ја подготвува својата кафеана за пуштање во промет. Но, најпрвин и најважно од се ' е хигиената, па затоа довитливиот Трајче се досети како најдобро и најефикасно да ја дезифинцира опремата во својот угостителски локал. Идејата веројатно му дојде од перењето автомобил, па музичарот го грабна шмркот в рака и под висок притисок во „низок лет“ ја збриша и најмалата можност за коронота да може да припари во неговата кафеана. А кафеаната со месеци затворена, можноста за музицирање и свирки по тезги исто толку време сведени на нула, па она што се заштедило беше вложено во преживувачка, но и да се обнови она од што се живее. За домашните мора да има, а за домашните љубимци... кога ќе дојде време. Имено, на Трајче му остана само кучешката куќичка, а куќен љубимец... Здравје Боже, во подобри денови... До тогаш „вештачка замена“. Далеку од тоа дека е исто, ама... Барем да не стои куќичката празна. До  душа, тоа е исто како кога жена наместо маж, за задоволство ќе користи сексуално помагало, ама... Подобро нешто, отколку ништо! Тргнувајќи по таа логика и итриот Трајче си набавил и го сместил во куќичката својот гумен миленик - играчка! Па му дал дури и интересно име, или барем назив: „Егејско животинче... Ни јаде, ни пие... Ко ќе се опоравиме, ќе купиме друго што мрда“  - напишал музичарот покрај фотографијата. А за тоа како го нарекол...? Веројатно инспириран од вицот за тоа, кое е омилено домашно животно на Влаот? Одговорот е - жирафа! Ти ја чуваш, а се храни од кај комшијата! Епа, аирлија одново работа... маестро! Да има ем заработка ем бакшиш, па што побрзо да почне „да ти мрда“... Тоа што ти лежи во куќичката!

Повеќе на vistina.mk]]>

Корона пандемијата кај нас не минува, амa власта и покрај тоа аминува да се олабават мерките, отворат кафеаните, пуштат слободнио да шетаат граѓаните... И додека сите сме во исчекување што ќе се случи откако по двоиполмесечниот принуден „куќен притвор“ ќе удриме на „колективна социјална дружба“, естрадните уметници загреваат прсти и грло, зашто конечно ќе почнат да имаат работа, бидејќи одново им ги отворија и работните места - кафеаните! Угостителите веќе ги подготвија своите локали за денешното отворање (28 мај 2020), па познатиот македонски музичар, воедно и скопски угостител Трајче Толевски од групата „Скопски боеми“ има причина за двојна радост! Дупла среќа - што би ртекле! Затоа и со песна тргна да ја подготвува својата кафеана за пуштање во промет. Но, најпрвин и најважно од се ' е хигиената, па затоа довитливиот Трајче се досети како најдобро и најефикасно да ја дезифинцира опремата во својот угостителски локал. Идејата веројатно му дојде од перењето автомобил, па музичарот го грабна шмркот в рака и под висок притисок во „низок лет“ ја збриша и најмалата можност за коронота да може да припари во неговата кафеана. А кафеаната со месеци затворена, можноста за музицирање и свирки по тезги исто толку време сведени на нула, па она што се заштедило беше вложено во преживувачка, но и да се обнови она од што се живее. За домашните мора да има, а за домашните љубимци... кога ќе дојде време. Имено, на Трајче му остана само кучешката куќичка, а куќен љубимец... Здравје Боже, во подобри денови... До тогаш „вештачка замена“. Далеку од тоа дека е исто, ама... Барем да не стои куќичката празна. До  душа, тоа е исто како кога жена наместо маж, за задоволство ќе користи сексуално помагало, ама... Подобро нешто, отколку ништо! Тргнувајќи по таа логика и итриот Трајче си набавил и го сместил во куќичката својот гумен миленик - играчка! Па му дал дури и интересно име, или барем назив: „Егејско животинче... Ни јаде, ни пие... Ко ќе се опоравиме, ќе купиме друго што мрда“  - напишал музичарот покрај фотографијата. А за тоа како го нарекол...? Веројатно инспириран од вицот за тоа, кое е омилено домашно животно на Влаот? Одговорот е - жирафа! Ти ја чуваш, а се храни од кај комшијата! Епа, аирлија одново работа... маестро! Да има ем заработка ем бакшиш, па што побрзо да почне „да ти мрда“... Тоа што ти лежи во куќичката!]]>
Угостителите пред „клиничка смрт“, естрадата едвај дише „на шкрги“: Еј каф(е)ано, да Бог да се отворила… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ugostitelite-pred-klinichka-smrt-estradata-edvaj-dishe-na-shkrgi-ej-kafa-e-ano-da-bog-da-se-otvorila-foto/ Wed, 13 May 2020 07:53:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149285

