трајче толевски-мајка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Dec 2023 11:36:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трајче толевски-мајка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Два „биљбиља“ во „Мерак меана“: Ирена Вељовска и Трајче – „Мајка“ е докажано дека јазикот ептен го владеат, а сепак меѓу себе се разбираат со… свиркање (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dva-bilbila-vo-merak-meana-irena-velovska-i-trajche-majka-e-dokazhano-deka-jazikot-epten-go-vladeat-a-sepak-megu-sebe-se-razbiraat-so-svirkane-video/ Fri, 01 Dec 2023 10:26:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329517

„Мерак меана“ на Сител телевизија е едно од оние фолк шоуа каде  расположението и убавата опуштена атмосфера одат во пакет со песните, па со самото тоа и забавата е загарантирана. И за ТВ гледачите, ама и за пејачите, учесници во шоуто. И не само тоа... При снимањето како по некое непишано правило секогаш има шеги, смешки и дополнителна забава, особено за поедини „староседелци“ кои се константни гости или незаменливи домаќини во сите досегашни емисии, како што се фолк двоецот Ирена Вељовска и Трајче Толевски - Мајка, на пример. А во „Мерак меана“  дополнително се случуваат и разни мераци… Повеќето скриени, понекои (полу)јавни, ама сите заедно мошне забавни. Дека меракот е голем “нешто повеќе да се покаже“, во едно од минатите изданија покажа фолкерите. Тогаш сликовито ни демонстрираа дека покрај  умешноста со гласот, подеднакво добро го владеат и умеењето со јазикот… Не помина долго, веќе при следното снимање забавното дуо одново покажа нова умешност... Или поточно - уметност во комуникацијата, каде јазикот е исклучен. И не се во прашање никакви мимики, ниту некаква пантомима, или СМС, Месинџер, Вибер или не знам какви веќе пораки... Туку Трајче и Ирена покажаа дека ним муабетот им оди и кога молчат, па затоа начинот на комуникација воопшто не ги мачи, зашто фолкерите се не само добри пејачи и свирачи, туку и одлични свиркачи! Кој не верува нека погледне како то Ирена и Трајче се изнамуабетија во „Мерак меана“, а при тоа ни буква, а камо ли збор не изустија. Таа свирни му, тој возврати и', тој свирни и',  таа свирката прифати ја... И така, како два биљбиља  музичарот и пејачката воспоставија совршена комуникација. Што си кажаа, знаат само тие двајцата! Кој кому прв решил да му потсвирне - не се знае, ама не е ни важно... Важно е да ти се погоди свирката, оти на птичката до тебе ако не и годи свиркањето, ќе ти одлета кај друг свиркач... Добро,  ова до душа е само пријателско свиркање, ама сепак... За да не дојде до случајна „дисхармонија“ во  свиркачката комуникација меѓу фолкерите,  добро е да се потсетат дека секогаш има алтернативно решение. Впрочем се' уште тука е јазикот, кој  како и свиркањето - не е спорно дека го владеат ептен добро! Кој не верува, уште еднаш нека се  увери во нивните „усно - јазични“ способности. Фото и видео: Инстаграм/ irenaveljovska/]]>

Во „Мерак меана“ се случуваат разни мераци: Фолкерите покажаа дека покрај пеењето, подеднакво добро го владеат и јазикот… ако не и подобро?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-merak-meana-se-sluchuvaat-razni-meratsi-folkerite-pokazhaa-deka-pokraj-peeneto-podednakvo-dobro-go-vladeat-i-jazikot-ako-ne-i-podobro-video/ Wed, 08 Nov 2023 08:09:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325870

Едно од ретките музички шоу програми во македонскиот ТВ етер  кое заслужува внимание да се помие времето покрај телевизорот е секако и фолк емисијата „Мерак меана“ на Сител телевизија. Навидум неформално опуштени, насмеани, распени, разиграни, македонските фолк ѕвезди ем се дружат и се забавуваат меѓу себе, ем ја чешлаат сопствната продукција и воопшто целокупната македонска  фолк ризница со своите живи изведби на нивните новосоздадени песни и познатите наши фолк бисери, ем прават сите покрај ТВ екраните што ги гледаат, вистински да уживаат. Дека е тоа такa, потврда е секоја нова епизода, во која покрај она што официјално може да се види на ТВ има уште многу нешта кои  иако се случуваат пред камерите, оние на телевизијата, а и оние на мобилните телефони, но се од ептен „интерен карактер“, па не се за покажување во емисија. Ама затоа по нешто од сето тоа неретко знае да осамне на социјалните мрежи, поточно на личните профили на македонските фолк ѕвезди. Понекоја интерна шега, зафрканција, „слатка провокација“... Колку да ја разбие монотонијата, заинтригира публиката и следбениците на Фејсбук, Инстаграм, ТикТок, а неретко да предизвика и по некој првичен шок! Впрочем во „Мерак меана“ се случуваат разни мераци... Повеќето скриени, понекои (полу)јавни, ама сите заедно мошне забавни. Дека меракот е голем “нешто повеќе да се покаже“, покажа уште едно издание на фолк шоуто, во кое фолкерите овој пат покажаа дека покрај  пеењето, подеднакво добро го владеат и јазикот... Ако не и подобро?! Во главната улога и овој пат, кој друг ако не тој - Трајче Толевски - Мајка. Овој пат негова „јазична придружба“ две атрактивни фолк дами - Ирена Вељовска и Сања Цинцева - Барбика. Сите заедно како „дуо-трио“ во една поинаква улога - да покажат дека покрај тоа што се музички, се и одлично јазички потковани. Дејствието прва го отвори Ирена, откако Трајче проба да и запее на увце... Реакцијата на пејачката - мошне јазична. До душа не толку интензивна како возвратната на колегата, кој веднаш и го покажа и сопственото јазично умеење, со кое го замени претходното пеење. А штом кадарот се спушти на Сања Цинцева, втората дама до Трајче - Мајка за да не остане „јазично недоискажана“ и таа ја понуди својата  „јазична варијанта“, која русокосата Барбика како по навика, суптилно ја сподели низ полните усни! Како изгледаше оваа шоу на „вештите јазичари“ погледнете од  најновиот „мерак“ на македонски пејачки и музичари да ги покажат сите свои квалитети што ги поседуваат... И вокални и телесни, а отсега и... јазични!  ]]>

