трагови у сјети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Oct 2017 13:18:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png трагови у сјети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Трагови у сјети“ – носталгично музичко патување со Матија Дедиќ и Зоран Предин https://arhiva.vistina.com.mk/tragovi-u-sjeti-nostalgichno-muzichko-patuvanje-so-matija-dedikj-i-zoran-predin/ Thu, 26 Oct 2017 13:17:50 +0000 http://vistina.mk/?p=1594

Двоецот Предин и Дедиќ за првпат доаѓа во Македонија со својот проект „Трагови у сјети“, кој веќе ги пропатува речиси сите градови од поранешна Југославија и ги освои симпатиите на публиката и критиката. На 17 и 18 ноември во МНТ македонската публика ќе има можност да ги слушне најубавите песни на Предин и најпознатите хитови кои будат спомени на различни генерации: „Јесен у мени“, „Галеб и ја“, „Зажмури“, „Магла“, „Ти си ми у крви“, „Васа Ладачки“, „Те ноќи кад умрем“, „А сад адио“, како и многу други песни од големите автори на поранешна Југославија. Овие двајца исклучителни музичари го создаваат проектот „Трагови у сјети“ и издаваат два албума за кои хрватската критика ќе напише: „Најголемата вредност на албумите е таа што со песни од различни автори, создадени за различни пејачи во различни временски контексти, креира оригинална уметничка нишка, серија на сликички кои имаат смисла и кои налик на филм ја раскажуваат својата приказна, воздржано, смирено, мудро… Вака се прават албуми кои се паметат“. (Зоран Тучкар/muzika.hr). Влезниците за концертите  веќе можат да се набават преку продажната мрежа на Купи карти за се , „Југотон“ и онлајн. Концертите се во организација на „Баги комуникации“.
Матија Дедиќ e роден во Загреб во исклучително музичко семејство. Растен со неговите родители Арсен Дедиќ и Габи Новак, тој започнува да свири клавир уште на 5-годишна возраст а дипломира на џез академијата во Грац, Австрија. Во својата кариера настапувал речиси на сите континенти, со многу исклучителни светски музичари, а асоцијацијата на хрватски автори го наградува со титулата „Најдобар автор и најдобро ново име во последните 10 години”. Зоран Предин публиката го памети како фронтмен на култната словенечка група „Лачни Франц“ и неговите големи хитови „Čakaj me“, „Praslovan“, „Naj ti poljub nariše ustnice“, „Ne mi dihat za ovratnik“ и многу други. По 11 години во групата и 16 снимени албуми, тој продолжува со соло-кариера и објавува 15 албуми, а дополнително работи и музика за ТВ, театар и филм. https://www.youtube.com/watch?v=EJmfBBn6AJQ]]>