Корона пандемијата од корен ни го смени,  а на некои речиси им го уништи животот... Погодени сме сите... По здравјето, социјалниот живот, по џебот... Меѓу најпогодените туристичките работници, угостителите и секако естрадата. Дејностите им ги затворија, работата им ја забранија уште првиот ден па се' до ден денес, ги оставија на милост и немилост, да се снаоѓа кој како знае и умее. И сега, кога пандемијата наводно почна да попушта, а мерките почнаа да ги олабавуваат, за некои дејности абер се нема, па никако „да им тргне работата“. Освен срамежливи најави деке ќе биде, од оваа, па од идната недела, па од... кој знае кога? А почнаа да се отвора се'... Моловите, фризерниците, берберниците, козметичките салони, автошколите, библиотеките, дури и казината и обложувалниците... Се', само кафеаните се' уште - НЕ! А, како што е добро познато, а на социјалните мрежи потврдено : „Нема кафеана - нема мир“!  Не, не е во прашање  „Пијана револуција“, туку трезна потреба за социјализација, дружење, опуштање и релаксација на народот. А како кафуле, бар, ресторан, меана... со еден збор кафеана, на овој бели свет - друго место нема! Особено на Балканот! Освен тоа, не само за кафеана, туку и од кафеаната живее и егзистира еден куп народ. Од газдите и нивните фамилии, готвачи, садомијачки, шанкери, келнери, хигиеничарки, обезбедување... преку сите оние индустрии и трговци чии продукти кафеаната ги троши во вид на набавена стока (роба)... Од скара, преку салата, до ракија... И се' што оди со нив пред и потоа! За свадбите подобро и да не зборуваме. Зашто се' што кажавме и повеќе од тоа, помножете го со дво, па и троцифрени бројки! За кафеаната не се врзани само газдите, персоналот и гостите, туку кафеаната живот и значи и на естрадата. Цела „армија“ музичари, свирачи, пејачи, пејачки, изнајмувачи на озвучувања и светло, естрадни менаџери, а со тоа и композитори, текстописци, продуценти, режисери, костимографи, кореографи, фризери, шминкери... и уште еден куп други најважни „споредни - а главни“ дејности  и професии, зависат и на некој начин живеат преку естрадата, исто така од кафеаната! Здружението на естрадни уметници на Македонија ЗЕУМ праќа алармантни пораки и до Владата и до јавноста: „Имаме колеги кои се егзистенцијално загрозени“! Музичарите, пејачите, естрадните уметници воопшто и кафанџиите губат здив... И едните и другите едвај „дишат на шкрги“... https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/zdruzenieto-na-estradni-umetnici-imame-kolegi-koi-se-egzistencijalno-zagrozeni/   Најпластичен пример се наизглед шеговитите, а всушност загрозувачко вистинити „повици за помош“ на некои од познатите естрадни уметници, на социјалните мрежи, по последната одлука на Владата и Комисијата за заразни болести угостителските објекти и понатаму да останат под клуч! Фолкерката Сања Сани Гроздановска е една од од оние на која кафеаната живот и значи, зашто е една од најбараните пејачки во скопските локали, па одлуката вака ја искоментира. Трајче Толевски од фолк групата „Скопски боеми“ има двоен проблем: Ем музичар, ем угостител, короната од газда го доведе на „просјачки стап“. Шеговито, ама во секоја шега велат има „половина вистина“, па, ако работите вака потрајат и онаа- втората половина „од вистината“ - ќе стане едно цело. Или поточно, егзистенцијална катастрофа! Деновиве чешитиот музичар и скопски угостител, сподели шеговит статус на социјалните мрежи кој можеби најпластично и најсликовито ја опишува состојбата на естрадните уметници. Колку корона пандемијата ги погоди, уназади, речиси им ги уништи кариерите и голата егзистенција. Можеби денес изгледа смешно, ама не дај Боже, утре може да биде вистинито... Угостителите се пред „клиничка смрт“, естрадата едвај дише „на шкрги“, затоа и едните и другите како и целиот народ поскауваат...  Еј каф(е)ано, да Бог да се отворила! https://www.youtube.com/watch?v=zBgNUQiuze8        