Кафеаната на познатиот македонски музичар изгоре до темел: Од естрадното свратилиште на Трајче-Мајка остана само пепел (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kafeanata-na-poznatiot-makedonski-muzichar-izgore-do-temel-od-estradnoto-svratilishte-na-trajche-majka-ostana-samo-pepel-foto/ Mon, 26 Sep 2022 08:59:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268553

Викендов, поточно во саботата избувнал пожар во познатиот угостителски локал  „Камин Кама“  лоциран во населбата Ѓорче Петров, сопственост на популарниот македонски музичар Трајче  Толевски - Мајка, , член на групата „Скопски боеми“ пренесоа македонските медиумите. „Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како свратилиште  на македонската фолк естрада, каде многу често и приватно се собираа најпознатите и најпопуларни македонски фолк ѕвезди. И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со огромна брзина и го зафатиле целиот објект. Засега не се шпекулира за причината на пожарот ниту за висината на финансиската штета се додека не заврши истрагата и не се направи проценка на истата. Сепак, според првичните проценки штетата е огромна, што е евидентно и на самото место каде објектот е речиси изгорен до темел, а од познатиот локал на Трајче - Мајка останал само пепел. Сопственикот на ресторанот во шок и неверување од немилиот настан, изјави дека најважно од се е што немало жртви, ниту пак повредени. Тој изјавил дека пожарот се ширел со неверојатна брзина, а нему први му јавиле соседите кои веднаш пријавиле во пожарната служба за што им е особено благодарен. Сепак, немилиот настан не успеал да го уништи позитивниот дух на музичарот, инаку познат по својата весела нарав и смислата за шега и хумор, кој и покрај шокот и причинетата огромна материјална штета се огласил со пораката: „Лошото нека остане овде, Камин Кама ќе ја обновиме, а најважно е сите ние да сме живи и здрави”. На својот Фејсбук профил Трајче-Мајка споделил и неколку фотографии од местото на катастрофата, на кои се гледааат остатоците од страшната несреќе што го најде музичарот и сопственик на локалот, кој покрај сликите споделил известување: „Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пожарот што го зафати објектот на Камин Кама, објектот нема да биде отворен за гости извесен период. За повторно отворање навремено ќе бидете известени. Ви благодариме за разбирањето“. Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/trajcetolevski]]>

Кој лае, а кој мјаука на македонската фолк естрада: Тие две мачки, а тој „р’же не се др’же“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-lae-a-koj-mjauka-na-makedonskata-folk-estrada-tie-dve-machki-a-toj-r-ze-ne-se-dr-ze-foto-video/ Fri, 25 Mar 2022 08:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244308

Македонската фолк естрада и покрај сите тешкотии и премрежја, некако, како подобро да се снаоѓа од забавњаците во овие тешки времиња. Локалите и кафеаните им ги отворија вратите, свадби и веселби одново се прават, а и на телевизиите добиваат многу повеќе простор, имаат повеќе свои емисии отколку поп-рок и забавната естрадна фела. Отстрана гледано изгледа како народњаците и повеќе да се сложни, поинтензивно соработуваат  професионално, а и приватно како многу повеќе меѓу себе да се дружат. меѓу нив секако нема само врвни пејачи и инструменталисти, туку поедини естрадни ѕвезди умеат да бидат  и врвни забавувачи. И на сцената и надвор од неа и пред ТВ камерите професионално и пред камерите од мобилните, приватно... Меѓу сите фолк ѕвезди во шегите и забавата „за своја душа и туѓи очи и уши“ предничат неколку, од кои денес издвоивме  две... Една женска и една машка: пејачката Ирена Вељовска и музичарот Трајче Толевски. Ирена и додека траеше карантинот во корона  пандемијата со своите необични ТикТок и Инстаграм клипчиња се забавуваше себе си, ама и нејзините фанови и  следбеници, но и сите останати на социјалните мрежи. А, Трајче -„Мајка“ е буквално и „мајка и татко“ на шегата и забавата, па постојано наоѓа начин симопатично да ги „задева“ или што би рекле по скопски, „да ги ашка“, најчесто  своите колешки. Овој пат дуото се најде на исто место на едно ТВ снимање на познатиот музички фолк ТВ едиторијал „Мерак меана“. Но наместо атмосферата да биде распеана, овој пат беше „разлајана и размјаукана“. За дуото да стане „дуо-трио“ се погрижи уште една фолкерка - Јованка Житарова или сега попозната под уметничкото име Јова! Тие како две (згодни) мачки и физички и мјаукачки, а тој -  „р'же не се др'же“! Тројцата на едно место сликовито покажаа кој лае, а кој мјаука на македонската фолк естрада. Дали оваа нивна пародија е асоцијација на нечие пеење или само онака, чиста зафрканција за смеење, самите проценете. Како тоа изгледаше, погледнете во видеото во кое Трајче, Ирена и Јова ви го претставуваат својот „куќно-миленички перформанс“ од последната епизода на домашната серија: „Весела фолк менажерија“! Фото и видео: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/jova_official2020/Trajce Tolevski/Irena Veljovska]]>