Повеќе на vistina.mk]]>

Корона пандемијата од корен ни го смени,  а на некои речиси им го уништи животот... Погодени сме сите... По здравјето, социјалниот живот, по џебот... Меѓу најпогодените туристичките работници, угостителите и секако естрадата. Дејностите им ги затворија, работата им ја забранија уште првиот ден па се' до ден денес, ги оставија на милост и немилост, да се снаоѓа кој како знае и умее. И сега, кога пандемијата наводно почна да попушта, а мерките почнаа да ги олабавуваат, за некои дејности абер се нема, па никако „да им тргне работата“. Освен срамежливи најави деке ќе биде, од оваа, па од идната недела, па од... кој знае кога? А почнаа да се отвора се'... Моловите, фризерниците, берберниците, козметичките салони, автошколите, библиотеките, дури и казината и обложувалниците... Се', само кафеаните се' уште - НЕ! А, како што е добро познато, а на социјалните мрежи потврдено : „Нема кафеана - нема мир“!  Не, не е во прашање  „Пијана револуција“, туку трезна потреба за социјализација, дружење, опуштање и релаксација на народот. А како кафуле, бар, ресторан, меана... со еден збор кафеана, на овој бели свет - друго место нема! Особено на Балканот! Освен тоа, не само за кафеана, туку и од кафеаната живее и егзистира еден куп народ. Од газдите и нивните фамилии, готвачи, садомијачки, шанкери, келнери, хигиеничарки, обезбедување... преку сите оние индустрии и трговци чии продукти кафеаната ги троши во вид на набавена стока (роба)... Од скара, преку салата, до ракија... И се' што оди со нив пред и потоа! За свадбите подобро и да не зборуваме. Зашто се' што кажавме и повеќе од тоа, помножете го со дво, па и троцифрени бројки! За кафеаната не се врзани само газдите, персоналот и гостите, туку кафеаната живот и значи и на естрадата. Цела „армија“ музичари, свирачи, пејачи, пејачки, изнајмувачи на озвучувања и светло, естрадни менаџери, а со тоа и композитори, текстописци, продуценти, режисери, костимографи, кореографи, фризери, шминкери... и уште еден куп други најважни „споредни - а главни“ дејности  и професии, зависат и на некој начин живеат преку естрадата, исто така од кафеаната! Здружението на естрадни уметници на Македонија ЗЕУМ праќа алармантни пораки и до Владата и до јавноста: „Имаме колеги кои се егзистенцијално загрозени“! Музичарите, пејачите, естрадните уметници воопшто и кафанџиите губат здив... И едните и другите едвај „дишат на шкрги“... https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/zdruzenieto-na-estradni-umetnici-imame-kolegi-koi-se-egzistencijalno-zagrozeni/   Најпластичен пример се наизглед шеговитите, а всушност загрозувачко вистинити „повици за помош“ на некои од познатите естрадни уметници, на социјалните мрежи, по последната одлука на Владата и Комисијата за заразни болести угостителските објекти и понатаму да останат под клуч! Фолкерката Сања Сани Гроздановска е една од од оние на која кафеаната живот и значи, зашто е една од најбараните пејачки во скопските локали, па одлуката вака ја искоментира. Трајче Толевски од фолк групата „Скопски боеми“ има двоен проблем: Ем музичар, ем угостител, короната од газда го доведе на „просјачки стап“. Шеговито, ама во секоја шега велат има „половина вистина“, па, ако работите вака потрајат и онаа- втората половина „од вистината“ - ќе стане едно цело. Или поточно, егзистенцијална катастрофа! Деновиве чешитиот музичар и скопски угостител, сподели шеговит статус на социјалните мрежи кој можеби најпластично и најсликовито ја опишува состојбата на естрадните уметници. Колку корона пандемијата ги погоди, уназади, речиси им ги уништи кариерите и голата егзистенција. Можеби денес изгледа смешно, ама не дај Боже, утре може да биде вистинито... Угостителите се пред „клиничка смрт“, естрадата едвај дише „на шкрги“, затоа и едните и другите како и целиот народ поскауваат...  Еј каф(е)ано, да Бог да се отворила! https://www.youtube.com/watch?v=zBgNUQiuze8        ]]>
Властите најавија отворање на локалите, музичарот и угостител Трајче Толевски го најави новото мени на својата кафеана: Штом помине забраната ќе посакате менито да го „грицнете“ повеќе од храната (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlastite-najavija-otvoranje-na-lokalite-muzicharot-i-ugostitel-trajche-tolevski-go-najavi-novoto-meni-na-svojata-kafeana-shtom-pomine-zabranata-kje-posakate-menito-da-go-gricnete-povekje-od-hranata-vi/ Sat, 09 May 2020 09:30:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148693

Корона пандемијата наводно почнала да стивнува, па властите полека почнаа да ги олабавуваат мерките. Меѓудругото, најавија скорешно отворање на угостителските локали, кои ќе мораат да работат по новите „здравствено-угостителски“ протоколи, кои до душа, ниту се комплетно донесени, ниту  целосно им се јасни ни на оние кои ги носат, а камо ли на оние кои треба да ги спроведуваат! Како и да е, „што дошло - ќе се трга“ - велат старите, па познатиот македонски музичар, член на групата „Скопски боеми“ и скопски угостител Трајче Толевски, навреме почна да си ја подготвува за работа својата кафеана  -„Камин Кама“. Покрај задолжителната дезинфекција, реорганизација на просторот, новите цени... потребно е и ново мени! За функционирање според  новите „кафеанско-здравствени протоколи“ итриот Трајче, познат ем како голем мераклија и уште поголем шегаџија, решил да најде начин во новонастанатите услови на отежнато функционирање, како „ем волкот да биде сит, ем овците да бидат на број“... Или во превод, ем гостите задоволни, ем газдата „во новото време“ да не е многу посиромашен во заработката од порано! Просторот и квадратурата на кафеанта играат улога - ама не пресудна! Дали Трајче ќе го примени српскиот параван модел да „спојување“ на масите... ...Или скандинавскиот стакларник за двајца, сеедно. Тука не лежи ќарот! И тогаш на музичарот му падна генијална идеја... Дека „зајакот лежи“ во менито... Тука е тајната на изборот, вкусот и заработката... А вакво мени, какво што има намера да воведе газда Трајче, нема никој... Не само во Скопје, туку нема во цела Македонија. Ем подвижно, ем привлечно, ем примамливо и возбудливо, ем на пропишаната дистанца... И што е најважно,  гостинот нема „да падне на га*от“ од цените, туку со широко ококорени очи и „падната вилица“ ќе гледа во него... Во менито, та цената колкава и да е! Зашто само кај газда Трајче и менито и цените се испишани на... На келнерката! Па, штом ги отворат кафеаните и помине забраната, први ќе посакате менито да го „грицнете“ повеќе и од храната...

Повеќе на vistina.mk]]>

Корона пандемијата наводно почнала да стивнува, па властите полека почнаа да ги олабавуваат мерките. Меѓудругото, најавија скорешно отворање на угостителските локали, кои ќе мораат да работат по новите „здравствено-угостителски“ протоколи, кои до душа, ниту се комплетно донесени, ниту  целосно им се јасни ни на оние кои ги носат, а камо ли на оние кои треба да ги спроведуваат! Како и да е, „што дошло - ќе се трга“ - велат старите, па познатиот македонски музичар, член на групата „Скопски боеми“ и скопски угостител Трајче Толевски, навреме почна да си ја подготвува за работа својата кафеана  -„Камин Кама“. Покрај задолжителната дезинфекција, реорганизација на просторот, новите цени... потребно е и ново мени! За функционирање според  новите „кафеанско-здравствени протоколи“ итриот Трајче, познат ем како голем мераклија и уште поголем шегаџија, решил да најде начин во новонастанатите услови на отежнато функционирање, како „ем волкот да биде сит, ем овците да бидат на број“... Или во превод, ем гостите задоволни, ем газдата „во новото време“ да не е многу посиромашен во заработката од порано! Просторот и квадратурата на кафеанта играат улога - ама не пресудна! Дали Трајче ќе го примени српскиот параван модел да „спојување“ на масите... ...Или скандинавскиот стакларник за двајца, сеедно. Тука не лежи ќарот! И тогаш на музичарот му падна генијална идеја... Дека „зајакот лежи“ во менито... Тука е тајната на изборот, вкусот и заработката... А вакво мени, какво што има намера да воведе газда Трајче, нема никој... Не само во Скопје, туку нема во цела Македонија. Ем подвижно, ем привлечно, ем примамливо и возбудливо, ем на пропишаната дистанца... И што е најважно,  гостинот нема „да падне на га*от“ од цените, туку со широко ококорени очи и „падната вилица“ ќе гледа во него... Во менито, та цената колкава и да е! Зашто само кај газда Трајче и менито и цените се испишани на... На келнерката! Па, штом ги отворат кафеаните и помине забраната, први ќе посакате менито да го „грицнете“ повеќе и од храната... ]]>
Сани Гроздановска со новиот „Тик – Ток“ предизвика шок: „Купи ми мајко нож…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-grozdanovska-so-noviot-tik-tok-predizvika-shok-kupi-mi-majko-noz-video/ Thu, 07 May 2020 07:13:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148311

Изолацијата на сите различно делува... на некои карантинаот им го крева адреналинот, на дамите во плафон им удираат хормоните, други се креативни и инвентивни, некои се фрлија на домаќинлук, трети на рекреација... Како и да е, секој(а) има своја карантинска приказна, а многумиона од нив истите неретко ги споделуваат со јавноста преку социјалните мрежи, како главна алатка за меѓусебна комуникација додека сме во изолација! Меѓу сите „погодени“ од пандемијата, меѓу најпогодените - естрадата! Онлајн држеа концерти, пееја, свиреа, танцуваа, правеа бендови и разно-разни „бенд-ејдови“ на далечина, ама чекајќи „сонцето пак да изгрее“, почнаа „да се сончаат и на месечина“.  Фигуративно, се разбира, зашто „принудната робија“ не се издржува, па во  „домашниот притвор“ во 4 ѕида сешто ти паѓа на ум... Кој колку го има, секако! Нејсе, една од оние што не можат да седат мирно и во нормални услови, а камо ли во изолација е и темпераментната фолкерка Сани Гроздановска. Таа е една од оние што во карантин проба речиси се' од погоре наведеното. Последното нешто во што Сани се проба, беше популарната апликација „Тик Ток“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/i-sani-se-proba-na-tik-tok-ama-od-bujnoto-i-dlaboko-dekolte-drugo-i-ne-beshe-vazno-foto/ И само ден-два по нејзиниот „Тик ток“, следуваше нов шок! Овој пат сериозен. Човек длабоко да се замисли, особено ако си човек кој со неа живее! „Купи ми мајко нож...“ - пее Сани додека онака страсно ја сецка краставицата... А дека ножот не и е само за сечкање краставици, ќе слушнете во песната на најновиот „Тик Ток“ со кој фолкерката навистина предизвика шок!  Кај сите, освен кај колегата и нејзин добар пријател, клавијатуристот со кого  заедно настапуваше, Трајче Толевски... Тој долго време ја познава, па нему очигледно, оддамна му е се' јасно. Затоа музичарот место коментар, споделил само неколку емотикони покрај „Тик - Ток“ видеото на колешката... Од комбиња за брза помош и полициски возила! Како свој став и мислење! Без оглед што сето ова е само шега, а мора да признаете, Сани навистина има смисол за... „црн хумор!“ Освен ако не верувате дека е точно она што го велат: „Во секоја шега - има половина вистина!“

Повеќе на vistina.mk]]>

Изолацијата на сите различно делува... на некои карантинаот им го крева адреналинот, на дамите во плафон им удираат хормоните, други се креативни и инвентивни, некои се фрлија на домаќинлук, трети на рекреација... Како и да е, секој(а) има своја карантинска приказна, а многумиона од нив истите неретко ги споделуваат со јавноста преку социјалните мрежи, како главна алатка за меѓусебна комуникација додека сме во изолација! Меѓу сите „погодени“ од пандемијата, меѓу најпогодените - естрадата! Онлајн држеа концерти, пееја, свиреа, танцуваа, правеа бендови и разно-разни „бенд-ејдови“ на далечина, ама чекајќи „сонцето пак да изгрее“, почнаа „да се сончаат и на месечина“.  Фигуративно, се разбира, зашто „принудната робија“ не се издржува, па во  „домашниот притвор“ во 4 ѕида сешто ти паѓа на ум... Кој колку го има, секако! Нејсе, една од оние што не можат да седат мирно и во нормални услови, а камо ли во изолација е и темпераментната фолкерка Сани Гроздановска. Таа е една од оние што во карантин проба речиси се' од погоре наведеното. Последното нешто во што Сани се проба, беше популарната апликација „Тик Ток“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/i-sani-se-proba-na-tik-tok-ama-od-bujnoto-i-dlaboko-dekolte-drugo-i-ne-beshe-vazno-foto/ И само ден-два по нејзиниот „Тик ток“, следуваше нов шок! Овој пат сериозен. Човек длабоко да се замисли, особено ако си човек кој со неа живее! „Купи ми мајко нож...“ - пее Сани додека онака страсно ја сецка краставицата... А дека ножот не и е само за сечкање краставици, ќе слушнете во песната на најновиот „Тик Ток“ со кој фолкерката навистина предизвика шок!  Кај сите, освен кај колегата и нејзин добар пријател, клавијатуристот со кого  заедно настапуваше, Трајче Толевски... Тој долго време ја познава, па нему очигледно, оддамна му е се' јасно. Затоа музичарот место коментар, споделил само неколку емотикони покрај „Тик - Ток“ видеото на колешката... Од комбиња за брза помош и полициски возила! Како свој став и мислење! Без оглед што сето ова е само шега, а мора да признаете, Сани навистина има смисол за... „црн хумор!“ Освен ако не верувате дека е точно она што го велат: „Во секоја шега - има половина вистина!“ ]]>
Сите штом излезат надвор носат заштитна маска и ракавици, а нашата фолкерка и качулка преку главата, а еве и зошто: „’Рани Сани, да те „лае“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/site-shtom-izlezat-nadvor-nosat-zashtitna-maska-i-rakavici-a-nashata-folkerka-i-kachulka-preku-glavata-a-eve-i-zoshto-rani-sani-da-te-lae-video/ Wed, 22 Apr 2020 07:24:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145873

Изолацијата на сите тешко ни паѓа, а особено на оние што не се навикнати да седат дома, зарадаи природата на работата, како естрадните уметници на пример. Откако ги прифатија и испробаа сите можни предизвици, ги покажаа сите свои вештини, од кулинарски до танчерски, на пејачките по се изгледа им здодеа да бидат „очајни домаќинки“, па меѓудругото и готвењето го ставија на „игнор“! Можеби не сите, но, македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска - да! Барем на момент! Споените карантински велигденски денови беа долги и споро минуваа кога си затворен дома, па уште ако и секој ден треба да се готви... тешко паѓа! Арно ама, затоа досетливата Сани ги има своите пријатели. И оние од скопските ресторани и кујни и своите колеги, кои се' би направиле да и помогнат и на итрата кумановка со скопска адреса на живеење, да и го решат проблемот. И така и би! Сани тој ден си нарача храна за достава од еден познат скопски ресторан, а наместо вообичаениот доставувач, приготвеното јадење лично и го донесе нејзиниот колега, со кого неретко настапуваат заедно токму по кафеаните и рестораните, клавијатуристот и познат забавувач Трајче Толевски. Надвор подзаладено, врнежливо и ветровито, а пејачката подготвена да ја преземе нарачката, но и подготвена за корона пандемејита и тоа по сите прописи. Заштитна медицинска маска преку устата и носот, заштитни ракавици на рацете, но и повеќе од тоа. Сани надвор излезе и со прекриена глава преку која ја ставила качулката од дуксерот.  И не заради короната, ниту пак заради дождот, туку заради Трајче!? Имено, додека одеше да ја пречека доставата на храната која колегата и ја носеше, фолкерката се изрекламира колку добро е заштитена од коронавирусот, ама и од самиот Трајче... Затоа и капата, оти Трајче можел да има и вошки! А сиротиот колега, се отепа по дождот лично да и го достави јадењето, а таа за него така! Над се', па сето ова пејачката уште и го снимала и го споделила на својот Фејсбук профил, па испадна: Тој неа да и носи храна, таа него „да го лае“ на социјалните мрежи. „Рани Сани, да те лае“! Но, без паника, сето ова е само дел од шеговитата игра, дел од дружбата полна со меѓусебни шеговити задевања, местенки  и подбоцнувања, која колегите често знаат еден на друг да си ги „сместат“ заради лична забава и разбивање на здодевноста. Патем, тука никој никому ниту се лути, ниту се возбудува, а уште помалку му забележува на другиот заради шегата, колку таа и да изгледа „сериозна“, како оваа на распената кумановска мајтапџика! Единствено што останува е она: „Памти, па врати“... Се разбира, на ист начин, со иста мерка, но секогаш во границите на колегијалноста и добрата дружба во која спаѓаат и ваквите необични шеги!

Повеќе на vistina.mk]]>

Изолацијата на сите тешко ни паѓа, а особено на оние што не се навикнати да седат дома, зарадаи природата на работата, како естрадните уметници на пример. Откако ги прифатија и испробаа сите можни предизвици, ги покажаа сите свои вештини, од кулинарски до танчерски, на пејачките по се изгледа им здодеа да бидат „очајни домаќинки“, па меѓудругото и готвењето го ставија на „игнор“! Можеби не сите, но, македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска - да! Барем на момент! Споените карантински велигденски денови беа долги и споро минуваа кога си затворен дома, па уште ако и секој ден треба да се готви... тешко паѓа! Арно ама, затоа досетливата Сани ги има своите пријатели. И оние од скопските ресторани и кујни и своите колеги, кои се' би направиле да и помогнат и на итрата кумановка со скопска адреса на живеење, да и го решат проблемот. И така и би! Сани тој ден си нарача храна за достава од еден познат скопски ресторан, а наместо вообичаениот доставувач, приготвеното јадење лично и го донесе нејзиниот колега, со кого неретко настапуваат заедно токму по кафеаните и рестораните, клавијатуристот и познат забавувач Трајче Толевски. Надвор подзаладено, врнежливо и ветровито, а пејачката подготвена да ја преземе нарачката, но и подготвена за корона пандемејита и тоа по сите прописи. Заштитна медицинска маска преку устата и носот, заштитни ракавици на рацете, но и повеќе од тоа. Сани надвор излезе и со прекриена глава преку која ја ставила качулката од дуксерот.  И не заради короната, ниту пак заради дождот, туку заради Трајче!? Имено, додека одеше да ја пречека доставата на храната која колегата и ја носеше, фолкерката се изрекламира колку добро е заштитена од коронавирусот, ама и од самиот Трајче... Затоа и капата, оти Трајче можел да има и вошки! А сиротиот колега, се отепа по дождот лично да и го достави јадењето, а таа за него така! Над се', па сето ова пејачката уште и го снимала и го споделила на својот Фејсбук профил, па испадна: Тој неа да и носи храна, таа него „да го лае“ на социјалните мрежи. „Рани Сани, да те лае“! Но, без паника, сето ова е само дел од шеговитата игра, дел од дружбата полна со меѓусебни шеговити задевања, местенки  и подбоцнувања, која колегите често знаат еден на друг да си ги „сместат“ заради лична забава и разбивање на здодевноста. Патем, тука никој никому ниту се лути, ниту се возбудува, а уште помалку му забележува на другиот заради шегата, колку таа и да изгледа „сериозна“, како оваа на распената кумановска мајтапџика! Единствено што останува е она: „Памти, па врати“... Се разбира, на ист начин, со иста мерка, но секогаш во границите на колегијалноста и добрата дружба во која спаѓаат и ваквите необични шеги! ]]>